|
Преговори за името |
Внеси реплика | страница <1 165166167168169 184> |
Автор | |||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
За господинот Златник...
и нашата независност од ЕУ... и они нас... http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25210&PID=2886954� |
|||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Да бев верник ќе речев: „О мој боже ... !“ со надеж дека можеби тој ќе помогне некои луѓе да разберат некои работи. Но бидејќи не сум ... изгледа ќе нема кој да ми/им помогне. Те молам, дај кажи ми кога и каде сум рекол дека не е убаво во ЕУ* дека не ни’ треба ЕУ, па да не влегуваме таму? Дали навистина така ги толкуваш/те моите пишувања или намерно ги извртуваш/те работите? Ајде да се обидам уште еднаш да прецизирам. Сум за прифаќање и примена на европските економски закони, сум за прифаќање на економската соработка со ЕУ, за инвестирање, за билатерална или мултилатерална соработка со нејзини земји членки, за културна, научна или образовна соработка, сум за тоа да се почитуваат но и да се применуваат правните акти кои самите тие членки ги донесуваат. Само, сум против тоа, членството во ЕУ да се условува со промена на името. Посебно кога сите правни акти одат во наша корист. Очигледно дека за членките кои ја имаат главната улога во одлучувањето во ЕУ (а глумат дека сите се рамноправни) правните норми не важат. Освен, се разбира, ако тие не се во нивна корист. Да те потсетам. ООН е организација која донесува правно обврзувачки акти (резолуции, декларации ...) кои сите земји потписнички се обврзани да ги почитуваат и законите, прописите во сопствените земји (или организации) да ги прилагодуваат на нив. Во нашиов случај, најпрво се прекрши резолуцијата за прием на нови членки во ООН. Потоа се прекрши одлуката (или како веќе е наречена, незнам) на Бадинтеровата комисија (која мислам дека беше формирана од ЕУ) во која јасно стои дека само Македонија и Словенија ги исполнуваат условите за стекнување независност, државност. Потоа од земја членка на ЕУ (а самото тоа значи од ЕУ) се прекрши меѓународниот договор. Со непримена на одлуката на меѓународниот суд, уште еднаш се прекршува правило кое го воспоставуваат самите големи играчи. Можеш ли да си претпоставиш што ќе се случеше ако Одлуката на меѓународниот суд беше во корист на Грција? На кусо магаре ќе не’ качеа. Да те парафразирам. А дали некој кај нас знае да објасни што е политиката? Можност за лично богатење и вработување на свои блиски луѓе? Ако секој сам не најде одговор зошто го прашувам ова, за џабе ќе му биде моето објаснување! *- За разлика од членството во ЕУ, порано пишував дека вопшто не се согласувам за влез во НАТО. Со членувањето во НАТО нема да добиеме ништо убаво. Каква гаранција за нашата безбедност - нема врска. Кој од соседите ќе не’ нападне? Од кого сме загрозени, од Албанија, Бугарија или Грција кои се земји членки на НАТО? Тие ли ќе не’ нападнат? Тоа би значело дека НАТО не’ напаѓа. Ами нели НАТО е за мирољубива политика? Или можеби Србија или Косово повторно ќе започнат војна? Ама, оваа опасност од членството во НАТО нема да ја сфатиме се додека не ни’ подметнат неколку бомби по градовиве (на автобуски или железнички станици, во училишта, на пазари, во дискотеки ... или недај боже да ни’ срушат неколку споменици ) Тогаш можеби ќе се свестиме/те што значи членството во НАТО односно помагање во т.н мировни операции. |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
znachi deka nekoi se rodeni za korkachi da bidat! ...a be zlaten ,..zatoa i se silni site tie buntovnici niz svetot , a posebno na bliskiot istok ! ..koga ne mozat po amerika i velika britanija ,..ako sakash da ne gi gledash povekje,....udri im na site ostanati doma kaj niv , po nekoja bombichka ,...i odma ke kidnat od boishteto kako pokisnati gluvci ! ...zemi ja shpanija na primer,...samo edna bomba î trebashe ...za da si gi spakuva kuferite od irak. ...srekja shto ( seushte) nekoj iod tuka ne go zele za taoc,...ima ako treba i nov opsht danok ke im vovedat ovie na bojazlivite makedonci ,..... samo da go spasat ! ..a ako se sluchi pa nekoj sluchajno i glavata da ja ''zaboravi'' tamu,.....a ne daj boze pa...da ni pukne neshto posilno doma i, ...i da im srushat nekoj grandiozen spomenik,...k'o shto reche ti, ...ne veruvam deka nekoj od makedonskite "okupatori'...ke ostane da prespie ushte edna nokj tamu.... |
|||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Извини пријателче Златник... ја брат, погрешно сум те разбрал... ти никаде не си рекол дека не е убаво во ЕУ...
...
Јас па мислев дека они нас не уценуваат... не условуваат... или го смени мислењето... А за тоа дека не си рекол дека не сакаш да влеземе во ЕУ... да, директно не си рекол... но... ти и оние кои размислуваат како тебе... не сфаќаат... за да добиеш едно... понекогаш мора да се откажеш од друго... дај боже јас за ова да грешам... Изменето од којсумјас - 01.Јуни.2013 во 14:51 |
|||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не би имало смисла да реплицирам на секоја твоја ззбелешка. Секој кој ќе прочита ќе може да разбере од само една реплика:
И? Каде ти во наведениов цитат гледаш дека директно велам „во ЕУ не е убаво“? Нема дури ни индиректно, прикриено наговестување за такво нешто. Но, бидејќи пак не ме сфаќаш (или не сакаш), ајде да дообјаснам. Велам, во (развиените земји на) ЕУ убаво се живее! Ама ние и да влеземе (= сменето име) пак нема да го живееме тој живот кој го посакуваме, а кој тие (развиените земји) сега го живеат. Нас ќе ни’ дадат некое ковче да си глоткаме. Којзнае, можеби ќе има „троа“ мевце, ама се знае кој ќе го „дрпне“ тоа парче! Зошто инаку тие кај нас би се занимавале со политика? |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Оноа што го забележувам кај скоро сите подржувачи за влез во ЕУ, со кои доаѓам во разговор, е нивното сериозно убедување дека одеднаш во Македонија платите ќе станат како оние во Германија-Франција-Англија-Шведска... инвестиции ќе вјасаат во републикава, а европските банки ќе се истурат давање пари. Небаре сите оние европски држави се некакви алтруисти кои од чист ќејф едвам чекаат да не посипат со богатство. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Она што јас го забележувам...
е дека сите оние кои избегале од Македонија... се упорни поддржувачи на тезата... дека ќе ни биде подобро ако не влеземе во ЕУ... што би рекле... не ме гледај што правам... туку слушај што зборам... лицемерие бре... |
|||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Златниче златен... ти сакаш да збориш дека ЕУ не е добра за нас... дека ќе не ебаваат како стигнат... ама од друга страна... никогаш директно не си рекол дека во ЕУ не е убаво... ти сакаш да кажеш... ама не знаеш да речеш... ќе ти помогнам... грозотиите во прекрасната ЕУ... е она што сакаш да ни го кажеш... оксиморон... Изменето од којсумјас - 03.Јуни.2013 во 08:53 |
|||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Да, ама тие не избегале во ЕУ, туку ууууууште подалеку... Канада, САД, Австралија...
Стварно и јас забележав дека оние кои збришале од МК се против влез во ЕУ, ни еден не е ЗА... додуша, не викаат дека таму е лошо, туку дека во Македонија е супер... http://www.youtube.com/watch?v=A3yCcXgbKrE Изменето од LiDivio - 03.Јуни.2013 во 09:21 |
|||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
... којзнае, можеби за покажаната сервилност, ќе ни’ дозволат да им се наместиме како ние сакаме. За помалку да не’ боли! Кога некои работи не се согледуваат или кога не се сака да се согледаат или пак се согледуваат ама не се сака да се признае за тоа, тогаш спротивното секогаш е погрешно. Ако ти моите ставови ги сметаш за контрадикторни или несоодветни („сакам да кажам, а незнам да речам“) тогаш навистина со некој од нас не е во ред. Еве, за да не ме сфатиш погрешно, прв прифаќам дека ќе побарам помош од стручни лица! Иако оксиморонството е можам да речам вид уметност и, би бил горд ако умеам да ја совладам, сепак тука не се работи за никакво оксиморонство. Иако убаво читаш, сепак повторно извртуваш зборови. Очигледно (намерно?!) погрешно ги толкуваш. А толку е просто. Никаде не сум ги спомнал (ниту сум помислил на) тие противречности како што ти велиш: „Грозотиите во прекрасната ЕУ“. Ајде Јово - наново! - Во некои земји на ЕУ е прекрасно да се живее. - Ние тоа го посакуваме. - Тие нема да ни’ го дозволат. (ни под услов да си го смениме името) Но, сепак (хипотетички), доколку ни’ дозволат без промена на име да станеме членка - во ред е. Се согласувам*. Незнам што има толку комплицирано да се разбере сето ова?! Затоа некои од нас се решаваат да заминат од тука. Тие, во потрага по подобар живот, не сакајќи (барем не директно**) да ја уништат Македонија, заминуваат таму каде мислат дека ќе им биде најдобро. Зошто и вие не го направите тоа, туку сакате, заради вашиот ќеиф, да го смените името на државава? Ова ќе се обидам да го претставам со попластичен пример, за да повторно не бидам поинаку сфатен. Татко ти направил куќа, ама тебе не ти се допаѓа, па сега сакаш да ја продадеш. Тоа би било во ред ако и татко ти го сака истото. Но, доколку тој не сака, ти си заминуваш од дома. Не татко ти! Е, вие, кои сте за промена на името, го правите токму ова. Газите врз честа, угледот, маката, па ако сакате и животот на татко ви! *- Иако и тука има простор за дискусија, како на пример обврска од донесување закони кои се контраверзни на нашите поимања на животот. За пример би издвоил еве, само закон за брак меѓу педери и лезбејки и за нивно посвојување деца. **-А индиректно - да. Ако сите заминеме во странство, тогаш нема да не’ има како македонци. |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Златник секој има свој став и мислење и тоа го ценам,но би те запрашал како ти ја гледаш Македонија по 10 години од сега доколку не се интегрираме во Нато и ЕУ..??
|
|||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
...кој знае, можеби и ние ќе бидеме како кокошката која бегала пред петелот... па си мислела во себе дека ако не бега ќе испадне курва... ама кога подобро размислила сфатила дека ако избега, ќе остане неебана... и така си нашла соломонско решение... се сопнала...
Златен тој, Златник... ако сакаш да кажеш дека и ти си од оние кои фаќаат магла по белиот свет... а потоа ни ја продаваат нас останатите дома... тогаш многу работи се појасни... вие,фаќачите на магла, во потрага по подобар живот заминувате таму каде мислите дека ќе ви биде најдобро... очигледно не мислите дека може да ви биде најдобро тука во РМ... ама мислите дека треба нас да ни кажувате дека ни е најдобро во РМ... сигурен сум дека знаеш што биле јаничари... некои фаќачи на магла многу ме потсетуваат на нив...
За вакви тешки зборови, г-дин Златник... оние кои како мене растеле по Скопските улици, би побарале длабоко извинување... а ако не би го добиле... дотичниот кој ги изговорил не би поминал баш најдобро... и неколку пати избришав тоа што сакав да ти го кажам, ептен вулгарно дури и за мене би било... па ај ќе речам дека е симболично-во-занес-без памет-и совест кажано... јер размисли малку кој е оној што си отишол од куќата... и за кого таткото ја правел куќата... за себе... за само едно дете.. за сите деца... или пак да зјае празна... Изменето од којсумјас - 03.Јуни.2013 во 15:01 |
|||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Овој цитат многу кажува за тенденциозноста со која настапуваш. Кога за поправката на една оваква кардинална јазична грешка тврдиш дека си во право, тогаш што остана за некоја друга тема каде има простор за дискусија? Тебе очигледно не ти е дојдено до развивање на една дискусија низ која со аргуметни ќе ги спротивставуваме нашите ставови, туку очигледно ти е до тврдоглаво инатење. Затоа мислам дека доколку продолжиш со овој начин, би било илузорно да се продолжи било каква понатаможна дискусија на оваа тема.
Овој цитат само го потврдува мојот сомнеж дека ти од моите правилно изнесени размислувања донесуваш погрешни заклучоци. Некако премногу често го правиш ова за да биде случајна грешка. Очигледно е дека ти навистина се погрешно разбираш. Како ли само заклучи, по тоа што реков „ ... некои од нас се решаваат ... “ дека и јас сум еден од нив?! Па добро, како поинаку да кажам дека некои од нас македонците кои се решаваат ...“ Да сакав да кажам за себе, ќе речев „кога јас се решив...“ И кога сме кај тие „кои се во потрага по подобар живот...“, пак ќе речам, тие директно не придонесуваат за уништувањето на македонците, за разлика од вас кои сте ОВДЕ*. *- Со оглед на вашиот, досега често пати виден, капацитет за толкување на (моите) зборови, ова го пишав со големи букви за да не бидете во заблуда каде сум. Да бев како што вие мислите, ќе пишев: „за разлика од вас ТАМУ.“ Се надевам дека барем сега ќе бидам правилно разбран! А за ова пак ептен се запрепастив и, просто не поверував дека го читам!
Ете како може твоето погрешно сфаќање да внесе погрешно перцепирање! Зарем ти досега не си сретнал некој друг или самиот ти да си бил во ситуација кога за одредена општа работа, се изразуваш во второ лице еднина. Пример, кога некој прави муабет за ... еве да речеме испраќање на војници во НАТО, нормално е за таа општа појава да рече: „Како би ти било да отидеш да војуваш за некои туѓи интереси?“ Секако, сигурно притоа не мисли навистина на тебе. Тоа е еден вид фигуративно изразување. Е сега, ако ти тоа навистина го сфаќаш како тебе да ти се обраќа, како во мојот пример со куќата ... тогаш, навистина не гледам причина за понатамошна дискусија. Оти, како што оди работава, можам и ќотекот да го извадам. Р.Ѕ. Се надевам (и го замолувам) модераторот да не го отстранува овој пост иако е целосно надвор од темата. Едноставно морав да дадам објаснување за некои работи за кои сум обвинуван од луѓе кои имаат сосема подруги погледи на светот, односно кои (случајно или намерно, незнам) имаат некои тенденциозни (па дури и заканувачки) намери! |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Како прво, никој не избегал од Македонија. Како второ, фала богу и во Македонија има луѓе кои знаат дека нема да потече мед и млеко ако Македонија влезе во ЕУ. Не мора да се живее надвор од Македонија за да се научат економските и политичките односи меѓу државите. На крајот, темата не се македонците кои живеат во дијаспората. Не знам дали не дочитуваш или пребрзуваш со репликите бидејќи доколку читаше внимателно ќе забележеше дека јас говорам за СИТЕ македонци, без обзир каде живеат:
Изменето од Messenger - 03.Јуни.2013 во 22:00 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 165166167168169 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |