IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Македонска Енциклопедија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонска Енциклопедија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 65>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 15:05
Albanija zastana vo odbrana na svoite sonarodnici vo Makedonija i zad nivniot protest zaradi napisot vo novata enciklopedija
Албанија: Македонската енциклопедија е антиалбанска
a  DUI ke podnese tuzba protiv MANU

ДУИ: Тужба против МАНУ




Изменето од mamamd - 20.Септември.2009 во 15:08
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 15:09
а уствари што не е вистина во напишаното збунетост
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 15:16
Не би коментирала за другото додека не прочитам, ама од она што слушнав за Ахмети ич не ми е јасно што не е вистина?збунетост
Да не сака швајцарскиот пациент да напишат дека е доктор на науки со ељам од Харвард или кандидат за Нобелова награда за мир можеби?!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2009 во 21:00
Почнав да се чуствувам како граѓанин од втор ред, Али Ахмети да им кажува на Академици од МАНУ за тоа што треба и што не треба да има Мак. Енциклопедија.

Се си е на место, се надевам дека овојпат попамет
ниот нема да попушти.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 14:28
нештата за кои мислиме дека се на место требаше да ги оставиме зад себе со последното менување на уставот и потпишувањето на фамозниот ОХРИДСКИ договор од 2001 - та ...... сега е веќе доцна да се почнува одново со некои работи кои можат да предизвикаат дополнителни потешкотии и нови “ отворени “ прашања и не само со соседите покрај веќе “ отвореното “ со грција ....... велат дека после свадба тапани не чукаат намигнување
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 14:36
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Не би коментирала за другото додека не прочитам, ама од она што слушнав за Ахмети ич не ми е јасно што не е вистина?збунетост
Да не сака швајцарскиот пациент да напишат дека е доктор на науки со ељам од Харвард или кандидат за Нобелова награда за мир можеби?!
 
 
па , доколку треба и така наложат , ништо чудно ..........не%20знам
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 18:38
ау сега ја видов темава голема%20насмевка Што пишува за Власите живо ме интересираголема%20насмевка
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 18:45

Интервју со Блаже Ристовски: Претставени се најзначајните процеси и личности од најстарите времиња до денеска

Пишува: Виктор Цветаноски

Г. Ристовски, наскоро ќе излезе од печат Македонската енциклопедија. Што содржи таа? Колку луѓе беа вклучени во нејзината подготовка?

- Во подготовката на Македонската енциклопедија се вклучени околу 300 автори на текстовите. Во неа се презентираат научно проверени податоци и факти од најстари времиња до денеска, како впрочем и во сите други енциклопедии. Притоа треба да се има предвид дека нашата не е општа, туку само национална енциклопедија, дава податоци, факти и личности само од територијата на Македонија. Застапени се сите племиња и народи што минувале или останале на овие простори, сите цивилизации што владееле и влијаеле, од античката и римската цивилизација, Латинското Царство, Ромеја (Византија), османлиското владеење и сите повремени навлегувања - на Бугарите, на Србите и на другите освојувачи на овие простори. Настојувавме, колку што можат да соберат кориците на два тома, да вклучиме се' што е најбитно, без претензија дека сме дале се'. Ниту тоа ни беше целта ниту, пак, тоа е возможно.

Ова е кратка енциклопедија што ги опфаќа најзначајните појави, пројави, настани и процеси, како и личности од историјата и современоста на Македонците и на етничките заедници во Македонија. Инаку, МАНУ работи на повеќетомна енциклопедија. Така и почнавме, да направиме повеќетомна енциклопедија. Меѓутоа, се покажа дека тоа е многу долгорочна задача, дека ќе трае повеќе години. Прва енциклопедија на една земја, на една нација не се прави преку ноќ. И затоа, по примерот на Лексикографскиот завод на Хрватска, решивме првин да направиме една кратка енциклопедија, која може релативно побрзо да биде направена и потоа да продолжиме со повеќетомната. Впрочем, првиот том на повеќетомната енциклопедија веќе го имаме горе-долу склопено. Меѓутоа, неа ја оставивме за да направиме една мала, двотомна, во која ќе го опфатиме поглавното од она што треба да влезе во повеќетомната. Енциклопедијата е во печат и сакам да биде готова до крајот на овој месец. Предвидено е пократка верзија да биде објавена и на англиски јазик.

Кои области се опфатени во енциклопедијата?

- Сите области. Сметавме дека нам ни е потребна цела лична карта на Македонија. Зашто ова не е општа, туку токму само национална енциклопедија. Да ги претставиме Македонија и Македонците во една историска, но и во современа димензија. Да можеме сите клучни прашања да ги фиксираме и со научна аргументација да ги претставиме, без впуштање во какви и да е квалификации, туку просто документирано и со научно проверени факти. Во опширната повеќетомна енциклопедија ќе имаме повеќе простор и таму ќе дадеме поголема ширина и на текстовите и на определниците за да може да се даваат и оцени и пошироки образложенија и аргументации.

Енциклопедијата почнавме да ја работиме од есента 2005 година. И покрај сите реални тешкотии, мислам дека, погледнато енциклопедистички, направивме подвиг: ја создадовме за релативно кусо време првата национална енциклопедија. Секој што се занимавал со енциклопедистиката, знае дека станува збор за избор, фиксирање и оцена на милиони податоци, од сите области на историјата, науката и воопшто на современиот живот. И од сето тоа треба да се избере она што е најсуштествено. Не велам дека сме погодиле и сме внесле баш се' што е битно, но настојувавме да го внесеме најважното, независно дали, на пример, личностите им припаѓале на левите или на десните политички струи, дали тие биле црни или бели, светли или мрачни. Одевме фактографски. 

Претпоставувам дека во тимот што ја подготвуваше беа вклучени и Албанци, Власи, Турци, Срби и претставници од другите етнички заедници?

- Се разбира, вклучени се и претставници на другите етнички заедници. Тоа ќе го видите уште на првите страници. 

Се говори дека имало притисоци енциклопедијата да не биде македонска, национална, туку да биде поставена на поинакви основи?

- Да, имаше, меѓутоа редакцијата застана на ставот дека таа треба да биде прва национална енциклопедија и во неа да бидат застапени сите во Македонија, со рамноправна застапеност не само на Македонците туку и на сите етнички заедници и култури во границата на Република Македонија.

Дали текстовите за малцинствата се подготвени од нивни автори. Се знае дека Албанците имаат поинакво гледање на минатото на македонските простори и ја протежираат историјата на својата матична држава. Како ги надминавте тие разлики?

- Македонската енциклопедија содржи научно проверени факти. Настојувавме да не завлегуваме во дневнополитички прашања, уште помалку партиски. Енциклопедијата е лишена од целата таа наслојка. Не се впуштаме во тоа дали Албанците или Романците или, пак, Власите се потомци на овој или на оној. Тоа би значело да отвориме дискусија. А во енциклопедијата нема дискусија, ни коментари. Во неа се даваат факти, податоци. Таа, пред се', е фактографија за настаните, состојбите и личностите од минатото и од сегашноста.

Иницијативата за подготовка на Македонската енциклопедија е од поодамна. Зошто таа се реализира дури сега?

- Од финансиски аспект историјата на Македонската енциклопедија е доста незгодна за раскажување. Порано државата не покажуваше чувство за реалната потреба на Македонија за ваква енциклопедија. Владите не покажаа слух за тоа што значи такво дело за една држава. И покрај сите штедри ветувања од една влада, добивме само еден милион денари (за повеќетомната енциклопедија). А имавме ветувања и за осум и за 14 милиони денари. Направивме и подготвивме посебен Закон за Македонската енциклопедија со детална програма. Се' остана на МАНУ. Ни денар не се даде. Работевме волонтерски, со скромни средства на МАНУ. Но, немаше сила и моќ сама да го понесе тој товар. Оваа енцклопедија ја финансираше сегашната Влада. Есента 2005 година премиерот Никола Груевски ја посети Академијата (со свои министри) и во разговорите му беше кажано за потребата, во рамките на 40-годишнината на МАНУ, да се подготви и да се издаде еднотомна енциклопедија. Премиерот вети и даде 150 илјади евра, со тие пари и плус уште 2 милиона од фондот на Академијата ги исплативме соработниците и го направивме тоа што денеска ја претставува ова двотомна Македонска енциклопедија.

Во сегашниот состав на главната редакција се академиците: Илија Васков (кој го продолжи членството на Ѓорѓи Филиповски), Владо Камбовски (кој го замени Цветан Грозданов), Благој Попов, Блаже Ристовски, Гане Тодоровски и (привремено) Луан Старова. Главен редактор е Блаже Ристовски, а научен секретар е Симо Младеновски.

Се очекува Албанците да реагираат, а енциклопедијата да не ја прифатат како своја.

- Зошто да реагираат и зошто да не ја прифатат? Наша грижа беше научната вистина за нас во Македонија. А Тирана и Приштина си прават свои истории и енциклопедии. Ние правиме наша, заедничка енциклопедија.

Во редакцијата за подготвување на енциклопедијата бил и академик Луан Старова, но поднел оставка?

- Тој беше во главната редакција, тоа е забележано. Учествуваше извесно време и се откажа со официјално образложение дека тој, пред се', е писател и дека сака да си ја заврши својата романсиерска сага за семејството, сака да се оддаде на таа цел првостепена за него.

Како во енциклопедијата се третираат Македонците од нашите простори кои станаа познати и имале голема улога во општествата во соседни држави. На пример, во Бугарија многумина Македонци биле познати политичари, научници, уметници...?

- Сите позначајни личности од македонско потекло кои на каков и да е начин придонеле во научен, политички или друг поглед во други држави се обидовме да ги вклучиме. Не само од Бугарија. Ја вклучивме и дијаспората. Тоа е и наше население, се декларираат како Македонци. 

Има некои спорни личности од македонското минато, како што се, на пример, Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други. Како ги претставивте нив?

- Спорни личности во историјата нема. Може да има спор само за нивната дејност. Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други личности и настани, главно поврзани со Бугарија и со ВМРО, исто така се фактографски застапени во Македонската енциклопедија. 

Енциклопедијата сигурно ќе придонесе многу македонската вистина да допре во светот и тој да се запознае со нашето видување на сопственото минато.

- Појавата на првата Македонска енциклопедија е историски чин, првпат се појавува со македонското име и со македонски поглед. Со тоа Република Македонија влегува во редот на земјите и народите што создале енциклопедиска синтеза на своето минато и на својата современост. На она што било и останало по нејзиниот милениумски цивилизациски пат. Тоа е научно фундирано огледало на генерациите и на современиците што ги рефлектира сознанијата на овие простори од праисторијата до денес. Со тоа современата македонска научна мисла се обидува сублимирано да ги претстави одделните развојни периоди, подрачја и струки и да го формулира сопственото гледиште врз македонските работи.

Порано постоеше редакција на Југословенската енциклопедија за Македонија, но од неа излегоа само првите два тома и по распаѓањето на Југославија таа престана да се печати. Во неа, меѓутоа, Македонија беше многу скромно застапена како историски субјект, оптоварена и со идеолошки и политички наслојки на времето. Во Македонија постоеја и други обиди да се направат енциклопедии и лексикони. Господинот Јован Павловски подготви четиритомна општа енциклопедија со определници и за Македонија, а пред тоа беше издадена и петтомната Детска енциклопедија на „Детска радост“. Има тематски енциклопедиски прирачници за одредени области, како што е Македонскиот историски речник на Институтот за национална историја. Но, сите тие се на нивото на лексиконски изданија.

Самата појава на првата национална енциклопедија добива своја тежина и рефлекс и во нашата земја, веројатно и надвор. Има доста енциклопедии што ја застапуваат Македонија. Меѓутоа, таму ја нема македонска Македонија, таму се преосмислени фактите и Македонија и Македонците се претставени не само низ субјективните призми туку и во рамките на државните интереси на тие земји. Некаде е претставена како бугарска, некаде како српска, некаде како грчка, а еден дел како албанска. Затоа сакавме да направиме еден ваков претенциозен научен прирачник што ќе ги смести фактите на вистинското место и да може нашиот човек (а и надворешниот свет) да ја согледа целината на Македонија. Тука се објавени и доста илустрации, карти и графикони. Се надеваме дека енциклопедијата и од ликовно-графички аспект ќе биде на едно достојно ниво.

Кон врв
alekso_2000 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 523
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alekso_2000 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2009 во 21:55
Ке ви кажам нешто!
Кој и да ја напишит таа енциклопедија и како и да напшит на „браќата“наши немат да им е по ќеиф!!!
car's freack
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 00:07
Како само на никој не му падна во очи дека во Енциклопедијата сме претставени како Словени...А не како автохтоно население на овие простори ...
Според мене како МАкедонец јас сум многу повеќе навреден отколку Албанците на пример, затоа што за нив има докази дека се доселиле во 16 век на овие простори , за за словените никој нема ниту докази ниту пак некој археолошки наоди говорат за тоа а уште помалку ДНК испитувањата...
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 00:16
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Како само на никој не му падна во очи дека во Енциклопедијата сме претставени како Словени...А не како автохтоно население на овие простори ...
Според мене како МАкедонец јас сум многу повеќе навреден отколку Албанците на пример, затоа што за нив има докази дека се доселиле во 16 век на овие простори , за за словените никој нема ниту докази ниту пак некој археолошки наоди говорат за тоа а уште помалку ДНК испитувањата...
и да ги изоставиме словените, сепак битно е болдираново
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 00:22
според мене ова е најглуп македонско-албански конфликт до сега и мислам дека се претера, сепак се работи за национална енциклопедија во која се изнесени факти, без разлика дали им се допаѓало или не, не може ние да го променуваме секој момент од нашиот живот затоа што не им се свиѓало!
а тие нека престанат да ни се мешаат во нашето општество, како малценство се широко прифатени, со сите права па дури и привилегии, доколку сакаат да се истакнат, нека го прават тоа во рамките на своите земји, ако не Коцово, барем Албанија си има свои енциклопедии и нека си ги пишуваат како сакаат!
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 00:30
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

според мене ова е најглуп македонско-албански конфликт до сега и мислам дека се претера, сепак се работи за национална енциклопедија во која се изнесени факти, без разлика дали им се допаѓало или не, не може ние да го променуваме секој момент од нашиот живот затоа што не им се свиѓало!а тие нека престанат да ни се мешаат во нашето општество, како малценство се широко прифатени, со сите права па дури и привилегии, доколку сакаат да се истакнат, нека го прават тоа во рамките на своите земји, ако не Коцово, барем Албанија си има свои енциклопедии и нека си ги пишуваат како сакаат!



Според мене Албанците знаат да се дигнат кога нешто им смета, имале право или не...
Додека кај нас е токму спротивното и кога имаме право на нешто тогаш ќутиме...
Ако ние сме дошле во 6 век, препливувајки Дунав со цевки...
Како и да е оваа енциклопедија дефинитивно заслужува преправки, не само поради Албанците туку многу повеќе поради Македонците (барем оние кои се чуствуват како такви)...
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2009 во 00:33
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Како само на никој не му падна во очи дека во Енциклопедијата сме претставени како Словени...А не како автохтоно население на овие простори ...
Според мене како МАкедонец јас сум многу повеќе навреден отколку Албанците на пример, затоа што за нив има докази дека се доселиле во 16 век на овие простори , за за словените никој нема ниту докази ниту пак некој археолошки наоди говорат за тоа а уште помалку ДНК испитувањата...


Од МАНУ се направени и генетски испитувања со пари од германска донација сигурно и тоа го зеле во предвид среќа а можеби не , не знам.


Изменето од ADVISOR - 22.Септември.2009 во 00:33
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.