IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Pectus Excavatum (Вдлабнат граден кош)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Pectus Excavatum (Вдлабнат граден кош)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
unknown17 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај unknown17 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 17:50
jas go imam od 9-10 godini, sega imam 17 i mozam da kazam deka mi e ogromna precka vo zivotot. od koga go imam ne odam na odmor, bazen, sitematski pregledi, gi izbegnuvam site mesta kaj sto mozam da bidam otkrien, ziveam izoliran i neznam dali toa ke se smeni.. sum bil po 500 doktori i site me ubeduvaat da ne pravam operacija posto e rizicna a i "ne mi smetalo". se poveke osekam gusenje i tesko disam, se poznava i preku obleka pa sum prinuden da nosam siroko.. blagosloveni se tie sto go nemaat..
Кон врв
space20 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај space20 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 19:52
Originally posted by Biba_G Biba_G напиша:


Драго ми е што си ги надминал срамот и комплесите,односно психичкиот момент кој е најчестиот симптом кај младите си го оставил зад себе.
Вежбите се долготрајни и макотрпни,но најголемите успеси се забележуваат само кај малите деца...не целосно,меѓутоа значајно подобрување во состојбата е забележана токму кај нив... Кај повозрасните-такви искуства сеуште нема...
Ме загрижуваат симптомите кои ги кажуваш-замор при спортување,притоа немаш спомнато,а ако чувствуваш и недостаток на воздух,градна болка, намалена физичка способност при која брзо се зацрвенуваш и се потиш-тогаш тоа се симптомите кои ти се јасен знак дека е крајно време да се консултираш за оперативен зафат.Гледам од твојот пост дека си се интересирал и доста си читал за твојата состојба и сметам дека ти е јасно и знаеш дека единствен начин да се третира пектусот е оперативниот.

Сега тука малку би се конфронтирала со твоето мислење и со мислењето на Изи... ваквите случаи се третираат на торако-васкуларна хирургија... и не само во болницата која ја спомена Изи...овој оперативен зафат се изведува во секоја болница каде што се одвива торако-васкуларна хирургија.

Се надевам дека нема да има потреба од оперативен зафат. Мислам дека тој замор главно е поради тоа што многу-многу ретко спортувам поради обврските на факултет, како и поради прашината. Пред некоја година имав тестирања за дишењето и слични ствари и тогаш немав никакви проблеми. Кога бев осмо оделение одев и во Охрид во специјализирана болница за тие работи и правев вежби но со тек на време престанав и повеќето ги имам заборавено :( И јас се сложувам со Изи дека тој оперативен зафат е премногу ризичен и се сведува само на корекција на изгледот.
Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 11:24
Операцијава ми делува некако премногу ризично. Досега немам проблеми со тоа, единствено естетскиот аспект. Не сум воопшто искомплексиран, на лето редовно идам на базен/плажа, тренирав пливање до пред некое време, одработувам физички активности без потешкотии.

Најдов на интернет неколку вежби со кои може да се намали пектусот (делуваат на принцип кревање на градните мускули и со тоа кревање на ѕидот на градниот кош). Со оглед на тоа дека мојот pectus е блага форма, и не ми предизвикува комплекси или проблеми со срце/дишење, редовно си ги практикувам вежбите во комбинација со нормалните кои ги изведувам рутински (стомачни, склекови итн).
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2008 во 21:39
Originally posted by space20 space20 напиша:

И јас имам Pectus Excavatum кој почна да доаѓа до израз во мојата 12-13 година при наглото извишување а исто така и поради мојата висина наспроти тежина (173 наспроти 46) во тоа време. Едно време одев на вежби, но после престанав да вежбам и ништо од тоа. Инаку да, се срамев да одам на плажа, се срамев од многу работи, незгодно ми беше кога некој ќе ме фатеше на градите и слични ствари. Не верувам дека е паметно да се оди на операција за естетска корекција зашто мислам дека е многу ризично, плус најдобро е да се прави во претшколска возраст. Сега имам 20 години и не патам толку од комплекси, но кога спортувам чувствувам замор (не знам дали е тоа затоа што ретко играм фудбал или кошарка поради обврски на факултет, или од Pectus-от). Некаде прочитав дека иако докторите препорачуваат пливање и вежбање единствен начин да се корегираа оваа аномалија е со оперативен зафат. Она што го прочитав на Англиски ми делува застрашувачко и не е ништо во споредба со она што го слушам од лекарите. Ако некој знае некои вежби нека пише.


Драго ми е што си ги надминал срамот и комплесите,односно психичкиот момент кој е најчестиот симптом кај младите си го оставил зад себе.
Вежбите се долготрајни и макотрпни,но најголемите успеси се забележуваат само кај малите деца...не целосно,меѓутоа значајно подобрување во состојбата е забележана токму кај нив... Кај повозрасните-такви искуства сеуште нема...
Ме загрижуваат симптомите кои ги кажуваш-замор при спортување,притоа немаш спомнато,а ако чувствуваш и недостаток на воздух,градна болка, намалена физичка способност при која брзо се зацрвенуваш и се потиш-тогаш тоа се симптомите кои ти се јасен знак дека е крајно време да се консултираш за оперативен зафат.Гледам од твојот пост дека си се интересирал и доста си читал за твојата состојба и сметам дека ти е јасно и знаеш дека единствен начин да се третира пектусот е оперативниот.

Сега тука малку би се конфронтирала со твоето мислење и со мислењето на Изи... ваквите случаи се третираат на торако-васкуларна хирургија... и не само во болницата која ја спомена Изи...овој оперативен зафат се изведува во секоја болница каде што се одвива торако-васкуларна хирургија.
Кон врв
space20 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај space20 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2008 во 05:07
И јас имам Pectus Excavatum кој почна да доаѓа до израз во мојата 12-13 година при наглото извишување а исто така и поради мојата висина наспроти тежина (173 наспроти 46) во тоа време. Едно време одев на вежби, но после престанав да вежбам и ништо од тоа. Инаку да, се срамев да одам на плажа, се срамев од многу работи, незгодно ми беше кога некој ќе ме фатеше на градите и слични ствари. Не верувам дека е паметно да се оди на операција за естетска корекција зашто мислам дека е многу ризично, плус најдобро е да се прави во претшколска возраст. Сега имам 20 години и не патам толку од комплекси, но кога спортувам чувствувам замор (не знам дали е тоа затоа што ретко играм фудбал или кошарка поради обврски на факултет, или од Pectus-от). Некаде прочитав дека иако докторите препорачуваат пливање и вежбање единствен начин да се корегираа оваа аномалија е со оперативен зафат. Она што го прочитав на Англиски ми делува застрашувачко и не е ништо во споредба со она што го слушам од лекарите. Ако некој знае некои вежби нека пише.
Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 19:48
Вдлабнат граден кош е болест која се јавува при раѓање отприлика кај 1 од 1000 новороденчиња.Станува повеќе изразен во пубертетот.



Овој деформитет може да остави сериозни
последици во психичкиот развој на децата со
манифестирање на комплекси и срам од своето тело,
срам да се оди на физичко или на плажа, и секако
инфериорност пред спротивниот пол. Покрај ова
може да се јават и органски пореметувања, пред се
во работата на срцето (појава на аритмии и шумови)
и белите дробови (намалување на белодробните
капацитети). Овие органски пореметувања некогаш
клиничките манифестации може да ги пројават во
понапредната возраст.



Постои метод за лекување на оваа деформација,за кој се потребни специјални шипки и инструментариум за нивно
инсталирање и зацврстување. За време на
операцијата шипката се моделира и закривува со
специјална апаратура индивидуално според
деформитетот и градбата на секој пациент. При оваа
операција се прават два мали засекувања на кожата
од двете страни на градниот кош низ кои се пласира
шипката и еден додатен сосема мал отвор за
пласирање на торакоскоп преку кој се контролира
патот и позицијата на шипката. По нејзиното
пласирање шипката се извртува за 180 степени и се
фиксира со странични стабилизатори.
Опоравувањето е брзо, пациентите престојуваат во
болница 4-5 дена, на училиште се враќаат по 2-3
неде ли, а спортување е можно после 3 месеци.
Компликациите се многу ретки, а естетските и функ -
ционалните резултати се одлични.



Ваквиот зафат може да се изведе во општата болница РеМедика.Дали има некој повеќе информации за цената,и уште поважно,дали вреди да се оди на ваква операција?


Изменето од Izzie - 31.Мај.2008 во 19:49
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.