IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 22:19
Сочни плескавици

Кога во мешаното мелено месо (половина свинско и половина јунешко) ќе ги додадете другите состојки и зачини по желба, повторно сомелете го на машина за мелење месо. Со повторното мелење ќе добиете покомпактна смеса. Така подготвените плескавици испржете ги. Ќе откриете дека по пржењето, плескавиците ќе имаат посебен вкус и, едноставно, ќе се топат во уста.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2010 во 17:07

Ориз со праз и сланина

Потребно:

* 300 г ориз
* 40 г чадена сланина
* 2 лажици масло
* 500 г праз
* 1 лажица пире од домати
* сол
* магдонос

Приготвување: добро исчистете го празот, измијте го и исечете го на парчиња. Пропржете ја сланината исечена на коцкички во загреаното масло, па додајте го исечениот праз, добро измешајте го, кратко издинстајте го, прелијте го со малку вода, па продолжете со динстањето се додека празот не омекне. Потоа, во него измешајте ги измиениот ориз, пирето од домати, посолете го сето тоа и прелијте го со вода. Продолжете со динстањето. Откако оризот ќе омекне, посипете го со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 00:28
Ме интересира,ако некои знае,рибата ослич замрзната, дали кожата се лупи пред да се пржи и дали некој од искуство знае дали треба рибата да се пржи одмрзната или замрзната.Мене ме советуваа дака кожата се лупи додека е замрзната,затоа што после горчи и подобро се пржи замрзната.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 04:34
Originally posted by annaja annaja напиша:

Ме интересира,ако некои знае,рибата ослич замрзната, дали кожата се лупи пред да се пржи и дали некој од искуство знае дали треба рибата да се пржи одмрзната или замрзната.Мене ме советуваа дака кожата се лупи додека е замрзната,затоа што после горчи и подобро се пржи замрзната.
 
 
Мојот совет е следниот:кожата ја тргај кога рибата е полузамрзната.Тогаш ќе ти биде најлесно. А инаку се пржи идеално размрзната,овкусена со сол,црн пипер и девисил.Топиш ја во брашно.Потоа ја тресеш убаво да и падне непотребното брашно и ја пржиш во немногу силен зејтин.да
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 06:07

Рижото со спанаќ

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Црн пипер
  • 1000 грама Спанаќ
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 300 грама Ориз
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 1 главица Кромид


ПОДГОТОВКА:

Спанаќот исчистете го и измијте го.

На масло пропржете го сецканиот посолен кромид.

Кога кромидот, постепено додавајте го исчистениот и измиен спанаќ.

Кога целиот спанаќ сте го додале, оставете да испари целата течност, па додадете го оризот.

Посолете и попиперете, а по вкус додадете и зачинска сол.

Уште малку промешајте па додадете врела вода.

Водата додавајте ја постепено и варете на тивок оган додека оризот не се свари.

Пред крајот, додадете го путерот, па исклучете го оганот и поклопете го садот.

Оставете го уште 10-на минути, исцедете ја водата, па послужете.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 13:43

Погачици со пченка

Потребно:

* 350 г зрна од пченка (од конзерва)
* 2 јајца
* 90 г брашно
* 1 лажичка прашок за печиво
* 1 лажичка сол
* 1/2 лажичка бибер
* 200-300 мл масло за пржење

Приготвување: зрната од пченка и јајцата измешајте ги, додадете ги брашното измешано со прашокот за печиво, солта, биберот и сето тоа добро измешајте го. Со лажичка земајте од смесата и погачиците пржете ги во добро загреаното масло додека не се вцрват. Пржените погачици ставајте ги на хартиена салфета за да се впие вишокот масло. Послужете ги топли.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 09:29

Пржени морски плодови

Потребно:

600 г морски плодови
брашно
сол
масло за пржење

Приготвување: морските плодови внимателно измијте ги и исцедете ги. Лигните исечете ги на тркалца. Парче по парче од морските плодови добро испрпелкајте ги во брашното измешано со малку сол, притиснете го со прсти брашното и пржете ги во врело масло 2-3 минути. Пржените морски плодови распоредете ги во чинија и украсете ги со тркалца од лимон.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 06:48

Шпагети болоњезе

 

Состојки

Шпагети болоњезе
450g шпагети (1 пакетче)
450g телешко мелено месо
400ml доматно пире
1 глава кромид
1 морков
3 чешниња лук
80ml масло
1 чајна лажичка оригано
1 супена лажичка магдонос
150g пармезан
црн пипер
вегета
сол

Подготовка

  1. Ставете на оган тавче со 50ml масло. Откако ќе се загрее маслото, додајте ги во него морковот и кромидот, ситно исечкани.
  2. Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето ставете го и меленото месо и пржете ги состојките 5-6 минути.
  3. Потоа во тавчето додајте го доматното пире и лукот. Пржете додека не ја постигнете саканата густина.
  4. Кон крајот на готвењето зачинете го сосот со оригано, црн пипер, вегета и магдонос.
  5. Во тенџере со вода ставете ги шпагетите да се варат. Во водата додајте го остатокот од маслото (30ml) и малку сол.
  6. Кога ќе бидат готови шпагетите, можете или да ги измешате со сосот или да ги ставите шпагетите во чинии и врз нив да ставите од сосот.
  7. Поросете со пармезан и украсете со гранче босилек или магдонос.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 06:49

Шпагети карбонара

 

Состојки

300g сланина, исечкана
1 пакетче шпагети
200ml слатка павлака
3 јајца
150g пармезан
1 супена лажичка магдонос
150g пармезан
исечкан лук (по вкус)
црн пипер
масло
сол

Подготовка

  1. Ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата.
  2. Исечканата сланина и исечканиот лук ставете ги во тавче да се пржат во мало количество масло.
  3. Кога сланината ќе стане крцкава, а лукот ќе добие златна боја, додајте ја слатката павлака. Откако ќе започне да врие оставете ги состојките да се готват уште неколку минути (павлаката треба да добие бледо жолта боја).
  4. Кон смесата додајте ги и јајцата. Многу луѓе ги користат само жолчките. Гответе уште 3-4 минути.
  5. Зачинете со магдонос и црн пипер.
  6. Можете да ги ставите шпагетите во тавчето со сосот и внимателно да го распоредите сосот низ нив или да ги ставите во чинија прво шпагетите, а потоа да ги прелиете со сос.
  7. Врз шпагетите ставете пармезан. Украсете со гранче магдонос.

!

Совети:

Многу често рецептите за сос карбонара не содржат слатка павлака. Ако не сте љубители на павлака, слободно можете да ја исклучите од рецептата.

Наместо магдонос, можете да користите босилек.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 06:51

Лазања со мелено месо

 

Состојки

1 пакетче лазањи
500g мелено месо
200g рендан кашкавал
1 глава кромид
1‑2 с.л. масло
3 чешниња лук
3 с.л. доматен сос
оригано
магдонос
црн пипер
вегета
1 с.л. сос бешамел

Подготовка

  1. Исечкајте го кромидот и ставете го да се пржи во тавче со загреано масло.
  2. Ставете на оган тенџере со солена вода. Откако водата ќе започне да врие, додајте ги лазањите да се варат.
  3. Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето додајте го и меленото месо. Постојано мешајте.
  4. Откако месото ќе ја промени својата боја, во тавчето додајте ги и доматниот сос, лукот, ориганото, магдоносот, пиперот и вегетата и пржете додека не ја добиете посакуваната густина.
  5. Во добиената смеса додајте го сосот бешамел.
  6. Откако ќе ги сварите лазањите, земете тава за печење, премачкајте ја со масло и наредете еден ред лазањи. Над нив ставете од смесата со мелено месо и рендан кашкавал, па потоа пак ред од лазањите. Постапката се повторува додека не ги наридете сите лазањи.
  7. Најгорниот слој треба да биде со лазањи. Врз него ставете го остатокот од ренданиот кашкавал.
  8. Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200°С
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2011 во 14:17

Пире од грав

Потребно:

* 500 г грав
* 2 лажици зачинал
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* 1 гранче сечкан целер
* 50 мл масло
* 3 чешниња лук
* 1/2 лажичка ким
* бибер
* сол

Приготвување: сварете го гравот, исцедете го и уште додека е врел, испасирајте го во блендер. Додајте ги зачиналот, магдоносот, целерот, маслото, истолчениот лук, кимот и биберот. Добро измешајте го сето тоа и по потреба досолете го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2011 во 15:06

Погача со паричка

Потребно:

* 1 кг брашно
* 1 квасец
* 1 лажичка сол
* млака вода по потреба
* 1 паричка

Приготвување: квасецот се раздробува и се меша со поголемо количество брашно. Се додава сол, а во средината на брашното постепено се додава млака вода и се замесува мазно тесто, без грутки. Кога ќе се потроши брашното, тестото се удира од ѕидовите на садот, а потоа се истура врз штица за мешање, се досипува преостанатото брашно и убаво се замесува. Кога тестото ќе стане сјајно и мазно, се обликува во форма на погача, внатре се става паричката, се става во набрашнето тавче и се остава да стои уште 15 минути. Потоа врз тестото се прават шари со виљушка или со дел од тестото и се пече во убаво загреана рерна додека не добие златна кора. Печената погача се витка во крпа и се остава малку да се излади.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 12:21

Компири од рерна

Потребно:

* 1 кг компири
* 1 лажица зачинал
* 5 лажици масло

Приготвување: компирите излупете ги, измијте ги и исечете ги на парчиња. Посипете ги со зачиналот, па измешајте ги. Сечените компири ставете ги во огноотпорен сад, додадете го маслото, а садот покријте го со алуминиумска фолија. Компирите печете ги 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Потоа, извадете ја фолијата и печете ги уште 20 минути додека компирите не добијат црвеникава боја.

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 12:45
Originally posted by емил емил напиша:

Пржени морски плодови

Потребно:

600 г морски плодови
брашно
сол
масло за пржење

Приготвување: морските плодови внимателно измијте ги и исцедете ги. Лигните исечете ги на тркалца. Парче по парче од морските плодови добро испрпелкајте ги во брашното измешано со малку сол, притиснете го со прсти брашното и пржете ги во врело масло 2-3 минути. Пржените морски плодови распоредете ги во чинија и украсете ги со тркалца од лимон.

  daj nesto drugo za morski plodovi, konkretno krabi!голема%20насмевка
always look on the bright side of the life!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.