|
МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ НА ВМРО |
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Автор | |||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да ја дополнам темата со примери , благодарение на “ анонимен “ колега .
“ Братоубиствена војна “ а не жртви на ВМРО По завршувањето на Првата светска војна била формирана автономистичка ВМРО на чело со Александров , а за секретар ќе биде поставен Ванчо Михајлов, која ќе ги продолжи убиствата. Две години по нејзиното формирање ќе биде извршено убиството на Ѓорче Петров, на 21 јуни 1921 година, по наредба на Тодор Александров. Тогаш Ѓорче имал 56 години, бил беспомошен, физички истоштен и полуслеп. Платениот убиец, помакот Реџеп, не знаел кого убива, знаел само дека неговата жртва била „непријател на македонското дело“. Подоцна и тој ќе биде ликвидиран за да не каже кој го испратил да го изврши овој злосторнички чин. Серијата на ликвидации и обезглавувањето на македонската левица ќе започне по убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година, кога Ванчо Михајлов ќе го искористи како повод за да се пресмета со сите оние кои што не мислеле како него и кои му стоеле на патот да застане на чело на организацијата. На сите они што ќе ги забележи во списокот за отстрел ќе им го залепи епитетот „заговорници“ во убиството на Александров, иако има сериозни тврдења дека всушност тој, заедно со бугарскиот воен врв, го подготвил сценариото за ликвидација на лидерот на автономистичката ВМРО за да го заземе неговото место. Првиот масакр ќе го изврши во Горна Џумаја, ноќта на 12 септември 1924 година. Претходно, со итрина ќе ги намами и ќе им постави стапица на Алеко Василев, раководителот на ВМРО во Пиринскиот крај, на потполковникот Героги Атанасов и на Александар Протогеров кои ќе ги прогласи за главни организатори на убиството. Во Горна Џумаја ќе го покани и раководството на Илинденската организација за наводно заедно да расправаат за недоразбирањата што ги имале и така сите на куп да ги ликвидира. Меѓутоа, тој нема лично да отиде на средбата, туку за да му ја завршат валканата работа ќе ги испрати Петар Шанданов, Кирил Дрангов, војводата Панчо Михајлов, чија восочна фигура, исто така, ќе биде изложена во Музејот, кого Михајлов една година подоцна, исто така, ќе го ликвидира. Изменето од eptendosadno - 10.Февруари.2010 во 23:53 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Eden den sigurno kje se sluchi i toa, no kako shto so pravo reche orlov, za se ga ova e preoisetliva rabota, osobeno zatoa shto na vlast e partija koja reshila da ja nosi istata kratenka...
Toa isto kako da se dade predlog za gradenje spomenik na padnatite od rakata na Komunistichkata partija na Makedonija... Treba da proteche ushte voda niz Vardar za da dojdat tie vreminja. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Има ли во Америка “ Музеј на жртвите на Конфедеративните членки на Америка “ ? http://en.wikipedia.org/wiki/American_Civil_War Изменето од eptendosadno - 10.Февруари.2010 во 23:59 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Името на музејот е грешка.Доволно е само музеј на вмро ама прашањето е на кое вмро?вмро престанува да постои во 1908 година?
|
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Злосторниците надвор од музеите!
Поставувањето на восочна фигура на Ванчо Михајлов во музејот на хоророт ќе биде срамен ден за македонската држава и за македонската нација. Тоа ќе биде срамен ден за актуелната власт, за политичките елити, за универзитетската, научната и за вкупната македонска јавност. Тој акт ќе биде запаметен како злосторнички чин, бидејќи на тој начин ќе се фрли дамка врз Македонците како слободољубив и како напреден народ. Затоа, восочниот Ванчо Михајлов, по никоја цена не смее да влезе во музејот на хоророт кој е финансиран со државни пари. За да се спречи тоа, македонската јавност има малку време за да се мобилизира и да дејствува. Оттука, одбраната на достоинството на Македонецот треба да почне пред да се отвори музејот на хоророт. АНТИИСТОРИЈА Но, зошто олку вехементност во еден колумнистички диск*рс? Зар неколку килограми восок можат да и' направат штета на Македонија? Зар, мојата омраза спрема Ванчо Михајлов не е доказ за индоктринацијата што влече корени од времето на комунизмот? Зар уште треба да ги делиме историските личности на позитивни и на негативни? Зар, мојата маленкост не може да разбере дека во едно плурално општество не постојат веќе табу теми, проскрибирани личности или апсолутни вистини диригирани од една поразена идеологија? Зар не треба, во согласност со коњуктурната фраза, историјата да им ја препуштиме на историчарите? Мојата заложба да се пресметаме со ликот и со делото на Ванчо Михајлов не е заради желбата нашата историска наука да има здрави ставови или, пак, да се покажеме дека како нација имаме јасна историска свест. Овие работи се важни, но не се примарни во моментов. Ние треба да расчистиме со Ванчо Михајлов за да демонстрираме дека сме созреани како нација и дека сакаме да ги споделуваме европските вредности. Или, уште појасно – ако сакаме да бидеме дел од Европа, ние, едноставно, треба да го заборавиме Ванчо Михајлов, наместо да го сместуваме во музеј кој се гради со државни пари. Челницитге на ВМРО-ДПМНЕ, прво Љупчо Георгиевски, а сега и Никола Груевски, заедно со историчарите од типот на Ачовска, не можат да разберат дека по Втората светска војна, сите европски држави морале да се соочаат со она што се нарекува антиисторија. Што значи антиисторија? Тоа е периодот од историјата на 20 век кога некои држави имале нацистички или фашистички режими, други биле нивни сојузници, или, пак, одредени личности во окупираните држави биле во служба на нацизмот и на фашизмот. Со други зборови, секој оној што заземал високи позиции за време на нацизмот и на фашизмот, е третиран како злосторник против човештвото. Таквите личности, без оглед дали биле осудени или поминале без казна, светот по Втората светска војна ги претставува крајно негативно или, во крајна инстанца, ги премолчува како срамен дел од својата историја. ПРЕДАВНИЦИ Ќе наведам три примери зашто овие злосторници никој не се обидува да ги претстави како контроверзни личности или како „неразделен дел“ од сопствената историја. Пред четврт век, светот беше констерниран по откритието за нацистичкото минато на тогашниот австриски претседател и поранешен генерален секретар на ОН к*рт Валдхајм. Речеси сите државници ги прекинаа релациите со него. Тој беше најизолираниот претседател по Втората светска војна. Зошто? Затоа што како официр на Вермахтот, Валдхајм учествувал во неколку казнени операции на Балканот, посебно во операцијата на Козара, кога биле убиени над 60.000 цивили, од кои 20.000 биле деца. Маршалот Петен беше славното име на француската армија. Тој беше херојот од Првата светска војна. Почитуван и обужуван меѓу двете светски војни. Меѓутоа, во 1940 година, Петен станува претседател на француската марионетска држава, окупирана од нацистичка Германија. Големиот херој станува најголемиот предавник во француската историја. Петен не бил стрелан само поради староста. Кој нормален човек или историчар во Франција би се осмелил да ја отвори контроверзата - дали Петен, со оглед на реалностите во 1940 година, можеби, постапил рационално. Тој е злосторник и предавник! Нема и не смее да има дискусии за Петен! Кнут Хамсунг е еден од најголемите писатали на 20 век. Но, кога Германија ја окупирала Норвешка, веќе остарениот Хамсунг изјавува; „Тоа е победа на германскиот идеализам врз англискиот материјализам“. Подоцна, Хамсунг му ја подарува Нобеловата награда за литература на Гебелс. По војната, Норвежаните не го судат поради староста и сенилноста. Но, Норвежаните, кои биле горди на својот најголем литерат, се откажале од неговите книги. Речиси сите негови книги му биле вратени по пошта. Тоа е казната за предавникот. Ванчо Михајлов, како човек роден во Македонија, во текот на Втората светска војна, имал најтесни релации со нацистите и со фашистите и стигнал најдалеку во контаките со злосторниците. Всушност, Михајлов и самиот бил злосторник! Фактот дека соработувал со Павелиќ, водачот на една од најкрвавите и назлосторничките фашистички творби, а и фактот што бил примен од злогласниот Химлер, се доволни, овој мрачен лик да влезе во антиисторијата на Бугарија (тој се сметал себеси за Бугарин), а посредно и во онаа на Македонија (поради местото на раѓање). Друга работа ќе била доколку Михајлов, на пример, не завршил како злосторник, односно се деполитизирал пред 1941 година. Тогаш, ќе беа легитимни барањата на Љупчо Георгиевски и на историчарите кои се ставија во служба на ВМРО-ДПМНЕ, да расправаме за оваа историска фигура Но, како осведочен злосторник, прво, против човештвото и второ, против Македонците, за Михајлов може да се говори само негативно или, како што реков претходно, најдобро е воопшто и да не се споменува. КРЕАТУРА ВМРО-ДПМНЕ многу авансираше во оваа мрачна креатура и затоа е тешко да расчистиме со него еднаш - засекогаш. ВМРО-ДПМНЕ се легитимира како наследник на историското ВМРО, а Ванчо Мијахлов е „легендата“ на организацијата од дваесетиттте и од триесетитте години на миниот век. Како да и' се објасни на македонската јавност, а особено на помладите генерации, кои се воспитуваат дека кодот на ВМРО е вграден во секој Македонец, дека челникот на историското ВМРО, освен што бил бугарска инсталација во македонското ткиво, освен што ги тероризирал Македонците во Бугарија, освен што бил инструмент на туѓи интереси и иредентизми, тој бил и злосторник против човештвото, односно, слуга на фашизмот и на нацизмот. Ако „падне“ Ванчо Михајлов, се урива музејот на хоророт, а се девастира и вмровската идеологија. Така, лагите за континуитетот на националната борба, за идеалите и за идеологијата на македонската десница, се покажуваат како најгрозоморната измама во поновата историја. Гледано реално, ние имаме три солуции. Прво, музејот на хоророт и на срамот да не се отвори воопшто. Второ, да се употребат багерите, бидејќи музејот на хоророт е дивоградба на искроволчениот политички ум. Трето, музејот на хоророт да се сочува како потврда за идните генерации за тие да можат да видат каде не' доведе популизмот и вмровизацијата на Македонија. Оваа држава настанала во антифашистичката борба. Таа не заслужува ваков срам и ваква бламажа. Оттука, очекувам од големата тројка, односно, од владите на Велика Британија, Русија и на САД, предводниците на антифашистичката коалиција, да упатат остар демарш до Владата на Македонија. Пораката би била – На злосторниците не им е местото во музеи! Или, немојте да ги рехабилитирате злосторниците! http://www.globusmagazin.com.mk/defa...B16825B382C044 http://www.globusmagazin.com.mk/defa...B16825B382C044 Изменето од Marko sk - 11.Февруари.2010 во 00:33 |
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се согласувам дека на Ванчо Михајлов не муу е местото во овој музеј а ни во Македонската историја.НО:
Директорот на Архивот на Македонија запнат е од него и од Тодор Александров да направи јунаци како што мајка нема родено. Причина за оваа е дозволата која ја доби од бугарија да ги види архивите.Па от тука е и неговата книга „Се за Македонија „-од Тодор Александров и разни други информации. Е сега кога една ваква личност заедно со Ачковска и Жежов за ситни пари би напишале за секој дека е Македонец и се борел за Македонија не ни сакам да помислам што малите историчари можат да напишат. Не ги викам големите сили на помош туку народот да го крени својот глас. Велешани гемиџии знаеа како тоа се прави. Анархизмот не безвластие |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Koj narod da krene glas, koj ? pa gledash deka pola i povekje od makedoncive `mali deca po ulica jadat` ako im spomenesh deka gwujo ne ja tera rabotava kako sto treba ...:)))
Изменето од Marko sk - 11.Февруари.2010 во 00:45 |
|||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Можеби и може да се спори кои ликови треба да се во музејот , но мислам дека е провокација и неумесен наслов на тој музеј .
Музејот во своето име има порака , музејот кој треба да ја представува историјата промовира страна , вистина , идеологија , злосторници и жртви и.т.н., иако тоа не е приватна институција сепак некој парите ги злоупотребува за промоција на својата идеологија и страна , и сите тоа го плаќаме . Изменето од eptendosadno - 11.Февруари.2010 во 01:00 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Проблемот не е во тоа што Ванчо Михајловс и Тодор Александров ќе се најдата во музејот. Во Мадам Тисо има воштени фигури од најголемите крвници кои човештвото ги има запаментено, почнувајќи со Хитлер.
Тоа, се споменици кои се поставени да сведочата за еден мрачен дел од историјата и не потсетуваат дека несмее да ни се повторуваат тие гнасотии. Проблемот е конотацијата и недфинираните намери зошто таквите личности ќе се постават во музејот на воштани фигури. Ако тоа значи рехабилитација тоа значи само плукање по македонскиот бит. Доколку тоа се постави со образложение дека тоа се луѓе кои го користеле македонското име и името на ВМРО да работат за туѓи интереси, тогаш мислам дека нема да има никаков проблем. Разграничувањето мора да постои. Најголем проблем е со името на музејот, Жртвите на комунизмот. Сметам дека тоа не е име кое ќе не довед до национално помирување, туку ќе створи дополнителен раздор. На крајот на краиштата НР Македонија излегува како држава на Македонците како резултат на борбата против фашизмот. Тоа што комунистичката идеологија била главниот организатор и носител на борбата несмее да се заборава, обезвреднува и негира. Тоа посебно важи за сите оние кои немаат афинитет према таа идеологија. Ваквиот пристап докажува само дека демократските процеси не се на она рамниште на кое треба да бидат. Не се покажува толеранција, компромис и спремност научно и аргументирно да се дискутира. Не се сака коректно да се проценат придобивките и недостатоците од секој еден историски временски сегмент од македонската историја. Се чини дека има тенденција да се оди од една во друга крајност. Не сум политички определен ниту некогаш ќе бидам, ама со чиста совест можам да кажам дека Македонија е она што е, со сите државнотворни институции благодарение на комунистичката идеологија. Придобивките се безценети, а нивните грешки на патот да истраат нема да бидат причина некогаш да плукам по нив. Што се однесува до вистинаската ВМРО замене секогаш ќе остане најсветлата точка во македонската историја и синоним на македонскиот непокор. Онаа ВМРО која ја предводеле перјаниците и платениците на бугарската пропагнада и оние кои се ставаат во функција на нечии туѓи интереси, замене ќе бидат предавници и одроди. Таквите секогаш ќе бидат моја цел, а нивна комплетна дискредитација прв и единствен фокус. На мнение сум дека името на новиот музеј треба да се промени. Изменето од Platenik - 11.Февруари.2010 во 02:17 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Potojat muzei na "Gragjanskata Vojna", no kolku shto znam nema "Muzej na padnatite amerikanci koi zaginale od strana na Konfederalistite" ili neshto slichno. Obichno, koga narodot deli edna zaednichka istorija kako gragjanska vojna , togash se izbegnuva gradenje muzei i spomenici so koi bi se ovekovechila nekogashnata razdelenost. Mozhat podednakvo da se ovekovechat zednichkite zhrtvi , kako sekjavanje na vremeto koga brakja i sestri ginele na sportivni strani za sprotivni inetresi, no bez pregolemo glorificiranje na podelbata ili akcentiranjeto koj bil vo pravo, a koj ne. Kako shto rekov, toa e isto kako nekoj da predlozhi podiganje "Muzej na zaginatite makedonski patrioti od strana na Makedonskata Komunistichka Partija za vreme na Jugoslavija". Zamisli, ima s'e ushte zhivi lugje od toa vreme koi gi sudea, zatvoraa, maltretiraa i uibivaa svoite brakja, s'e ushte ima nekoi od niv ili nivni deca koi se chlenovi na makedonski partii denes... Vakvite raboti se mnogu nezgodni... ne pridonesuvaat nishto polezno i zdravo vo situacija koga zemjata se bori za opstanok i stabilnost. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Но сепак меѓу редови провејува дека Јенките или попрогресиванта опција попедува. Благодарение на таа победа САД е она што е денес. Доколку победеле конфедератвните сили, сигурно проблемот со расизмот и расната сегрегација немале да бидат разрешени до ден денеска. Ако воопшто и ден денеска се решени. Унионистите се сметаата како потолерантни, по прогресивни, но сегрегацијата како проблем започнува да се решава еден век по граѓанската војна. Тоа е само пред некои 40тина години. Меѓутоа и тоа е процес, треба да се создадат услови за да се појави еден Мартин Лутер Кинг, МалкомХ или Касиус Клеј ака Момамед Али, а белата владеачка раса да созрее и сфати дека нема ништо лошо ако прави отстапки. На крајот на кариштата и црните се конзумнети на производите кои ите како допрва ќе се произведуваат. И така малку помалку Америка станува ...lend of the free and the home of the brave или “нации од цел свет обединете се!“ Сигурен сум дека Граѓанската војна во Америка нема иста политичка конотација со состобите, војните и пропагандите на Балканот. Во секој случај не е на одмет да се прават паралели и прифаќаат искуствата на другите, ако тоа не доведе до национално помирување и подобро утре. Изменето од Platenik - 11.Февруари.2010 во 03:37 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
mungos80
ubavo velish: ,,Велешани гемиџии знаеа како тоа се прави,,. ubavo recheno. No dali samo veleshani treba da znaat ili site zaedno i ednash za sekogash site gorlivi prashanja da si gi reshime nie bez megjunarodniot faktor. Ednash da kazjeme dosta ni e od strojnici i ,,umni glavi,, sami sme si spoobno da si go uredime dvorot za site raboti. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Види го насловот , ова им се остава на идните генерации : Инаку и Ченто бил комуниста , и он добива споменик на плоштадот како заслужен , и јас незнам веќе за што. Во негово време зе апсени Чкатрови , Ѓузелови , Коцареви и сл. Изменето од eptendosadno - 11.Февруари.2010 во 14:02 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |