|
Матичен млеч |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Матичен млеч За матичниот млеч се знаело уште од стари времиња. Кинезите матичните ларви заедно со млечот им го давале на постарите лица како лек. Благородното дејство на медот е откриено во 1922 год. а масовна употреба во медицината и фармакологијата во 1954 год. Млечот го произведуваат пчелите работнички на возраст од 6-12 дена од горновиличните жлезди. Пчелите со млеч го хранат младото легло и матицата. За 6 дена хранети со млеч, матичните ларви ја зголемуваат својата тежина за 1 500 пати. Матицата за целиот свој живот се храни со млеч и живее по 5 години па и повеќе, а пчелата работничка која се храни само со мед и полен живее 35 дена до 6 месеци. Матицата е најплодно суштество на земјата. Дневно носи околу 2 000 јајца, за една сезона 300 000 а за време на својот живот околу 2 000 000 јајца благодарение на чудотворната моќ на млечот. Матичната млеч е концентрација на Матичната млеч е Матичната млеч е густа супстанца, слична на кисело млеко, со сивкасто бела боја, киселкаст до неодреден фкус и специфичен мирис. Матичната млеч содржи Во Во млечот се пронајдени Од Во млечот има Матичната млеч има Млечот е наречен Млечот е богат со беланчевини и шеќери, но овие супстанции се карактеристични по тоа што припаѓаат на повеќе врсти за разлика од медот во кој се едноставни. Млечот е богат и со витамини од групата (Б) особено со тиамин, рибофламин, пиридоксин, и пантотенска киселина. Целосното одсуство на витаминот (А) и делумно на витаминот (Ц) во млечот се надохнадува со нивното присуство во медот со кој се меша млечот пред негова употреба. Сознанието дека млечот во мали количини го зајакнува организмот, ја потпомага регенерацијата на клетките после прележана болест и ги намалува проблемите кај постарите жени, ја зголеми побарувачката на овој пчелин производ, Најдобро време за вадење млеч од матичњакот е третиот или четвртиот ден (откако ќе излезе ларвата од јајцето). Се собира во мали стерилизирани шишенца кои се обвиткани со алуминиумска фолија и во што пократок рок се ставаат во ладилник или се меша со кристализиран мед (ако го измешаме со течен мед, по извесно време млечот ќе исплива на површина). pcela.mk Од најстари времиња, човекот го интересирало зошто матицата која се испилила од истото јајце како и пчелата работничка живее Пчелата е инсект која се што произведува е од полза за човекот. Пчелните производи се мали ремек дела на природата. Од нив најлековита е матичната млеч. Од најстари времиња млечот бил скап производ и претежно го користеле царевите поради што го добило името царско желе. За да се добие млеч во исхраната на еден матичник учествуваат 300 млади пчели на возраст од 6 до 12 дена. 1 грам млеч се добива од 5 до 7 матичници. Од снесувањето на јајцето до вадењето на млечот поминува период од 7 дена. Трудот што пчелите го вложуваат во производството на млечот е огомен и практично млечот нема цена. Со многубројните испитувања е докажано дека млечот е комплексна и богата супстанца. Матичната млеч има · · · · · · Во млечот има Во матичната млеч има Во млечот се наоѓаат сите важни микро и макроелементи: До денеска во природата не е позната материја слична со состав како што го има млечот посебно со количината и количеството на разни витамини.
Голем број научници го испитувале дејствувањето на млечот во · · · · · · · · · |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Матичната млеч и Низ еволуцијата во човечкиот организам се развиле три одбрамбени линии. Прва одбрамбена линија е човечката кожа. Млечот поволно делува на кожата и и ја враќа еластичноста, ја подмладува т.е. ја зајакнува одбрамбената линија. Втората одбрамбена линија е топлината. Оваа линија се активира кога во организмот се најдат страни тела. Третата одбрамбена линија е имунолошкиот систем. Тој се активира кога инфекцијата продре во нашиот организам. Имунолошкиот систем е комплицирана замрсена мрежа од специјални ткива, органи, клетки и различни хемиски соединенија чија цел е зачувување на организмот од туѓите тела, бактерии и штетни хемикалии. Лимфните јазли, слезината, коскената срж и крајниците играат важна улога во производството на лимфоцитите, антителата и интерфероните. Постои вроден и стекнат имунитет. На организмот треба да му се даваат сите потребни супстанции за да зајакне и подобро да го развие нашиот имунолошки систем. Одреден вид на додаток во храната може многу да помогне. Овде матичната млеч зазема посебно место. Изобилството на разновидни соединенија во млечот, различни протеински комбинации, имуноглобини, присуство на аминокиселини, незаситени мастни киселини, способност млечот да ги детоксицира нашите ќелии, да ги ревитализира и регенерира оштетените ќелии директно доведува до јакнење и подобра продукција на имунолошкиот систем. Меѓу најопасните супстанции се таканаречените слободни радикали. И овде млечот се покажал како голем помошник на имунолошкиот систем. Бидејќи млечот содржи незаситени масни киселини, витамини Ц, Е, А,... помага директно во уништувањето на слободните радикали. Ако се случи да се разболеме со јакнење на имунолошкиот систем го скратуваме времето на боловање и ја намалуваме потрошачката на лекови. Млечот помага да се опорави имунолошкиот систем, делува на уништувањето на слободните радикало и овозможува организмот побргу да закрепне. Матичната млеч благотворно делува на сите ткива, органи и ги ревитализира и подмладува нашите клетки. Матичната млеч наоѓа примена и во Храната е единствен извор на неопходни супстанции од градивни, енергетски, заштитни па до макро и микро елементи. Исправна и биолошки полновредна храна е многу важна за човекот. Отсекогаш производството на храна било многу значајно. Во денешно време кога се повеќе јадеме помалку исправна храна, преполна со разни адитиви, антибиотици, бои, ароми и слично и кога храната е се посиромашна со разни природни неопходни супстанции многу е важно овие недостатови да се надополнат на друг начин. Со својот богат состав млечта придонесува да ги надополниме „депоата“ со неопходните елементи, да се детоксицираме, да го нормализираме метаболизмот па и да се подмладиме. Со примената на матичната млеч не се укинува ниту заменува терапијата кај болните. Млечта ја користиме за да останиме здрави, да не се разболиме, па и ако се разболиме побрзо да оздравиме. Во денешно време кога се повеќе сме загрозени од индустриски произведената храна, отровни материи кои не опкружуваат, зголемена радијација, вируси и на антибиотици резистентни микроби, матичната млеч е едини додаток во ихраната која може да ни помогне да ги издржиме сите предизвици на современата цивилизација, да ги детоксираме своите органи а со тоа да го сочуваме нашето здравје. Со експерименти е утврдено дека матичната млеч во нормални услови ја губи својата биолошка активност за 3-10 дена. Свежата матична млеч во херметички затворени шишенца чувана во фрижидер на -6 степени до -10 степени ги сочувува своите својства од 6-12 месеци. Сув лиофилизиран млеч чуван на температура од 0 до 14 степени ги зачувува својствата до 5 години. Длабоко замрзната матичната млеч на -20 степени го зачувува својот квалитет до 7 години. Според најновите испитувања вршени во Јапонија, Тајван и др. Земји при постапката на лиофилизација матичната млеч губи дел од своите својства. И на крај резимираме.
Врз
Матичната млеч може да се користи: · · · · · Дозирањето со матична млеч зависи од староста на болниот и видот на заболувањето. Дозата за возрасна особа е околу |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Матичен млеч - совршенство од природата Матичниот млеч е совршен производ од природата. Тој е корисен за зачувување на здравјето, за зголемување на апетитот и за закрепнување на организмот. Уште од времето на Хипократ познато е корисното дејство на матичниот млеч. За неговата лековитост знаеле и старите Кинези кои не го користеле во чиста форма, туку на болните и старите лица им давале ларви од матичњак, бидејќи верувале дека тие го продолжуваат животот, ги обновуваат (регенерираат) клетките и помагаат при оздравувањето. Млечот има бела до бледожолта боја, во зависност од примесите на цветниот прав, но тоа не му влијае на неговиот квалитет и на неговите фармаколошки својства. Има карактеристичен киселкаст вкус и мирис и се со помала или поголема густина. Матичниот млеч има незаменливо место во јакнењето и одбраната на имунолошкиот систем. Тој содржи разновидни соединенија, протеински комбинации, имуноглобулини, незаситени масни киселини. Сите овие состојки на матичниот млеч вршат детоксикација (чистење) на организмот, ги ревитализираат и регенерираат клетките, доведуваат до јакнење и подобро функционирање на природниот имунолошки систем на човекот. Благодарение на присутните незаситени есенцијални масни киселини, како и на витамините Е и А, матичниот млеч помага во елиминирањето на слободните радикали, кои се предизвикувачи на тешки заболувања. Пчелично млекоМатичниот млеч е производ од секрецијата на жлездите на младите пчели и претставува за нив исто што и мајчиното млеко за децата, односно тоа е нивна храна. Ларвите се хранат во првите три дена од својот живот исклучиво со матичниот млеч, а матицата постојано се храни со него. Благодарение на таа храна, матицата е во состојба, да за еден ден, снесе и до 2000 јајца, кои се два пати потешки од неа. Ваквата импресивна биолошка репродукција поттикнала бројни клинички истражувања. Сите тие испитувања го потврдиле благотворното дејство на овој природен биостимулатор и врз човечкиот организам. Состав на матичниот млечДо сега, во природата не е пронајдена ниедна материја која содржи толку голем број на разновидни витамини и во толкава количина, како матичниот млеч. Фармацевтите и хемичарите тврдат дека матичниот млеч е мултивитамински производ со многу сложен и комплициран состав. Современите анализи покажуваат дека матичниот млеч е биолошки високоактивна и многу комплексна супстанција која, покрај белковини, аминокиселини, јагленохидрати, масти и минерални материи, содржи и многу витамини (анеурин B1, рибофлавин B2, придоксин B6, цијанокобаламин B12, биотин витамин H, инозитол, фолна киселина, витамин B9, токоферол, витамин E), како и некои супстанции кои се слични на хормоните. Научниците тврдат дека матичниот млеч содржи повеќе пантотенска киселина (витамин B5), важен за продолжување на животот, отколку било која друга супстанција од растително или животинско потекло. Во 1 грам матичен млеч најдени се 89 милиграми на витамин B5. Овој витамин (пантотенската киселина - витамин B5) го забрзува растењето и е составен дел на многу коферменти, со што влијае на функцијата на ендокриниот (хормонскиот) систем кај човекот. Лековитото дејство на матичниот млечМатичниот млеч ги регенерира (обновува) клетките на организмот. Тој ја намалува вознемиреноста, го враќа мирниот сон, помага при сенилноста, при Паркинсоновата болест, при астеничните неурози... Посебно се постигнати добри резултати кај децата заболени од хипертрофија, а корисен е и за зголемување на телесната тежина, подобрување на општта здравствена состојба, за подобрување на апетитот, за еластичноста на кожата и поткожното масно ткиво. Во бројни клинички студии е докажан позитивниот ефект на матичниот млеч и како природен антибиотик. Кај спортистите, матичниот млеч ја зголемува нивната физичката издржливост. Познато е дека зголеменото ниво на триглицеридите и мастите е причина за појава на кардиоваскуларните болести. Во болницата Сент Мери, во Њујорк, при крајот на 80–тите години од минатиот век, било спроведено клиничко испитување кое опфатило голем број пациенти. Клиничката студија имала за цел да ја докаже ефикасноста на матичниот млеч во намалувањето на нивото на мастите во крвта. Оваа клиничка судија открила значителен пад на мастите во крвта, па затоа млечот бил препорачан како корисна дополнителна терапија во лекувањето на кардиоваскуларните заболувања. Битно е матичниот млеч да се користи најдоцна 48 часа по вадењето од кошницата, бидејќи после тоа време, неговата биоактивност опаѓа. Руските научници успеале, со постапка наречена лиофилизација, да го одржат млечот во активна состојба година дена, но важно е тој да се чува во фрижидер. Во комбинација со медотСе препорачува матичниот млеч да се зема помешан со мед, бидејќи тогаш му се зголемува дејството, или растворен во 20 или 40% алкохол и да се накапе на јазикот, бидејќи на тој начин влегува директно во крвта, бидејќи алкхолот ги шири порите на слузницата. Испитувањата покажалеИспитувањата покажале и дека во природна форма, матичниот млеч дава многу добри резултати, а се препорачуваат една до две лажички дневно. еден час пред доручекот. Млечот чессто се користи кај пореметувања во исхраната кај децата, за обновување на општите белковини и за зголемувањето на нивото на албуминот и алфа-глобулинот, против слабокрвност, за лекување на бронхијална астма, за комбинирано лекување на нервниот систем, па дури се користи и во козметиката. Кај жените, матичниот млеч позитивно делува во периодот на менопаузата. Тој ги ублажува симптомите на менопаузата, како што се: раздразливост, депресија, го намалува потењето, топлотните бранови и друго. Млечот е корисен и за мажите. Тој ја зголемува прокрвеноста на простатата, а со тоа и го намалува отокот на простатата и притисокот врз мочниот канал. На тој начин и го олеснува мочањето. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сум слушнала дека во продавниците за здрава храна се продава некоја мешавина на матичен млеч со мед кој влијаел на можноста за забременување?
Сте слушнале за вакво нешто, и колку е можно таквата смеса да е навистина лек за подолго време посакувана бременост? Благодарам |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Да! Многу доктори препорачуваат матичен млеч.
Немој да се мислиш многу и слободно набави си.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |