IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 13:00
Супа од краби
 
Потребни производи

крабк - 500 грама
јајца - 1 број
ориз - 2 лажици
путер - 30 грама
кромид - 40 грама кромид
магдонос - 20 грама
копар - 10 грама
павлака - 3 лажици
црн пипер - 1 грам
лимони - 1 број
вино - 1 лажица бело
оцет - 1 кафена лажичка 
зејтин -1 лажица


Подготвување

Измијте и исчистете кработ,  Стави ги да се варат во зовриена вода со 1 лажичка оцет, парче морков, парче керевиз, малку нарендена кора од лимон.

Кога  се свар (околу 20 минути) кработ се вади, тргаа се месото од , а водата  се цеди со цедалка.

Во зејтинот се задушуваат ситно сецкан кромид и настърганите моркови и керевиз. Ставјаш ја водата каде е врел кработ и месото.

Додаваат оризот и супата се вари околу 20 минути.

Финално се додава виното и неколку зрна црн пипер, а потоа супата се вари уште 4-5 минути. 
 
Додава се павлаката и јајцето и готово
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 13:10
Динстан  рак со пиво

краб - 3 броја
пиперки - 1 број
пиво - 100 мл
сенф
масло
лимон
сол
 
Подготвување на динстан краб со пиво
Кработ се мие, чисти и вари во 2 ч.ч. вода, пивото, сечена на ситно пиперка и малку масло.

Варениот краб се пржи малку во жешко масло + 3 лажици од чорбата каде се е варел.
 
Служи се топло со лимон и сенф.


Изменето од емил - 11.Јануари.2011 во 13:11
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 02:34
може ли некој да ми каже како да направам боранија .... фала однапред....

п.с. боранијата е замрзната,... таква од ќесичка....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 04:33
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

може ли некој да ми каже како да направам боранија .... фала однапред....

п.с. боранијата е замрзната,... таква од ќесичка....
 
 
како ја сакаш како супа или како основно ? 
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2011 во 02:56
Originally posted by емил емил напиша:

Originally posted by BisernA BisernA напиша:

може ли некој да ми каже како да направам боранија .... фала однапред.... п.с. боранијата е замрзната,... таква од ќесичка....
 
 

како ја сакаш како супа или како основно ? 



ја направив,.... ама НИКОГАШ веќе нема да ја јадам..... завршив со боранијата засекогаш
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 12:52

Пот­пе­че­ни пи­леш­ки шниц­ли

Пот­реб­но:

* 600 г пи­леш­ки шниц­ли
* 2 ла­жич­ки за­чи­нал
* 250 мл слат­ка пав­ла­ка
* 2 ла­жи­ци мас­ло
* 50 г рен­дан еда­мер

При­гот­ву­ва­ње: исе­че­те го пи­леш­ко­то ме­со на тен­ки шниц­ли и по­си­пе­те го со за­чи­нал, па ос­та­ве­те го да от­стои 30 ми­ну­ти. Про­пр­же­те ги шниц­ли­те во заг­ре­а­но мас­ло, т.е. до­де­ка не до­би­јат злат­но-жол­та бо­ја. Пр­же­ни, на­ре­де­те ги во ог­но­от­по­рен сад, пре­лиј­те ги со слат­ка пав­ла­ка, по­си­пе­те ги со рен­дан еда­мер и пе­че­те ги око­лу 10 ми­ну­ти во рер­на заг­ре­а­на на 230 сте­пе­ни.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 21:54

Топчиња од месо

Потребно:

* 500 г мелено месо
* 40 г трошки
* 100 мл павлака за готвење
* 1 лажица масло
* 50 мл вода
* 100 г кромид
* 1 јајце
* 1 лажица зачинал
* бибер
* масло за пржење

Приготвување: трошките измешајте ги со водата и павлаката, па оставете ги да отстојат околу 10 минути. Во загреаното масло пропржете го ситно сечканиот кромид, малку изладете го, па заедно со биберот, зачиналот, јајцето и трошките додадете ги во месото и добро измешајте го. Од смесата обликувајте топчиња и пржете ги во загреаното масло од секоја страна. Пржените топчиња од месо послужете ги со варени компири и со салата од рендан морков.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2011 во 16:41

Паштета од сирење

Потребно:

* 400 г младо кравјо сирење
* 200 г кисела павлака
* 1 лажичка сол
* 1/4 лажичка бибер
* 30 г рен од тегла
* 70 г младо кромитче
* 1 варено јајце

Приготвување: исцедете го младото кравјо сирење, пенесто изматете го, додајте ги павлаката, ренот, солта и биберот, па добро измешајте г сето тоа. Ситно исечкајте го младото кромитче и додајте го во смесата. Исечете го тврдо вареното јајце на коцкички и посипете го врз смесата од сирење. Послужете ја смесата од сирење со интегрален леб.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2011 во 21:50

Солени крекери

Потребно:

* 500 г брашно
* 300 г маргарин
* 300 г рендан кашкавал
* 1 сув квасец
* 1 чаша кисела павлака
* 1 жолчка
* ким, сусам

Приготвување: ситно изрендате го кашкавалот, па додајте ги брашното, омекнатиот маргарин, квасецот и павлаката. Замесете тесто од сите состојки и оставете го да стаса на топло место. Потоа, расучете го во кора, исечете го со соодветни модли, распоредете ги крекерите во тавче, премачкајте ги со изматена жолчка, посипете ги со семки од ким или сусам и ставете ги да се печат во загреана рерна. По 15 минути, извадете ги и послужете ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 09:38
За да не го поминете денов за одмор во кујна, подготвувајќи ручек, еве еден рецепт за брзо и вкусно доживување за целото семејство.
Потребни состојки:
2 кг компири
сол
црвена пиперка или буковец
сланина
шунка
кашкавал
Компирите ги лупите и ги сечкате на парчиња. Ги ставате да се варат во солена вода од 10 до 15 минути. Потоа, подгответе го тавчето, со тоа што ќе ставите малку масло и сол на дното и ставете ги компирите. Зачинувате со малку биберче и сол по желба, а потоа ставете малку црвена пиперка или буковец, ако сте љубител на лутото. Потоа, исечкајте сланина, шунка и кашкавал на ленти и ставете ги по редослед врз компирите со тоа што кашкавалот би требало да биде последен. Печете на 200 Целзиусови степени од 15 до 20 минути и направете салата или, пак, извадете малку туршија како додаток.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 13:39

Златни топчиња од сирење

Потребно:

* 250 г едамер (кашкавал)
* 1 јајце
* 30 г брашно
* бибер
* 1 лажичка зачинал
* масло за пржење
За панирање:
* 1 јајце
* 50 г брашно
* 50 г трошки

Приготвување: едамерот изрендајте го на покрупно ренде. Јајцето изматете го со зачиналот и биберот, па додадете го во едамерот. Смесата посипете ја со брашното и сето тоа добро измешајте го. Од добиената смеса обликувајте топчиња (околу 16 парчиња). Потоа, топчињата испрпелкајте ги во брашното, изматеното јајце и трошките, па пржете ги во поголемо количество загреано масло. Топчињата послужете ги топли со ладен сос од јогурт, павлака и мајонез

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 07:37
ТЕ­ТОВ­СКА ТАВА ОРИЗ СО ТЕЛЕШКО ИЛИ СО СВИНСКО

Во земјана тава се реди телешко месо, се ставаат сите видови пипер и од страна се ре­дат компири, морков и свежи печурки. Се става зејтинче, една чаша бело вино и малку вода. Се пече околу 4,5 часа.
Во земјана тава се става свинско месо или коленица, а може и ребро. Се ставаат праз, су­ви пиперки тетовски, една чаша вино, една вода, малку сол, вегета, црн пипер, и се крч­ка 3,5 саати. Кога ќе се извади од рерна, празот внатре веќе е стопен, а пиперките мал­ку скожурени. Се сервира со црвено вино.

ЌАЕ

1 ки­ло брашно
ед­на и пол шолја за кафе зејтин
1 коц­ка квасец, малку сол и шеќер

Се мешаат брашното и зејтинот. На страна се става квасецот и малку солца и ше­ќер­че, 2 лажици брашно и малку вода. Се остава да стаса, па се истура во брашното и се до­да­ва уште 100 грама вода. Се меси, и кога ќе стане смесата хомогена или како што ви­ка­ат во Тетово "ка уште" (како увце), се остава да се одмори. По пет минути се до­ме­су­ва, и во едно чиниче се става зејтин. Се зема од тестото и се прават топчиња, кои се вртат во рака и се мачкаат во зејтинот. Се ставаат во тенџере, кое претходно е на­мач­ка­но со маргарин. Се редат топчињата едно до друго, но да има празен простор ме­ѓу нив за да се исполни кога убаво ке стасаат просторот. Се редат во круг, и врз нив се реди кацкано (сечкано) биено сирење. По три парченца се боцкаат во секое топче. Тес­то­то се остава да стаса, да биде дупла големина, но не да престаса. Приближно "ока­тив­но" (од око). На страна се матат три јајца и се ставаат врз нив, но не треба да се раз­ле­ат меѓу тенџерето и тестото, за да не се залепи. Готова е кога ќе се оддели те­то­то од тенџерето. Се вади од рерна, се остава малку да земе душа, и се јаде.

ТЕ­ТОВ­СКИ ГРАВ

Се зема грав, и тоа мерката е колку луѓе толку "руке" (раце). Може да стои од ве­чер­та во вода, но тоа не е потребно на тетовскиот грав. Се става гравот 5-10 минути да се вари, па се фрла водата. Така се прави во неколку води. Порано старите 5-6 води фр­ла­ле. Зрната од гравот не треба да бидат растропани (разварени) туку цели да сто­јат зрно по зрно. Се тура едно кромитче, може цело, не да се дроби, и 2 чешниња лук. За 40 мити гравот е готов. Пред да се тргне од оган, кромидот се пасира. Се ставаат по желба сол, вегета и зејтинче, но ако е за пост, тогаш без зејтин. Кога е за пости мес­то зејтин, се става и морков. Кој сака запршка, се става само црвен пипер во врело зеј­тин­че. На крај се потпечуваат суви пиперки, за да крцкаат и се ставаат пред да се из­ва­ди гравот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 21:34

Тиквички полнети со ориз

Потребно:

* 6 тиквички
* 150 г ориз
* магдонос
* сол
* 3 лажици рендан пармезан
За сосот:
* 1 ќесичка готов болоњез сос

Приготвување: тиквичките исечете ги на парчиња долги 6 см, издлабете ги и кратко проварете ги во малку вода и исцедете ги. Потоа полнете ги со смесата од варен ориз измешана со ситно сечканиот магдонос и пармезанот. Наредете ги во сад, прелијте ги со готовиот болоњез сос подготвен според упатството и сето тоа варете го (кратко време) додека тиквичките не омекнат

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 13:18

Волшебни стапчиња

Потребно:

* 500 г лиснато тесто
* 1 јајце
* 1/2 лажичка зачинал
* 60 г рендан пармезан
* 2 лажици семки од тиква

Приготвување: одмрзнатото лиснато тесто расучете го во кора дебела околу 0,5 см. Изматете го јајцето и во него додадете го зачиналот, па со половина количество премачкајте ја кората од тестото. Посипете ја со половина количество од ренданиот пармезан и исечканите семки од тиква. Со остар нож исечете стапчиња широки 2 см и долги околу 10 см и спирално завиткајте ги. Стапчињата редете ги во тавче посипано со брашно. Истата постапка повторете ја и со остатокот од тестото. Стапчињата печете ги околу 15 минути во рерна загреана на 210 степени.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.