IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 36>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2010 во 14:41
Ски-центарот Кожуф продаден на инвеститор од Дубаи 
 
Интернационалната групација МГ со седиште во Дубаи и официјално е новиот доминантен сопственик во ски-центарот Кожуф. Во локалната самоуправа во Кавадарци, претставниците на компанијата рекоа дека со првичната инвестиција од 200 милиони евра очекуваат Македонија да стане привлечна зимско-туристичка дестинација
 
___________________________
 
ете една навистина добра вест за македонската икономика дада
Кон врв
kum Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kum Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2010 во 22:10
конечно поголе инвестиција во 2010...цела 2010 имаше 90...а сега на крај на година 200 одеднаш
JOIN THE FAMILY
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2010 во 22:09
Новогодишен- панаѓур
од 16.12 до 28.12.2010(вторник) секој ден од 11-20ч.
локација: Скопски саем
влезница 30 ден.


Низ штандовите кои се простираат низ 3 хали и 2 анекса може да се најдат ефтини фармерки, џемпери, детски јакни, чорапи(3 пара за 100), новогодишни украси, чоколади&бонбони, мебел(хокедла за 500ден.), автомобилска козметика а има и 3 штанда со книги(претежно детска и духовна литература).

Изменето од Majkl - 18.Декември.2010 во 22:10
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 18:23
 
 
Струјата и парното од јануари поскапи.
Сметките за електрична енергија идната година ќе се зголемат за 6,36%, пресметаа во Регулаторната комисија за енергетика, по барањата за поскапа струја од енергетските компании.

Зголемувањето на цената на електричната енергија се должи на зголемените трошоци кај енергетските компании. Обработени се сите барања на компаниите, подготвителната седница ќе се одржи во среда, а пет дена потоа ќе следи конечната одлука, вели Димитар Петров, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Повисоки цени ќе има и за граѓаните што користат топлинска енергија. За нив поскапувањето е минимално 0,6%. Единствено, намалување има кај корисниците на парно од Скопје се должи на високите темепратури во изминатите два месеци и заштеда на енергија во тој период и тоа се рефлектира со намален приход за наредната година за овие три компании, вели Димитар Петров.

Регулаторите на подготвителните седници закажани оваа недела ќе ги чујат аргументите на енергетските компании, очекуваат да има несогласувања за предлогот за поскапувањето. Идната недела ќе ја донесат конечната одлука за процентот на зголемување на цената на струјата и на топлинската енергија.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2010 во 17:16
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 12:55
....se potepaa....za tuka....изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 15:55

Ќути,нема да можеме да се разминеме во 2011 од туристихи,%20хи...

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 16:17
газење%20од%20смеење!

...a be,..koga ke vidish nishto chudno a i da ni dojdat amerikanci,..збунетост

...im sk*rchilo vekje od razni,..balinja,..fidjinja...tahiti - mahiti....somudi bezmudi...havai ...i slichni sranja,...изненадување

...koga ke go vidat ohrid i makedonijava ,...vechni turisti ke stanat nejzini...да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2011 во 09:11

СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ХЕРЕТИЏ И ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ


Македонија на 55. место според економската слобода


Земјава забележала скок за едно место од минатогодишното 56. и спаѓа во групата "умерено слободни економии". Скокот од едно место погоре се должи на подобрувањата во слободата од корупција и монетарната слобода. Нејзината целокупна оценка е над светскиот просек


Македонија се најде на 55. место според економската слобода за 2011 година, покажува истражувањето на американска фондација Херетиџ и Волстрит џурнал. Земјава забележала скок за едно место од минатогодишното 56. и спаѓа во групата умерено слободни економии". И годинава Македонија со оценка 66 се наоѓа пред сите земји во регионот - зад нас се Словенија на 66. место, Албанија на 70., Црна Гора на 76., Хрватска на 82. и последна е Босна и Херцеговина на 104. место. 
- Скокот од едно место погоре се должи на подобрувањата во слободата од корупција и монетарната слобода. Нејзината целокупна оценка е над светскиот просек - се вели во извештајот.

Во извештајот се даваат оценки за 10 области од економијата и работењето на компаниите: слобода од корупција, финансиска слобода, слобода на работење, инвестициска слобода, фискална слобода, државна потрошувачка, монетарна слобода, работна слобода, трговска слобода и сопственичка слобода. Македонија најдобра оценка добива во областа фискална слобода - оценка 90, додека најслабо се покажала во сопственичката слобода, за што е оценета со 35. Високи оценки имаме и за монетарната слобода, работната слобода и трговската слобода, а послабо сме се покажале во областа слобода од корупција.

Во извештајот на Херетиџ и Волстрит џурнал се наведува дека Македонија не е сериозно погодена од глобалната финансиска криза.
- Македонија има преземено значајни реформи во многу аспекти на нејзината економија во текот на изминатите неколку години. При тоа е забележан инспиративен економски раст и развој на просперитетен претприемнички сектор. Земјата има конк*рентни рамни даночни стапки и растечки финансиски сектор. Монетарната стабилност релативно добро се одржува, а банкарскиот сектор ја преброди глобалната финансиска криза релативно добро - се наведува во извештајот.

Понатаму се забележува дека постојат бавни структурни ограничувања во однос на развојот во приватниот сектор. 
- Значителниот степен на корупција и слабите сопственички права се товар за иновативни деловни активности. Релативно високите нивоа на владиното трошење исто така го попречуваат динамичниот економски раст на долги патеки - се истакнува во извештајот.

Во последната година, вкупните државни расходи, вклучувајќи ги и потрошувачката и трансферот на плаќања, изнесуваат 34,5 проценти од БДП. Некои мали и средни хидроцентрали се приватизирани, а секторот на електрична енергија останува важна цел за реформи. Како одговор на недамнешната глобална криза Владата ги намали јавните трошоци и ги замрзна платите во јавниот сектор, но затоа ги зголеми инвестициите во инфраструктурата, во обид за поттикнување на приватниот сектор.
- Странските и домашните инвеститори имаат еднаков третман и нерезиденти можат да инвестираат во домашни фирми со неколку исклучоци - велат во извештајот. 
Се забележува дека заштита на правата на сопственост во Македонија е слаба, особено во регистрација на недвижен имот и добивање на земјиште, а корупција има во полицијата и судскиот систем.

Инаку, Хонг Конг, според извештајот, е најслободна земја во светот со вкупна оценка 89,7, а следуваат Сингапур, Австралија, Нов Зеланд. Додека најслободна во Европа е Швајцарија на петто место со оценка 81,9. Меѓу десетте најдобри се и Канада, Ирска, Данска, САД и Бахреин.



Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2011 во 15:46

Работодавачите во Македонија најмногу бараат работна сила во секторите продажба, маркетинг, угостителство, образование, градежништво, информатика, финансии и банкарство. Ова го потврдуваат информациите од Интернет- порталот najdirabota.com.mk, како и од агенцијата за привремени вработувања Nextlevel, каде што велат дека квалификуваните работници се најбарани.
Кристијан Петковски од najdirabota.com.mk, вели дека работодавачите најмногу се заинтересирани за високообразованите кадри, иако одредени работни места не ја бараат таа квалификација.

И за работа во продавница работодавачот си дозволува да побара лице со завршен факултет?!
Во Македонија износот на платата за вработените го објавуваат само компаниите кои работат како претставништва на странските компании во земјава
Традиционално, претпочитање на женскиот пол има кога се бараат лица за продажба и маркетинг или за извршување на административни задачи, додека машкиот пол се преферира при ангажирање на кадри во инженерството
“Најголем број од работодавачите се заинтересирани за кандидати со висока стручна подготовка, а помал дел за лица со средна стручна подготовка или пониска, бидејќи и самиот пазар на труд во Македонија им го дозволува тоа. За едноставна работа во продавница работодавачот си дозволува да побара лице со ВСС”, вели Петковски.
Од Агенцијата за привремени вработувања Nextlevel нагласуваат дека голем број на македонски државјани во последно време бараат работа во градежниот сектор во Црна Гора, кој има големи барања за вакви кадри после влегувањето на големите руски инвестиции.

Странските компании во Македонија најпожелни за работа
Побарувачи на работни места се најчесто оние кои по завршувањето на образованието не можеле веднаш да најдат работа, како и оние кои останале без работа, велат од Агенциите за вработување.
Најголем интерес има за работните места кои се објавени од компаниите кои имаат свои претставништва во Македонија, како и компаниите од банкарскиот, телекомуникацискиот и фармацевтскиот сектор.
“Во Македонија износот на платата за вработените го објавуваат само компаниите кои работат како претставништва на странските компании во земјава”, констатира Петковски.
Во однос на квалификациите кои работодавачите ги бараат од оние кои ќе ги вработат, најмногу од кандидатите се бара да имаат повеќегодишно работно искуство.
“Малку од компаниите се подготвени да инвестираат во обука на кандидатите пред нивното вклучување во работниот процес. Освен искуството се бара кандидатите да познаваат англиски јазик, користење на компјутер, возачка дозвола, комуникативност, одговорно однесување. и тимска работа”, наведува Петковски.
Што се однесува на половата структура како фактор при изборот на работник, од агенциите за вработување кажуваат дека работодавачите во однос на ова се либерални, односно тоа не игра голема улога при одбирање на кандидат за работа.
“Единствено има претпочитање на женскиот пол кога се бараат лица за продажба и маркетинг или за извршување на административни задачи, додека машкиот пол се преферира при ангажирање на кадри во инженерството”, вели Петковски.

Најплатени се информатичарите и банкарите
Според статистиките на najdirabota.com.mk, најплатени се позициите каде што кадрите се дефицитарни.
“Најплатени се оние работни места каде стручниот кадар е дефицитарен, односно раководниот кадар во одредени компании каде се бара висока професионалност и стручно познавање, а истото се однесува и за техничкиот кадар во речиси сите компании во Македонија. Најниско платени се кадрите во текстилната индустрија, каде што во последно време се случуваат промени и кадрите во земјоделската индустрија”, вели Сашо Зафировски од Nextlevel.
Според податоците на Заводот за статистика за оваа година, најплатени биле вработените во финансискиот сектор и осигурување, со висина на плати над 30.000 денари. Потоа следуваат секторите за снабдување со струја, вода и гас и сообраќај и врски. Според статистиката кадрите во градежниот, прехранбениот и земјоделскиот сектор земаат плати од 8.000 до 12.000 денари, а најслабо се плаќа трудот на вработените во текстилната, гумарската и кожарската индустрија, со плати од 7-8.000 денари.
“Побарувачката на работна сила во однос на минатата година е зголемена за 46% и во очекување сме дека и во идната година ќе продолжи со истото темпо. Генерално бројот на слободни високо квалитетни кадри е се помал. Во последно време имаме се повеќе клиенти кои се заинтересирани по секоја цена да обезбедат високо квалитетни кадри со солидно искуство и стручност, посебно во областа на информатичката технологија и менаџерството”, вели Петковски



Кон врв
Biznis Ideja Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Февруари.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biznis Ideja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 16:07
Со изборот на некоја од бизнис идеите и вие можете да бидете дел од нашата програма која опфаќа софтверска подршка за вашиот бизнис како и изработка на бизнис проекти кои ги добивате со извршената нарачка на некоја од идеите кои ви ги нудиме. Добивате и своја лозинка за користење на сите податоци како и АДРЕСИ СО КОИ МОЖЕТЕ ДА АПЛИЦИРАТЕ ЗА КРЕДИТИ И ДОНАЦИИ.

Со проверените идеи на “Бизнис Идеја” во поубава и побогата иднина за вас и вашите најмили.
“Бизнис Идеја” - вашиот успешен почеток во новиот бизнис.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 20:41
 
 
 
 
 

Економијата ќе заздрави до 2012 година.....

Процесот на заздравување на македонската економија ќе биде заокружен во 2012 година.
Нивото на стапката на економски раст од периодот пред кризата,  се очекува да биде постигната во 2012 година, со проекција од 5%, а се предвидува дека просечната стапка на раст на БДП ќе биде околу 3,5%. На среден рок, државата очекува ефектите од економската криза во светот да бидат надминати, а Република Македонија да се врати на остварување релативно повисоки стапки на економски раст и интензивирање на процесот на приближување кон европските економии.

Од аспект на производствената страна на БДП, главен двигател на растот се очекува да бидат услугите. Во следните три години се очекува заживување на индустријата и нејзина повторна главна улога во нагорното придвижување на БДП. Главен двигател на економскиот раст се очекува да биде личната потрошувачка, која се предвидува да оствари просечна стапка на раст од 5,2%, се оценува во владината „Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната инсклученост во Република Македонија“. 

Има ли место за оптимизам?

Во очекување на оптимистичкото заздравување на економијата, граѓаните осиромашуваат, стандардот опаѓа, а платите не се доволни да се покријат месечните тековни трошоци. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 31,1%. Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства, имајќи го предвид фактот дека 53,7% од сиромашните живеат во домаќинства со пет и повеќе членови. Стапката на сиромаштија кај невработените е 40,5%, односно 42,7% од сите сиромашни се невработени лица.

Процентот на вработени кои не примиле плата во ноември 2010 изнесува 1,9% и е понизок за 0,9 п.п. во однос на истиот месец од 2009 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во февруари, а во однос на јануари годинава, изнесува 100.9, а во однос на февруари 2010 е 103.9.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во февруари, споредено со јануари, пораст на индексите е забележан во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,2%, здравје за 0,8%, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,4%, останати стоки и услуги за 0,3%, алкохолни пијалаци, тутун за 0,2%, комуникации и ресторани и хотели за 0,1%.

Рефлексии од глобалниот раст

Глобалниот раст во економијата е забавен, а според Европската централна банка, тој ќе има привремен карактер во почетокот на годината. Во овој период, високите цени на енергенсите и храната дополнително ги влошија состојбите, што се покажа дека стравувањата од ризиците беа оправдани.

Притоа, како клучни ризици за глобалниот економски раст ЕЦБ ги идентификуваше можноста од повторна појава на стрес на глобалниот финансиски пазар, поттикнат од сомнежите за продлабочување на фискалната криза во рамки на еврозоната, растот на цените на примарните производи, што може да се прелее во засилување на инфлациските притисоци, евентуалното воведување заштитни мерки во брзорастечките економии и земјите во развој заради справување со растот на капиталните приливи.

Инаку, проектираниот глобален раст за 2011 година изнесува 3,2%. Притоа, очекувањата се дека стапката на инфлација ќе продолжи привремено да се зголемува и во следниот период, одржувајќи се на ниво малку поголемо од 2%, а кон крајот на 2011 година повторно почна да забавува. Според декемвриските проекции на ЕЦБ, за 2011 се очекува остварување просечна стапка на инфлација во интервал од 1,3% и 2,3%.

Позначителен ефект од цените на нафтата и цените на храната врз инфлацијата се очекува на почетокот на годината, по што се очекува дека придонесот на увозната инфлација ќе се намали, за сметка на растот на домашните цени. Најновите податоци за четвртиот квартал од ланската година укажуваат на натамошно умерено засилување на растот на општото ценовно ниво и во земјите од регионот.

Ваквите движења во најголем дел се објаснуваат со растот на цените на храната и на енергијата на светските берзи. Притоа, најголемо засилување на растот на инфлацијата беше забележано во Србија, каде што годишната инфлација во периодот октомври-декември достигна 9,5%, и во Бугарија 4%. Пазарите на работна сила и натаму не бележат подобрувања.

Личната потрошувачка двигател на растот

Според прогнозите, личната потрошувачка ќе генерира раст. Според последните податоци на НБРМ, во третиот квартал од ланската година личната потрошувачка стагнира на квартална основа. Сепак, на годишна основа е забележано натамошно засилување на растот од 4,1%, при што приватната потрошувачка е примарен двигател на годишниот раст на БДП во третиот квартал на 2010 година.

Забрзаниот годишен раст делумно се должи на ниската споредбена основа од истиот квартал на 2009 година, кога личната потрошувачка достигна најниско ниво од почетокот на кризата, покажуваат анализите на НБРМ. Сепак, позитивните остварувања кај личната потрошувачка соодветствуваат и со закрепнувањето на пазарот на труд, што е видливо преку забележаниот годишен раст на бројот на вработените во економијата, како и со растот на кредитирањето на населението. Од друга страна, растот на доходот во реални показатели во третиот квартал и натаму забавува.

Забрзаниот раст на личната потрошувачка во третиот квартал соодветствува со засилениот раст на трговијата на мало и на увозот на потрошни добра, како и со домашното производство на потрошни добра, кое забележа раст по една година непрекинат пад. За наредниот квартал се очекува дека личната потрошувачка ќе биде минимално повисока на квартална основа, при натамошен, но поумерен годишен раст.

Ваквите оцени за динамиката на приватната потрошувачка можат да се објаснат со забавувањето на реалниот годишен раст на кредитите на населението од 1,7%, додека кај позначајните компоненти на доходот е забележана негативна реална промена -0,8% кај нето-платите и -10,3% кај приватните трансфери. Забавување на годишниот раст е забележано кај годишниот раст на трговијата на мало од 0,3% и на домашното производство на потрошни добра од 8,9%, додека увозот на стоки за широка потрошувачка и приходите од ДДВ во реални показатели се пониски за 1,8% и 6,2%.

Сепак, поволните очекувања во трговијата на мало за пораст на бројот на вработени и на порачки во наредниот период, како и позитивното поместување на показателот на доверба на потрошувачите ја потврдуваат оцената за одржување на растот на личната потрошувачка во позитивната зона, покажуваат анализите на Централната банка.

......М.Георгиевска......

Кон врв
anetadam Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anetadam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2011 во 21:35
Ako sakate da vidite nesto ekonomicno , so sto ke se zgolemi vasata zasteda, videte go sledniot link
http://www.green-solar.net/
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 15:06
Нов текстилен погон  на фирмата „Нома-текс“ денеска  e пуштен во употреба во старите општински простории на Општина Бутел, со почетна инвестиција од 50.000 евра и 40 вработувања.
 

Ѓорѓи Накоски, сопственикот на новиот погон кој претставува подружница на „Бомида - текс“, најави вработување на уште 40 лица за два месеца.  Работниот простор,  во кој се инсталирани 40 нови современи машини за шиење,  ќе се  проширува со уште еден погон. Бројката на вработени за една година  треба да достигне 160, најави Накоски, кој ги темели плановите на склучениот 15-годишен договор со партнерите од Германија и Холандија.   

Во погонот на Нома текс ќе се произведува за лон нарачки, а според Накоски сите работници ќе бидат пријавени, со исплата на минимална плата од 150 евра.

Зад „Нома-Текс“ стојат две реномирани странски компании „Лироп фешн“ од Холандија и „Векатекс“ од Германија. Новиот погон на овие странски брендови ќе работи на две конфекциски програми: работнички и карневалска програма. Работничката програма е покриена преку Векатекс од Германија и ќе се шијат униформи за вработените на Фолцваген, а комплетната карневалска програма ќе се шие за „Лироп Фешн“ од Холандија.

....Бизнис....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.