IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 32>
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 22:14

Енрике Иглезијас во експлицитен спот за песната “Sad Eyes“


http://www.exclusive.com.mk/article_item.asp?artid=24759
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2009 во 13:10
ОПЕРСКИОТ ПЕЈАЧ АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОСКИ ОСВОИ ПРВА НАГРАДА НА НАТПРЕВАРОТ ARENA DI VERONA

Младиот македонскиот оперски пејач Александар Стефаноски ја освои првата награда насветски реномираниот натпревар за млади оперски пејачи „Arena di Verona“ што се одржа во Верона, овој месец.



Стефаноски со освојување на првата награда ја доби и главната басовска улога на Колин во претставата „Боеми“ од Пучини, што ќе се одржи на 22, 24, 26, 28 и 30-ти јануари следната година во театарот Filarmonico (Arena di Verona).

На натпреварот, што се одржа од 11 до 13-ти ноември, од пријавени 500 учесници, во финалето учествуваа 47 кандидати од целиот свет кои се натпреваруваа за престижната главна награда за учество во опери кои ги организира Фондацијата Arena di Verona.

Натпреварот секоја година се одржува во просториите на „зимскиот“ театар на Arena di Verona-Teatro Filarmonico.

СИТЕЛ


Ајде една убава вест...Нека им се множат наградите на Македонците каде и да се...
Кон врв
tanas_1902 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 346
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tanas_1902 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2009 во 19:50
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2009 во 17:36
 
 
  

     Jennifer Lopez ....голема%20насмевка

На овогодинешното доделување на American Music Awadrs триумфираше младата ѕвезда Тејлор Свифт која со освоените пет награди го надмина и починатиот крал на поп музиката.

Кантри-ѕвездата, иако не беше на доделувањето, се јави од Лондон и се заблагодари за добиените награди.

Џермејн Џексон ги презеде четирите награди на Мајкл Џексон, меѓу кои и за најдобар изведувач на годината.

Вечерта ја одбележа и настапот на латино-ѕвездата Џенифер Лопез, која малку повеќе се занесе во изведбата на песната Louboutins, па падна на сцената.

Во текот на изведувањето на кореографијата, додека скокаше со танчерите, падна на задникот. Но снаодливата дива се снајде, стана и продолжи со играњето.

 

секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
KAROLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maкедонско девојче

Регистриран: 28.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KAROLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2009 во 10:44

Критика до Радискиот фестивал

 

Уште долго нема да ни биде јасно, кој вчера во Универзалната сала беше паднат од Марс? Едвај собраната публика, неколкуте залутани пејачи кои мислеа дека имаат хит, или сепак организаторите на МАРС, првиот Македонски радиски фестивал чија кратенка значи Македонска радио селекција.

Водителите кои беа најдобриот дел од повеќе од скромното шоу цело време и се заблагодаруваа на прекрасната публика. А која публика? Неколкуте девојчиња фанови на "Некст тајм", новинарите и пријателите на организаторите. При крајот на месецот, не секој ќе оддели 200 денари по студеното време да се потера до Универзална и да гледа "шоу" кое директно се емитува на ТВ. М2 продукција, на времето кога бираше таленти не сметаше на заработка од продажба на билети. Делеа влезници по училиштата, а талентите си собираа свои другарчиња. Седиштата од партерот беа извадени, децата играа и фрлаа балони, и атмосферата беше барем весела. Тоа на радио "Марсовците" не им текнало да го направат.

Рака на срце, имаше хитови што биле хитови. Но, имаше и пејачи за кои малкуте луѓе се чудеа кои се воопшто, и песни кои беа таму за да ја пополнат "хитовската" програма. За да не ги навредиме изведувачите кои не се виновни што се нашле на сцената вчера, нема да именуваме. Само ќе ги запрашаме организаторите: како се одредува кои песни се хитови, а кои не се? Според одлуката на радио станиците или според тоа кој е пријател, а кој непријател со газдите на телевизијата која го пренесуваше фестивалот?

Каролина по долго време се појави со "Крај", Тони Зен го утепаа од вртење со "Спушти се доле", Слаткар со "ФМ", Калиопи по долго време испеја македонска песна "Мене ми е име", а има и уште песни кои заслужија да се наречат хитови. Најсмешен дел во целиот циркуз е што за наслушана песна од Хрватска избраа песна која е најавна шпица на сапунска серија!

Хрватските глумици фала богу не дојдоа во празната Универзална!   

Организаторите веројатно сакале да направат радиски фестивали како во Србија и во Хрватска. Ама чуле и не дочуле. Гледале и не догледале. Гламур нула, шоу нула, забава нула. Скромна сцена, реклами на ТВ маратонски, а за тоа време никаква забава за гледачите во салата. Како на улица собрани деца, посетителите во салата си довикуваа едни со други, си се распрашуваа за спортските резултати, им довикуваа на водителите и свиркаа.
Луѓето кои стојат зад вториот МАРС, нека се спуштат на земјата. За лошото шоу и празната сала до утре можат да се вадат на спортската среда и турската серија која завбрши пред тие да почнат. За џабе им е.

Кон врв
vistinskipravoslavec Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 70
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vistinskipravoslavec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2009 во 23:07
Hip Hop Spektakal Veles                   http://mmm.com.mk/?ItemID=99C6C6E3545D014D9829D61D2B1C5670
Во небесното царство нема да влезе секој 4овек што ми се обракја ,Господе,Господе, туку само оние кои го извршуваат она што од нив го бара мојот небесен татко.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2009 во 23:55
Originally posted by vistinskipravoslavec vistinskipravoslavec напиша:

Hip Hop Spektakal Veles                   http://mmm.com.mk/?ItemID=99C6C6E3545D014D9829D61D2B1C5670



Кај мене линкот не отвара...? збунетост
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2009 во 19:13
Вечерва прв солистчки хуманитарен концерт на Ламбе Алабаковски во Универзална сала - Да го обновиме Бигорски!

Изменето од Tetratka - 28.Ноември.2009 во 19:22
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
schumi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај schumi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2009 во 20:01
Камењата ќе се тркалаат повторно
Петок, 27.11.2009 | Музика
Ако се' уште има некој кој верува секој еден пат кога Стоунси ќе кажат: „оваа турнеја ни е последна“, тоа и навистина ќе е така, тогаш тој не знае математика. И верува во глупости :)



Ролинг Стоунс се враќаат на музичката сцена па така во 2010. ќе тргнат на 256-та проштална турнеја во нивната кариера. Океј, не е баш 256-та, ама приближно речено - тука некаде е бројката на турнеи кои бендот ги прави „за последен пат“.

Рок дедовците последната голема турнеја ја завршија во 2007. и притоа заработија околу 300 милиони фунти, а сега се спремни да искешираат барем уште толку со уште еден патувачки носталгичен рок циркус најавен за догодина.

Ова на јавноста наводно и го откри Екатерина Иванова, руската 20-годишна келнерка и девојка на 62-годишниот Рони Вуд, а која со изјавата наводно го налутила менаџментот на бендот говорејќи наоколу за плановите кои засега требало да останат тајни.

Ма дај... Доброто е што иако Стоунси се и слушнати и видени, we just can't get enough. Па, ајде дедовци, ве чекаме :)

  Ај можда овој пат и кај нас ќе ги видиме

Изменето од Анастеа - 01.Декември.2009 во 10:36
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2009 во 02:41
GOLEM HUMANITAREN KONCERT ZA POMOS NA EMIL NOVESKI

Дата:понеделник, 14 декември 2009
Време:20:00 - 23:00
Локација:KAVADARCI, sportska sala JASMIN

Опис

DA MU DADEME SANSA NA EMIL POVTORNO DA ZAIGRA FUDBAL.

Pomognete i vie so vaseto prisustvo da se spasi eden nevin detski zivot.

Повеќе за ова има на facebook
Кон врв
Tony Clifton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 292
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tony Clifton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2009 во 04:47
Originally posted by schumi schumi напиша:


Камењата ќе се тркалаат повторно
Петок, 27.11.2009 | Музика
Ако се' уште има некој кој верува секој еден пат кога Стоунси ќе кажат: „оваа турнеја ни е последна“, тоа и навистина ќе е така, тогаш тој не знае математика. И верува во глупости :)



Ролинг Стоунс се враќаат на музичката сцена па така во 2010. ќе тргнат на 256-та проштална турнеја во нивната кариера. Океј, не е баш 256-та, ама приближно речено - тука некаде е бројката на турнеи кои бендот ги прави „за последен пат“.

Рок дедовците последната голема турнеја ја завршија во 2007. и притоа заработија околу 300 милиони фунти, а сега се спремни да искешираат барем уште толку со уште еден патувачки носталгичен рок циркус најавен за догодина.

Ова на јавноста наводно и го откри Екатерина Иванова, руската 20-годишна келнерка и девојка на 62-годишниот Рони Вуд, а која со изјавата наводно го налутила менаџментот на бендот говорејќи наоколу за плановите кои засега требало да останат тајни.

Ма дај... Доброто е што иако Стоунси се и слушнати и видени, we just can't get enough. Па, ајде дедовци, ве чекаме :)

  Ај можда овој пат и кај нас ќе ги видиме
super!daj boze da e vistina amam tesko...fosili se
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2009 во 23:39

СПЕКТАКЛ СО ЧОЛИЌ И СО ФЕТБОЈ СЛИМ НОЌТА НА 18 ДЕКЕМВРИ

Без визи по кафеани до сабајле

Идејата е, преку 24-часовното работно време и со нај­а­ве­ни­от спектакл на плоштадот Македонија, во манифестацијата "Бел ден" на граѓаните да им се овозможи комплетна слобода во славењето на ис­то­рис­ки­от ден за Македонија

Ка­фе­а­ни­те, дуќаните и културните институции ќе бидат отворени цела ноќ на 18 декември, следниот петок, спроти денот кога се слави паѓањето на Шенген ѕидот и денот кога, по 20 години, македонските граѓани ќе можат без визи да патуваат во Европа. Оваа иницијатива ја поведуваат неколку ми­нис­тер­ства во Владата, од каде што добивме позитивни мислења за неј­зи­но остварување. Идејата е, преку 24-часовното работно време и со нај­а­ве­ни­от спектакл на плоштадот Македонија, во манифестацијата "Бел ден" на граѓаните да им се овозможи комплетна слобода во славењето на ис­то­рис­ки­от ден за Македонија.
Ор­га­ни­за­то­ри­те на музичкиот спектакл "Литиум рекордс" најавуваат го­ле­ми изненадувања - визуелни, технички, содржински зашто, како што велат, со оваа манифестација ја слават онаа народната "Да ти светне бел ден" што, практично, и доаѓа со укинувањето на визите. Како фанатици и пер­фек­ци­о­нис­ти, да не звучи како клише, тие најавуваат досега нечуено озвучување кај нас, и недоживеани видеоефекти кои ќе ги следат му­зич­ки­те настапи што ќе започнат во 19 часот, а ќе траат до 3 часот по пол­ноќ.
Глав­ни ѕвезди се најголемата ексјугословенска поп-икона Здравко Чолиќ и еден од највлијателните денс-музичари во изминативе 20 години - бри­тан­ски­от продуцент, диџеј и пионер на електронската музика Фет­бој Слим.
Ма­ке­дон­ска­та публика со несмален жар децении наназад ги следи нас­та­пи­те на Чолиќ, кој како ниту една ѕвезда пред тоа го наполни плоштадот Ма­ке­до­ни­ја во 2008 година, кога настапи со британската поп-атракција "Шу­гар­бејбс" за ребрендирањето на "Т-Хоме".
Фет­бој Слим е Норман Кук кој достигна огромна популарност во '90-тите, ко­ја не стивнува до денес. Светската кариера за него започна во 2002 во род­ни­от Брајтон каде што, наместо очекуваните 60.000 посетители, на не­го­ви­от настап дојдоа 250.000 луѓе. Концертот стана настап на деценијата, а снимката од неговиот сет беше најпродавано микс цеде за таа година.
Ма­га­зи­нот "Кју" го стави на листата на "50 настапи кои мора да ги видите пред вашата смрт".
Од македонските ѕвезди, кои до вчера беа потврдени, во оваа спек­та­ку­лар­на ноќ ќе настапат "Влатко Стефановски трио", Владо Јаневски, Елена Рис­те­ска, Ламбе Алабакоски.
Нас­та­нот е поддржан од сите поголеми македонски фирми. (М. За.)


забава
забава
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 18:30
 
 
Oригиналната постава на легендарниот бенд, но без фронтменот Џони Штулиќ на 29 декември ќе одржи концерт во Клубот Хавана во Скопје насловен „Поздрав до Азра“. 

Идејниот лидер на проектот е тапанарот Борис Леинер, а покрај него ќе настапи и басистот Мишо Хрњак кој по десетгодишна пауза од свирење повторно ја зеде гитарата в раце за концертот во Скопје. 

На концертот во Хавана ќе им се придружат и многубројните пријатели и почитувачи на делото на Џони Штулиќ од Македонија. Во Хавана ќе прозвучат многубројните хитови на Азра како „Лијепе жене пролазе кроз град“, „Сунчана страна улице“, „Кад фазани лете“, „Клинчек стоји под облоком“, „Ужас је моја фурка“, „Крвава Мери“, „Обрати пажњу на послједњу ствар“ и уште многу други. 

Азра под тое име постои од 1977 година. Претходно членовите на групата настапувале под името „Балкан севдах бенд“. Во својата кариера имаат издадено 11 албуми и повеќе синглови. Последниот албум „Задовољштина“ Азра го сними во 1988 година, по што имаше само концертни настапи. Бендот не функционира во оригинален состав од почетокот на 90-те кога Штулиќ дефинитивно замина за Холандија, каде што живее и денес. 

Интересен факт што ја поврзува Азра со Македонија е тоа што Џони Штулиќ е роден во Скопје и неколкупати досега бара македонски пасош, но нашите власти одбиваат да го удостојат великанот на рок музиката. 
 
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2009 во 20:57
Бројни мали луѓе, на бројни мали места, кои прават бројни мали чекори можат ликот на целата планетата Земја - да го сменат.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.