|
Индивидуи на изминатите 2 милениуми |
Внеси реплика | страница <1 190191192193194 217> |
Автор | |
DarlinG
Сениор *Lara*Croft* Регистриран: 09.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1621 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АДНАН БАБАЈИЧ
СЛИКАВА ВРЕДИ СТО ЗБОРА |
|
|
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога некоја индивидуа сака да изгледа ерудициски и со својата елоквентност на другите да им звучи езотерично, тој (или таа), во својата артикулација, електира одредени флоскули, како би ги импонирал своите соговорници. Таквата дијалектика, индиспутабилно би ги оставила другиве индивидуи во бунило и би направила тие да се чувствуваат инфериорно, доколку тие не би се заинтригирале од ваквите инсинуации, па да посегнат по она што ние едноставно си го викаме В У Ј А К Л И Ј А... Што би правеле ние со ваквите каламбури на одредени индивидуи, кога би биле ригидни и би останале индиферентни да не го отвориме Лексиконот на странски зборови и изрази на индивидуата Милан Вујаклија... Милан Вујаклија (1895-1955) е колектор... уф пардон... ... е лексикограф и преведувач на филозофски дела(од германски), кој го создал овој познат Лексикон, кој иако е на "српско-хрватски" јазик, многу добро ни користи и нас.... А бе луѓе... До кога со вакви "одрази"...??? Златен Македонски јазик си имаме.... Изменето од james dean - 14.Февруари.2010 во 13:21 |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуа ЦАР - “Големиот Иван” Најексплозивната индивидуа во светот.... Царот на сите бомби...... По активирањето на првата атомска бомба, во Аламогорд, Ново Мексико, на 16 јули 1945 год., и бомбите фрлени врз Хирошима и Нагасаки... започнала светска трка за атомско наоружување и настојувањето да се направи што е можно посилна бомба, со што поголема експлозивна и разорна моќ... И така..... во таа трка..... Америте ..... мислејќи дека се поербап од Русите... ја создале хидрогенската бомба.... и на 1 ноември 1952 год., на еден пацифички остров (Enewetak Atoll), ја извршиле најсилната детонација која светот дотогаш ја видел... Тие ја активирале 10,4 магатонската хидрогенската бомба која експлодирала со сила 1.000 пати поголема од онаа во Хирошима и Нагасаки... Светлината која била испуштена во моментот на експлозијата била колку 1.000 сонца, а топлината можела да се почувствува и на 50 км. оддалеченост...... Но Русите го возвратиле ударот..... и на 30 октомври 1961 год., во Сибир, далеку на север, на островот Нова Земја , ја активирале бомбата наречена “Големиот Иван” (или Цар Бомба). Експлозијата на 100-мегатонската бомба (10 пати посилна од онаа на Американците), била видена и почувствувана и на раздалечина од 1.000 км., предизвикала земјотрес со јачина од 5,25 степени по Рихтер, а ударните воздушни бранови три пати ја обиколиле Земјата.... После ова случување.... индивидуите наречени луѓе, сватиле дека не треба да си играат со оган...... дека многу лесно може да се случи да направат некоја глупост.... Изменето од james dean - 14.Февруари.2010 во 13:21 |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jin versus Jang ``Во секое добро има по некое зло и обратно`` Не се знае кое победува се додека не влезат во рингот, јбг... Изменето од Lithium - 20.Јануари.2009 во 15:59 |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуа Македонска Репрезентација во Ракомет -МАЖИ
Вчера овие индивидуи на сликата ми го разубавија и ми го донесоа нај среќниот ден во оваа 2009 година.Во Вараждин Хрватска во трето коло од натпреварите по групи на колена падна вице шампионот од последното светско првенство,репрезентацијата на Полска. Македонија-Полска 30-29 беше конечниот резултат,на еден од најдобрите а може и најдобар меч што сме го изиграле во историјата на големите натпреварувања.Ова е составот на моментално најголемите херои МАКЕДОНЦИ со кои се гордеам. ВЛАТКО МИТКОВ ВЛАДИМИР ТЕМЕЛКОВ БОРКО РИСТОВСКИ ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ ВЕЛКО МАРКОСКИ АЛЕКСАНДАР ЈОВИЌ НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ ВАНЧО ДИМОВСКИ ГОЦЕ МАКАЛОСКИ ГОРАН ЃОРГОНОСКИ РАДЕ СТОЈАНОВИЌ ФИЛИП ЛАЗАРОВ СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ и двајцата НАД МАКЕДОНЦИ КИРИЛ ЛАЗАРОВ,човекот кој има ракета во својата рака и со брзина поголема од 100 км на час постигна 13 погодоци и ја искина на партали мрежата на Полска,и неповторливиот,човекот кои има рефлекси на пантер и фаќа мува во лет,најголемиот од најголемите, мојот херој СВЕТИ ПЕТАР АНГЕЛОВ или ДИВИИИИИИИИИИИИИИ Фала ви момци што ни донесовте најголема радост,а со се надевам дека следна на нашиот список на идни ќовтиња ќе биде Германија и Русија Да не бидат заборавени и креаторите на оваа репрезентација составена од НАД МАКЕДОНЦИ. Триото задолжено за најголемиот подвиг,индивидуите со чија помош нашите НАД МАКЕДОНЦИ им ја криеа топката од видно поле на пољачињата и ги направија како малечки дечиња во состав Селектор-Илија Темелковски-то мајсторе Помошник селектор-Звонко Шундовски И чичкото со илјада очи,нашиот аналитичар Андон Бошковски |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На првата страна у 300 наброени индивидуи не го прочитав Че Гевара Еве го сега:
Че бил роден во Аргентина, бил лекар, револуционер, водач на Кубанската револуција. Шетал низ Аргентина, видел сиромаштија и сфатил дека само револуцијата е единствен начин да се победи нерамноправноста. Станал член на движењето на Фидел Кастро. Заминал од Куба со цел да направи општо светска револуција. Кога заминал во Боливија бил фатен од ЦИА. После го фатила Боливиската армија, и веднаш го убиле за да избегнат судење. Че исто како и Фидел Кастро се борел за ослободување на куба од Американското владеење. Инаку оваа сликава од погоре нема кој не ја видел и сеа пред неколку години се тужеа наследниците на Че со медиумите и што ти ја знам таму дека многу ја користеле таа слика секаде без никакво овластување и барале оштета. Тоа што човекот загинал и што станал икона на социјалистичката револуција баш им е гајле, важно да си дрпнат тие парички. Изменето од Lithium - 25.Јануари.2009 во 12:03 |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
фонтови и нивна употреба од индивидуите
Основен јазик на форумот е македонскиот и неговите дијалекти, а препорачливо е користење на кирилското писмо и нормална големина на фонт и букви (мали букви), освен во исклучителни ситуации. шо е нормална големина, кои се исклучителни ситуачии инаку , фонтовите си имат своја големина 2 3 4 5 5 6 7 затоа се тука, да е забрането, ќе ги нема кој број е дозволен на темите , и кои се исклучителни ситуации и кој број важи за исклучителните ситуации. за бојата, има некој проблем???????? кој знае да одговори ? |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неста Роберт Марли
Попознат уште како Боб Марли. Роден 6 јануари 1945, музичар и писател на песни од Јамајка. Свирел реге музика и ја проширил реге музиката од Јамајка кон другите држави. Најпознати песни му се: I shot the sheriff, No woman no cry, One love.... Имал 13 деца. ( Машала....) Умрел на 36 годишна возраст |
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Беноа Манделброт - индивидуата која ги откри фракталите Беноа Манделброт (1924 - ) француски математичар (роден Пољак)... го открил постоењето на фракталите (иако некои го оспоруваат тоа) и дал огромен придонес во напредокот за нивното сваќање, а со тоа и на Теоријата на хаосот. Почнал да се интересира за фракталите во 1970-тите години кога ги поставил и основите на Фракталната геометрија. Покажал дека фракталите не можат да бидат сметани како целобројни димензии, туку би требало да имаат фрактални димензии. Манделброт верувал дека фракталите можат да се најдат насекаде во природата, на места како: брегови линии, планини, облаци, агрегати и збирови галаксии. Еееее.... хаос, хаос..... Има нешто во сето тоа.... Изменето од james dean - 14.Февруари.2010 во 13:20 |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуа: Идиот
Дефиниција: ``Човек`` со нарушено ментално и физичко однесување неприлагодено кон општеството во кое живее. Изменето од Lithium - 11.Октомври.2009 во 21:53 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
F R A N C O I S E H A R D Y e francuska pejacka rod na 17.01.1944 vo Pariz i nema da pisuvam za nejzinata kariera, buntoven romantrizam, dobar stil golemata dikografija , samo ke vi preporacam da uzivate slusajki edna nejzina pesna koja od koga ja slusnav kaj drugarka mi , kopajki po singlkite na nejziniot vujko, ostana do denes pesna no 1 LA MER La mer qu'on voit danser le long des golfes clairs A des reflets d'argeant, la mer Des reflets changeants sous la pluie La mer au ciel d'ete confond ses blanc moutons avec les anges si purs, la mer bergere d'azur infinie Voyez pres des etangs ces grands roseaux mouliies Voyez ces oiseaux blancs et ces maisons rouilles La mer les a berces le long des golfes clairs et d'une chansone d'amour, la mer a berce mon couer pour la vie La mer les a berce le long des golfes clairs et d'une chansone da'amour, la mer a berce mon couer pour la vie .... La mer... http://www.youtube.com/watch?v=gJswbSZgXrg Изменето од butel2 - 28.Јануари.2009 во 13:12 |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуа ВИРТУЕЛНИ МАНИЈАЦИ Добар дел од нив на почетокот се симпатични индивидуи (такви се прават) се додека нивниот вистински карактер и манијата која ја носат во себе не исплива на површина. Откако по некоја случајност ке се судрите во сајбер просторот со ваква индивидуа има опасност да станете предмет на нејзина опсесија иако на почетокот воопшто не сте ја приметувале оваа индивидуа ниту пак сте иницирале било каква желба да се судрите со неа (ова ке го дефинирам како прва фаза). По завршувањето на оваа фаза, фаза демек "случајна средба", следи втората фаза која започнува со отворено дишење во врат, следење по форуми, теми, постови и провоцирање со цел да те исфрли од такт како би го хранела своето електронско алтер его, бидејки овие индивидуи живеат само виртуелно, во виртуелниот свет се реализираат и таму се чувствуваат најбезбедни. Третата фаза која овие индивидуи секако ја практикуваат се директните навреди адресирани до објектот на нивната опсесија, како и постојано смислување на разноразни сценарија и уцени. Ваквите индивидуи вообичаено имаат повеке тајни никови, кои се активни и ги употребуваат по потреба, но своето право лице го покажуваат пишувајки со оној ник за кој мислат дека им дава имунитет од санкции и преку кој глумат она што во стварноста не се, фина и праведна особа, комуникативна, уметник по душа и по свое лично убедување, благоугодна за дружба, грижлива и спремна на сите да им помогне. Единствен спас од овие виртуелни манијаци е да се игнорираат и прескакаат, со одвреме навреме упатен HardON нокдаун кон нив, особено во момент кога ке почнат премногу одблизу да ви дишат у врат, и секако кога ке се почувствуваат дека се ON THE TOP. Изменето од moira - 28.Јануари.2009 во 19:03 |
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуалност
Tabula rasa Секоја индивидуа се карактеризира со своја индивидуалност ( најверојатно ) Индивидуи со индивидуалност кога нивниот патетичен живот им станува премногу обичен и се занимаваат со туѓиот живот бидејќи им е поинтересен Индивидуи со индивидуалност кога немаат друга работа па гледаат сеир на другите Индивидуи со плукачка индивидуалност кои плукаат по други, плукаат по туѓите успеси затоа што тие успех никогаш не забележале. Изменето од Lithium - 11.Октомври.2009 во 21:55 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индивидуа: Марфи
Индивидуа којшто верувам дека сите го знаете. Не го знаете лично ама сигурно сте прочитале некој од неговите ЗАКОНИ. Еве неколку закони од чичко Марфи *Дефиниција за следач: Тип што ти дише у врат, да фатиш реума, без разлика дали си несигурен или не тој Е. Во тебе. *Дефиниција за будала: Ако си будала ќе поверуваш дека можеш да леташ. И види чудо, можеш ама за кратко *Ако е глупо а работи - не е глупо *Убивање за мир е исто како и еб*ње за невиност И ко за крај еве уште еден: Секогаш постои начин, и вообичаено не е како што треба Изменето од Lithium - 02.Февруари.2009 во 21:30 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
Внеси реплика | страница <1 190191192193194 217> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |