|
Helicobacter pylori |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Escherichia Coli – бактеријата која постојано мутираРечиси секој пети човек имал проблеми предизвикани од бактеријата Escherichia Coli. Оваа бактерија е една од најчестите негативни бактерии, која во организмот испушта штетни материи кои влијаат врз организмот. Може да се внесе преку заразено месо или нечиста вода. Предизвикува гастроинтестинални заболувања, но виновник е и за многу други инфекции, како што е пневмонијата, менингитисот и инфекции на уринарниот тракт и крвта. Кај околу 8% од пациентите, бактеријата се јавува во хемолитичка
состојба – уремичен синдром – при што откажуваат бубрезите, има крвавење
и невролошки симптоми. Оваа состојба не се лекува со антибиотици,
бидејќи тие може да допринесат до поголемо развивање на бактеријата.
Најновите истражувања покажаа дека постојат
повеќе видови на бактеријата кои се отпорни на антибиотици и при тоа
полека го напаѓаат имунолошкиот систем и го спречуваат лечењето. Исто
така, научниците дознаа дека типот ЅТ131 создава генетски клонови, кои
нагло се развиваат од еден вид на Escherichia Coli. Клоновите припаѓаат
на видот H30-Rx, а тој вид е сè поотпорен на антибиотици и има
способност инфекцијата да ја пренесе и во крвотокот, при што може да
дојде до поголеми компликации како што е сепсата. Видот Н30 го развива
клонот H30-R кој стана целосно отпорен на лекот Cipro. Потоа од H30-R се
разви и H30-Rx, отпорен на повеќе антибиотици. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |