![]() |
|
Офтопик |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 155156157158159 327> |
Автор | ||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Само 17 дена по примањето на платата поголемиот број од луѓето немаат доволно пари за секојдневните потреби и за плаќање на сметките - открило истражувањето на една од поголемите банки во Велика Британија, Халифакс кое што било спроведено вез 2000 испитаници.Луѓето највеќе ги мачи плаќањето на режиските трошоци и останатите домашни трошоци, а околу 50% од луѓето најмалку се грижат за парите во првите десетина дена по платата. Изменето од емил - 12.Февруари.2012 во 03:43 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Што се случува со нашето тело на температури под нулата?На нормална температура низ нашата кожа тече крв со вообичаена брзина. На минус 5 степени целзиусови брзината паѓа на пола литар во минута. Но термостатот не е доволен за да дознаеме колкава е температурата, зошто тоа не ни ја кажува вистината. Всушност, нашето тело го грее воздухот околу кожата, па кога дува ветар, тогаш го носи и тој загреан воздух. Тоа значи дека кога надвор е минус 5, а ветрот дува со брзина од 15км на час, тогаш температурата која ја чувствуваме е минус 11. На истата брзина, а при температура од минус 10 степени, температурата која ја чувствуваме е дури минус 17 целзиусови степени. Ако не се заштитиме при екстремен студ се јавува опасност од повреди. Тогаш се собираат и најситните крвни садови на површина на кожата и се појавуваат смрзнатини. На врвот на прстите нема циркулација, па ткивото изумира. Срцето е под големо оптоварување, па може да дојде до аритмија или дури до прекин на срцето. Секако, тоа нема да се случи доколку се движиме, од време на време да се засолниме од студот и многу добро да се облечеме. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Само до пред неколку недели 70 проценти од населението во изолираното шпанско село Содета, тешко се справувало со економската криза во земјата, надополнета со долгата суша во нивниот крај, а потоа преку ноќ се' се променило.Сиромашното село Содета , кое се наоѓа недалеку од Барселона , преку ноќ стана село на милионери. Некои од мештаните биле толку разочарани од начинот на кој живеат, што имале намера да го прескокнат уплатувањето за шпанската божиќна лотарија, која поради големата добивка се вика „Ел Гардо“ (дебело) и која во Шпанија претставува еден вид на национална опсесија. Меѓутоа, на крајот, 69 од вкупно 70 домаќинства уплатиле лотарија, поради лојалноста кон месното здружение на домаќинства , кое ги продава тикетите и од тоа заработуваат многу мал процент, а потоа започнале да пристигнуваат броевите! Тикетот од Содета ја освоил првата награда, која изнесувала 950 милиони долари, што претставува најголема добивка во историјата. Не ја освоиле истата оваа сума сите жители на Содета. Износот на добивка кај секој жител зависел од придонес во целокупната заедничка уплата. Некои станале побогати за милиони, но и оние „најмалку среќните“ добиле минимум по 130 илјади долари. Откако во селото сфатиле кои броеви биле извлечени, настанало општо лудило, како што вели еден од тамошните мештани. Луѓето како река се слевале кон центарот на селото, а началничката Роса Понс со мегафон на главниот плоштад, на сите им го честитала овој најсреќен момент во историјата на ова место. „Некои жени првото нешто што го кажаа е „Веднаш одам на фризер.“ Меѓутоа, фризерката исто така била една од среќните добитници и одлучила дека повеќе нема да работи“, вели Понс. Веќе во следните денови, таа точка на географската карта, која се наоќа северозападно од Барселона, станала место за печалба на многу банкари, продавачи на автомобили и посакувана дестинација за сите видови патувачки трговци. Единствен кој не го посетиле бил оној мештанин кој не уплатил, гркот Костис Мицотакис, кој во тоа село се доселил поради неговата љубена. Но, Мицотакис немал среќа ни во тоа, љубовта „пукнала“, а тој останал и понатаму да живее во Содета, на место кое е оддалечено на еден километар од центарот на селото. Кога жените од здружението на домаќинства ги обиколувале куќите и нуделе тикети за лотаријата, него едноставно го заборавиле. Изменето од емил - 02.Февруари.2012 во 19:28 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Многу празно овде денес..или уште се трезните
![]() |
||||||||||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Модерни дефиниции
1. Училиште - Место каде што родителите плаќаат за децата да си играат. 2. Животно осигурување - Договор кој те осиромашува цел живот, за да можеш да умреш богат. ... 3. Медицинска сестра - Личноста која ќе те разбуди за да ти даде апчиња за заспивање. 4. Брак - Тоа преставува договор помеѓу маж кој ја губи својата факултетска диплома и жена која добива магистерска диплома. 5. Развод - Идно време од Брак. 6. Солзи - Хидраулична сила од која машката сила на волјата е потчинета од женската сила на волјата. 7. Предавање - Уметност на пренесување информации од белешките на Предавачот до белешките на студентите без продирање низ „мозоците на ниту едните". 8. Конференција - Конфузијата на еден човек помножена со бројот на присутни. 9. Компромис - Способноста за сечење торта при што секој верува дека го добил најголемото парче. 10. Криминалец - Личност која не е поразлична од другите, освен што го/ја фатиле! 11. Директор - Некој кој подранува кога вие доцните, а доцни кога вие подранувате. 12. Насмевка - Крива моја може да исправи многу работи. 13. Канцеларија - Место каде што можете да се опуштите после стресниот период поминат дома. 14. Искуство - Име кое луѓето им го даваат на своите грешки. 15. Филозоф - Будала кој се мачи целиот живот за да биде мудар откако ќе умре. 16. Зевање – Eдинствената шанса оженет човек да отвори уста. 17. Итн. – Потреба да оставите впечаток дека знаете повеќе отколку што кажувате. 18. Татко – Банкар даден од природата. 19. Атомска бомба – Иновација која ќе ги уништи сите останати иновации |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Сигурно ВМРО го нарачале тоа
![]() |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Феникс ![]() Сениор ![]() ![]() http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Bash se mislev i jas negde da sum off i da iskomentiram .... neshto.....samo ne temata.....no si vikam ....teraj si kako i do sega ....niti prv pat ...niti posleden ....chitash takov komentar ...nekoj e ednostavno takov... SREKA SHTO JA IMA TEMAVA.... |
||||||||||||||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
10 докази дека Дедо Мраз е типичен маж
Никој никогаш не се посомневал, но доколку некој го стори тоа, еве десет работи коишто докажуваат дека Дедо Мраз е типичен маж.1. Нема вкус за облека. 2. Шансата да го добиете тоа што сте му го порачале преку писменцето е рамна на нула. 3. Дури и да добиете нешто, никогаш нема да ви одговори на писмото. 4. Има огромен пивски стомак. 5. Ги слуша вашите желби само еден ден во годината. 6. Не се труди да најде подобро живеалиште, живее на најпериферната периферија на Светот - Северениот пол. 7. Мрзлив е. Никогаш не се бричи и има огромна брада. 8. Секогаш носи иста облека, никогаш не се преоблекува. 9. Уценувач е. Ќе ви донесе подароци, но мора да му оставите колачиња и млеко. 10. Лош родител е, ги носи подароци само на добрите деца без да се труди да ги воспитува претходно. |
||||||||||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Десет најчудни новогодишни обичаиНовогодишните традиции и верувања се разликуваат од континент на континент, од народ до народ, но не се сите слатки, како што е случајот со Дедо Мраз, пакетчиња, украсување елки. Луѓе во различни земји прават многу чудни и бизарни работи, но сите тие се поврзани со еден факт: желбата за подобра среќа и поголем просперитет во наредната година! Топење на олово, Германија и Австрија Кога станува збор за чудни обичаи на Нова Година, Германците и Австријците се вистински шампиони! Истурање олово е стар традиционален обичај. Делови од растопено олово се истура во сад полн со вода. Според облици формирани од оловото, се предвидува судбината на следната година. На пример, топка значи среќа, сидро значи потребна помош, а крстот значи смрт. Кругови, Филипини За разлика од Мексиканците, кои посакуваат среќа и љубов, Филипинците сакаат и пари. За таа цел, на новогодишната ноќ тие носат облека со шари во облик на круг. Настани да се соберат средства, Турција Едно ретко суеверие што не е бизарно, туку одлично! Турскиот народ смета дека учествотот на хуманитарни настани на кои се собираат средства ќе им донесе среќа. Посета на гробишта, Чиле Ова е еден чуден и морничав обичај. Во Сантиаго, Чиле, луѓето за новогодишната ноќ пред да се поклопат сказалките одат на гробишта, си носат столчиња и таму ја дочекуваат новата година со покојните души. Британско шоу, Германија И сега, сосема чудно и крајно неразумна традиција! Сепак, се вративме во Германија. Од 1972 година, на полноќ Германците го гледаат британското шоу Вечера за еден. Не е познато како ова станало обичај, но е неверојатно популарна традиција! Овој обичај е многу сличен со оној во Мексико. Но разликата е во тоа што, луѓето од Боливија, купуваат жолта долна облека, ја носат за новогодишната ноќ, но кога сказалките ќе се поклопат тие веднаш одат да се пресоблечат и да облечат нова долна облека, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа. Фрлање садови, Данска Миење, Порторико Луѓето во Порторико буквално ја измиваат старата година додека ја чекаат новата. Во новогодишната ноќ тие фрлаат кофа вода преку прозор со цел да ја исчистат старата година. Исто така за таа цел ги чистат своите домови и ги украсуваат. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Пријателот е секогаш тука да те:
Радува ! Инспирира! Ја дели твојата тага! А ја ...зголемува твојата среќа! Те поддржува! Е секогаш тука за тебе! Лесно ги заборава твоите грешки |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Една свадба во Чешка завршила на многу необичен начин и тоа со тепачка помеѓу младенците.
Младенците веднаш откако пристигнале во ресторан почнале да се караат, но подоцна оваа расправија преминала во тепачка. Откако гостите со крајни напори успеале да ги раздвојат младенците била повикана полиција. Невестата која што има 31 година била однесена во болница за да се исчисти од алкохол, а младоженецот бил сместен во затворска ќелија. Полицијата изјавила дека и двајцата ќе добијат кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Научниците од универзитетот Сент Ендрјус советуваат, мажите кои сакаат големо семејство, односно повеќе деца, да обрнат внимание на лицето на својата избраничка.
Колку помеки и поженствени карактеристики има една жена, толку повеќе деца ќе роди истата. Мајките кои имаат родено повеќе деца имаат полни усни и големи очи, објаснуваат експертите. Токму овие надворешни карактеристики се знак дека жената може да има најмалку четири деца. Колку погруби црти на лицето има жената, поголема е веројатноста да има само едно дете. Сета оваа зависност, тврдат експертите, произлегува од директната поврзаност со нивото на хормонот естроген, кој влијае како врз мајчинскиот инстикт, така и врз бројот на потомството Изменето од емил - 29.Ноември.2011 во 18:48 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
![]() кај ми е анитчето? |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 155156157158159 327> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |