IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Велосипедизам
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Велосипедизам

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2008 во 02:44

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ИТАЛИЈАНЕЦОТ СЕГА СИ ДОЗВОЛУВА ДА ДЕЛИ СОВЕТИ

Рико призна дека земал ЕПО пред Тур де Франс

Италијанецот Рикардо Рико во средата призна дека користел еритропоетин (ЕПО), средство за зголемување на нивото на бели крвни зрнца, пред Тур де Франс. Рико беше позитивен на 4 етапа од тринеделната трка и сега го очекува двегодишна суспензија пред појавувањето пред Италијанскиот олимписки комитет.

"Дојдов тука и објаснив каква грешка направив. Мислам дека сите знаете во каква позиција бев пред 13 дена и мислам дека единствен добар гест беше да излезам и да ги признаам моите грешки", изјави Рико за новинарите.

Но, 24-годишниот Италијанец исто така даде предупредување - дека тестовите не се во ред.

"Во текот на ТдФ направија многу тестови, дури 10 теста и само два беа позитивни. Во теорија сите требаше да бидат позитивни", вели Рико.

Рико беше исфрлен од трката и отпуштен од неговиот Соние Дувал тим, кој си замина од ТдФ. Италијанските медиуми шпекулираат дека со признанието, Рико може да добие помала суспензија. Неговиот колега Леонардо Пиеполи беше отпуштен од тимот без да биде позитивен, откако тимот не беше задоволен од одговорите кои ги доби за допингување. Рико победи на две етапи на ТдФ пред заминувањето, а беше и втор на Џиро Д'Италија во мај.

Еванс се повреди на забава!

Вицешампионот од Тур де Франс, Кејдел Еванс се повлече од една мала трка во Фландрија поради повреда на коленото добиена на една забава. Според организаторите, Австралиецот се повредил на рокенрол забавата на неговиот Сајленс Лото тим во едно кафуле во Париз во неделата за прослава на Тур де Франс.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 17:21

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - УТЕШНА НАГРАДА ЗА ШПАНСКИОТ ВЕЛОСИПЕДИСТ

Валверде со триумф на Класика Сан Себастијан

Надежите на Алехандро Валверде за олимписки медал во Пекинг се зголемија драстично по неговата одлична победа на Класика Сан Себастијан трката. Втор зад асот на Кес Д'Епарњ на најпознатата шпанска еднодневна трка беше Русинот Александер Колобњев, додека трет беше Италијанецот Давиде Ребелин. Валверде ќе го предводи петчлениот шпански тим на уличната трка во Пекинг на 9 август.

"По победата тука, секако дека сум оптимистички расположен за шансите на Олимпијада. Пекинг ќе биде еден вид лотарија и сега сите ќе внимаваат на мене по оваа победа. Но, освен Германецот Штефан Шумахер, сите мои ривали за медал во Пекинг беа тука и ниту еден не можеше да ме победи. Тоа е охрабрувачки. Имав долга сезона, не бев сигурен во мојата форма, но сега с$ е поинаку", вели Валверде.

Шпанецот победи на првата етапа на Тур де Франс оваа година, но неговите надежи за победа на најелитната трка паднаа во вода кога беше повреден во првата недела, а потоа загуби многу време на Пиринеите, и заврши како 9. во генерален пласман, во трка во која победи неговиот сонародник Карлос Састре.

"Мислам дека имав добра втора половина на ТдФ, дури и се обидов со спринтот на Елисејските полиња", вели Валверде.

Во Сан Себастијан, Шпанецот нападна во првиот час заедно со својот клупски колега, Русинот Владимир Карпец и Анди Шлек од Луксембург. Кога водечката група направи предност од речиси 20 минути, официјалните лица на околу 90 велосипедисти кои беа во потерата им наредија да се откажат. Ова е 10. победа оваа година за Валверде.

Хусховд и Кунего се откажаа од Игрите

Тор Хусховд призна дека ќе ги пропушти Олимписките игри во Пекинг во обид да ја врати формата за последниот дел од сезоната. Норвешкиот спринтер победи на втората етапа на Тур де Франс и заврши втор зад Шпанецот Оскар Фреире во пласманот на поени. Хусховд беше освојувач на зелената маичка на ТдФ во 2005, а на Олимпијадата во Атина во 2004 беше 31. во трката против часовникот.

"Морам да внимавам на моето здравје. Потрошив многу енергија во Франција и не се чувствувам добро. Сакам да придонесам на норвешкиот тим, но морам да се одморам", вели Хусховд.

Дамјано Кунего исто така се откажа од италијанскиот тим за уличната трка бидејќи с$ уште се заздравува од незгодниот пад во Франција. 26-годишниот поранешен шампион од Џиро Д'Италија ја направи одлуката заедно со тренерот Франко Балерини по слабиот настап на Класика Сан Себастијан. Италијанскиот тим сега се состои од Давиде Ребелин, Паоло Бетини и Франко Пелицоти.

"Додека бев на Класика Сан Себастијан продолжив со проблемите со дишењето и главоболките кои ме мачат од тој пад", призна Кунего.

Шанса за Еванс за трката на хронометар

Вицешампионот од Тур де Франс, Кејдел Еванс, с$ уште може да се натпреварува во трката на хронометар во Пекинг, откако Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) додели вајлд-карта на Австралија за дисциплината. Еванс се повлече во четвртокот откако го повреди коленото на влажен под по Тур де Франс. Еванс беше единствениот австралиски квалификант за трката на хронометар, и беше заменет од трикратниот светски шампион Мајкл Роџерс.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 16:26

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - РУСИТЕ ОСТРИ ПРЕД СТАРТОТ НА ИГРИТЕ

Гусев и двајца атлетичари исфрлени од тимот

Уште три руски спортисти се исфрлени од националниот олимписки тим поради позитивни тестови. Натпреварувачите во брзо одење Валери Борчин и Владимир Канаикин имале позитивни тестови на ЕПО, објави нивниот тренер Виктор Чегин, додека велосипедистот Владимир Гусев е исфрлен од тимот откако еден тест на крвта покажа чудни вредности, иако тој нема позитивен тест. Минатата недела седум руски атлетичарки беа суспендирани.

25-годишниот Гусев требаше да настапи на трката на хронометар на 13 август и се сметаше за фаворит за медалот. Тој ја освои руската титула во оваа трка во јуни, но во јули беше отпуштен од својот Астана тим откако тест внатре во тимот покажа чудни вредности.

"Ова е трагедија за спортистот, ваков тип на сомнеж. Не само во велосипедизмот, туку во било кој спорт. Ова е лошо. Ние му веруваме, но кој знае? Можеби нешто ќе се покаже подоцна. Тој помина многу време на тренинг на височини и сега телото му е назад на место каде што има помалку кислород", вели претседателот на Руската Велосипедска Федерација, Александер Гусјатников.

Гусев во Пекинг ќе биде заменет од четвртопласираниот на Тур де Франс и поранешниот шампион од Вуелта Еспања, Денис Менчов. Гусев стана професионалец во 2004 година со Тим ЦСЦ, а во 2007 година со Тим Дискавери беше најдобар на планинските етапи на Трката околу Швајцарија.

Еванс сепак е фит за Олимпијадата

Австралискиот вице-шампион од Тур де Франс, Кејдел Еванс ќе се натпреварува на Олимпијадата во Пекинг, откако ја надмина повредата на коленото. Официјалните лица на австралискиот тим велат дека Еванс сигурно ќе учествува на уличната трка, но дека е можно да се натпреварува и во трката на хронометар, иако предходно најави дека ќе се повлече.

"Кејдел во среда ќе оди во Пекинг и според сите вести дефинитивно не се откажува од Олимпијада. Според тоа како ќе ја заврши уличната трка, ќе видиме дали ќе оди и на трката на хронометар", вели потпретседателот на Австралискиот Олимписки Комитет Питер Монтгомери.

Американските велосипедисти со маски на лицата

Некои членови на американскиот велосипедски тим кој пристигна во Пекинг, носеа црни маски за дишење, очигледно загрижени за загадувањето во Пекинг.

"Мислам дека тоа беше нивни избор, и мора да разговарате со нив зошто го направија тоа. Јас не сум научник, но мислам дека тоа беше непотребно", вели Дарил Сибер, портпаролот на Американскиот Олимписки Комитет (УСОЦ).

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:26
ПО 115-ДНЕВНО ПАТУВАЊЕ НИЗ СВЕТОТ СО ВЕЛОСИПЕД
Македонецот Ѓеоргиев пристигна во Пекинг

По 115 дена патување низ осум различни земји, 34-годишниот Марјан Ѓеоргиев успешно го заврши велосипедскиот маратон и пристигна во Пекинг пред свечената церемонија на отворањето на Летните олимписки игри.
По повод неговото пристигнување, Амбасадата на Република Македонија во Кина организираше средба на Георгиев со неколку кинески новинари. Во вчерашното издание на кинескиот "Беижинг Дејли" беше објавен текст со фотографија за неговата четиримесечна одисеја со велосипед.
Пред две години хемискиот инженер Марјан Ѓеоргиев почнал да го планира своето патување од Македонија до Пекинг преку Турција, Азербејџан, Туркменистан и Казахстан.
На 17 јуни 2008 година тој пристигна на кинеската граница каде што бил пречекан од месното население со многу топлина и кое со голема возбуда зборувало за Олимписките игри и кое било убедено дека овие ОИ ќе бидат најуспешни досега.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
samir_sneijder Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мадридиста

Регистриран: 24.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај samir_sneijder Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2008 во 11:33
победник на велосипедската трка во Пекинг која заврши во 11-30 денес е Самуел Санчез (Шпанија)

Изменето од samir_sneijder - 09.Август.2008 во 11:34
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 16:41

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - МЛАДИОТ БЕЛГИЕЦ НАЈБРЗ ДО ВАЉАДОЛИД

Вејланд бргу до целта, Контадор смирен

Талентираниот млад белгиски спринтер Вутер Вејланд им донесе петта етапна победа на тимот на Квик Степ на Трката околу Шпанија. Втор зад 23-годишниот Белгиец во тешкиот спринт беше Данецот Мати Бресхел, пред Белорусинот Александер Усов. По 17 етапи, Квик Степ има најмногу етапни победи од било кој друг тим, откако Белгиецот Том Бонен и италијанскиот светски шампион Паоло Бетини освоија по две етапи.

"Нормално јас сум човекот кој му помагам на Том во спринтовите, но денеска на 20 километри пред финишот тој ми кажа дека јас ќе добијам шанса. Имав лош пад пред четири дена на надолнина и ги повредив двете колена, но денеска конечно се чувствував 100% фит. Бетини и Матео Тосато завршија голема работа за мене во последните километри за јас да можам да се фокусирам само на спринтот. По толку лош прв дел од сезоната, победа на мојата прва голема трка е навистина фантастична", вели Вејланд по крајот на 148 километри долгата етапа.

Во генерален пласман, Шпанецот Алберто Контадор остана во контрола на трката петта етапа по ред. Неговиот колега од Астана е втор со 1:17 заостанување, по што следува шампионот од Тур де Франс, Карлос Састре со 3:41 заостанување.

"Денеска беше ден за спринтерите, а од друга страна малку одмор за нас другите. Најважно беше да се стигне во Ваљадолид без падови и повреди", вели Контадор.

Шампионот од Џиро Д'Италија и минатогодишниот шампион од Тур де Франс вели дека неговата последна голема цел пред неделниот финиш во Мадрид ќе биде 17.1 километри долгата планинска трка на хронометар, каде што ќе се одлучува победата.

"Јас и Леви ќе одиме на победа на трката на хронометар и сигурно нема да има тимски наредби. Едвај ја чекам таа етапа", вели Контадор.

РЕЗУЛТАТИ

17.ЕТАПА, ЗАМОРА-ВАЉАДОЛИД, 148.2КМ


1.Вутер Вејланд (Бел) - Квик Степ 3:18:48

2.Мати Бресхел (Дан) - Тим ЦСЦ-Саксо Банк +0:00

3.Александер Усов (Блр) - АГ2Р Ла Мондиал +0:00

4.Колдо Фернандез (Шпа) - Еускалтел +0:00

5.Хајнрих Хауслер (Гер) - Геролштајнер +0:00

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

1.Алберто Контадор (Шпа) - Астана 69:53:52

2.Леви Леипхајмер (САД) - Астана +1:17

3.Карлос Састре (Шпа) - Тим ЦСЦ-Саксо Банк +3:41

4.Езекиел Москера (Шпа) - Чакобео Галиција +4:35

5.Роберт Гесинк (Хол) - Рабобанк +5:49

Неколку ТдФ велосипедисти повторно тестирани на ЕПО

На неколку Тур де Франс велосипедисти повторно им се тестираат примероците крв за траги на еритропоетин (ЕПО). Шефот на Француската Анти-допинг Агенција, Пјер Бордри не ги именуваше велосипедистите, но вели дека се работи за тие кои веќе биле под сомнеж поради примероците урина. Новите тестови на крвта ќе бараат ЦЕРА, трета генерација на еритропоетинот. Италијанскиот велосипедист Рикардо Рико имаше позитивен тест на ЦЕРА на ТдФ.

"Одлучив дека мораме да ги ретестираме сите кои беа сомнителни поради примероците на урина. Кога се правеа тие тестови имаше сомнеж дека има ЦЕРА, но од лабораторијата не беа сигурни", вели Бордри.

Бордри исто така потврди дека позитивниот тест на ЕПО е потврден и по вториот примерок на Шпанецот Моисес Дуењас Невадо. На Тур де Франс позитивни исто така беа Шпанецот Мануел Белтран (на ЕПО) и Казахстанецот Дмитри Фофонов, за стимуланти. Рико и Леонардо Пиеполи, кој немаше позтиивен тест, беа отпуштени од Соние Дувал тимот, кој подоцна го загуби спонзорот. Французинот Џими Каспер беше позитивен на стероид, но потоа беше ослободен поради тоа што тестот дошол откако заборавил да го обнови рецептот за долгогодишниот проблем со астма.

Дождот ја сопре 4. етапа во Полска

Силниот дожд во Лублин ги примора организаторите да ја сопрат 4. етапа на Трката окол у Полска на 10 километри пред финишот. Ова значи дека Австралиецот Алан Дејвис останува лидер на трката со три дена на велосипед на програмата. Спринтерот на Квик Степ го заддржа водството од 4 секунди пред Бразилецот Мурило Фишер, додека трет е Данецот Ларс Бак со 7 секунди послабо време.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
bcka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bcka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 21:27

Pred se cestitki za razvojot na planinskiot velosepedizam i treba da prerasne vo tradicija i da se odrzuva sto e mozno poveke pati vo godinata na razlicni lokacii niz ovaa nasa mala zemja koja sto gi ima site tie uslovi za odrazuvanje na ovoj sport.inaku jas prv pat sega doznavam za planinskiot velosepedizam koj sto za mene e dosta vozbudliv i sakam da bidam del od tie natprevari i druzenja pa zato ve mola dokolku znaete nekoi od klubovite da me upatite.Uste ednas cestitki za ovoj sport
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 08:46
Кројцигер со одличен триумф на Трката околу Романдија

Младиот Чех Роман Кројцигер победи на Трката околу Романдија во неделата и веднаш објави дека сака да оди на поголеми работи. Откако лани беше втор на шестдневната трка во Швајцарија, 23-годишниот Кројцигер победи на клучната планинска етапа оваа година во саботата за да ја преземе контролата на трката.

Шпанецот Оскар Фреире победи на неделната 150.5 километри долга петта етапа, додека Кројцигер заврши во главната група за да победи на трката со 18 секунди предност пред Русинот Владимир Карпец, додека трет беше Естонецот Реин Тарамае со 25 секунди заостанување.

"Трката околу Романдија беше мојата прва цел оваа сезона, а втората цел е уште поголема - Тур де Франс. Сега ќе се обидам да ја одбранам титулата на Трката околу Швајцарија и да го предводам Ликвигас тимот заедно со Винченцо Нибали на Тур де Франс. Секако дека моите амбиции се да бидам на подиумот на таа трка, но не знам дали имам доволно квалитет како Мигуел Индураин или Ленс Армстронг", вели Кројцигер.

Тој заврши само како 13. на својата прва Тур де Франс минатата година, а повторно нема да стартува на Џиро Д'Италија следната недела, каде што тимот ќе го предводи Иван Басо.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 15:42
Ајзел го освои Гент-Вевелгем

Австриецот Бернхард Ајзел од тимот на Колумбија-ХТЦ стигна до својата најголема победа во кариерата на неделната белгиска класична Гент-Вевелгем трка. Ајзел, кој обично е помошник на Марк Кавендши во тимот, беше најбрз од групата шест велосипедисти кои се одвоија на 71. издание на спринтерската класика во Фландрија, за победа пред Белгијците Сеп Ванмарке (Топспорт-Фландерен) и Филип Жилбер (Омега Фарма-Лото).

Фаворитите пред трката Том Бонен и Фабијан Канцелара, заедно со актуелниот шампион Едвалд Боасон Хаген не успеаја да останат со главната група на Шерпенберг, првото од 16-те искачувања во вториот дел од трката.

"Да бидам искрен, не очекував многу од оваа трка и многумина се изненадени од овој резултат. Имав среќа, но и направив исправна одлука што не учествував на Е-3 Харелбеке трката пред овој викенд. Бев одморен и во добра форма, но победата ја донесоа моите колеги Мат Гос и Хајден Роулстон", вели Ајзел.

Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 13:24

Утре, недела 06.06.2010... еднодневна рекреативна  тура...
Маврово-Лазарополе-Тресонче-Селце-Галичник-Маврово

посакајте ми издржливост, психички се спремам( кондициониот дел мислам дека ми е на завидно ниво)... како и да е, се надевам дека во понеделник ќе залепам и ја една фотка вака со раце у вис и окез на лице за да се пофалам од потфатот...голема%20насмевка

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 19:24
Originally posted by BiBi_G BiBi_G напиша:


Утре, недела 06.06.2010... еднодневна рекреативна  тура...
Маврово-Лазарополе-Тресонче-Селце-Галичник-Маврово

посакајте ми издржливост, психички се спремам( кондициониот дел мислам дека ми е на завидно ниво)... како и да е, се надевам дека во понеделник ќе залепам и ја една фотка вака со раце у вис и окез на лице за да се пофалам од потфатот...голема%20насмевка
Иако слики нема....барем овде...познавам неколку луѓе кои отидоа...одлична тура...како и секоја година со прекрасни слики и пејсажи надополнети со убави бели облаци...
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 19:30
Инаку...од вчера започна TOUR DE FRANCE...Go Armstrong GO!!!
Негов цитат од пред 1 час :That was S-T-R-E-S-S-F-U-L!! Managed to make it to the finish in one piece. Amazing how much more intense the TdF is vs any other race.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2010 во 18:12
Tolku od Lens, pukna denes...
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 00:15
Kje ispadne deka eden puknat lanec kje ja resi trkata godinava...

Endi Shlek valjda uste pcue...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.