IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Новитети, вести, мислења, критики
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новитети, вести, мислења, критики

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 10:31
мистерија ОКОЛУ СМРТТА НА ПОЗНАТИОТ АМЕРИКАНСКИ АКТЕР Дејвид Карадин

Се самоубил со оргазам

Полицискиот генерал Ворапонг Чеупреча за новинарите изјави дека го нашле познатиот актер Дејвид Карадин мртов со јаже "врзано околу пенисот и уште едно околу неговиот врат"

БАНКОГ (АП) - Телото на американскиот актер Дејвид Карадин, кој се прослави со улогата во телевизиската серија од '70-тите "Кунг-фу", беше најдено во плакарот на една хотелска соба, со јаже околу вратот и гениталиите, а причина за смртта можеби е случајно задушување, соопшти вчера тајландската полиција.
Телото на 72-годишниот актер беше пронајдено завчера во неговиот луксузен апартман во хотелот "Свисотел Неи Лерт Парк" во Бангког. Полицијата првично изјави дека се сомнева дека се работи за самоубиство, иако соработниците на Карадин се сомневаа во таа теорија.
Полицискиот генерал Ворапонг Чеупреча за новинарите изјави дека го нашле Карадин со јаже "врзано околу пенисот и уште едно околу неговиот врат".
"Двете јажиња беа врзани едно со друго", изјави тој. "Сe уште не е јасно дали извршил самоубиство или не, или починал од задушување или му откажало срцето за време на оргазам".
Полицијата вчера ја заврши аутопсијата на телото на Карадин, но уште ги нема објавено резултатите.
Доктор Нантана Сирисап, директор на Центарот за аутопсија во болницата "Чулалонгкорн", за новинарите изјави дека направиле аутопсија поради "необичните околности под кои починал Карадин", но не даде понатамошно објаснување.
Поручникот Терапоп Луансенг завчера изјави дека го нашле Карадин како виси гол во плакарот и оти тогаш се посомневале дека се работи за самоубиство.
Меѓутоа, еден од менаџерите на Карадин Тифани Смит од неговата менаџерска компанија "Биндер анд асошиејтс" ја отфрли оваа теорија.
"Само велам дека знаеме оти Дејвид никогаш не би извршил самоубиство", изјави Смит. "Чекаме да ја завршат истрагата и да откријат што навистина се случило. Тој го ценеше животот и сe што му нуди... Дејвид никогаш не би си направил нешто такво себе- си".
Карадин минатата недела дојде на Тајланд за снимањето на филмот "Растегнување", два дена пред неговата смрт, изјави Смит. Тој имал закажано да работи на неколку други проекти по завршувањето на овој филм, кој го режира Шарл де Мео.
Во неговата автобиографија од 1995 "Бескраен автопат", Карадин напиша дека пробал да се самоубие кога имал 5 години.

Kakva smrt....
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2009 во 21:35
Леонардо ди Каприо ја остави манекенката Бар Рафаели. По четири години врска, Бар посакала заеднички живот, а Леонардо во истиот момент сфатил дека му треба малку простор....!!!

Иако веќе четири години се во врска, Леонардо ди Каприо се плаши од евентуалниот заеднички живот co Бар Рафаели.



Сепак, ова не е првпат да имаат проблеми во врската. Минатата година исто така раскинаа, додуша накратко. Каков епилог ќе има оваа епизода, ќе се дознае наскоро....!!!   голема%20насмевка







секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 21:16
Новиот Џејмс Бонд во Авганистан!?



Иако за сега се работи само за шпекулации, приказната за новиот Џејмс Бонд ќе се одвива во Авганистан. Според извори блиски до продуцентите продолжението за агентот 007 ќе се одвива во Кабул, а угледниот британски весник Guardian открива дека сценаристите на сè уште неименуваното продолжение на „Quantum of Solace“ барале технички детали за работа во главниот град на Авганистан.

- Повеќе од сигурно е дека новиот филм за Бонд ќе се снима во Кабул, а опасниот агент нема да се бори само со талибанците, туку и со опасните трговци на дрога кои ги финансираат терористите, изјави изворот.

Агентот 007 веќе бил во Авганистан, кога Тимоти Далтон го снимаше „The Living Daylights“ во 1987 година.


Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 21:19
Не сакам да живеам како филмска ѕвезда



Познатата глумица и мајка на две деца, Кејт Винслет на многу луѓе не би им замерила ако најмат дадилка и куќна помошничка поради презафатеност. Меѓутоа, британската Оскаровка не сака во својот дом да има услужни работници затоа што сака нозете да и останат цврсто на земјата, пренесува „Дејли мејл“.



- Би можела да вработам дадилка, но јас не сакам да живеам како филмска ѕвезда, рече Винслет (33).

Симпатичната актерка намерно не сака да вработи готвач иако признава дека тоа би можело да и го олесни животот.



- Постојат работи кои би можела да ги направам за да си го олеснам животот, но намерно не ги правам затоа што тогаш би живеела како типична ѕвезда, а тој животен стил сакам да го избегнам, рече Кејт за списанието „Хелоу!“.

- Сакам моите деца кога ќе бидат возрасни и кога некој ќе ги праша дали имаат готвач, да бидат изненадени од тоа прашање, додаде Кејт.

Глумицата меѓутоа признава дека, керќата Мија (8) од првиот брак со режисерот Џим Триплтон и синот Џо (5) од вториот брак со режисерот Сем Мендезом, понекогаш страдаaт поради нејзината посветеност во кариерата.


Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 21:24
Секси Лонгорија во бикини



Ѕвездата на серијата Desperate Housewives, Ева Лонгорија, направи серија фотографии во бикини за мексиканското издание на магазинот „GQ“.

Убавата актерка со фото-сесијата сака да покаже дека годините не и тежат и дека се уште изгледа неверојатно секси.



Погледнете ги новите фотографии, кои се потполно различни од неодамна објавените на кои таа е на одмор со нејзиниот сопруг. Оцените сами дали добриот изглед на новите фотографии е плод на козметиката, одличното осветлување, Photoshop-от или пак станува збор за природна убавина.



Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 21:28
Започнато, недовршено

Актерката Тенди Њутон која е заштитно лице за компанијата ,,Martini” за кампањата „Stay beautiful“ се појави на забавата облечена во фустан кој од страна на модните критичари беше оценет како ,, излитена завеса споена со тенок конец“. За среќа нејзината убавина го засени лошиот избор на облека.



При излегувањето од автомобилот нејзиниот фустан изгледаше како недовршена креација кој што допрва треба да се дошие. Сепак откако се исправи црниот фустан го доби вистинскиот облик по што изостанаа злобните коментари од околината.



И покрај тоа што напорното снимање наполно ја истошти, оскаровката успеа да ги засени присутните лица.

-Снимањето траеше од седум часот наутро до доцна навечер, но во секој момент морав да изгледам одморено и свежо иако пред крајот заморот ме совлада, признава Њутон.

Снимањето на кампањата поминало во одлична атмосфера и покрај тоа што екипата се запознала неколку минути пред самиот почеток. Финалниот производ е реклама во која сите изгледаат како одлично да се забавуваат.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 21:32
Македонци работеа на „терминаторските“ ефекти



Македонски тим предводен од продуцентот за визуелни ефекти Кристијан Данаилоски и супервизорите Александар Вишемирски и Мишо Ристов работеа на 42 кадри во новото продолжение на Terminator со наслов Salvation. Тимот на FX3X составен од дваесетина Македонци интензивно работеше за водечкото студио за визуелни ефекти Industrial Light & Magic, што резултираше со 3 минути светска филмска магија со македонско производство.



- На почетокот изгледаше помалку застрашувачки. Ние веќе имавме искуство со соработка со поголеми компании и студија, дури и искуство со работа на проект кој доби Оскар за визуелни ефекти (The Golden Compass), но исто така знаевме дека Industrial Light & Magic е сосема друга лига. Таа претпоставка се покажа 100% точна. Уште повеќе, за мене како обожавател на Терминатор, работата на „Project Angel“ беше најбитната работа на свет. На крајот, резултатот беше одличен, сè одлично се заврши, и тоа уште повеќе ги интензивира впечатоците. Задоволството од работата на ваков филм е огромно и кога завршивме дури и ми беше жал, но, се радувам на новите проекти кои ќе ги имаме со Industrial Lights & Magic и нивниот фантастичен тим, - вели супервизорот за рото и paint Александар Вишемирски.

Terminator 4 Salvation teaser trailer 2009 official
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2009 во 12:06
Награден за животно дело Печати Е-меил
%20Холивудскиот актер Мајкл Даглас синоќа доби награда за животно дело, која традиционално секоја година ја...

 

... доделува Американскиот филмски институт (AFI).

Мајкл Даглас стана 37-от добитник на оваа престижна награда, а на прославата во Калвер Сити присуствуваа неговата сопруга Кетрин Зета Џонс и неговиот 92-годишен татко Кирк Даглас - исто така добитник на оваа награда.

Наградата на "AFI" му ја врачи колегата Џек Николсон, кој играше во филмот "Летот над кукавичкото гнездо" за кој Даглас, како продуцент, доби Оскар во 1976 година.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, во снимена порака го пофали актерот за неговата борба против нуклеарното наоружување.

Даглас, во 1998 година, беше именуван за еден од амбасадорите на мирот на Обединетите нации.

%20

%20

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 03:54
Шон Пен се повлекува од Холивуд



Оскаровецот Шон Пен на неодредено време ќе се повлече од Холивуд и ќе се посвети на семејството. Еден од најдобрите актери во светот кој се откажа од улогите во филмовите „The Three Stoogers“ и „Cartel“ изјави дека сигурно ќе одмора една година.

Сценаристите и режисерите на „The Three Stoogers“, Питер и Боби Фарели мора да бараат замена бидејќи неодамна објавија дека Пен, Џим Кери и Бенасио Дел Тори ќе ги глумат трите главни улоги во нивниот нов филм. Фарели сега се во голема дилема, дали да го чекаат Оскаровецот или пак да побараат замена.



- Не знам што ќе правиме бидејќи MGM планира да го пушти филмот во 2010 година. Ако одлучиме да чекаме ризикуваме да ги изгубиме Кери и Бенасио. Ќе треба да разговараме со Шон и да видиме што ќе прави во иднина бидејќи неговата одлука не шокираше, изјавија Фарели.

Според шпекулациите во Холивуд, режисерите ќе немаат големи проблеми за вториот филм бидејќи познатото филмско студио „Universal“ планираа да го сними „Cartel“ без Пен.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 12:40
Роберт Патинсон го удрило такси додека невнимателно се обидувал да побегне од обожавателките.



Ѕвездата на филмот ’Twilight’, миленикот на девојчињата, Роберт Патинсон, миленикот на девојчињата и на жените, се наоѓа во Њујорк каде што го снима својот филм ’Remember Me’.

При обидот да побегне од групата на обожавателки, Патинсон невнимателно ја преминал улицата и налетал на такси. Возачот стиснал на кочница, и за среќа актерот останал неповреден.

Луѓето од продукцијата изјавиле за People дека Патинсон секојдневно привлекува огромен број на обожавателки на сетовите: “Има постојана гужва, луѓето се обидуваат да го видат, а кога ќе го здогледаат, се преоѓа во тотална хистерија.“

За да барем малку се заштити, Роберт најмил телохранители, но кога тие не можат да му помогнат, тој ги употребува своите спринтерски способности, кои за малку ќе му донесеа сериозни повреди. Ах таа слава...
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2009 во 12:24
Вил Смит ќе паузира од Холивуд

Вил Смит привремено ќе се повлече од својата актерска кариера, објавија американските медиуми.

Актерот ќе направи пауза од снимањето филмови за да се грижи за семејството, додека неговата сопруга Џејда Пинкет Смит работи на серијата „Hawthorne“, а синот Џејден Смит го снима Kung Fu Kid во Кина.

Пинкет Смит призна дека нејзиниот сопруг не се снаоѓа баш најдобро со домашните работи, но дека знае да биде одличен родител.

-Вил не знае да готви, другите тоа го прават за него, но тој е одличен родител. Доколку има некој проблем, знам дека не треба да се грижам, бидејќи имам партнер кој ќе ме замени. Неизмерно сум благодарна што Вил ќе биде дома. Мислам дека и за децата е добро кога мајката работи, така и тие се одмараат од мене. Мислам дека во таква ситуација повеќе ве ценат и повеќе ве сакаат. Сега честопати слушам: Ах ми недостига мама, сакам мама тоа да го направи, изјави Пинкет Смит.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 19:54
Бев зависна од хероин



Познатата американска актерка Вупи Голдберг откри дека своевремено била зависник од хероин.

Голдберг призна дека како млада честопати експериментирала со наркотичните средства.

-Бев млада, без дом и зависна од хероин. Го напуштив училиштето и се фатив со дрогата. Бев дете на 60-тите, земав од сите наркотични супстанци кои можев да ги најдам. Тоа беше еден чуден период, време на транзиција кон сегашноста. Кога се исчистив од дрогата бев убедена дека сакам да станам актерка, изјави Голдберг.



Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 19:56
Крис Браун призна и избегна затворска казна



Американскиот R&B пејач Крис Браун вчера пред судот во Лос Анџелес призна дека е одговорен за нападот на поранешната девојка, поп ѕвездата Ријана, а во договор со тужителите тој доби пет години условен затвор. Изведувачот на хитовите „Run it“ и „Kiss Kiss“ покрај условната затворска казна, доби и 180 часа работа за локалната заедница во Вирџинија.

Дваесетгодишниот пејач, кој се извини на сослушувањето е обвинет за физички напад над Ријана кој се случи на 8 февруари, оваа година.

- Господине Браун мислам дека најдобро ќе биде да си ја сфатите грешката што сте ја направиле, а за да имате одговорност ќе мора да работите општо корисна работа, изјави судијката Патрициа Шнег.

Освен двете казни, Крис доби и забрана за приближување до Ријана и зависно од условите тој од пејачката ќе мора да биде оддалечен од 10 до 50 метри.


Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 19:57
Ема Вотсон креира гардероба за УНИЦЕФ



Британската актерка Ема Вотсон одлучи своите афинитети кон модата да ги искористи за помош на сиромашните деца во светот.

Младата ѕвезда, која се прослави со улогата во филмскиот серијал за детето волшебник Хари Потер, доби задача да креира облека за тинејџери, а целиот приход од продажбата ќе биде дониран во УНИЦЕФ.



На Вотсон ова не е прв излет во светот на модата. Таа неодамна стана ново лице на познатата модна куќа „Burberry“, а пред тоа учествуваше и во рекламната кампања на францускиот моден бренд „Chanel“.

Хероината од „Хари Потер“ за изработка на своите модели ќе има помош од многу модни стилисти, а меѓу нив се спомнува и Карл Лагерфелд.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,410 секунди.