|
Пишани траги од старомакедонско писмо |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најстари сведоштва за македонската писмена традиција
Во стручната и научната литература сè уште владее „убедувањето“ дека таканаречените „индоевропски јазици“ се фамилија на јазици што ги зборуваат најголем број луѓе и што се зборуваат во поголемиот дел на Европа и областите населени со европејци и во поголемиот дел на Југозападна и Јужна Азија. Веројатно заради незнаење, невистини упорно се тврди дека таканаречените „индоевропски јазици“ наводно потекнуваат од „непотврден јазик“ кој наводно „се говорел пред повеќе од 5.000 години во степските области северно од Црно Море“ и дека наводно тој „се поделил на многубројни дијалекти до 3000 г.п.н.е.“ Меѓутоа, најновите дешифрирања на натписи од артефакти на палеолитската праисторија на македонската писмена традиција (околу 40.000 - 30.000 г.п.н.е.; 19.000 - 14.000 г.п.н.е. или 15.000 - 11.000 г.п.н.е.) ја збогатуваат фактографијата на археолошката лингвистика и го утврдуваат најстариот македонски јазик на македонската зетска заедница како прајазик кој се говорел на територијата на Великата Зета Македонија, од Атлантски Океан до Урал и од Балтичко Море до северноафриканските простори. Теоријата за таканаречените „индоевропски јазици“ ќе мора да претрпи ревидирање. Континуитетот на македонската јазична традиција потврдува дека најстариот јазик, т.е. протојазик, кој се зборувал во Големата или Великата Зета Македонија, бил палеолитскиот, мезолитскиот, неолитскиот и енеолитскиот македонски јазик. Според македонската археолошка лингвистика, можат да се утврдат и древни наречја, кои имаат одредени препознатливи разлики во однос на најстарата фаза од македонскиот праисториски кодифициран јазик, вклучувајќи и некои примери на супстратни појави или кај некои населенија и подоцнежни суперстратни, туѓојазични влијанија. Но веќе е непобитен фактот дека најстар протојазик на светот е палеолитскиот македонски јазик и тој е прајазик за сите денес таканаречени „индоевропски“, „палеобалкански“, „словенски“ итн. јазици. Во целокупниот еволутивен процес древните македонски племиња во времето на палеолитот имале заедничка митологија во која е осведочена доминацијата на култот на богот на Сонцето (ИЛ, ИЛЕ) и Космосот и на култот на МА - Големата Мајка Божица; имале заеднички јазик и заедничка говорна територија; имале најстаро општествено уредување во облик на зетување во рамките на Великата Зета Македонија; имале заедничко име, заедничко македонско фонетско писмо, одделни македонски зетови - писари и висок степен на македонска култура во рамките на еволутивниот процес на најстарата фаза на македонската цивилизација од Магдален до Мамонтовој к*рји на Урал. Најстарото име на континентот Европа било „Македонија“ или „Зета Македонија“ и тоа најмалку од периодот на таа од некои таканаречена „Магдаленска култура“ (15.000 - 8000 г.п.н.е.), која во науката се смета за култура на доцниот палеолит и која со археолошки истражувања е осведочена на територијата на денешна Франција, Шпанија, Швајцарија, Белгија, Германија во праисторискиот временски интервал од 15.000 до 8.000 г.п.н.е., додека во поширок контекст таа ја опфаќа завршната етапа на развитокот на доцнопалеолитската култура на целокупната европска призаледена област од Пиринеите до Урал. Таканареченото „мадленско население“, а фактички населението на дел од македонските племиња на Великата Зета Македонија (т.е. дел од најдревните Македонци) оставило извонредна уметност и писменост на предмети од коска и камен. Во сведоштвата преовладуваат разновидни сечила, дупчалки, стругалки од кремен. Особено се истакнуваат врежани претстави на рогови и коски, скулптури од рогови на ирвас, најстари натписи на ребра и заби од мамонт, како и други претстави на пештерски ѕидови и тавани, а исто така на живеалишта од коска и животински кожи. На целокупната наведена територија на Великата Зета Македонија е регистриран ист систем на пишување, т.е. исто македонско писмо. Тоа е симболичен, фонетски систем, што се користел за обележување на елементите на најстарата фаза од развитокот на македонскиот говорен и писмен јазик, како што се гласовите, интерпукциските знаци, броевите итн. на палеолитскиот македонски јазик. Тој е прајазик на сите таканаречени „индоевропски јазици“, а одделно и на сите таканаречени „словенски јазици“ и кој фактички на карпи, облутоци, коскени артефакти, жезли, надгробни споменици итн. го фиксира говорниот и стандардниот писмен јазик на Македонците од времето на палеолитот, мезолитот, неолитот и подоцнежните периоди од најстарата во Европа и во светот македонска писмена традиција со континуитет во траење не само од 21.000 години, туку и со апсолутна хронологија од околу 40.000 години. Сведоштвата на македонската цивилизација за македонското општество на македонските племиња; за македонскиот јазик, како службен јазик на Великата Зета Македонија и како уникатна особина на човечкиот род; за Македонците, како основачи и осмислувачи на најстарото организирано општество и на најстариот осмислен официјален систем на пишување во светот, кој е предок на сите денешни азбуки со сведоштво за најстар идентитет на човечка заедница со регистрирано најстаро име на територија, која се идентификува со именката „Македонија“ и на индивидуи и јазик, кои се идентификуваат со придавката „македонски“, внесуваат радикална поправка во вековните заблуди на плејада научници и науки во Европа и во светот. Македонија и Македонците треба да се горди што така се викаат најмалку 17.000 години, бидејќи ги имаат најстарите имиња на преобразливиот заеднички македонски свет на македонската цивилизација, која има посведочен континуитет на македонска писмена традиција најмалку од 40.000 години. Автор Васил Иљов, археолог - конзерватор |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темава ја префрлам во историја, сметам дека тука и е местото.
|
|
да бе
Сениор Регистриран: 11.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 146 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најстарото
име на континентот Европа било „Македонија“
доказ има? |
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Незнам, ама знам дека жителите на Атлантида биле Бугари. |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
да бе
Сениор Регистриран: 11.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 146 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da be
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па да нормално, сите други имаат дозвола да си прикажуваат нешто како сакаат, а кога ние ќе откриеме нешто, одма сите рипаат како не сме во право
и не прифаќам дека на атлантида имало бугари, немаат никакви конкретни докази дека некаде пишува „Бугарија“ |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
да бе
Сениор Регистриран: 11.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 146 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а имаш конкретен доказ дека не е Б'лгариа
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
imam jas ama toa go cuvam za vo strazbur ................
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имам доказ! Самото потекло на зборот Бугарија од грчкиот збор "Вулгарос" е доволен доказ. |
|
да бе
Сениор Регистриран: 11.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 146 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
то според таа логика реката Волга е с грцко име
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nemoze da e grcko grcite dojdoa tek 500 pne vo evropa |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
да бе
Сениор Регистриран: 11.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 146 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
е разберете се тогава
може да е македонско Изменето од да бе - 17.Март.2009 во 17:25 |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Глупости зборуваш! Вулгарос= вулгарен, прост итн. Тоа е смислата на грчкиот збор, а нема врска со Волга. |
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |