![]() |
|
Смрт или слобода за Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Цитирај до крај, после совршенство нема запирка туку сврзник а во продолжение синтагма, која не знам зошто ја вадиш од контекстот. Самата таа синтагма имплицира повик никогаш да не се заборави Мајка Македонија. Без неа се вртиме во круг без излез. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
spaski ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група ![]() ![]() Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 82 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
MMMM . Mnogu dobri mislenja prochitav tuka. Se soglasuvam i so dvete mislenja . Deka treba razumni i pametni politichari no i junaci i patrioti za sloboda na edna zemja!!!
|
|
http://www.macedonian-kingdom.piczo.com
|
|
![]() |
|
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
sekojdnevno go dava narodov,...ama,djabe mu e,...
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пишува: Ханс ЛОТАР ШТЕПАН
И воведувањето на 3 март како нов државен празник на Бугарија неколку години пред пресвртот е агресивен знак што е упатен против Македонија, бидејќи на тој ден во 1878 г. бил потпишан Санстефанскиот мир, со кој Русија им ја препишала на Бугарите речиси целата ослободена македонска и тракиска територија. Од тие причини, овој договор на времето бил поништен од Берлинскиот конгрес. Дали Бугарија со овој симбол на ревизионизам смее да стане земја-членка на Европската Унија? Освен тоа, бугарската влада уште пред 100 години увидела дека населението во Македонија го негира “постоењето на какво било национално сродство” помеѓу неа и другите балкански држави. Кога Србија во 1900 г. предложила “поделба на сферата на влијание” во Македонија, бугарската влада упатила инструкција до своите претставници во Белград, во која се потврдува дека христијанското население во Македонија “мошне непријателски е расположено ... наспроти каков било вид поделба”. Такви планови можеле да предизвикаат големо незадоволство во “оваа братска земја”, а со тоа и “штетно влијание на мирот и редот во Бугарија и во Србија”. “Кога пред неколку години за првпат било покренато прашањето за 'сферата на влијание', најжестоки протести ... имало кај населението во Македонија”. Меѓутоа, во наредните години ова добрососедско разбирање било целосно потиснато од страна на националистичките експанзионисти и империјалисти во Бугарија - на штета на Македонците.
Се чини дека ниту Србија сè уште не може да се навикне на реалноста на историјата. Иако српската влада во моментот релативно се воздржува во врска со Македонија поради разговорите со ЕУ, Српската православна црква неодамна ја презеде агресивната улога на нарушувач на мирот. Слично како и во случајот со Бугарија, во актите постои еден документ од Србија со кој јасно се потврдува самостојноста на македонскиот народ и на територијата. Гласноговорникот на кнезот Петар (Караѓорѓевиќ) уште во 1998 г. во еден берлински весник објавил статија, која - можеби под влијание на неуспешното Илинденско востание - била повторно публикувана во српскиот печат во 1904 г., откако поранешниот кнез Петар бил крунисан за српски крал. Во статијата, “сите претензии наспрема Македонија се квалификуваат како голема заблуда”. “Пред австриската окупација на Босна, никој во Србија не помислил да постави национални претензии за Македонија”. “Дури откако на Србите ... со насилничкиот акт на Берлинскиот конгрес им била оневозможена експанзија кон Јадранското Море, поради вештачка агитација настанала промашената насока на српската политика наспрема Македонија”. Се разбира дека поради тоа портпаролот морал да се соочи со обвинувањето на опозицискиот печат за велепредавство. Како што може да се види од тажната судбина на Македонците, ова беспрекорно и објективно историско прикажување исчезнало во националистичкиот метеж на Србите. Во тој контекст потсетуваме дека трите соседни држави во пролетта 1991 г. дадоа “заеднички изјави”, “дека во 'Македонија живеат само Срби, Бугари и Грци', што значи дека 'не постои македонска нација' “. Да потсетиме: тоа се случи во 1991 г., а не во 1881 г.! Четвртиот сосед на Република Македонија, Албанија, односно албанското малцинство во Македонија, односно албанското мнозинство на Косово, накусо ќе го споменеме за да ја заокружиме сликата, бидејќи албанското прашање претставува сосема друга тема: Какви фатални долгорочни последици допрва ги очекуваат Македонија, Балканот и ЕУ посебно и Европа општо, ако Косово навистина се стекне со каква било форма на (од аспект на меѓународното право недопуштена) независност, недвосмислено произлегува од еден слоган на претседателот на албанската партија ДПА во Македонија, Арбен Џафери (кој беше цитиран во македонскиот печат): “малоалбанско решение” (од Косово и западна Македонија, односно независна “Република Илирида” која беше илегално прогласена во 1992 г.), стратегија која уште пред години лесно можел да ја препознае секој набљудувач, но пред која Комисијата на ЕУ и целиот Запад навидум ги затвораат очите. Меѓутоа, Македонците во минатото, односно во 20 век не се помириле со својата судбина. Излажани, измамени, потиснати и експлоатирани, овие луѓе не изгубиле надеж на своја трунка правичност.
Сепак, сите напори биле неуспешни, иако некои велесили позитивно одговориле на прашањето за нивниот сопствен идентитет: по Првата светска војна “политичари, научници, аналитичари и новинари ... се занимаваат со проблемот на Македонија, како и со ... националната припадност на македонското население”. Една француска група стручњаци, на пример, дошле до заклучок во врска со македонското население што живее во Егејска Македонија, која е грчка од 1911/1919 г., дека “(не станува збор) за српско, бугарско или грчко население, туку за посебен словенски народ со сопствен јазик и култура. Слични заклучоци постојат и во британски и италијански истражувања”. Развојот и мирот на јужниот Балкан би можеле да се унапредат, кога Европската Унија би ги имала предвид историските причини за актуелната состојба во регионот, за да дојде до правично решение за Македонија и за нејзиното име. Како гласеше познатата изрека на Абрахам Линколн: “Ништо не е завршено конечно, ако не е завршено правично.” |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |