IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Брускети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Брускети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2020 во 22:17
Брускети со песто и моцарела


Состојки
парчиња леб багет
црвено песто
маслиново масло
според ваша оцена моцарела
Користени Делимано производи

Вкусно, брзо и декоративно мезе на италијански начин.
Лебот се сече на долгнавести парчиња.
Секое парче леб намачкајте го со една лажица маслиново масло и ставете по една кафена лажичка црвено песто.
Ставете моцарела и печете во загреана рерна на 200 степени околу 5 минути.
Послужете топли.
*точни мерки не наведов бидејќи количината можете да си ја прилагодите според потребите.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2020 во 22:20
Брускети со песто од пиперки (посно, веган)


Состојки
600 гр црвени пиперки
100 гр мелени ореви
120 гр тофу сирење
2 чешниња лук
15-на листови босилек
30 мл маслиново масло
по вкус сол
1 багет или леб по избор

Пиперките испечете ги, оставете ги да оладат и потоа излупете ги. Оставете ги да се исцедат од вишокот течност. Ставете ги во блендер.
Додадете ги и останатите состојки- тофу сирењето малку издробено, мелените бадеми, лукчето, босилекот, маслото и сол по вкус. Изблендирајте ги да се добие изедначена мазна смеса.
Добиеното песто - намаз оставете го фрижидер убаво да се разлади и да се спојат вкусовите.
Пред служење багетот или лебот кој сте го избрале исечете го на помали парчиња, попрскајте ги со маслиново масло и запечете ги на тостер или грил тава. Потоа со лажиче нанесете од пестото, посипете го малку со мелени бадеми и украсете ги со ливчиња босилек или магдонос.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2020 во 11:26

Dave`s Kitchen: Вкусни брускета лепчиња




За денес Давор ни приготвува сочни, вкусни и неодоливи печени лепчиња за супер вкусно мезе!


Потребни состојки:

  • 200 гр неутрално крем сирење (може и кисела павлака)
  • 1 лажица свежо исечкан копар ( 1 полна лажичка сув копар)
  • 2 лажички свежо исечкан босилек ( 1 лажичка сув босилек)
  • 2 лажички свежо исечкан магдонос
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 200 гр рендан кашкавал
  • 100 гр шери домати, пресечени на кругчиња
  • Суво оригано
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

Во длабок сад измешајте го крем сирењето или киселата павлака заедно со копарот, босилекот, магдоносот и лукот. Зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус, рендан пармезан и промешајте. Премачкајте го намазот на лепчиња а врз намазот ставете го изренданиот кашкавал. Наредете кругови шери домати (може и обичен домат пресечен на тенки кругови), и зачинете со сув босилек.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути. Пред послужување полејте со тенок млаз ладно цедено маслиново масло.



Изменето од Valerija - 17.Август.2020 во 11:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,186 секунди.