|
Кој ја присвојува историјата? |
Внеси реплика | страница <1 144145146147> |
Автор | |||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зарем , “ Крадењето на историјата “ не значи и плагијатство ?
Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Што значи дека истото е подлежно на прекршочно гонење и е казниво дело , нели ? Изменето од eptendosadno - 02.Март.2010 во 23:55 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Историјата никој неможе да ја краде, но истоијата и историските настани можат да бидат погрешно толкувани, извртувани и присвојувани. Тоа обично се прави со цел да се постигне одредена политчка цел. При постигнувањето на истата се користат сите расположиви инструменти кои и стојат на соодветната политчка опција. Целиот тој инструментариум има силно влијание врз формирањето на националното самосознание и јавното мнение. Затоа е несватливо зошто одреден сегмент од бугарското општество е толку загрижен кога се споменува азиското потекло на бугарското име. Бугарската историографија не е во состојба да ја објасни словенобугарската етногенеза и приложи одговр на прашањето, зошто постојат толку многу теории и хипотези за потеклото на Бугарите. Мислам дека проблемот е во погрешниот пристап кој го имале татковците на современата бугарска држава. Недостатокот на знаење, методологија, факти, а притоа имајќи јасна политичка цел ќе го доведе бугарското општество во една тешка, навидум безизлезна состојба, да само на себе си го објасни потеклото. Честопати митологијата е основниот извор на “историските факти“. Континуитетот на бугарската држава е неспорен (со исклучок на оние 500 години под турското ропство, каде бугарското име скоро изчезнало), но спорни се етничката припадност и поврзаност на естаблишментот во сите 3 бугарски држави. Различни етникуми, за кои има историски податоци дека мешање меѓу нив немало или мешањето било многу мало. Бугарската историографија зборува за некаква преродба во 19 век, а сите преродбеници, сите до еден се луѓе со потекло од Македонија. За каква тоа преродба се зборува? Дали тоа тие ја преродуваат кумановлашката или туркомонголската Бугарија?! Ми се чини дека тоа е само празна фразеологија, а се со цел да се пополнат големите празнини. Размислувајќи на овај начин не сум толку изненаден што денешните Бугари се буквално преокупирани со Македонија и се што е македонско. На крајот на краиштата крвта вода не станува, нели? Тоа што политичките околности ги направиле да сметаат дека се Бугари(Господ знае само што значи да си Бугарин), е предмет за понатамошна расправа и доволно силен мотив за нив да даваат слободна интерпретација и искривена слика за историските настани. За мене Бугарин не синоним за Словен. Досега никаде во светот не е донесен закон каде некој би можел да биде обвинет за извртување на историските вистини или да биде судски гонет за плагијат на истријата. Што се оденсува до песните, плагијатот е можен и се случува. Присвојувањето на авторските песни сноси одредени консеквенци. Народните песни се исклучени од таквите правни процеси, но како што објаснив во мојот предходен пост, секој еден народ, едно поднебје има свои каректеристики, мелосот, ритмиката итн се јасно препознатливи и се основната точка на диферецијација со фолклорите на соседните “блиски“ народи. Ќе ми простите, ама ако македонската песна не се присвојува во Бугарија, јас неможам да видам кој е тој изворен бугарски фолклор?! Чалгата на Азис? Погледнете само низ интерент и ќе видите кои се топ 50те топ бугарски исполнители и песни. Нема ниту еден Бугарин, а фигурираат личности како Гоце Арнаудов, Војо Стојановски, Сузана Спасовска. Виолета Томовска, Александар Сариевски, Васка Илиева, Ефто Пупиновски, Гоце Николовски, Драган Мијалковски, Ацо Андонов, Есма Реџепова, Владо Јаневски, Ѓоко Дончев, Благица Павловска, Јонче Христовски, Група Македонија, Македонски Мерак, Елита....... Дали моите епитети адресирани во предходниот пост се неоправдани или се пак премногу благи? Сметам дека ова второво е некако поиздржано. Поздрав од една од “најголемите бугарски“ исполнители Изменето од Platenik - 03.Март.2010 во 06:09 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Верувам дека доколку би имале повеќе време и нерви , Вие би напишале многу , многу нешта за сите мои соседи , од сите етнички колективи . Но доколку го искористам вашиот почеток - уводот како одговор на мојата дилема , јас дојдов до заклучок дека темата “ Кој ја присвојува историјата? “е всушност хипотетичко прашање , нешто што би можело да представува ментална состојба на одредена личност во одредена средина , нешто што нема ни основ и причина да биде тема во форумот историја . Какво е Вашето мислење во однос на таа моја констатација ? Изменето од eptendosadno - 03.Март.2010 во 14:20 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Токму така Платеник, настани и личности може и тоа како да се присвојат, затоа и треба да се чува. Ете, мене прадедото ми го бугаризираа преку ноќ, ни срам, ни перде, некому му текнало на Википедија да напише дека дедо ми бил од некакво бугарско село, а како доказ понудил некоја книга, напишана од некој институт! Имаме документи, за среќа, па како што кажа eptendosadno, имам можности да докажувам дека сум во право, ако немавме, којзнае што ќе беше. Страв ми и да помислам! Изменето од Македон - 03.Март.2010 во 15:06 |
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Можеби по прикладно би било доколку темата беше наречена Кој ја искривува историјата. Но, лично не сум заинтересиран да спорам за името на темата од причина што на крајот на краиштата разговирте се сведуваат на исто. Кој е кој и што е што, ние, вие, тие! Во суштина сите гола вода, како на економски така и на политчки план. Да можеби темата е повеќе политчка, со одередени примеси на истриски елементи, ама само ради името на темата. Мојот пристап кон разгледувањето на историјата е повеќе аналитички, одколку да се оддадам на интерпретација на толкувањата на одредени историчари, кои приложуваат “непобитни историски факти“. Повеќе ме интересира кој, како, кому и зошто некому му направил. Какво било политичкот опкружување во даденото време, кои биле мотивите и интересите на тие кои ги псотавувале правилата на игра, а згора на тоа и кои биле интерсите и мотивите на оние кои биле ангажирани да ја документираат историјата. Неспорно е дека политичките и економксите интерси на победниците се основните постулати врз кои ќе се пишува националната историја. Познавајќи го нивото на образованост на поширокиот балкански простор, сметам дека секоја една ново формирана национална држава се соочувала со еден огромен проблем. Пополнувањето на историските празнини со цел да се обезбеди легитимитетот и истрискиот континуитет на државата. Во недостаток на интелектуален капацитет, материјал, статегија основопложниците на историографиите на соодветните земји требало да бидат повеќе од креативни, а недостатокот на фактографски материјал да го пополнуваат со митови и легенди. Можам да замислам какво влијание имале овие историчари врз широките народни маси, чија пак писменост била безмалку 100%. Земете ја една Грција, за пример и ќе видите како доминантното албанско, словенско и влашко население е конвертирано и постанува носител на хеленизмот. Ромеите со различено етничко потекло станваат Грци, само ради тоа што стануваат дел од Патријаршијата. Германската роматичарска идеологија и филехеленистичкото движење ќе се преточи во една национална стратегија позната како Мегали идеа. Штетата е направена и оди сега некој да може да ја корегира. За жал сеуште во светот непостои политичка волја да се постават работите на свое место. Се дотогаш национал роамантичарите ќе ги трујата сопствените поколенија, а ние ќе дебатираме. Се соочуваме со орлиња (без разлика на годините) на кои сеуште им фали основно животно искуство, а сепак се сметаат за достојни и компетентни да зборуваат за историја, цитрирајќи автори на кои и ним не им се познати многу работи. Дали можеш да ги окривуваш младите поколенија? Не, тие се се само производ на дадени политчки околности, папгалчиња кои ги повторуваат зборовите на еден Димитров, Каракачанов, Узунов, Петков..... Заблуди, заблуди и заблуди на секој чекор! |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Верувам дека е болно коега веќе работите се сведуваат на индивидуално рамниште. Но, не сум изненаден, целокупната бугарска позиција е, а тоа Димитров му го кажа в лице на Васко Ефтов, дека во Македонија живеат 1,5милион Бугари. Види, види не сум знаел дека сум бил Бугарин, требаше да го слушнам Димитров, за да разберам кој сум. Не случајно во народот се вели, бугарска работа. Пушти, кучињата лаат, караванот си минува. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, болно е, не ми беше сеедно кога го видов тоа, морам да признаам. Ама сепак, нема да остане на тоа, ќе реагирам со се што ми е на располагање, а имам доста. Дел од тоа е според народната- со свој камен, по своја глава. |
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Можеби по прикладно би било доколку темата беше наречена “ Кој ја искривува историјата ?“ . Но, лично не сум заинтересиран да спорам за името на темата од причина што на крајот на краиштата разговирте се сведуваат на исто. Кој е кој и што е што, ние, вие, тие! Во суштина сите гола вода, како на економски така и на политчки план. Да можеби темата е повеќе политчка, со одередени примеси на истриски елементи, ама само ради името на темата. Мојот пристап кон разгледувањето на историјата е повеќе аналитички, одколку да се оддадам на интерпретација на толкувањата на одредени историчари, кои приложуваат “непобитни историски факти“.
Повеќе ме интересира кој, како, кому и зошто некому му направил. Какво било политичкот опкружување во даденото време, кои биле мотивите и интересите на тие кои ги псотавувале правилата на игра, а згора на тоа и кои биле интерсите и мотивите на оние кои биле ангажирани да ја документираат историјата. Неспорно е дека политичките и економксите интерси на победниците се основните постулати врз кои ќе се пишува националната историја. Познавајќи го нивото на образованост на поширокиот балкански простор, сметам дека секоја една ново формирана национална држава се соочувала со еден огромен проблем. Пополнувањето на историските празнини со цел да се обезбеди легитимитетот и истрискиот континуитет на државата. Во недостаток на интелектуален капацитет, материјал, статегија основопложниците на историографиите на соодветните земји требало да бидат повеќе од креативни, а недостатокот на фактографски материјал да го пополнуваат со митови и легенди. Можам да замислам какво влијание имале овие историчари врз широките народни маси, чија пак писменост била безмалку 100%. Земете ја една Грција, за пример и ќе видите како доминантното албанско, словенско и влашко население е конвертирано и постанува носител на хеленизмот. Ромеите со различено етничко потекло станваат Грци, само ради тоа што стануваат дел од Патријаршијата. Германската роматичарска идеологија и филехеленистичкото движење ќе се преточи во една национална стратегија позната како Мегали идеа. Штетата е направена и оди сега некој да може да ја корегира. За жал сеуште во светот непостои политичка волја да се постават работите на свое место. Се дотогаш национал роамантичарите ќе ги трујата сопствените поколенија, а ние ќе дебатираме. Се соочуваме со орлиња (без разлика на годините) на кои сеуште им фали основно животно искуство, а сепак се сметаат за достојни и компетентни да зборуваат за историја, цитрирајќи автори на кои и ним не им се познати многу работи. Дали можеш да ги окривуваш младите поколенија? Не, тие се се само производ на дадени политчки околности, папгалчиња кои ги повторуваат зборовите на еден Димитров, Каракачанов, Узунов, Петков..... Заблуди, заблуди и заблуди на секој чекор! Не го разбирам вашод обид да бидете банирани затоа што не полемизирате во врска со темата “ Кој ја присвојува историјата? “и пишувате за тоа како историјата се злупотребува , неведувајки голем број на примери . Чинам дека сте приметиле дека пишувате во тема со наслов “Кој ја присвојува историјата?“, но истовремено не сакате да се изјасните дали ТЕМАТА има основ да се најде во форумот историја . Можеби погрешно сте ме разбрале , јас немам намера да ја преименувам темата , тоа би било лудост и би додел дека вашиот предлог за преименување во “ Кој ја искривува историјата ?“ е исто така чудна “ситуација“ , односно , вашата сугестија е нова тема , нови дилеми што секако не е пречка да ја поставите и вашите постови од оваа тема ( за која не се согласувате дека има соодветен наслов ) да ги пренесете во од Вас отворената нова тема “ Кој ја искривува историјата ?“ Поентата ми беше дека историјат неможе да се украде , неможе да се присвои , дека насловот на темата не е за форум историја и дека насловот е израз на моменталната ментална состојба на поголем дел од населението на балканот , денес . Што значи проблемот е социјален а не историски . Познати ни се обвинувањата на Албанските интелектуалци , Грција , на Бугарија и.т.н. Чинам дека тоа нема врска со темата , затоа што како што кажав , историјата не е можно да се присвои , украде и сл. Тоа е мојот став во однос на темата Кој ја присвојува историјата?, што значи јас пишувам во врска со темата , и нема основ моето мислење да биде избришено или да бидам банирам , укорен , и сл. Изменето од eptendosadno - 03.Март.2010 во 19:39 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=72
доле пишува: РОМАН СИМЕОН - САМОИЛОВ 1004 коj е тоа |
|||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Грците во главно.
|
|||
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А бугарите испаднаа бетер и од грците
Последно што чув (вчера) е дека Александар Македонски бил бугарин Изменето од Mindy - 29.Септември.2011 во 23:09 |
|||
|
|||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Се сложувам, се работи за страв од рушење на митовите, поточно на шарените национал-романтичарски лаги врз кои се создадени бугарската и грчката нација. Проблемот нивни е што тие лаги се веќе јавно воспоставени како државна политика, а се базираат на непостоење на Македонците. Значи, свесно е донесена одлука да се држи таа линија и многу тешко може да има отстапувања бидејќи самото наше постоење, т.е. институционално дигање глава, ги соочува со историската вистина. Сходно, сведоци сме на очајничките напори белото да се прокаже црно, при што главната цел е нас да не нема, а потоа се друго ќе докажуваат и измислуваат. Впрочем, гледаме какви се не подетнувања и глупирања од најдолен вид. Таквите реакциимсе разбирливи донекаде, но само донекаде, бидејќи буквално им се руши тлото под нозете. Самата формулација “бидете што сакате но не ни ја пипајте историјата“ често искажана од бугарскиот лумпен-пролетаријат на страниците и во коментарите на нивните медиуми, е сублимација на горекажаното. Друг пак проблем е што сето ова што ние го дискутирамедека ни го прават, тие ни го припишуваат нам. Значи не, историјата не може да се краде, самиот израз е нонсенс, но очигледно може да се доживува така ако истата е исполитизирана за да постигне одредени политички цели.
Тие секогаш биле такви. Нашите револуционери отворено зборувале дека најмногу од нив треба да се пазиме бидејќи другиве околни ни се делкарирани непријатели, а источниве ни се прават браќа иако секогаш го имаат спремен ножот за да ни го заријат во грб (и тоа го прават). Да нема дилема, последниве 20 години Бугарија продолжи активно да работи против Македонија но во сенка на грчката политика. Нивната опсесија со Македонија заради немањето здрава основа за да објаснат кои се и што се, ги форсира да прават такви истапи како тврдењето дека Александар Македонски се споил со Бугарите во Азија, и дека доаѓањето на хан Аспарух на Балканот било некакво враќање на корените. Да не е тажно би било ептен смешно. Изменето од Persej7 - 09.Октомври.2011 во 16:31 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мислам дека оние кои се малку посвесни многу добро знаат дека со Александар Македонски тие немаат ништо заедничко, освен можеби дел од земјата која им е под нозете, а е во границите на нивната држава. Дури и Тракијците, со кои навистина Бугарите може да кажат дека имаат мошне заеднички нешта,војувале со Филип и син му. Останатите тврдења се само рекла-кажала и разговори за во чаршија и кафеана. Тоа е исто како ние во Скопје да кажеме дека имаме нешто заедничко со Унгарците, затоа што нивната војска се наоѓала тука определен период. |
|||
д4б3
Сениор Lord OFF the topic Регистриран: 31.Јули.2013 Статус: Офлајн Поени: 2580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=9492A8D01C061D4AB36F1256E7EA770A
- Веќе ги објавивме Црноризец Храбар, Григор Прличев, Рајко Жинзифов, Kочо Рацин, голем дел од повоените македонски класици |
|||
Внеси реплика | страница <1 144145146147> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |