|
Атлетика |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Цела Кина се надева на „летачот“
Лиу Сијанг е спортски идол кај домаќинот на ЛОИ, а Кинезите од него очекуваат злато Кинезите сонуваат да ги победат лутите ривали од САД во вкупниот збир на медали на Летните олимписки игри во Пекинг, а луѓето од најмногубројната земја во жетвата на златните одличија посакуваат да ги предводи омилениот „летач“ Лиу Сијанг. Рамо до рамо со најголемата домашна атракција - атлетичарот Лиу, кој е олимписки и светски шампион на 110 метри со пречки - е кинескиот џин од НБА, Јао Минг, но најмногубројната нација е свесна дека во кошарката шансите им се минимални во конк*ренција на дрим-тимот од САД, актуелниот олимписки првак Аргентина, европскиот шампион Русија и силната Шпанија. Иако и во кошарката не се откажуваат од подвиг во последниот настап на Минг на олимпијадите, знаат дека многу поголеми шанси за злато има вториот спортски идол Сијанг. Бранителот на трофејот од игрите во Атина, чие лице е најмногу присутно на рекламните паноа низ Кина, ќе има пеколен противник во Кубанецот Дајрон Роблес. Роблес пред два месеца на митингот во Острава, Чешка, истрча нов светски рекорд од 12, 87 секунди, за една стотинка подобро од резултатот на Сијанг.Не заборавајте дека Лиу е олимписки шампион. Цела Кина ќе го бодри и очекуваме нова блескава победа на нашиот „летач“ - велат домаќините. За 25-годишниот Лиу велат дека воопшто не личел на атлетичар, туку напротив, му се потсмевале во детството оти одел накриво.Тој беше премногу слаб и одеше чудно - вели неговиот татко Лиу Суеген. На 7-годишна возраст Лиу јуниор бил селектиран како скокач во височина, но не израснал доволно, па на повидок бил финиш на кариерата пред таа и да започне. Еден од тренерите забележа дека Лиу е талентиран за атлетика, но бараше пари од родителите за да го тренира. Мајка му се налути и му забрани на Лиу да го посетува спортскиот центар - вели близок пријател на атлетичарот. ПРЕЗИМЕТО МУ ЗНАЧИ „ЛЕТАЧ“ Презимето Сијанг на кинески значи летачкиот, а Лиу комплетно го оправда. Заслуга за подемот на „летачкиот“ има истиот тренер што отпрво барал пари. Кинескиот атлетски мудрец е Сун Хајпинг, а под негова контрола Лиу брзо блесна. Сун дојде во домот на Лиу и побара бесплатно да го тренира момчето. Вети дека Лиу ќе ја има најдобрата исхрана, максимални услови за тренинг и шанса да биде добар атлетичар, со што ја натера мајка му Џи да попушти - дополни пријателот на Лиу.Лиу го освои 4. место на СП за јуниори во 2001 година и бронзата две години подоцна. Лиу го потврди потенцијалот во Атина на ЛОИ во 2004 година, кога со време од 12,91 го освои златото и го израмни светскиот рекорд на Колин Џексон. Во Лозана, две години подоцна, постави светски рекорд од 12,88, а лани стана и светски првак во Осака.Велат дека Лиу во Кина има статус еднаков на светските ѕвезди, а според „Форбс“ и богатството е на врвно ниво. Најбрзиот Кинез лани заработил 23,8 милиони долари. Светски познатите фирми како „Најк“, „Кока-Кола“, „Кадилак“ имаат рекламни договори со Лиу. ЛИУ НЕ СМЕЕ ДА ВОЗИ АВТОМОБИЛ Статусот на божество што го има олимпискиот и светски првак го потврдува и фактот што „летачкиот“ не вози автомобил, бидејќи Кинезите се плашат да не му се случи нешто.Лиу има неколку автомобили, но не му е дозволено да вози. Кај нас се плашат дека може да му се случи нешто. Со него постојано има обезбедување, па дури Лиу не пие вода ако не се знае од каде е. Исто се постапува и со храната - вели анонимниот извор. Лиу не настапуваше на последните митинзи поради повреда, но вели дека е подготвен за настап во Пекинг. Ќе има притисок, но знам да се справам со него. Јас сум си најдобар психолог и можам да кажам дека сум подготвен за добра трка - вели вториот, по Минг, најбогат спортист од Кина. Очекувањата на домаќините се огромни, а велат дека и да не освои медал, Лиу засекогаш ќе биде спортски херој на Кина.„Не е важно што ќе се случи. Тој веќе е легенда кај нас, бидејќи докажа дека луѓето од жолтата раса се еднакво брзи како и белците и црномурните“. Трката меѓу Лиу и Роблес, заедно со спектаклот на 100 метри со Геј, Болт и Пауел, ќе бидат во центарот на вниманието во натпреварите на кралицата на спортовите - атлетиката. |
||||
|
||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНЕЦОТ Е ФАВОРИТ ОД СЕНКА ВО ТРКАТА НА 100 МЕТРИ Опуштениот Геј вели дека повредата му помогна Тајсон Геј вели дека повредата која го остави надвор од тартанот
минатиот месец му помогнал во подготовките за Олимпијадата, бидејќи
успеал да се опушти од притисокот и да се фокусира само на трката на
100 метри. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Болт истрча 6.91 на митингот во Женева!
Изменето од blackeye - 02.Април.2009 во 01:10 |
||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Болт: Можам под 9.4
Актуелниот светски рекордер во дисциплините на 100 и 200 метри , јамајканскиот атлетичар Усаин Болт ја прокоментирал изјавата на американските професори за временските граници на спринтот. Професорот Марк Дени во своето истражување изјави дека „границата на машкиот спринт на 100 метри е 9.48 секунди, а на 200 метри 18.63 секунди“. „Чувствувам дека можам да истрчам 100 метри за 9.5 секунди. Верувам дека можам и да ја поместам границата се до 9.4 секунди. Сметам дека на тоа време ќе остане рекордот” изјави Болт, кој во Пекинг на 100 метри доминираше со време од 9.69 каде предвреме почна да ја слави својата победа. |
||||
|
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Усаин Болт повреден во сообраќајка
Најбрзиот човек на светот, 22-годишниот Јамајканец Усаин Болт, го повредил левото стапало во автомобилска несреќа која самиот ја предизвикал излетувајќи од улица во Спаниш Таун. Недалеку од својот дом, западно од Кингстон, Болт при голема брзина ја изгуби контролата управувајќи го своето спортско БМВ по лизгава улица. Со него во друштво бил неговиот брат и непозната жена. Никој не е посериозно повреден иако сите тројца се префрлени во болница на прегледи. Набрзо атлетичарот е пуштен дома со замотан глужд. Болт на навивачите само кратко им дофрлил дека е добро. Тешко настрадал само неговиот М3, кој како подарокот го добил од спонзорот Пума по трите олимписки златни медали. Засега не е познато дали повредата на левото стапало ќе влијае на сезоната на трикратниот светски рекордер од Игрите во Пекинг. Првата трка Болт требаше да ја трча оваа сабота во Кингстон, додека на 17 мај беше предвиден неговиот промотивен настап со Кристијано Роналдо во Манчестер. "Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во следните неколку дена. За евентуално повлекување од натпреварувањата кои претстојат ќе одлучи тренерот на Усаин, Глен Милс" - изјавил агентот на Болт, Рики Сим. |
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ѕвездите немаат пари да го платат патот
Не сме среќни поради тоа бидејќи не е коректно кон атлетичарите, но и кон другите митинзи каде се плаќа за доаѓањето. Поради тоа ние менаџерите решивме да испратиме писмо до ИААФ во врска со тоа и чекаме одговор, вели Едлетбергер Врвните атлетски ѕвезди, меѓу кои и светската првенка во скок во височина Бланка Влашиќ , ја разгледуваат можноста за бојкотирање на митингот од Златната лига, на 14 јуни во Берлин бидејќи организаторот не е подготвен да исплати гаранција за настап. Менаџерот на Влашиќ , Харалд Едлетбергер (Австрија) за германската агенција ДПА изјави дека менаџерите на митингот во Доха разговарале за проблемот. - ИСТАФ објави дека нема да исплати никакви износи за доаѓањето на топ атлетичарите. Не сме среќни поради тоа бидејќи не е коректно кон атлетичарите, но и кон другите митинзи каде се плаќа за доаѓањето. Поради тоа ние менаџерите решивме да испратиме писмо до Светската атлетска федерација (ИААФ) во врска со тоа и чекаме одговор, вели Едлетбергер . Менаџерот на ИСТАФ, Герхард Јанетцки за ДПА изјави дека со менаџерите на атлетичарите се водат преговори и оти целата ситуација ја неметна светската економска криза. - Факт е дека водиме тешки разговори со менаџерите . Плаќаме награди и секако плаќаме за доаѓањето на врвните атлетичари . Природно е сите тие да настапуваат за висока цена, вели Јанетцки. Портпаролот на ИААФ Ник Дејвис за ДПА изјави дека тој ништо не знае за писмото на менаџерите. Бојкот на некој митинг ќе значи и пропуштање на шансата атлетските ѕвезди да го освојат џек потот, од Златната лига, во износ од еден милион долари, кој го добиваат спортистите ако победат на сите шест митинзи, од ова елитно натпреварување. Меѓутоа, ако ниту еден атлетичар нема шест победи тогаш оние што ќе триумфираат на петте митинзи во Берлин, Осло, Рим, Париз, Цирих и Брисел ќе можат да поделат 500.000 долари. - Имаме пресметка тешка околу 2,7 милиони евра и 17 дисциплини место 19, од лани. Малку ги намаливме пресметките за атлетичарите на сметка на промоција на митингот, вели Јанетцки. |
||||
|
||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Болт рекордер и на 150 метри
Трикратниот олимписки шампион од Пекинг Усаин Болт, успешно се врати на патеката по лесната сообраќајна несреќа која ја доживеа минатиот месец. Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, стана најбрзиот човек на светот и на делницата од 150 метри. Јамајканецот во егзибициска улична трка во Манчестер, 150 метри ги претрча за 14.35 секунди. Досегашниот рекорд од 14.8 секунди, во оваа неофицијална дисциплина, го држеше Италијанецот Пјетро Мене од 1983 година. |
||||
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Болт ќе оди на рекордот на 300 метри
Усаин Болт ќе се натпреварува на ретко трчаната дисциплина на 300 метри за првпат во кариерата на Чешкиот Голден Спајк Митинг во Острава. Организаторите објавија дека Болт, светскиот рекордер на 100 и 200 метри, ќе се обиде да го сруши рекордот на 300 метри на 27 мај. Ова време се уште му припаѓа на американската легенда Мајкл Џонсон од 30.85. ИААФ не го признава ова како светски рекорд, бидејќи далечината не се користи на големите натпреварувања. "Имав неколку трки на 300 метри на тренинг, и навикнат сум на далечината, иако ова ќе биде мојата прва трка. Ако времето е добро, се надевам на брзо време", вели Болт. За Болт ова ќе биде четврти настап на митингот, кој сега е дел од новата ИААФ Светски Челенџ серијата. Лани тој победи на 100 метри со време од 9.77. Јамајканската ѕвезда според извештаите ќе заработи повеќе од 300.000е за учеството на митингот, а организаторите ветија уште 30.000е ако го сруши рекордот. Тој ја започна сезоната со победа на 400 метри на Кампертаун Класик на 14 февруари на Јамајка со време од 45.86, но вели дека не планира да се натпреварува на трката на еден круг, барем засега. "Мислам дека 400 метри ќе дојде за мене некаде во иднината, се надевам по 2012. Се работи за пеколно напорна трка", вели Болт. |
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Кој вели дека само црниците можат да истрчаат 100 м под 10 сек ... Иако се смета за чудо ... конечно после 2010 години и белец со истрчани 100 м под 10 сек.
Историско „чудо“: Белец за прв пат истрча 100 метри под 10 секунди!Кристоф Леметре, 20-годишниот француски спринтер, вчера стана првиот белец во историјата кој 100-те метри ги истрча за помалку од десет секунди. Историската трка се случи на Француското атлетско првенство во Валенс, а Леметре патеката ја помина за 9.98 секунди. Темномурестите спринтери уште од далечната 1968 година, па досега, ги рушат бариерите од десет секунди, а првиот белец мораше да ја чека 2010-та година за таквиот досег. Секако, Леметровите 9.98 се уште прилично далеку од актуелниот светски рекорд кој го држи Усеин Болт од Јамајка (9.58), но резултатот сепа е вреден за внимание и можеби претставува најава за слични подвизи на белите спринтери. Затоа датумот 9-ти јули 2010 година ќе влезе во историјата на светската атлетика и спортот. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Болт го победи Пауел, Оливер блиску до светскиот рекорд
Олимпискиот и светски шампион Усаин Болт победи на трката на 100 метри на митингот од Дијамантската лига одржан во Париз. Спринтерот од Јамајка уште еднаш ги потврди своите квалитети и оствари време од девет секунди и 84 стотинки и зад себе ги остави двајцата сонародници Асафа Пауел (9.91) и Јохан Блејк (9.95). Болт и Пауел оваа сезона го држат најдоброто време во трката на 100 метри (9.82), а овој дуел им беше прв оваа година. "Не успеав да го срушам резултатот во оваа сезона, но не можам да кажам дека сум незадоволен. Трката беше добра, меѓутоа морам да работам уште многу за подигнување на формата", изјави Болт, кој на трката настапи недоволно заздравен од повредата на Ахиловата тетива. Покрај дуелот Болт-Пауел, ѕвездата на вечерта беше Американецот Дејвид Оливер, кој дојде на чекор до соборување на светскиот рекорд на 110 метри со пречки, откако ја "прелета" дистанцата за 12,89 секунди, што е трет најдобар резултат во историјата во оваа дисциплина (светскиот рекорд изнесува 12.97 и го држи Дејрон Роблес).
На второто место заврши Рајан Вилсон со заостанување од 23 стотинки, а трет беше Рони Еш. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Prekrasniot Estadio Olimpico de Montjuic, terenot na Primera ligasot Espanjol od Barcelona, od 26 juli do 1 avgust kje bide domakjin na Evropskoto prvenstvo vo atletika... Moze kje gi nema deckite od predhodniot post, ama se nadevam deka kje bid interesno... |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мерилин Оти ќе трча на ЕП за Словенија на 50 годишна возрастИзвор: Макфакс
Словенија ја пријави натурализираната Мерилин Оти од Јамајка, да трча во штафетата 4 х 100 метри на ЕП во Барселона. Не би било ништо чудно доколку не се знае дека оваа атлетичарка има полни 50 години. |
||||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
AKO NE E ZA TUKA PREMESTUVAJTE!!!
Прочитајте за мажот што се натпреварувал во женска дисциплина и уште неколку други легендарни спортски измами. Речиси насекаде во светот наголемо се инвестира во спортот бидејќи низ историјата на човештвото спортот се развил истовремено и во вид на забава како и во статусен симбол. Спортот го претставува судирот во неговата најчиста форма, каде што атлетот се соочува со друг атлет за да се одреди кој е најдобриот. Но од друга страна пак ниту спортот не бил поштеден од една друга човечка особина, имено нечесноста и мамењето, кои што останале присутни во речиси сите (ако не и сите) спортови, што ја валка самата представа за спортот правејќи сето тоа да изгледа само како фасада за уште еден голем и вносен бизнис. Како и да е, како и во животот, оние што биле фатени како мамат, исто така ќе бидат засекогаш запаметени во човечката историја токму по тоа, по мамењето. Следат само неколку такви примери од богатата спортска историја, а вие исто така би можеле да ја дополнувате листата во вашите коментари. 1. Дора Ратјен По серија порази на олимписките игри, Германија полагала големи надежи на новите атлети за време на игрите во 1936 година. Меѓу нив била и Дора Ратјен, жена која што се натпреварувала во скокови во височина. Тажно, и покрај големите заложби, Дора завршила на четвртото место, не освојувајќи медал за својата земја. Уште потажно - Дора всушност била машко. Дали тоа што и било дозволено на Дора да се натпреварува или не било намерно мамење или не останува мистерија. Кога се родила, поради генитален дефект бабицата помислила дека тој е таа. Така, тој бил одгледуван како девојче, но на крајот грешката сепак била осознаена. Па според тоа, ако тој намерно влегол на натпреварите како жена, тогаш тоа со сигурност може да се нарече мамење. Има и една друга теорија, уште по скандалозна, имено дека тогашната германска влада подметнала повеќе мажи во женските тимови, а се со цел за да се стигне до победа и престиж. 2. Панама Луис Боксот и така веќе е доволно брутален спорт според сите мерила, и покрај тоа што се смета за благороден спорт. Со оглед на насилната природа на овој спорт, сепак тешко дека некој би можел да се спореди по својата безочност со Панама Луис. Панама Луис бил тренер на Луис Ресто. Луис се соочил со дотогаш непобедениот Били Колин помладиот. Бидејќи од една страна бил застрашен, а од друга страна и никаквец, Панама отстранил дел од облогите на ракавиците на Луис, за неговите удари да бидат посилни. Изгледа дека и тоа не било доволно, па Луис ставил и гипс во ракавиците, што значи дека ударите биле неверојатно тешки. Еве што му се случило на Колинс: И двајцата измамници биле осудени за повеќе криминални дела, на Панама му била одземена боксерската лиценца, но тој сепак продолжил да обулува боксери надвор од САД. Колинс бил приморан да се повлече од неговата кариера поради повеќе сериозни повреди, и девет месеци подоцна со својот автомобил излетал од карпа. Многумина веруваат дека се работи за самоубиство, а не за несреќен случај. 3. Стела Волш Додека била дете, семејството на Стела емигрирало од Полска во Америка. Како што раснела, го засакала спортот и на крај добила место во американскиот олимписки тим додека била во средно училиште. Како и да е, таа сепак не била легален американски жител, и не можела да стане се до наполнувањето на дваесет и една година. Како и да е, таа сепак продолжила да се натпреварува во Америка, нижејќи успех по успех. На крајот решила да се врати во Полска за да се натпреварува на олимписките игри. Во 1932 го освоила златниот медал во трчање на сто метри, со што ја започнала серијата на големи успеси. Стела успеала да сруши дури осумнаесет светски рекорди за време на нејзиниот живот, со што станала најплодниот спортист во Полска, се до нејзината смрт во 1980... …Тогаш аутопсијата откриал дека таа имала машки гениталии. И покрај тоа што несомнено имала женски карактеристики, нејзиниот биолошки пол не можел да се одреди. Била родена со пар XX и XY хромозоми. Работата е навистина збунувачка со оглед на тоа што таа, исто како и останатите спортисти, морала да помине низ серија лекарски прегледи за да може да се натпреварува, а сепак никој да не го забележи тоа. 4. Судискиот скандал во уметничко лизгање За разлика од останатите спортови, во уметничкото лизгање победата не секогаш се одредува од супериорноста на натпреварувачите. Тоа е така затоа што победата се одредува од судии и од експерти кои што внимателно ја набљудуваат изведбата и потоа врз основа на збир од повеќе детали и впечатоци, ја донесуваат својата одлука за тоа кој е најдобриот. Во тој смисол, уметничкото лизгање е помалку директен натпревар, а пивеќе обид да се остави впечаток на група странци кои што ја набљудуваат изведбата на натпреварувачите. Се до 2002, руското уметничко лизгање било најдобро во светот. Но таа година се случила грешка во нивната изведба. Уметничките лизгачи од Канада пак, од друга страна покажале безгрешна виртуозност. Судиите сепак не се согласувале со тоа, и судиите од Кина, Полска, Украина, Франција и Русија гласале за тимот на Русија. Судиите од Германија, Јапонија, Канада и САД гласале за Канада. Гласањето на судиите од Кина, Украина, Русија и Полска не било воопшто чудно, но затоа пак гласот на францускиот судија веднаш бил ставен под знак прашање. Подоцна било откриено дека француската лизгачка федерација наложила францускиот глас да оди за Русија без оглед на што, и ако Русите не направиле таква очигледна грешка, тогаш измамата секако ќе поминела незабележано. Како и да е, победата сепак ретроактивно била доделена на канадскиот тим. 5. Рози Руиз Кој при чиста свест и совест би сакал да уништи една цела маратонска трка? Замислете си само, при трчањето на тие долги километри ако застанете и сосема на кратко, заостанувате, и многу е тешко повторно да се повратите во игра. Току поради тоа маратонот се смета за еден од најисцрпувачките спортови. Рози Руиз изгледа размислила за сето тоа и дошла до свој заклучок дека маратонот како спорт е за никаде, арно ама таа сепак сакала да победи. Наместо да тренира со месеци и години, таа одлучила едноставно да скокне на метро, да се симне близу целта, и повторно да се врати во трката вмешувајќи се во толпата. Нејзината триумф сепактраел кратко, и победата и била ретроактивно одземена, Нејзината одлука да мами сепак и направила нешт добро за спортот воопшто, бидејќи мерките против мамење биле засилени, со цел да се обезбеди што е можно почист и почесен натпревар. 6. Поразот на White Sox во 1919 Овој безбол тим од Чикаго решил да мами на доста невообичаен начин- тие намерно изгубиле. Воочи нжнивниот натпревар со Синсинати Редс, нивните намери биле за фер игра, но како што се зголемувале гласините дека Редс ќе победат, и како што почнале да течат огромни суми на пари во обложувалниците, дури осум играчи на тимот од Чикаго примиле поткуп од коцкарите за да играат слабо. Тоа и го сториле, по што нивниот тим отпаднал. Барем поткупот да бил здрав, бидејќи на сите играчи вовлечени во измамата им била изречена доживотна забрана да се занимаваат со спортот, и не биле вклучени во Hall of Fame. Како и да е, не се само парите во прашање во сета таа бркотница. Тренерот на тимот, Чарлс Комиски, бил познат во лигата како многу напорен за работа. Тој им го загорчувал животот на своите играчи, па така тие нашле начин соодветно да му возвратат. |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Болт планира 9.4 секунди, па трансфер во фудбал?
24-годишниот Јамајканец се надева дека ќе може да истрча 9.4 на 100 метри, време за кое верува дека "нема да може да се совлада" и кое е далеку од неговиот рекорд од 9.58. Болт е светски рекордер на 100 и 200 метри и последните три години стигна до троен олимписки триумф и до троен триумф на Светското првенство во атлетика. Потоа навивачот на Манчестер Јунајтед би се фокусирал на фудбалот и верува дека има доволно квалитети да успее на теренот. "Секогаш ги гледам тие момци како што играат и мислам дека би можел да бидам професионален фудбалер. Би сакал да играм фудбал две години, а можеби би успеал во некој просечен тим", изјави Болт за магазинот Спортсвик. Претходно минатата недела, Болт за ББЦ изјави дека ако не би бил атлетичар, го очекувала кариера во крикетот. Малку посериозно, Болт зборуваше за се подобрата репутација на атлетиката, посебно во борбата против допингот. "Во нашиот спорт вршат многу добра работа во фаќањето на измамниците. Ќе бидеме уште почист спорт во иднина. Јас пред мене имам уште 4 добри години ако тренирам напорно", додава Болт. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |