IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 15:28

Рестован компир

Потребно:

* 1 кг компири
* 50 мл масло
* 70 г кромид
* сол
* бибер
* малку мелен црвен пипер

Приготвување: изберете компири со приближно иста големина, измијте ги и ставете ги во тенџере со вода. Варете ги околу 45 минути. Варени, исцедете ги, изладете ги под млаз студена вода и излупете ги. Во тавче на загреано масло пропржете го ситно сечканиот кромид, па додајте ги компирите исечени на тенки тркалца. По желба, може да додадете сол, бибер и малку мелен црвен пипер. Измешајте го сето тоа и уште кратко пропржете го. Послужете го рестованиот компир како прилог со печена риба.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 12:27

Сендвич со пилешки стек

Потребно:

* 1 парче леб
* 45 г путер
* 1 главица кромид
* 1 чешне лук
* 125 г пилешки стек
* 2 лажици павлака
* 1 лажичка пире од домати
* 2 лажички ситно сечкан кромид
* 1/4 лажичка сенф
* сол
* бибер

Приготвување: парчето леб тенко премачкајте го со путерот, а остатокот загрејте го. Откако ќе се стопи додадете го ситно сечканиот кромид (главицата) и пржете го околу две минути. Потоа додадете ги истолчениот лук и месото исечено на ленти, па сето тоа пржете го додека месото не омекне. Смесата извадете ја од тавата, па во маслото додадете ги павлаката, малку вода, пирето од домати, исечканиот кромид и сенфот, па сето тоа варете го додека не добиете сос. Пред крај ставете ги солта и биберот. Врз парчето леб ставете го месото и кромидот, а одозгора прелијте го со сосот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2011 во 05:39

Лепчиња со пиво

Потребно:

* 4 парчиња тост леб
* 1 лажица маргарин
* сол
* бибер
* 2 жолчки
* 4 лажици пиво
* 200 г ементалер (кашкавал)
* 200 г кравјо сирење

Приготвување: малку потпечете ги парчињата леб во тавче (без масло). Измешајте ги издробеното кравјо сирење и ренданиот кашкавал со пивото, па додајте ги изматените жолчки, биберот и сол по потреба. Премачкајте ги парчињата леб со маргарин, врз нив ставете ја смесата со сирењето, па печете ги околу 15 минути во рерна загреана на средна температура.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 06:23

Виршли во тесто

Потребно:

* 1 пакување лиснато тесто
* 12 виршли
* 1 јајце
* ким
* малку млеко

Приготвување: расучете го лиснатото тесто во тенка кора, дебела околу половина сантиметар. Исечете 12 парчиња, големи 16 х 10 см. Завиткајте ја виршлата во тестото, премачкајте го со млеко и изматена жолчка, па посипете одозгора со ким. Премачкајте ги страните од тестото со изматената белка за да не се одлепат при печењето. Вака подготвените виршли печете ги околу 15 минути во загреана рерна.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 14:17

Јунешки бут со сенф

Потребно:

* 1 кг јунешки бут
* сол
* 3-4 дафинови листа
* 10 зрна бибер
* 50 г сенф
За гарнир: варени компири

Приготвување: измијте го бутот и ставете го во тенџере да се вари. Потоа додајте ги солта, дафиновите листови и биберот во зрно. Варете го бутот околу два и пол часа. Откако ќе се свари, исчистете го од коските, па премачкајте го со сенфот и послужете го со варените компири.

Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2011 во 12:01
od kade ja najde receptava emile? збунетостova e isprobano li? збунетост
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2011 во 23:37
Originally posted by gazela gazela напиша:

od kade ja najde receptava emile? збунетостova e isprobano li? збунетост
 
 
ќе ти одговорам со ЛП
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2011 во 23:22

Стапчиња со мајчина душица

Стапчињата со мајчина душица ја поттикнуваат работата на желудникот, но и варењето на мрсните јадења. Може да се земаат со јадење наместо леб.
За да ги подготвите овие стапчиња потребно ви е: 500 г брашно, 40 г свеж квасец, 200 мл топла вода, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сува (или ако е свежа, ситно сечкана) мајчина душица, 6 лажици маслиново масло, 100 мл млеко за премачкување.
Приготвување: во брашното издробете го квасецот, па додадете ги топлата вода, маслиновото масло, солта и шеќерот и од сето тоа замесете мазно тесто. Откако ќе отстои 60 минути на ладно место, тестото тенко расучете го во кора и исечете го на парчиња големи 15 х 6 см. Секое парче тесто премачкајте го со млеко, посипете го со мајчината душица и свиткајте го. Стапчињата ставете ги во тавче покриено со хартија за печење, повторно премачкајте ги со млеко и печете ги 10-12 минути во рерна загреана на 180 степени.



Изменето од емил - 15.Март.2011 во 23:22
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 12:31

Брзи кифлички

Потребно:

* 600 г брашно
* 1 прашок за печиво
* 3 лажички сол
* 1 сув квасец
* 1 лажица шеќер
* 100 мл масло
* 200 г кисела павлака
* 200 мл топло млеко
* сирење
* 1 јајце

Приготвување: измешајте ги сите суви состојки, па со наизменично додавање на масло, павлака и млеко, замесете средно тврдо тесто. Оставете го да нарасне. Потоа поделете го тестото на четири дела. Расучете го секој дел во кора дебела половина сантиметар. Сечете ја кората на триаголници. Врз секој ставете малку сирење и виткајте од пошироката кон потесната страна од триаголникот (во вид на кифла). Редете ги кифличките во тавче обложено со масна хартија, па премачкајте ги со изматено јајце и оставете ги да отстојат 15 минути. Печете ги околу 25 минути во рерна загреана на 200 степени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 06:38

Земичка со зеленчук

Потребно:

* 1 земичка
* 2 лажици крем-сирење со зачински билки
* 1 пиперка
* 1/2 корен од целер
* лист зелена салата

Приготвување: земичката пресечете ја хоризонтално, па долната половина премачкајте ја со крем-сирењето. Пиперката и коренот од целер измијте ги и исчистете ги. Пиперката исечете ја на стапчиња, а коренот од целер на тенки тркалца. Врз крем-сирењето распоредете ги пиперката и коренот од целер, а одозгора ставете лист од измиената и исчистена зелена салата. Сендвичот поклопете го со горната половина од земичката.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 20:17

Св. Патрик рецепти

Говедски гулаш со црно пиво

СОСТОЈКИ
• 2.5 кг варено говедско месо
• брашно
• маслиново масло
• морков
• кромид
• целер
• зачини
• ½ литар црно пиво
• 400 гр сос од домати
• бибер

ПОДГОТОВКА
Зачинете го говедското месо со бибер и додадете го брашното. Пржете го месото на масло, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Додадете кромид и пржете уште една минута. Потоа се додаваат морковот, целерот и зачините. Пржете уште 4 минути и додадете пиво и сок од домати. Оставете да се вари околу 2 часа.



Изменето од емил - 14.Април.2011 во 20:17
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2011 во 13:57

Свински гулаш

Потребно:

* 500 г свинско месо од бут
* 3 главици кромид
* масло
* 200 мл супа од коцка
* сол
* бибер
* зачинал
* мелен црвен пипер
* 1 китка магдонос

Приготвување: кромидот ситно исечкајте го, малку посолете го и пржете го во загреано масло. Кромидот динстајте го на тивок оган додека не зарумени. Потоа додадете го месото исечено на коцки и динстајте го 15 минути, односно додека не почне да пушта сок. Сето тоа прелијте го со супата од коцка и зачинете го со сол, бибер, зачинал и мелен црвен пипер. Гулашот варете го додека смесата не се згусне. Пред сервирање посипете го со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2011 во 13:57

Чипс од зеленчук

За да направите чипс од зеленчук потребно е тенко да исечете по должина две млади тиквички. Излупете два моркова и исечете ги на стапчиња. Половина од помал корен од целер исечете го на тркалца. Два млади компира исечете ги на тркалца. Пржете ги компирите во поголемо количество загреано масло, а остатокот од зеленчукот испрпелкајте го во брашно и пржете го во истото масло. Чипсот ставајте го на хартиена салвета, но внимавајте, не треба да се поклопуваат, па посолете ги парчињата и послужете ги веднаш.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 05:53

Виршли со сланина

Потребно:

* 6 виршли
* 3 парчиња кашкавал
* 6 тенки парчиња сланина
* 2 лажички сенф

Приготвување: виршлите засечете ги по должина (околу 1 сма во длабочина). Кашкавалот исечете го на долгнавести стапчиња. Стапчињата ставете ги во засечените делови од виршлите. Секоја виршла завиткајте ја во сланината и краевите зацврстете ги со чепкалки. Така подготвените виршли ставете ги во тавче и печете ги 10-ина минути во рерна загреана на 180 степени, т.е. додека кашкавалот не почен да се топи. Печените виршли сервирајте ги со сенф

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.