|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика | страница <1 193194195196197 242> |
Автор | |||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ме интересира ако може некој да ги објасни титулите на православните свештеници, особено ме интересира што значи Протајереј-Ставрофор?
Ми звучи помалку строго и мистериозно. Освен тоа, ако може и да дознаеме како да се обраќаме на поедини свештеници, т.е. како да ги титулираме? Благодарам |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прота ме асоцира на грчкиот збор проти- што значи прв, прво. Точно не знам што значи цела титула. Во однос на титулирањето и обраќањето на свештениците ќе напишам само тоа што го имам во молитвеникот. Архиепископот- Негово Блаженство ( се обрнуваме до него:Ваше Блаженство ) Митрополитот- Негово Високопреосвештенство ( се обрнуваме до него: Ваше високопреосвештенство ) Епископот- Негово Преосвештенство ( се обрнуваме до него: Ваше Преосвештенство ) Ова го нема во молитвеникот, меѓутоа кон Игумените треба да се обрнуваме со Ваше Високопреподобие. Само толку знам, ако некој знае повеќе нека пише, па да се подучиме сите. Изменето од macedon_alex - 04.Јули.2009 во 01:32 |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Обраќањето до Бог (според Исус) иде вака:
Татко наш небесен...
Обраќањето до Архиепископот на МПЦ иде вака:
Неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски господин господин...
Патем, дали некој знае што е тоа "ПРЕОсвештенство"? Дали тоа значи првосвештенство или нешто друго?
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Види погоре Evangelos, обраќањето кон Архиепископот е само "Ваше Блаженство". Тоа што си го навел ти е титула, ама никој не му се обраќа нему така.
Инаку и Бог си има најубави титули, ама зар може сите Негови титули, Неговата милост и Неговата моќ човечки зборови да ја искажат?! Секако дека не! |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сепак, Бог иако ги поседува сите великодостојнички титули, Тој е задоволен и ако му се обратиме само со "Татко", за разлика од овие таканаречени великодостојници на кои мора цела песна човек да им ипсее пред да им го каже името
Ако некој му се обрати на архиепископот Стефан со "Стефан", ќе биде осуден како некултурен, како непочитувач, како подбивач или сл. Но види, скромниот наш Бог не инсистира луѓето да му редат чествителни титули во нивното обраќање кон Него и воопшто не е некултурно да му се обратиме само со Боже, Татко или сл.
Еднаш пишував за апостоливе Петар или Павле, и ги ословуав без никакви титули и една православка ме искара: Како можеш така да ги нарекуваш како да се тие твои комшии или пријатели од улица... треба да речеш: светиот апостол Павле или Свети Петар. Но ете, Бог не инсистира да го нарекуваме Свет Боже. Интересно зарем не?
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Jerej stanuva sekoj diplomiran student po pravosl.teologija(tnr.bogoslov) posle rakopolaganje, no toa e najnizok cin. Protajerej e prviot pomedju jereite, i ima pravo na nosenje na tnr. duhoven mech - crkoven kolan. Dokolku pri liturgija se najdat jerej i protajerej zaedno, protajerejot ima prednost. Protajereite skrateno se narekuvaat prota. Dokolku nekoj protajerej se stekne so osobeni zaslugi, mozno e da stane Protajerej-Stavrofor(stavrofor na st.grcki=krstonosec). Toj togas kako nadvoresno obelezie ima pravo da nosi zlaten krst na gradite vrz mantijata. So ovie tituli se iskazuva posebna cest i priznanie, inaku svestenicite se pomedju sebe ednakvi
Isus i apostolite ne bile po profesija teolozi so komplicirani tituli i ne ocekuvale od ludjeto da gi castat so istite, i iako koordinirale so prvite zaednici tie ja ostvaruvale zapovedta "Moli se i raboti" i taka ja obezbeduvale svojata egzistencija. Изменето од Majkl - 04.Јули.2009 во 17:46 |
|||
Flix
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Клабинг Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 9229 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ок ај да не го тупам, се си е кажано овде ако сакате да ја знаете вистината вреди да ги погледните следните три дела од овој филм Zeitgeist.
http://www.youtube.com/watch?v=BNf-P_5u_Hw http://www.youtube.com/watch?v=fVOxFFnXSfo http://www.youtube.com/watch?v=8pKWzYF3kjg |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вчера ми падна в раце магазинот Премин. Листајќи го, наидов на некои интересни текстови, кои ми го одвлекоа вниманието.
*** Имено, Горан Величковски-Зевзекманија “целомудрува“ во списаниево на тема Шегобијци. В очи ми падна следниов текст: “Си правиме муабет со една госпоѓа која не е венчана а има шеесет и кусур години, две чеда и здрав маж...“ . (Во текстот следува дека дотичнава е регистрирана т.е. има склучено граѓански брак но не и црковен), и сега Зевзеков созерцава: “Женава заради невенчање е подготвена да биде осудена на Вечниот Суд, само и колку да не му попушти на мажот. Кога таа би верувала дека душата ќе и се прпелка (мачи) заради тоа, кога таа би се срамела од тоа што нејзините деца цел живот ќе бидат третирани од Бог како деца од нечестив брак, би трчала пред олтарот....не сакајќи да го стори она што Му е угодно на Бог“ По текстов-останав-зевзекната. Мислам, моите родители не се венчани в црква, кој може да знае и со сигурност да каже дека Бог ме третира како дете од нечестив брак? Алооооо! *** И една друга работа... Разбирам дека секое списание мора да си има некои спонзори кои треба да ги рекламира. Но, на една страна доминира шише во природна величина од Вин. визба СКОВИН, во позадина е нацртан манастир, а над истиот пишува “Во Бога е вистината“. Значи ако дрмнам едно шише црвено вино Марков Манастир, ќе бидам поблизу до Бога а? Каква злоупотреба на лат. изрека. Се разочарав начисто. Има и др. бисери но овие некако ме потрефија лично. Што мислите вие за ова? |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ни моите родители не се венчани во црква т.с не се венчани(од Црковна гледана точка)и децата родени од таков граѓански брак се родени во блудство.(читај-јас)
Но и тие деца се примаат во Светат Црква без никакви пречки или условувања зашто тие не се одговорни за постапката на нивните родители. Тоа за вечниот суд е кажано во смисол дека тие ќе одговараат за блуд бидејќи за Светата Црква сите полови односи вон, од Бога и Светата Црква, благословениот брак се блудство. Додека за тоа со виното..Тоа со поговорката е навистина така.Во Бога е Вистината(или поточно Бог е вистината) но заклучокот за корелацијата и последиците од пиењето на тоа вино е лично твој. Јас ја имам видено таа реклама но не сум ја сфатил на тој начин. Изменето од ahmar1 - 24.Август.2009 во 14:38 |
|||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ахмар, поговорката изворно гласи Во виното е вистината. Можеби и има друга Во Бога е вистината, нека е така.
Да беше њсписаниево наменето за црковни великодостојници, па да рекламираат вино за причест, но јас сметам дека во магазин за духовни вредности нема место за таква реклама која буди страст кон пиењето. СДа не наоѓаме оправдување по секоја цена. Како си ја сфатил ти пораката тогаш? Друго, што ако Светата Православна црква не и дала одобрение на мајка ми или татко ми за венчавка (едниот е католик на пример), и што сега? Блуд ли направиле? Кога децата доаѓале при Исус Тој не ги прашувал дал нивните родители се венчани во црква. |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Рекламата не сум ја сфатил ништо посебно,маркетинг за некои вино и тоа е тоа.
Виното само што се вика марков манастир(мада монахињите таму немаат,ниту пак одгледуваат лозје)но сепак тоа име е географска одредница,па никој нема авторско право на истото.Инаку за тоа дали е соодветно да има реклама за вино во црковно списание пак не гледам ништо лошо во тоа.Ниту виното,ниту каков било алкохол па ниту пиењето на истиот не е исто што и алкохолизам. Злоупотребата на алкохолот е проблем а не самиот алкохол. Истото важи и за сите работи околу нас,тоа е исто кога ја би рекол дека рекламата на мекдоналдс во весник буди желба за прејадување. За бракот,Православната црква може да даде благослов да се изврши света тајна брак на православен со неправославен христијанин(само во православен храм). Така да тоа не е некој проблем. Но ако од икс причини тоа не било направено(мислам на брак склопен во црква)резулаттот е ист- тоа си е блуд. Но света црква не е инквизитор и не ги прогонува ниту им забранува на тие да бидат дел од Црквата.Сепак Христос дојде за грешниците а Света црква е на некој начин болница за човекот повреден од гревот. Како што реков претходно децата родени од неблагословен брак не се одговорни за делата на своите родители и се во се рамноправни си сите останати членови на Црквата. |
|||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Од Христовите објави дознаваме дека Бог сите нас изворно нè создал како совршени и такви и нè гледа. Не постојат деца од честиви и нечестиви бракови. Но постојат парови кои зачнуваат честиво или нечестиво(во грев) затоа што и самите како личности стојат во грешни мисли, зборови и постапки. Тогаш и душата која ќе биде привлечена од вибрацијата на ембрионот и генетаскиот материјал кој го предале родителите, ќе биде слична: честива или нечестива т.е. со повеќе светли или повеќе темни страни. Но и во едниот и во другиот случај детето кога ќе порасне си има слободна волја да бира помеѓу доброто и злото а со тоа можности и ризици својата душа да ја затемни или просветли.
Друг пример за злоупотреба на Божјото име е на пр. кога некоја политичка партија го додава зборот „христијанска„ во своето име или политичка агенда а нејзините акртивности не се во склад со учењето Христово(изнесено во Говорот на Гората) и 10-те Заповеди. Изменето од Majkl - 24.Август.2009 во 19:07 |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е ни чудно што си останала зевзекната. А кој не би? Верувам дека ти е познато, но ќе напишам за оние кои не знаат:
Според православната (според мене небиблиска) теологија бракот е една од нивните 7 ткн. "свети тајни". Како и за сите, така и за извршување на оваа "света тајна" е потребно посредништво од православен свештеник. Доколку православниот свештеник не посредува во извршувањето на "светата тајна" т.е. доколку тој не го даде "благословот" таа не може да биде извршена.
Оттука следи следнава православна логика: Доколку некои верни сопружници си склучиле брак без некој ткн. "свештеник" да им прави чириба-чирибу и да им ги префрла од глава на глава круните секој нивен сексуален акт ќе се смета за блудство и тие ќе бидат виновни за вечниот суд. Значи иако тие си биле верни еден на друг и цел живот ја одржувале светоста на нивниот брак и својата постела чиста, тие ќе горат во пеколот само затоа што некој човек ткн. "православен свештеник" не им мафтал со круните над главите
Од друга страна пак, истите тие православни свештеници пред неколку години ги "благословија" вторите бракови на Бучковски и Груевски со изговорот дека првите бракови им биле невалидни затоа што не биле благословени од "Светата Црква" и затоа овие втори бракови всушност не се втори, туку први - гледано од перспектива на "Светата Црква"
Мој заклучок е дека овие свети тајни и особено свештенското посредништво во нив си го измислиле католиците, а потоа наследиле православните како една од алатките да владеат над масите и да ги направат луѓето зависни од свештенството, од нивниот ткн. "благослов" и доколку не го добијат истиот, како што читаме погоре, ќе бидат судени на Вечниот Суд
Зарем не те потсетува ова на папските индулгенции во мрачниот среден век кога католиците ги заплашувале неинформираните верници дека доколку не си купат "прошталници" од папата ќе горат илјадници години во чистилиштето и на тој начин си го терале својот бизнис на сметка на кутрите верници кои за жал ја немале на дофат и на мајчин јазик Библијата за да ги проверат глупостите на тогашната официјална црква.
Денес кај нас е уште потрагично. Ние ја имаме на дофат Библијата на мајчин јазик, но никој не ја чита, а дури и мнозинството од оние кои ја читаат одбираат повеќе да и веруваат на православната црква отколку на Божјиот Збор. Некои пак, одвреме навреме ќе се насмеат на некои вакви зевзекмании (не мислам сега воопшто на тебе maria_magdalena) и пак ќе си продолжат да им ги бацуваат рацете на свештениците и да се поклонуваат на нивниот свет "благослов".
Нека ни е Бог на помош и нека го извади нашиов македонскиот народ од духовното слепило во кое е потонат со векови. Амин!
Изменето од EvAngelos - 24.Август.2009 во 23:54 |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ЕЕЕЕЕВВВВВВВВВВВВ........ кучо стара
многу долг текстов за читање наминав само за да те изгушкам п.с. женски да се разбереме, Ев ми е мене симпатија |
|||
Внеси реплика | страница <1 193194195196197 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |