IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 36>
Автор
Порака
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 15:35
Се повеќе грчки бизнисмени поради економскиот колапс на државата,планираат да го префрлат својот бизнис во Македонија.
ете милијарда долари....
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 21:33
fala bogu!изненадување
 
...barem nekoj ke se spasi !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 12:34
среќа..............намигнување..............
 

Прилепска пиварница со нова инвестиција во производството


Прилепска пиварница инвестираше во нова опрема за бескиселгурна филтрација, која ќе овозможи по филтрацијата да нема отпад. Со ова компанијата се вброи меѓу трите во Европа кои поседуваат ваков тип опрема со која се заштитува животната средина.
- Секогаш се стремиме да бидеме иноватори и ќе продолжиме на тој начин да ја развиваме Прилепска пиварница, затоа што нашите потрошувачи го заслужуваат најдоброто - рече Панде Самарџиоска, заменик-генерален директор на Прилепска пиварница.
Инвестицијата во процесот на производство се состои во поставување мембрански филтри што ќе ги отстрануваат фините честитки на квасец и протеинскиот талог. Новиот начин на филтрација дозволува и постојана стабилизација на пиво за намалување на состојките кои негативно влијаат на горчината на пивото со што се добива чиста, фина горчина. Опремата е набавена од светските производители од Германија.
Прилепската пиварница а.д. Прилеп е основана во 1924 година. Инвестициите во висока технологија ја направија една од најмодерните пиварници на Балканот. Покрај домашните брендови: Блум, Златен даб, Крали Марко, Мајсторско пиво, Газоза, Портокалада ги полни лиценцните пијалаци Пепси, Миринда, Севен ап и е ексклузивен импортер за пивата Туборг и Карлсберг.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2011 во 22:08
 
Скопје, Битола и Тетово меѓу најдобрите за бизнис во ЈИЕ
Во Скопје е најлесно, а во Приштина најкомплицирано да се започне бизнис покажува последниот извештај "Дуинг Бизнис" на Светската банка за земјите од регионот. Целата постапка која трае три дена и чини само 100 долари, го позиционира македонскиот главен град на врвот од листата пред Битола и Тетово, кои се на второ, односно на трето место. Според извештајот, Скопје и Бања Лука постигнале најголем напредок во подобрување на бизнис регулативата во регионот. Најголем е напредокот во процедурата за добивање градежна дозвола која за разлика од пред три години е драстично намалена. Полесно од Скопје, градежна дозвола се добива само во Никшиќ. И во овој сегмент Тетово е на трето место.

Регистрирањето на имотот е најлесно во молдавските градови Балти и Кишињев, а потоа следи Битола. Во 2008-мата Битола го заземала челното место, а Скопје има напредок од само едно место и во 2011-та ја зазема 15-та позиција. На ниво на држава во Македонија времетраењето на процедурата се намалило за повеќе од 1 месец, во период од 3 години.

Присилното раскинување на договор е најлесно во Зрењанин, Кишињев и во Тетово каде требаат 290 дена за процесуирање на споровите. По овој критериум Битола е на 5-то, а Скопје на 9-то место. Извршувањето на договорите е најтешко во Призрен.

На ниво на држава, Македонија спровела најмногу реформи -17 во период од 3 години. На светско ниво земјата во 2008-мата била на 75-то, а годинава е рангирана на 38-мо место според перформансите на трите градови опфатени во извештајот.

Анализата Дуинг бизнис опфаќа 22 градови во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Црна Гора и Молдавија
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 14:16
абе што да се каже..пофалби насекаде за сите нас.
само СИТЕЛ испушти да даде поголемо значење на изјавата на еден амбасадор,кој најсериозно и загрижено изјави дека ако вака продолжиме ни биле потребни (само)90 години да го достигнеме сегашниов развој на Европа.

ма што не занима тоа каде е Европа,важно кај сме ние и што правиме...нели гледа тој дека стапката на развој во првите три месеци е зголемена во споредба со лани..кај рударството(вадење камен..ваљда оној за посипување на улици и плоштади за пред избори )е со најголем пораст...
да не кажам за надворешната размена,во трговија со нафта..за ваков тип на извоз,ни нема равен.покрај прозводството и пласманот на ел.енергија,бизнисот со извозот на нафта е на мислам..второ место.
..после Гадафи,погодете кој е на ред!



...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2011 во 18:30
 
Дали македонските компании се подготвени за поголемо освојување на косовскиот пазар ...?

Увозното ембарго што Косово и го воведе на Србија отвара голема врата за македонскиот производи, согласна е бизнис заедницата. Тие се веќе присутни на косовскиот пазар, но токму од македонскиот деловен центар во Приштина, велат дека тоа е далеку под можностите.

Причината е што повеќето македонски извозници избираат да работат со косовски дистрибутери, наместо да инвестираат во свое претставништво и логистика, а секако и во маркетинг, пракса која, на пример, српските компании во Македонија на големо ја применуваат.

Најмладата држава во Европа е слабо развиена, но тоа не значи дека косовските потрошувачи се далеку зад нас по куповната моќ. Значаен дел од населението работи за некаква странска мисија и заработува плати двојно поголеми од македонскиот просек, а голем дел заработува во сивата економија.

Македонија остварува суфицит во трговијата со Косово, но треба да се има предвид дека најмалку третина од извозот го прават нафтените деривати од ОКТА.

Конк*ренцијата е силна, пред се албанските, а потоа и словенечките и хрватските компании, активно влегуваат на косовскиот пазар. Во последно време интересот расте и од бугарските фирми, а покрај кризата не треба да се занемарат и грчките бизниси. Сите сакаат парче од колачот.

Во меѓувреме Србија правда за ембаргото ќе бара од  Европската комисија и Обединетите нации, со аргумент дека косовксите власти го прекршиле договорот за слободна трговија.....

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 15:55
еве како тоа се прави во сериозна држава..
а замислете некои не вбројуваат во групата со оваа држава...блазе си ни..

вселенска програма
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 21:20

Почнува изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ во Штип

 17. октомври 2011

Во фабриката ќе се произведува тапацир за автомобилски седишта. Ќе отвори нови 1.400 работни места

Aмериканската компанија „Џонсон контролс“ почнува со изградба на втората фабрика во Македонија, инвестиција вредна 20 милиони евра. Камен темелникот ќе биде поставен денеска во Технолошко-индустриската зона кај Штип, на што ќе присуствува и премиерот Никола Груевски. 

Во фабриката ќе се произведува тапацир за автомобилски седишта. Ќе отвори нови 1.400 работни места. Огласот за ангажирање на вработените беше објавен во септември, а се бараа стручни лица во процесот, како инженери за шиење, за кроење, инженери за компјутерски потпомогнато дизајнирање, тим лидери на производна линија, електромеханичари, ревизори за квалитет, проект асистен, како и искусни оператори за шиење. Се очекува фабриката да почне со работа за една година.

Договорите за реализација на оваа инвестиција на „Џонсон контролс“, кој веќе работи на ТИРЗ - Скопје, беа потпишани во септември годинава.

Според премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе биде сериозен придонес за македонската економија, а одлуката за изградба на фабриката е потврда за добрите услови за бизнис во Македонија.



Убави вести од Штип.Доколку навистина се реализираат тие 1400 вработувања, ќе биде сериозен удар за газдите-експлоататори од текстилните фабрики во Штип да конечно им ги зголемат мизерните плати на текстилците за да ги задржат квалификуваните работници во своите фабрики. Инаку живо ме интересира какви се платите и условите за работа во фабриката на Џ.К. во Скопје. Ако има некој информација бујрум.

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2011 во 23:22
..па нема место веќе во Скопската,сега мора и во Штип да гради..!Сепак,на иста локација две-три фабрики некако не изгледа на добро..
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 12:44
 

Маџар Телеком наредните неколку години планира да вложи нови 180 милиони евра во Македонија. Како што соопшти денеска унгарскиот амбасадор Јожев Бенце при посетата на Стопанската комора, исклучително сериозни се заложбите на неговата земја за унапредување на економската соработка со Македонија.

 

-Унгарија е еден од најголемите инвеститори во Македонија. Светската криза се одрази на билатералната економска соработка, но нашите напори за нејзино интензивирање продолжуваат, рече Бенце.

Телекомуникациите, енергетиката, банкарството, туризмот, земјоделството и гасификацијата се само некои од сферите кон кои ќе се фокусираат идните бизнис активности.

За што подиректна и поефикасна комуникација меѓу бизнисмените и надлежните институции од двете држави, односно нејзино  подигнување на највисоко ниво, амбасадорот предлага формирање мешовит стопански комитет.

Бенце од Стопанската комора уште еднаш порача дека Унгарија во целост го поддржува процесот на македонското евроинтегрирање. Македонија, нагласи, мора да ги почне преговорите за членство во ЕУ иако се уште не е надминат проблемот со името. Тоа ќе даде исклучителен импулс за унапредување на економските текови.

- Ќе и дадеме целосна поддршка на Македонија за почеток на преговорите. ЕУ веќе трета година дава согласност дека земјата е подготвена иако се уште не е одреден датум, истакна унгарскиот амбасадор.

Вкупната трговска размена меѓу Макдонија и Унгарија лани беше 115 милиони евра, а во првите осум месеци од годинава достигна 36,6 милиони долари. Остварен е извоз во вредност од 5,2 милиона, а увозното салдо е 31,4 милиони долари. Според податоците од Стопанската комора, евидентен е негативен биланс од 26,2 милиона долари. Во однос на истиот период од 2010, извозот е зголемен за 11,3 проценти, а увозот е намален за 0,8 отсто. Вкупната размена, пак, бележи раст од 0,8 проценти.

Можности за зголемување на размената постојат во информатиката, управувањето со отпад, третманот со отапдните води, пазарот на недвижност.

Покрај инвестирањето, велат од Комората, двете економии треба да соработуваат и во производството наменето за трети пазари, како и заеднички да наспатуваат пред европските фондови.



Изменето од емил - 09.Ноември.2011 во 12:44
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2011 во 09:42
шише џам наместо во РМ,си вложи кај Бугарите.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 15:23

Почнува реализацијата на инвестицијата на „Кромберг и Шуберт“- ќе се вработат над 2.000 лица


Инвестицијата од 20 милиони евра на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ формално почна да се реализира.

Договорот се потпиша денеска во Владата, а финишот на инвестицијата се очекува во третиот квартал од наредната година кога треба да почне производството на новата фабрика во индустриската зона Жабени во Битола каде ќе бидат вработени на почетокот 400 лица, бројка која во првите пет години ќе достигне до 2.000.

 

Договорот го потпишаа министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и претставниците на германската компанија Волфганг Тупи и Сами Загуани. Фабриката во Жабени ќе изработува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа како што се „фолксваген“, BMW, „ауди“, „мерцедес“.

За германската компанија одлучувачко да инвестира во Македонија била квалитетната работна сила и конкурентските услови, рече претставникот од компанијата Тупи.

Според премиерот Груевски, најважно од оваа инвестиција и она што радува се новите работни места која бројка е околу 2.000 директни вработувања, но почетокот на работењето на фабриката во Битола ќе отвори и индиректни работни места како што се во транспортот, логистиката, сервисите кои компанијата ќе ги користи.

- Нема подобри моменти од ваков кога се отвораат нови работни места, рече премиерот Груевски по потпишувањето на Договорот.

Тој додаде дека покрај отворањето на работните места позитивно од реализацијата на оваа инвестиција е и подобрувањето на трговскиот биланс за 20 милиони евра.

Самак потенцира дека ова е инвестиција во Македонија со најголем број вработувања.

За вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски реализацијата на оваа инвестиција е потврда дека Македонија е земја која има што да понуди и дека знае како да понуди.

„Кромберг и Шуберт“ е германска семејна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолошки производи, како кабли, кабловски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Со искуство и компетентност, фирмата е заснована како важен партнер на автомобилската индустрија.


Битолчани еве добри вести за вас...Само да не се расипе работата како со некои други најавувани инвеститори претходно...

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
konan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 749
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај konan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 17:27
amii, nemat rabota pa tresat gluposti, i to ne vaze za nas sekako,Crni prognozi? ma daj, ima crno , pomalku crno i povekje crno, e da, i naj crno, ama celo vreme  crno, nis strasnoголема насмевка
Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 18:59
Originally posted by konan konan напиша:

amii, nemat rabota pa tresat gluposti, i to ne vaze za nas sekako,Crni prognozi? ma daj, ima crno , pomalku crno i povekje crno, e da, i naj crno, ama celo vreme  crno, nis strasnoголема насмевка



Не знам точно за што зборуваш али не е се така црно во економијата...Има и сиви елементи...голема насмевка
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.