|
Паричка за Божик - скопска мода или црковна лудост |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Децава збеснаа,..
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никогаш не е правилно, ни во очи на празникот, ниту на било кој празник да се скока околу оган, да се корнат и горат гранки поради тоа што имале некакво, измислено од народот, значење и слично. Точно се знае какви се овие обичаи, независно како некој ќе се обиде да ги маскира. Но, дека огновите не се туѓ обичај - сведочат видеата. Тие не се ниту српски, ниту бугарски, ниту било каков странски обичај. За некакво влијание врз тој народ, од страна на македонската држава, народот во неа или МПЦ не може и да стане збор, независно што дел од нив имаат и роднини во Македонија и присуствуваат на прослави кај нас. П.С. А јас да те прашам, тебе, колега противнику на обичаите, што се случи со тие на кои им фрлаше летоска вода за да се оженат, а? Или џабе ја потроши водата, па и плус тоа охридска?
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Оган да ги изгори !
Никој нема да се спаси, сите ќе одат во пеколот ! Изменето од Messenger - 17.Јануари.2012 во 07:53 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајде малку етнологија со историја.Бадник е карактеристичен српски народен обичај,таму посебна улога игра бадниковото дрво,сличен обичај во минатото имале и римокатолиците во босна и делови од далмација.Му се обраќале на бадниковото дрво како на личност.Обичајот има повеќе културолошки слоеви е не баш едноставно во два три збора да се опише.
Конкретно во Македонија како термин бадник почнал да се користи како српско влијание.Кршењето на лепчето со паричка за време на бадник не е многу раширено во македонија.Но во скопско се практикувало долго време па денес во медиунмите се популаризира.Историски поправилно е да се крши лепчето на василица ама сепак тоа е благочестив обичај и не треба у несвест да се паѓа или со дрва и камења да се фрла по тие што кршат лепче на бадник.Барем е убав повод да се собере семејството во вечерат спроти божик. Огновите се сосема друга работа.Палење огнови се правело на повеќе дати не само на бадник.Како ритуал немаат врска ниту со бадник ниту со божик.Фештите и циркусот што се прави денес во Скопје е комбинација на неколку локални обичааи со српкиот начин на славење кој го промивирал српкиот генерал кој бил главен за време српско,за да се зближи со локалците(на кои обично им кршел кичма).Процесијат започнувал од тогаш соборниот храм во скопје(свети димитрија) со кумот кој бил биран од побогатите чорбаџии.И покрај тоа што го организирала окупационата власт,сепак периодот е зима,тапа период и на скопјаните им се допаднал и продлжиле да го практикуват.Сепак е добар изговор за весеље. Пордаи слични цели и денешната власт обилато го помага обичајот со кубици и кубици дрва до бесвест.Присуството на свештеници на тој обичај е бесмислено. И да ги разочарам повеќетео тука..Црквата реагирала заради ова.До ден денес го цитираат епископот Методиј од неговат критика на обичајот.а за тие кои не го разбираат стилот на овој епискок во друга македонска епархија има ЗАБРАНА за овој обичај и какви било гранки и дрветина да се приближуваат до храмовите а па не да ги палат или благословуваат! Поништувањето на овој "обичај" може лесно да се направи за да постепено сам по себе да згасне.Ама на локалните власти и дел од свештениците во скопско им одговара овој ефтин популизам и ФЕЈКЛОР. Но секој може да праи што сака на крај краева! ако некој сака да се грее со ракија на бадник нека се грее,само нека не вика дека тоа е стар и христијански обичај. |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секоја чест за Ахмар,
се обиде на најдобар начин да ја претстави генезата на проблемот и ги даде реалните одговори. п.с. Македон, не те разбирам што значи тоа со “водата“... или можеби не можам да се сетам. јас не сум против традицијата, а за тоа: да се знае што е црно, а што бело... Факт е дека денес никој на никого не може да му забрани да го прави она што неговиот татко (или дедо) го правел. Не е тоа целта. Но исто така факт е дека дел од свештенството (па и самиот Архиепископ) не треба да се мешаат во оваа работа “за ситно да профитира“ |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како што разбрав...
а и како што гледам во православниот календар на МПц... на 6 јануари не е запишан празникот Бадник... туку Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа... сега не ми е јасно... Бадник како Бадник... е... или не е... христијански празник...? |
||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |