IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - плин, LPG , авто гас...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

плин, LPG , авто гас...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2010 во 14:01
Законот наложува после вградувањето на овој уред мора да се заведи во собраќајната дозвола во која треба да се внеси новата маса на возилото и во забелешка да се наведи дека е вграден нов уред. Во најголем број држави процедурата е следнава:
Во сервисот каде што е монтиран уредот се добиваат сертификати за испарувачот и резервоарот (секако, заедно со сметка и гаранција). По тоа се оди на вонреден технички преглед (мислам дека кошта околу 500 денари) и се пријавува дека возилото има вграден гасен уред од каде што добиваш регистрационен лист во кој е запишано вградувањето. Возилото заедно со упут се носи на атестирање каде што се проверуваат сертификатите  и се добиваат уверение и картон. Повторно се оди на технички каде што се заверува и пополнува регистрациониот лист. Потоа се оди во полиција по нова сообраќајна дозвола .


Мене постапката ми беше малку поинаква.
Ставаш плин, со документите одиш на вонреден сервис и од таму те праќаат во полиција, полиција те праќа на машински за А-тест, од таму се враќаш на технички, па нова собраќајна.


Изменето од Bronhi - 11.Јануари.2010 во 14:02
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2010 во 16:17
Е сега, една подолга приказна за добра ноќплазење
По долго планирање да ставам 1.6 diesel мотор на Аудиот, морав да се откажам поради мањак во финансиите. Па на крајот си реков: и плин не е толку лоша варијанта...
Па се фрлив на распрашување, пребарување итн....
Сега ќе ги споделам со вас сите ствари што ги знам и што ги разбрав за него како алтернативно гориво...

Значи... од почеток. Ова гориво има повеќе називи: ТНГ (течен нафтен гас), ЛПГ (истото, само на англискиплазење), плин, авто-гас, бутан, пропан-бутан итн...
До сега во пракса се покажало дека сите предрасуди за ова гориво се неосновани ако уредот правилно е вграден. Горивото се сместува во боца со притисок 5-6 бара, поради што се наоѓа во течна состојба, а ризикот од пожар е сведен на минимум со посебни инсталации...
И најмалото пропуштање на уредот ќе биде забележано со човеково сетило за мирис. ако веќе се почувствува немојте да го стартувате моторот и повикајте сервис.

Какви опасности го демнат моторот со ова гориво..? хммм... па можеби сте слушнале дека главата на моторот страда од тоа... има до некаде вистина....  тага имено, страдаат седиштата на издувните вентили поради термичката оптовареност. Тоа може да доведе до прегорување на вентилите. Сепак, не е се така црна. Ова нешто станува по многугодишно користење на ова гориво, и ако некогаш дојде до тоа , сепак, седиштата на вентилите можат да се заменат со потврди кај некои мотори....

Се смета дека цените на авто-гасот ќе се задржат ниски до кај 2018та година во однос на класичните горива.

Често поставувано прашање е дали олдтајмерите можат да се преработат на плин. Секако дека можат..... голем дел од нашиот стар возен парк е приспособен за возење на алтернативни горива. Битно е само да се користат добри уреди и тоа е тоа... така ќе бидат помали загадувачи и помалку ќе се чуствуваат по џебот. Дури и на поновите автомобили инџекторите се заменуваат накнадно со карбуратори поради едноставниот начин на монтирање на плинскиот уред на таквите вбризгувачи.

Уште едно прашање... дали дизел моторот можи да работи на плин!? Па теоретски тоа е возможно, ама би биле потребни огромни конструкциски зафати  како што се вградување свеќици, и соодветна електроника за нив...


Основна мана на ова гориво е смалувањето на багашникот и смалувањето на силата на моторот и зголемување на потрошувачката. Кај возилата со карбураторско вбризгување силата се намалува за 15-20% а кај оние со инџектори до 10%.

Стартувањето на возилото (плаењето) препорачливо е да се врши на бензин  затоа што на испрувачот му е потребна топла вода во разладниот систем , која го загрева гасот. Доколку не се практикува ова гасот претерано ќе се лади за време на испарувањето од што може да дојде до оштетување на поеднини компоненти.

Законот наложува после вградувањето на овој уред мора да се заведи во собраќајната дозвола во која треба да се внеси новата маса на возилото и во забелешка да се наведи дека е вграден нов уред. Во најголем број држави процедурата е следнава:
Во сервисот каде што е монтиран уредот се добиваат сертификати за испарувачот и резервоарот (секако, заедно со сметка и гаранција). По тоа се оди на вонреден технички преглед (мислам дека кошта околу 500 денари) и се пријавува дека возилото има вграден гасен уред од каде што добиваш регистрационен лист во кој е запишано вградувањето. Возилото заедно со упут се носи на атестирање каде што се проверуваат сертификатите  и се добиваат уверение и картон. Повторно се оди на технички каде што се заверува и пополнува регистрациониот лист. Потоа се оди во полиција по нова сообраќајна дозвола . Тоа е се. Давачките изнесуваат околу 5000 денари за атест и  околу 1000 - 1500 за додатни документации и технички преглед, и од 100 до 1500 евра за сервисот (најчесто во понудата над 500 евра е пресметан и атесот , па така колата само ја носиш во сервис и ја добиваш топтан спремна и атестирана без да растрчуваш по други места).
едит ( Бронхи) :Мене постапката ми беше малку поинаква.
Ставаш плин, со документите одиш на вонреден сервис и од таму те праќаат во полиција, полиција те праќа на машински за А-тест, од таму се враќаш на технички, па нова собраќајна.


И на крајот стасуваме до најстрашното. Купуваме ново возило (бензинец) и нормално сме среќни со новата кола. Но за кратко ни се расипува задоволството. Па боже, колата ми троши 10 - 11 градка а цел ден сум в кола ....со таа потрошувачка нашата плата ќе оди само за гориво. И сега чаре? Чаре е плин! А, што-како со гаранцијата?

Многу производители нудат фабрички вграден плин, а многу автосалони имаат договор со некој автосервис. Така да кај Шкода, Дачиа, Опел, Киа, Лада, Пежо, Шевтолет, Даеву, Сузуки, Фиат, Ланчиа, Застава, Хјундаи и уште многу други нема да имаме проблем со гаранцијата доколку во возилото вградиме плински уред. Неодамна бев во салонот на шкода , распрашував малце за новата Фабија и ми понудија основен модел за 9,380 евра на која за 1000 евра ќе вградат веднаш плин во Шкода сервисот со комплетна документација, без да се зголеми портошувачката и без губење на гарантниот рок. И тоа не само на тој модел... понудата важи и до најлуксузниот Суперб.


Тоа би било се народе. Ако имате прашања во врска со плинот солободно кажетенамигнување


Изменето од volkswagen - 11.Јануари.2010 во 16:27
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,082 секунди.