IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Несоницата може да доведе до лудило
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Несоницата може да доведе до лудило

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 04:22
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:

Originally posted by Omar Omar напиша:

bounty batusko citaj lelelelee i nas ke ne snajde ova....

Znaci psihicki problemi bate nemam, treba da se smeni nacinot na ziveenje.....toa za nekoja godina, zdravje

Bravoooooo!!   
Znaci ne postirav za gjabe ........
Go razbra mojot komentar ....
Sega uste da prevzemes merki vo pozitivna nasoka...
Postepeno pocni....ne cekaj dogodina....


Veke pocnav...vcera si legnav vo 4h, denes vo 4.30 ke si legnam... bitno ne e utro... pa ponataka da se nadevam deka najdocna do 1 ke sum v krevet
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 05:12
Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:

Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:

Originally posted by Omar Omar напиша:

bounty batusko citaj lelelelee i nas ke ne snajde ova....

Znaci psihicki problemi bate nemam, treba da se smeni nacinot na ziveenje.....toa za nekoja godina, zdravje

Bravoooooo!!   
Znaci ne postirav za gjabe ........
Go razbra mojot komentar ....
Sega uste da prevzemes merki vo pozitivna nasoka...
Postepeno pocni....ne cekaj dogodina....


Veke pocnav...vcera si legnav vo 4h, denes vo 4.30 ke si legnam... bitno ne e utro... pa ponataka da se nadevam deka najdocna do 1 ke sum v krevet




batuskoo blaze tebe eve pak mene ke me razdeni....
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 00:36

Што прави телото додека спиеме?

Многумина веруваат дека сонот е губење на време. Научниците го велат  токму спротивното, дека сонот е најважен за да бидеме здрави.  Сонот има  четири фази – секој циклус трае 90 минути, што значи дека сонот минува низ 5 ротации .

Фаза 1

Најраната фаза на спиење  може да се опише како нешто помеѓу будност и дремка. Лесно се будиме од сонот и ако тоа се случи, ќе имаме чувство дека не сме спиеле.

Фаза 2

Овој сон не е длабок , но ја троши половината од ноќта.  Кога сме во втората фаза на спиење,  на телото му се случува пад на температурата, мозочните бранови се бавни, а притисок и срцевото биење се  забавени. Ова значи дека голем дел од ноќта, срцето и васкуларниот систем се одмараат, со што се потврдува важноста на спиење за здравјето на срцето.

Фаза 3

Тоа е најдлабокота фаза на спиење. Мозочните бранови се премногу бавни, притисокот е многу помал, дишењето забавува, мускулните ткива може да се регенерираат. Хормоните, особено оние кои го контролираат растот, се излачува. Во оваа фаза на спиењето е активни и парасомнијата – sleepwalking. По некои испитувања, кој најдобро ќе се наспие во третата фаза,  следниот ден ќе се чувствува одморен и полн со енергија.

РЕМ фаза

Во  фазата на РЕМ веќе  имаме живи соништа. Научниците оваа фаза често ја  нарекуваат “парадоксално спиење” бидејќи  телото, иако е  во сон,  мозокот му  работи како кога е буден. РЕМ фаза (Rapid Eye Movement – брзо движење на очите)  е фаза кога очите се движат лево десно , а дишењето и отчукувањето на срцето се забрзани.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 21:06
Помалку сон, полошо здравје - решение?

Недостатокот на сон има еднакво влијание на функцијата на имунитетниот систем како и физичкиот стрес, утврдила група на холандски и британски научници.

Нивните истражувања се темелат на анализата на бројот на белите крвни зрнца кај 15 здрави тестирани лица.

Претходните истражувања веќе ги поврзале недостатокот на сон со поголемиот ризик за дебелеење, дијабетес и хипертензија. Научниците објаснуваат дека сонот допринесува до одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем, а тоа го потврдуваат и резултатите од истражувањата кои укажуваат на ризикот на здравје поврзан со работата навечер.

Недостатокот на сон во новото истражување имал најизразено влијание на гранулоцитите, едни од основните видови на бели крвни зрнца.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 22:11
Може ли да се умре од недостаток на сон?

Еден лекар неделава сведочеше во Лос Анџелес дека Мајкл Џексон пред да почине немал спиено цели 60 дена, што довело до неговата смрт. Сведочењето покрена дебата за тоа колку човечкиот организам може да преживее без сон.

Џексон примал ноќни инфузии со пропофол, хируршки анестетик, во текот на двата месеци лечење на акутната инсомнија.

Иако поради лекот се чувствувал одморено, тој всушност не спиел туку бил во специфична состојба секоја ноќ, рекол д-р Чарлс Чејслер, кој се бави со проучување на соништата на Харвард, и кој сведочел на судењето против промотерот на концерти на починатата поп-ѕвезда.

Чејслер во судницата изјавил дека пропофолот ја предизвикува РЕМ фазата на сонот и дека Џексон, да не починел од предозирање со анестетикот, недостатокот на сон сигурно би го убил.

„Тоа е како да сте јаделе чиста целулоза, наместо нормални оброци. Стомакот би ви бил полн, не би биле гладни, но таквите оброци имаат нула калории и не би ги исполнувале вашите нутритивни потреби“ – рекол Чејслер за CNN.


Колку е важна РЕМ фазата?

Иако недостатокот на сон со времето може да предизвика дебелеење и хронични болести како дијабетес и рак на дојката, тешко е да му се препишат тие болести на некој специфичен аспект на сонот, па сите научници не се согласуваат дека РЕМ фазата е од клучна важност за одморот.

„Нема докази дека РЕМ фазата некого убила“ – рекол д-р Џером Сигел, професор по психијатрија на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес, за порталот Live Science.

РЕМ сонот карактеризира зголемена мозочна активност, и во таа фаза соновите се најинтензивни. Научниците сметаат дека потекнува од областа на мозокот која се нарекува Варолиев мост.

Оштетувањата на овој дел од мозокот обично предизвикуваат смрт. Сепак, некои луѓе успевале да ја преживеат повредата на тој регион и да живеат нормален живот,но без РЕМ фазата на сонот, вели Сигел.

Тој додал и дека токму многу лекови, како скапите антидепресиви, го спречуваат РЕМ сонот и дека „досега многумина би биле мртви, кога недостатокот на РЕМ фазата би можел да убие“.


Колку време би можеле луѓето да бидат будни?

Ренди Гарднер е личноста која успеала рекордно долго да остане будна и тоа доброволно – без сон поминал 264 часа (околу 11 дена).

Никогаш не е потврдено дали некој починал од недостаток на сон, а етички е неприфатливо таа можност да се испрашува во лабораторија.

Минатата година 26-годишен Кинез се обидувал да ги изгледа сите натпревари на Европското првенство во фудбал, и починал после 11 дена.

Меѓутоа, во извештаите стои дека паралелно пиел алкохол и пушел, па е тешко да се утврди дали недостатокот на сон е примарна причина за смртта.

Во познатите експерименти од осумдесетите години на минатиот век на Универзитетот во Чикаго научниците држеле стаорци будни, така што ги мрдале секогаш кога ќе заспијат.

Животните едно по друго умирале после две недели, но Сигел смета дека нивната смрт има поголема врска со стресот и повишениот крвен притисок предизвикан од честото будење.

„Тие умреле од постојаното будење, што е сосема поразлично од недостатокот на сон“ – вели Сигел.

„Ако останете будни цела ноќ, ништо нема да ви се случи“ – додал укажувајќи дека не е сериозно кога ни недостига малку сон.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.