|
ИЗБОРИ 2009 - генерална дискусија |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 35> |
Автор | ||||||||||||||||||
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Прва прекршочна за партијата на ЕленовскиДржавната изборна комисија денеска поднесе прекршочна пријава против Социјалдемократската унија, чиј претседател е Лазар еленовски, поради тоа што оваа партија истакна плакати во неколку градови во земјава кои јасно асоцираат на предизборен маркетинг. Во образложението на прекршочната пријава се наведува дека на 27. или 28 декември минатата година СДУ истакнала плакати на билборди низ Скопје, Охрид, Струмица и други од кои „на јасен и недвосмислен начин може да се утврди дека се работи за промотивен материјал и јасно асоцира на предизборен маркетинг“. Максималната предвидена казна за ваков прекршок е 5.000 евра. Вчера, претседателот на СДУ, Лазар Еленовски, побара одговор колку државни пари се потрошени од страна на Владата и претседателот на Државата, „за нивните кампањи и каравани низ Македонија“. Инаку, на денешната седница ДИК ги утврди роковите за изборните дејствија за претседателските и локалните избори. Предвременото започнување со кампања беше една од најголемите забелешки во извештајот на ОБСЕ за ланските парламентарни избори. Дали тоа ќе биде случај и овој пат, ќе испитува новиот шеф на делегацијата, кој доаѓа во земјава денес на местото на досегашниот Радикати. До февруари ќе бидат познати имињата на кандидатите за изборите На 3 февруари на полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за кандидати за членови на советот и за градоначалници. Дотогаш партиите ќе треба да ги достават своите листи до Државната изборна комисија која на денешната седница го усвои роковникот за локалните и претседателските избори 2009. „Според утврдениот роковник десет дена од денот на распишување на изборите почнуваат да се собираат потписи за кандидатите за градоначалници, советници или за претседател на државата. Таа постапка трае 15 дена, а потписите се собираат во подрачните единици на Министерството за правда“, изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски. Секоја кандидатура, како што прецизираше Таневски, треба да содржи потписи на избирачите. „Потписите на избирачите во постапката за кандидирање на овие лица се собираат на образец кој содржи име и презиме, постојано живеалиште, професија и единствен матичен број на предложениот кандидат, како и име и презиме и матичен број на избирачот кој го потпишува предлогот за наведените функции“, изјави Таневски. Изборната кампања почнува дваесет дена пред денот на изборите, односно на 3 март. |
||||||||||||||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Se od "ubavo , poubavo"- trgna da vleguvame vo Ginis... eve ushte edna aktuelnost vo Utrinski vesnik spored koja imame shansi da konk*rirame za ginisovi rekordi i retki slucuvanja...
Скандалозни претседателски избори Скандалозен почеток на претседателските избори во Македонија. Нема кандидати. Да не беше Љубе Бошкоски ќе заборавевме дека се распишаа претседателски избори. Кандидати ни за лек. Ни од лево ни од десно. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе распишела конк*рс за претседателски кандидат. Претпоставувам во комисијата за селекција ќе бидат Мартин Протоѓер и Влатко Ѓорчев. Тие ќе ги отвораат пликата со понудите и ќе ја изберат најдобрата понуда. А ако се оди според принципот на тендер, ќе победи оној што ќе понуди услуга по најниска цена. За СДСМ велат дека тешко и' оди барањето кандидат. Никој не сакал да се овенча со слава на поразен. А имало и такви кои сакаат, но нив не ги сакале во СДСМ. Бидејќи и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ чекаат другиот да го направи првиот потег и да го открие кандидатот, тогаш ќе се изначекаме уште многу. Претседателот на државата е функција која во секоја земја е посакувана и му претставува чест и предизвик на оној што ја извршува. Претседателот е претставник на сите граѓани, татко на нацијата, прв граѓанин во земјата. Сопругата му е прва дама, а целото семејство е прво семејство во државата. Но, се чини, во Македонија повеќе никој не сака да биде прв. Сите сакаат да бидат втори, трети, петти, па дури и последни, само да не бидат први. Ironicno,,,satiricno...no vistinito. Izbori vo Makedonija i se e mozno... |
||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Го читам натписот на А1 и не можам да верувам „СДСМ го предлага Ќерим за заеднички кандидат за претседател„...
Што ќе рече изборот треба да се сведе само на формалност зошто практично народот ке нема опција (не дека вака ИМА, сепак...) За каква Европа зборува СДСМ кога ваков пример на бегање од одговорност и криење зад т.н. Заеднички кандидат мене барем не ми е познат... Како и да е уште еднаш се покажа дека стравот на СДСМ од сопствениот рејтинг е огромен , а со тоа веројатно и опстанокот на оваа Б(Р)АНАНА ПАРТИЈА е доведен во прашање...Доказ е и моменталниот рејтинг... Како и да е мислам дека ВМРО нема да го прифати овој предлог и дека како и во секоја нормална демократска држава ќе излезат со сопствен кандидат... Го најавуваат Ѓорѓи Иванов како можен кандидат, мегутоа за него во моментов не би можел нешто повеке да кажам... |
||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
prof. d-r Gjorgji Ivanov ne e politicki eksponiran... no kako na se shto se naogja maana sigurno i nemu neshto kje mu se najde...
|
||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Уште подобро што не е политички експониран, па нели сите сме сложни во тоа дека на Македонија и требат НОВИ ЛИЦА во политиката... |
||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
скромна но солидна биографија...
д-р Ѓорге Иванов
|
||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Професор Ѓорѓи Иванов засега е единствениот кој поднел кандидатура со програма за функцијата претседател. Зад него стојат министрите Јанкуловска, Ставревски, Боцевски и Милошоски, а се очекува наскоро поддршка и од Груевски.
Значајно било што е независна и непартиска личност. Негираат дека Иванов е советник на премиерот или на партијата. „Се одлучивме за овој чекор, затоа што ни требаше еден стабилен човек, учен човек и чесен, без хипотеки, кој има добра академска надобразба и одлично познавање на политичката архитектура во Македонија“, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Иванов ја има поддршката и од Вилма Трајковска и од Борис Змејковски, пратеници, и велат од видни професори, меѓу нив и Силјановска, Кекеновски, Стојковски, Шкариќ Дали после обоениот ни председател „ЦРВЕНКО„ конечно ќе добиеме председател кој ке биде председател на сите грагани а не председател и партислки лидер во сенка ( а понекогаш без икаква грижа на совеста и јавен парски лидер)... Мислам дека тоа што Иванов нема некое особено политичко искуство не игра некоја голема улога особено ако човекот има харизма... |
||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Срѓан Керим денеска на консултации кај претседателот Црвенковски. Извори за „А1“ велат дека средбата се остварила по барање на Керим кој бил лут што бил номиниран без негово знаење.
Барал објаснување за идејата што вчера в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев ја објави - двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да застанат зад кандидатурата на македонскиот дипломат. Синоќа Керим со изненадување ја прими веста. „Не знам што е замислата и идејата. Кога ќе разговарам со највисоките претставници на СДСМ, тогаш ќе можам да имам целосна лична претстава за што се работи. Инаку, самата идеја за натпартиски кандидат, мислам дека треба сериозно да се земе во обзир“, изјави Керим. Односот на СДСМ кон Ќерим уште еднаш покажува на какво ниво е падната оваа партија... Нејасно е само како некој може да се однесува со Ќерим како да е тој лична сопственост на СДСМ а не човек кој има право да одлучува и човек со кого треба да биде разговарано пред јавно да се пазари со неговото име... |
||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
... Za profesor Ivanov site negovi studenti velat deka e intelegenten i nacitan covek i dobar politikolog koj reshil da stane politicar. Deneska cuv eden ubav biser od nekogashen negov student... Komparacijata na Ivanov za politikolog i politicar. Razlikata megju politikolog i politicat e kako megju svinjarot i svinjata- Politikologot e svinjarot a politicarite se ...
|
||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Теоретски е така само што кај нас свињите живеат пубаво и поудобно... Така да не се исплаќа многу да си свињар... |
||||||||||||||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
... Pa dodeka bea pushteni sami ...arno ama ako pocne da gi kontrolira po nekoj svinjar belkim kje trgnat rabotite na ubavo...Deneska profesor Shkarikj kaza ubava misla...Politikologot moze da bide politicar ama politicarot ne moze da bide politikolog...
Belkim idat arni denovi za Makedonija...samo da ne se najde pak nekoj nov pavle od radovish da kazuva kako da raboti pretsedatelot... |
||||||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Е Павле од Радовиш е токму таква свиња што се офајди од функцијата, а кажи ми еден таков политолог... Кај нас се е измешано, веројатно така е намерно, а критериумите на гласачкото тело се сведени на мизерно ниво и тоа не е случајно, од Турско ни е наследен тој начин на владеење... Чист пример ти е Бране, место Идризово тој стана Претседател... |
||||||||||||||||||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
PRETSEDATELSKITE IZBORI TREBA DA SE GLEDAAT KAKO PROCES, A NE KAKO TRKA !!! AKO GLEDAME KAKO PROCES, PRVO TREBA DA SE MISLI STO I TREBA NA MAKEDONIJA, - KAKOV PRETSEDATEL? - KOJ MOZE DA DADE NAJGOLEM DOPRINOS ? INSTITUCIJATA PRETSEDATEL, VO OVOJ MOMENT TREBA DA E OD INTEGRIRACKI KARAKTER, KOJ KE MOZE DA NE ODNESE VO NOVA REALNOST ! VO MINATOTO SME PRAVELE GRESKI, I PAK KE PRAVIME, AMA DA SE TRUDIME POMALKU DA GRESIME ... KAKO STO IMAME DOBAR PREMIER, SEGA DA IMAME I DOBAR PRETSEDATEL !!! I DA IZLEZIME MALKU NA AVTOPAT, DOSTA NI E OD SLEPI ULICI ! |
||||||||||||||||||
PARADISE MACEDONIA
|
||||||||||||||||||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
OD ONA STO DOSEGA VIDOVME I SLUSNAVME ... KAKO DA SME NA STADION ... I NAVIVAME ZA TRKA NA 100 m ... TOA MOMENTALNO NE NI TREBA ... DA MU POKAZEME NA SVETOT DEKA SME NAROD KOJ E SPOSOBEN ! |
||||||||||||||||||
PARADISE MACEDONIA
|
||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1415161718 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |