|
РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО |
Внеси реплика | страница <1 155156157158159 242> |
Автор | |||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изгледа ова ќе да е Поарно историски аргументирано во кратки црти - здравје. Ај со две години доцнење, среќен 400 годишен роденден |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако си православен, основач ти е паганскиот аријевец Константин, а својата независнот ја добиваш по своето отцепување од Римокатоличката црква во 1054 година.
А според горниот критериум на makarios, следува дека доколку си македонски православен, тогаш твојот почеток е во 1967 година.
Доколку си Христијанин, твојот основач е Исус Христос, Божјиот Син и Спасител, во 33 година. Твоето учење е во потполна согласност со Христовото учење, неосквернато од секакви човечки додатоци, новотарии, паганизми, суеверија, обичаи, национализам итн.
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве ја доследноста на баптистите:
Смит бил Англиканец. Своеволно, не според учењето на својата црква, тој си изградил свои убедувања. Најпрвин, сметал дека која било форма на читање од книга за време на молитва е измислица на грешниот човек. Затоа баптистите денеска ја отфрлаат Литургијата. Молитвата, пеењето и проповедањето морало да бидат целосно спонтани. Одел дотаму што не дозволувал читање на Светото Писмо за време на клањање. Ова произлегува од неговото верување дека клањањето треба да биде по наредба на Светиот Дух. Второ, Смит го измислил двостепениот поредок во црквата, пастор и ѓакон, за разлика од Реформистите кои имале тристепен поредок Пастор-Старец, Лаик-Старец и ѓакон. Трето, со своите нови гледишта за крштението, кај него се појавила голема загриженост. Тој и неговите следбеници биле крстени како деца, а тоа не им пасувало на учењето. Затоа извршиле ново крштение. Тие биле првите верници на ова движење, па не постоел некој да го изведува крштевањето. Смит решил да се крсти самиот, и го сторил тоа!!!, а потоа почнал да ги крштева и своите следбеници. Но! Смит не си останал доследен на своето учење. Пред да се упокои, тој ги напуштил баптистичките погледи, и сакал да го претопи своето стадо во менонитската црква (анабаптистичка (повторно крштение) гранка на радикалните Реформисти , роднини на амишите). Смит умрел пред да успее во тоа, но голем дел од стадото му се претопило во менонистите. Целосното згаснување на баптистите го спречил Томас Хелвис, кој останал верен на учењата на Смит, и е основач на првата баптистичка заедница во Англија. |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Смит не дозволувал превод на Светото Писмо, па додека проповедал, импровизирал, читајќи од еврејската и грчката верзија на Светото Писмо.
Смит се крстил самиот со кофа и со црпалка. Овој чин на самокрштение била критикувана дури и од самите Реформисти, велејќи дека дури ни Христос самиот не се крстил. Та поради тоа, тој се повеќе се задлабочил во менонитското движење. Го прифатил тоа движење речиси во целост, вклучувајќи го и пацифизмот. Денеска дури се смета за срамно од самите Менонити нивното изворно учење, но основачот на ова движење Мено Сајмонс и повеќето Менонити се до Дордехт, имале интересна теорија за Христовото рождество. Тие сметале дека Христос не добил никаква човечка природа од Марија, и дека „Тој поминал низ неа, како што водата минува низ цевка“. Сепак, Смит не забегал до толку, и ова го сметал за ерес, која наликувала на докетската ерес, која сметала дека Христос само наликувал на човек. Хелвис (коосновачот на баптизмот) пак, не сакал да биде пацифист и се залагал сепак да има армија, која би се користела во одбранбени цели. Во диптисите на баптистичките цркви, Смит и Мено се заведени како Старци. |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве ја доследноста на православните.
Прво, Константин бил паган кој од христијанската вера направил "христијанска" религија кога потоа ја злоупотребувал за своите политичко-воени цели.
Второ, Константин, и покрај заповедта на Исус Христос, одбивал да се крсти до последниот ден од својот живот. А кога дошол тој ден, бил крстен од Аријевскиот епископ Евзебије Никомедијски.
Трето, Константин го свикал еретичкиот собор во градот Тир (335г.) каде што било негирано Никејското верување и на кој собор бил осуден Атанасие Велики.
Четврто, Константин го прогонил Атанасие во Триер, далеку од Цариград.
Петто, Константин (со свечена церемонија) го примил назад во "црквата" еретикот Арије, оној истиот еретик кој го негирал Христовото божество. Но, Бог не дозволил оваа пародија да оди до бескрај, и еретикот починал на самата поворка, а по една година починал и неговиот приврзаник - Константин.
Шесто, Константин заповедал војниците да ставаат на штитовите крст и да војуваат во "Христовото Име", иако Новозаветното Христово учење не познава "војување во името на Христос", туку вели: "Љубете ги своите непријатели, молете се и благословувајте ги оние што ве гонат"!
Итн. Ете кој бил всушност вашиот основач на православието - паганскиот аријевец "свети" Константин. Изменето од EvAngelos - 07.Ноември.2008 во 03:23 |
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Верувајќи дека нема вистинска црква од која може да се прими валидно крштение, Смит се крстил самиот себе. „Има силна гаранција дека човекот сам може да се крсти“ тој велел. „Бидејќи сам човек не е црква, така двајца можат да се крстат самите.“
Откако се запознал со Менонитите, Смит сметал дека тие се вистинската црква, се покајал за самокрштението, и побарал да биде одново крстен, овој пат од менонитите. Поради ова, Хелвис го обвинил Смит за отпадништво и хула на Светиот Дух, и го одлачил Смита (заедно со смитовите следбеници) од неговата варијанта на баптистичка црква. |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се најде за повикан да реплицираш? Та нели не си баптист, а изворен христијанин? п.с. А она што го велиш е без историска основа. Ова може изворно од некоја баптистичка реч да е излезено. Изменето од makarios - 07.Ноември.2008 во 03:26 |
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А бе тоа што го вели е истресено од ракав колку да каже нешто. За него и св.Поликарп и св.Игнатиј и св.Фока и св.Елефтериј и св.Јустин Маченик и св.Дионисиј... живееле во 4-ти век астрална проекција од небото |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Каде ме виде ти мене да ти реплицирам за баптистите? Како што можеш да видиш погоре јас наведував некои историски факти за основачот на православието паганскиот аријевец Константин и не сфаќам каква врска има тој со баптистите за кои што ти зборуваш?
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е тоа астрална проекција. Тоа бројките се динамични.
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се најде повикан да си ја одбраниш припадноста. И тоа со контра напад, кој за жал ти е смешен. Разговаравме за баптистите, за Смит, за неговото самокрштение, и ти се најде повикан да одговориш. Ев, се срамиш ли тоа што си баптист? Јас не се срамам дека сум православен христијанин, и затоа се кажувам како таков. Ти се срамиш што си баптист и се криеш под називот изворен христијанин. Но и да е така, докажи го апостолското преемство. Еве, од 1606 година навака ти верувам дека постои лоза. Кажи кој бил претходнкиот на тоа. Ок, ајде, не си читал добро, од ракав си фрлаш историски невистини за Свети цар Константин. За тоа ќе подзамижиме. Останува нејасно, зошто баш ти се најде за повикан да контрираш на моите историско-баптистичкотеолошки излагања за баптистите? п.с. јас можам да се помачам недела време, но ќе ти ја најдам поврзаноста на мојот епископ со апостолите. Изменето од makarios - 07.Ноември.2008 во 03:50 |
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
makarios, што ти стана пријателе? Па ти почна да бладаш мајќе ми
Кој тоа ме повикал мене да бранам нечија припадност? Каде тоа јас сум ти одговарал за тој Смит?
Темава е "Разговор за Религиите - Општо и Неврзано". Ти си почна да пишуваш за тој Смит и за баптистите, а јас пак, независно од тебе, си пишувам за паганскиот аријевец Константин и православните. И не знам што не ти е јасно тука?
Изгледа те засегна малку реалноста за основоположникот на православието - паганскиот аријевец Константин, па почна да бладаш мил тој на мајќа
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Лукавствуваш. |
|||
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Супер, најдов книга за историјата на баптизмот. Од ова што го прелистав, тие биле ептен забегани. Денешниве баптисти малце ја ублажуваат забеганоста, нешто се трудат да читаат од монаси (од Светите Отци), и да го користат како аргумент, ама као не ги признаваме у глобала, само кога ни требаат, ги цитираме (воглавно вон контекст).
Како и да е, овој Смит бил забеган на скроз. Арно шо се покајал на крајта за тоа самокрштението. |
|||
Внеси реплика | страница <1 155156157158159 242> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |