IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - kejt-d-grejt
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

kejt-d-grejt

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 40>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2010 во 23:06
Originally posted by kejt-d-grejt kejt-d-grejt напиша:

Рецепт за залуден бегГо знаеш она чувствокога седнуваш зад волани го повикуваш ѓаволот да ти биде френд?Полека нагазуваш...ветрот ти ја лиже потта од вратотуживаш во тоа бревтање на возбуден љубовника штом ќе збесне,му го затвораш прозорот пред носи му се смеешТогаш згазни ја до крај педалата,стегни го воланот,направи го к*ршум погледот,разбуди ги рефлекситеи уште....бркај ги семафорите,влези им в макази на спорите,знакот STOP е за примерните,дај му се на адреналинот да ти ги скокотка органитеХоризонтот е оштрицамеѓу екстазата и стравоти фатално те привлекуванешто како...ashes to ashes



woooooooooooow pocna da se nadminuvas sebe si :P
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2010 во 15:01


Можеш слободно да одиш по ѓаволите, јас ќе те следам

Ха! Јас сум комунистичко дете
и никогаш не запамтив кога се пости
во црква сум комотна ко куче во china town
а восокот што ми капе остава гадни флеки.
Но, уредно си плаќам кога сум кума
2000 пезоси и не барам сметка
за фраерот во црно да ме почади со темјанче
а јас да речам Амин, и плус тоа се крстам.
Се сомневам дека Исус баш за него се жртвувал
и тоа ме прави безбожна и грешна?
јеби га, тоа е - Карл и Фридрих зезнале
(не е до мене, мајке ми)
Затоа ти слободно оди си по ѓаволите,
само оставај ронки нафора по патот,
а јас ќе донесам вино
- па ќе те причестам...
ех...трепкање


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2010 во 19:55

Ин коњак веритас


Зборот Те сакам звучи ветво за модерна песна, нели?
Смешно е колку многу инсистирав на него.

Не ме разбра
Јас не барав среќа како благослов,
туку онака, обично, како среќа сама по себе.

Не те разбрав
ти не беше спремен никому да припаѓаш

Не размислувам за иднината.
,,Засекогаш,, умира со секоја нова минута
и голтка.

Со бакшиш си купувам
sugarfree насмевка од келнерот.

Некои таги се баш фотогенични


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2010 во 09:56
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 19:45
http://www.youtube.com/watch?v=er1nALF-ztc&feature=related

teleco teco teco teco...
mmmmmmmmmm.............
свиркање
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2010 во 13:35

ЗБОГУВАЊЕ


Оди си
Веќе не мислам на разделбите
ги излевам во калапи од навика
како коцки мраз
па после ги грицкам
онака,
обично,
како и се' друго
без став,
без суд.

Оди си
со расипаните возови,
купиња без парно
нека те испратат
кондуктери со исфлекани кошули
и смрдеа на сирење
мммда...
и прозори што не се отвараат...
флеки од бурек...
засушени плуканици...
и... ништо

TИ? Ма добар си ТИ
НИЕ сме погрешни
а просечноста тоа тешко го простува

Јас менувам насмевка за лелек
а ти никогаш не носиш чадор

Моите мисли се меко зло
а ти си вукодлак неизлечиво напален на женска мекост
...и белост

Не е точно - не мислам дека си нездрав
(од милост го велев тоа)
само по малку брлив и блесав
и таман толку необичен
за да си ми..хмм....
незаменлив

Ако останеш,
ќе те плукнам!
ќе те пречекорам и ќе те прерипнам

Оди си и ти ветувам
дека вечно ќе тагувам по тебе

А сега остави ме
-ми се спие!


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 17:36

                ТОЈ


Тој е повисок од неа неколку неба
и поубав неколку сонца

Умее да ги изговара нејзините недефинирани мисли
лесно како добро утро
и никогаш не е нападен и груб.

Тој знае
дека човекот не се менува со едно утринско бричење
и дека животот е повеќе лутање отколку патување,
но не се грижи за тоа.

Од сите што ги познава
тој е помудар неколку века
и подобар неколку леба.

Не дига чаша на немузикални тонови
иако му е јасно
и сосема сеедно,
што суштината одамна
изгубила биткa со формата

Во овој снобовски театар на невкус и кич,
колку многу едноставното е благородно
- си мисли таа.
Како,
излегува од канцеларија,
и свежо ветре му влегува под кошулата
и почнува да роси
а тој одбива да влезе во такси
и сфаќа,
дека со денови наназад
не се чувствувал така добро
И тоа е толку многу...
доволно.

Втората половина од животот
ја поминуваш тагувајќи по првата
- ѝ вели тој.
Таа му става
две коцки мраз.


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 22:47


Сто години да сонувам, за тебе ќе се разбудам


Симни ми се бар пола метар од мисливе
во областа на папукот си потребен

Сонувам да станеме професионални денгуби
кои го мерат времето по бројот на изедени кикирики

Еднаш дневно гризнувај ме за бутина
да не се успијам во навиките
бајати и банални како пеглање
и скубнувај ме за коса
секој пат штом ќе решам тањири да мијам

Симни ми се од мисливе ти велам
во меѓуѕвездието си потребен
веќе е темно (и мрак м`обвива)
а јас никогаш не научив да чекам

За мојот 39 роденден измисли ми песна
ако е и лажлива
и не мурти што ќе станам лигава
зошто така ми е добро

Во мене има сто ѓаволи е само малку мали богови
Нека ти е со среќа!

намигнување
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 12:42

  на Sho-Sana

Тешко е чекањето
потешко од преместување намештај
се чувствуваш глупаво
како кога се бакнуваш со некого во образ, па не знаеш кога да запреш
два пати... три пати...

Додека чекаш,
се заробуваш себе си во своето тело и го тераш да седи
на пластично столче кое ти ги кине хулахопките
до тебе седнува дебела баба и испушта - Ох...
(вредна баба, стасала и да зготви од сабајле)
се молиш во себе да не почне да ти раскажува од што е болна
но денес не ти е среќен ден.
Млада мајка го плеснува своето дете
оти кемка без врска и ја срами пред луѓето
Сакаш да ѝ речеш да си го гушне и да го гали
така и двајцата ќе се смират
ама не ѝ велиш
страв ти е да не ти одбруси дека не е твоја работа
личи на дрска
и затоа ја оставаш да го плесне пак.
Си ги замислуваш твоите деца,
ти никогаш (до толку) не губиш трпение пред нив
за момент лагата те прави горда на себе

Мозокот почнува да врти во круг
недефинирани фрагменти од изгубени мисли
спинално, неразбирливо...
за да го сопреш, стануваш и почнуваш да чекориш
Бал, Балтазар...
ти се извалкале чевлите
зошто облече бела јакна за вакво валкано место?

Уф колку е тешко чекањето
Или не е? Или сум јас само разгалена?
Ма се` е тоа прашање на перцепција
како и се` друго
како и неговата неприсутност тука
како и поимот ,,позитивни резултати,,


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 21:49


Страв ми е да признаам колку ми е убаво
кога ќе останам сама
скроз сама

Мислам, не ме сфаќај погрешно,
јас им помогнав да се спремат
ги испеглав, чевлите им ги светнав
исцедив портокал, тост, путер...
и не се жалам, и не ми е тешко
ти ме знаеш нели
знаеш дека не ми е тешко

ама...
кога ќе се затвори вратата
и наеднаш ќе ме прелие тишината
по цело тело,
мазно, топло
како чоколадна глазура,
тогаш се потпирам на ѕидот,
ги затворам очите и
се издишувам

Слушај ме, важно ми е да ти објаснам
не дека нешто се правдам, туку...
јас ги сакам со сето срце
и се мрштам кога Петар ќе ја искубе за коса
и го тешам зошто Ана е повисока од него
ама кога сум сама...
ех кога сум сама...
тогаш си се сакам сама

Тогаш среќата и тагата не ми изгледаат различно
убави се и јаки и само тоа е важно
ги пречекорувам расфрланите алишта
ги заобиколувам немиените тањири
го пуштам Sting да ме гали и гребе
и играм
како да е полноќ
како братимењето со демоните никогаш да не се раскинало
како да сум на студентска забава
пак

Ти ме знаеш нели,
тоа не значи дека нема да им ги разватам книгите и режалките
и дека нема да им ги наместам креветите
тоа никако не значи дека нема да направам супа и копани на ориз
дека не знам каков го сакаат пудингот - чоколаден и топол

ама тогаш,
тогаш си се сакам себе
и сум си најубава на себе
таква, несовршена
(за borderline вкусови не се расправа)

Тогаш пишувам песна
која никогаш нема да ја прочитаат
ама мене ќе ми даде насмевка и спокој
кои ми се потребни
за нив.


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 13:39
(НЕ)ПОСТОЕЊЕ

Ноќеска ме разбуди силно срцебиење
и прашање
- како се делат телата за душите?
како јаболкца за ужина во детско одморалиште?
едно по едно, па кое ќе ти се падне?

Никогаш не сакав куклени претстави
ни како дете
сакав возови

Кога бев мала
сите приказни имаа среќен крај
Никој не спомна залудност
загуба, збогување
Никој не спомна дека
се' што е убаво скапува
и снагата и спомените
Дека трајноста е илузија, идеал фриволен
никој тоа не го спомна
(еден ден, ни оваа куќа нема да се сеќава на нас)

Денес ќе појдам кај баба ми
во собата полна со воздишки
и чекања некоја ветена средба
Ќе седнам на креветот што крцка
Хичкоков ритам
ќе ми извади наполитанки од втората фиока 
отворени, бајати, ама јас ќе ги јадам
и ќе ја гледам -
искривени прсти,
исушени дојки,
зголемени уши, намалени очи
по некое црно влако на брадата
и нелогични реченици
изговорени полека и тешко
како џвакање сендвич
- староста има расипан смисол за хумор

Денес неќам да пишувам љубовни песни




Изменето од kejt-d-grejt - 20.Декември.2010 во 15:11
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2010 во 20:09


Ма, треба да имаш муда за да бидеш среќен


Тоа знае да биде ужасно напорно
- ми рече
а мене ме намовна вистината.
Се насмевна едвај приметно, милиметар или два,
комарџиски!

Надвор се цедеше течна темница
капка по капка,
како гној.
Не го отвори прозорот
да го отвореше, ќе слушнеше како
моето Збогум се претвора во Врати ме дома
А после тоа заборави...
дека Тој ми даде име Надеж!


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 13:07
у Новом Саду, на Дунаву....

http://www.youtube.com/watch?v=y7ruQzLJxN8
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2010 во 14:21


Кога рече ќе ме посети, мрзоволно станав да го пречекам.
Се појави во неговиот извежбан Ганди стил и ми ја понуди најлигавата од своите насмевки
Потоа ме праша за децата, два-три збора за времето
и тука учтивиот и банален увод заврши.

500 евра, ми рече
јас молчев
тежок е животов и бла бла...
јас молчев и го гледав
денес не ти се збори, имаш некој проблем?
го гледав и мислев
почнуваш да ме нервираш по малку, знаеш
мислев, сега ќе збесне
да не си глува? кој к*рац ти е?
збесна

Не прави ми се светица, ни умница, ни кралица
ме држиш тука покорен, послушен, јас сум силно несреќен
ти една разгалена, распрдена, аздисана и глупа
ми продаваш воздржаност, префинетост, култура
само си вообразена, изгубена, занесена
на светот му е обврска да се врти околу тебе
ме слушаш ли, разбуди се
тебе ти велам, освести се
никој не те сака, јас најмалку од сите!

Се накашлав,
се поднаместив
ооо, изгледа нешто ќе кажеш? праша
кажав:
Каква градација, човече!


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.