IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 142143144145146 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2016 во 14:12

ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2016 ГОДИНА

21
Овен

Јануари е одличен месец за напредување на работа, но Овните во врски ќе мораат да донесат многу важна одлука. Ќе бидете финансиски многу стабилни во февраури додека љубовниот живот ќе ви биде возбудлив, но комплициран. Обрнете внимание на болката во нозете и коленото. Март ќе биде месец на промени па поради зголемениот стрес обрнете повеќе внимание на вашето здравје и повеќе консумирајте храна за детоксикација. Во април ќе балансирате меѓу работата и љубовта. Доколку ви тргне, ова ќе биде одличен период за вас. Мај ќе биде месец на просперитет, па би било одлично токолку одите на кратко патување со семејството. Ќе има големи застои поради МерК*р. Во текот на јули ќе бидете методични во комуникацијата со партнерите на работа. Август ќе бидете исполнети – и пари и љубовниот живот ќе ви биде одличен. Септември ќе внесе многу драма во вашиот живот и ќе мора да направите големи промени кога станува збор за вашето здравје. Вашите вештини ќе бидат ставени на тест во текот на октомври, додека неомври ќе биде месец на трансформирање и подмладување. Ќе бидете на врвот кога станува збор за работата во декември, а истото се однесува и за љубовните односи.

Бик

Јануари е одличен месец да се фокусирате на вашата кариера, а во љубовните односи ќе владее целосно блаженство. Во февраури ќе планирате важен проект на работа, додека март е месец на пријателството и дружењето, но можно е да ве преокупираат и решавање на одредени проблеми и прашања. Вашиот љубовен живот во април би можел да биде на удар, па затоа внимавајте. Во мај ќе бидете преокупирани со вашата здравствена состојба бидејќи можно е да имате проблеми со нозете. Во јуни немојте да донесувате поголеми одлуки што се однесува до работата. Во јули ќе се појават нови можности за нова љубов. Не претерувајте со трошењето на пари. Во текот на август ќе се посветите на преуредување на просторот во кој живеете, но можеби нема да оди се` по планот бидејќи можно е да имате проблеми со стомакот. Вашиот начин на живот во септември би можел да претрпи драстични промени. Во текот на октомври ќе запознаете нов партнер – и на љубовен план и на професионален. Обрнете внимание во текот на ноември, особено ако сакате да се ослободите од вишокот килограми. Во декември доаѓа до ваша целосна трансформација и напредок.

Близнаци

Неверојатен напредок на полето на кариерата во јануари, но поради тоа семејниот живот би можел да страда. Во февруари ќе ви се отвори нова можност за работа и патување. Март ќе биде прилично тежок на полето на емотивни односи, па ѕвездите ви препорачуваат добро да размислите пред да се впуштите во нова врска. Во април се` ќе биде во знакот на семејството и подобрените односи меѓу вас, додека мај ви подготвува нови флертови и врски, а потенцијалните партнери ќе ги барате исклучиво на работа. Во јуни приходите ќе ви бидат прилично стабилни, а тогаш одите на годишен одмор. Ќе уживате во пари, добра работа и среќни моменти со семејството во текот на јули, додека август треба да бидете подготвени за работни и лични конфликти. Многу возбудувања ви донесува септември, а финансиите ќе се стабилизираат веднаш штом ќе се промени фазата на месечината. Во октомври обрнете внимание на вашето здравје, одберете диета и режим на вежбање. Ова е одличен месец доколку сакате да стапите во брак или доколку сакате да го проширите семејството. Ретроградниот МерК*р пристигнува во ноември, па затоа бидете трпеливи и подгответе се за возбудувањата кои следуваат. Во декември ќе бидете преокупирани со социјалните случувања, а многу парови кои веќе биле верени ќе се решат да се венчаат.

Рак

Поради недостаток на пари во јануари ќе бидете малку под стрес, но ова ќе биде одличен период за работа. Не влегувајте во нови врски во текот на февруари, но тогаш ќе успеете да се изборите со уморот. Во март повеќе ќе се занимавате со кариерата отколку со семејството, додека во април доаѓа до зголемување на платата или преминување на подобро работно место. Поради присуството на Марс, мај ќе биде доста динамичен и можни се недоразбирања со партнерот. Во јуни треба повеќе внимание да обрнете на себеси, но и да го разгалите партнерот со романтични подароци. Јули е месец на целосен хедонизам во сите сфери на животот, додека август би бил идеален за одмор со вашиот партнер. Во септември ќе се посветите на семејството, родителите, децата и пријателите. Особено мајките родени во знакот на Рак ќе реализираат прекрасен однос со своите деца. Во октомври финансиите ќе бидат нестабилни но тоа нема да ве спречи да сакате да имате дете. Во ноември ќе бидете особени продуктивни на работа, но обрнете внимание на вашето здравје. Декември целосно ќе го посветите на вашата кариера, но треба да се занимавате со алтернативни начини на лекување за да го зајакнете вашето здравје.

Лав

Најветувачкиот месец од сите за љубовта, работата и здравјето е токму јануари. Во февруари обрнете внимание на вашето здравје, бидејќи за брзо време ќе го занемарите. Во март решете ги сите конфликти, бидејќи ова е одличен момент за целосен почеток. Без разлика дали сте на работа или дома, во април ќе мора да се фокусирате на донесување на многу вистински одлуки. Мај за вас ќе биде тежок, бидејќи ќе дојде до одредени несогласувања и на професионално поле и на љубовно поле, а во јуни ќе мора да бидете доста внимателни и да повлечете што помалку потези. Иако во јули ќе има многу одложувања, се` ќе оди според планот. Бидете смирени и не донесувајте брзи одлуки, бидејќи иако август е месец полн со среќа, ќе мора да бидете подготвени на расправии со партнерот во врска со финансиите. Во септември ќе дојде до драматична промена во животот, многу бракови ќе поминат низ голема криза, но затоа барем слободните Лавови ќе уживаат во новите врски. Обрнете внимание на вашето семејство во текот на октомври, а ова е одличен месец доколку сакате да имате дете. Во неомвери повеќе внимание обрнете на вашето здравје, а алтернативните методи на лекување можат одлично да делуваат. Декември ќе биде исполнет со забава и возбудување, па потрудете се се` околу вас да биде максимално позитивно.

Девица

Ќе го поминете јануари во правење планови за иднината, додека февруари ќе се обидете да пронајдете начин како да избалансирате во професионалниот и приватниот живот. Во март потрудете се да не станете жртва на преголем стрес и подгответе се за големи промени. Во април ќе напредувате и на професионален и на љубовен план, а наскоро ќе се зголемат и вашите финасии. Многу можности ќе ви се отворат во текот на мај, што е одлично за напредување во кариерата. Во јуни сите проблеми ќе се решаваат на начин на кој вие сте замислиле, љубовта ќе биде малку во криза, но затоа планирајте бизнис патување. Јули е одличен за напредување во кариерата и образованието, но ретроградниот МерК*р може да остави трага врз вашето здравје. Во август ќе се појават одредени семејни проблеми, но не дозволувајте да ви го рушат фокусот. Голема е веројатноста во септември да ја запознаете вашата вистинска љубов. Научете да се опуштите, па финансиите ќе цветаат. Во октомври ќе бидете финансиски стабилни бидејќи ве очекува одлична заработка. Ова е момент кога треба да се поврзете со роднините и пријатели со кои одамна не сте се виделе. Во ноември ретроградниот МерК*р ќе влијае врз вашите комуникации со околината, но ова е одличен период доколку сакате да започнете нов бизнис. Во декември ќе мора да се сконцентрирате на сопственото здравје, а одредени случувања во семејството ќе ви одземаат многу време.

Вага

Во текот на јануари ќе ги усовршите вашите вештини и ќе уживате во она што го работите. Февруари ќе биде најдобар месеци кога станува збор за кариерата, а односите со родителите ќе ви бидат одлични. Во март започнувате да медитирате, бидејќи ќе започнат проблемите на секое поле. Во април ќе се обидете да ги смирите обврските и на работа и дома, а добро размислете кога ќе сакате да ги потрошите парите на скапи работи. Работата во мај бара да се посветите доста многу, а можно е бизнис патување. Сега е време да започнете да се одвикнувате од цигарите и останатите зависности. Во јуни ќе напредувате на работа во таа мерка што дел од парите кои сега ги заработувате ќе можете да ги заштедите за иднината. Во јули ќе размислувате за вашите обврски на работа, а слободните Ваги ќе имаат можност да пронајдат нова љубов. Бидејќи МерК*р е ретрограден, не е добро време за брак. Во септември ќе им се посветите на родителите и децата. За вас октомври доаѓа со изненадувачки околности поради кои ќе го зголемите имотот. Доколку играте игри на среќа, загарантирана ви е добивка во ноември, а ова е одличен период за купување на автомобил или куќа. Немојте да бидете зачудени ако во декември изненадно се заљубите.

Шкорпија

Од самиот почеток ве очекуваат потешкотии, бидејќи во јануари ќе се помачите со барањата од шефот, болните деца и презафатениот/та сопруг/а. Во февруари ќе мора да вложите повеќе напор за да успеете. Иако ви се чини дека нема никаков ефект, на крајот ќе се уверите во спротивното. Ќе дојде до промена на работен план во текот на мар, па веројатно ќе дојде и до намалување на платата. на емотивен план нема да биде подобра ситуација. Во април ќе бидете фокусирани на семејството и љубовните врски. Хранете се здраво и вежбајте редовно. Во мај ќе мора да бидете психички и емоционалн силни. Финансиите ќе бидат добри, но жените мораат да обрнат внимание на здравјето. Во јуни ќе почувствувате позитивни турбуленции на работен план. Во јули дефинитивно ќе мора да се подготвите и да бидете трпеливи бидејќи ве очекува одлична зделка. Август е одличен за донесување на професионално одлуки, додека септември ќе имате драматични промени во вашиот живот. Немојте да бидете прекритични во се` што ве опкружува, обидете се да го прифатите животот онаков каков што е. Октомври ќе биде одличен за Шкорпиите – и со пари и со љубовни авантури. Во ноември ќе бидете задоволни со случувањата и ќе бидете емотивно исполнети. Во декември ќе дојде до ситни семејни расправии, но љубовта, здравјето и парите ќе бидат на доста задоволително ниво.

Стрелец

Самиот почеток на годината ќе ви падне тешко, бидејќи во јануари ќе мора да се потрудите повеќе отколку останатите за да го реализирате она што сте го замислиле. Во февруари ќе правите планови за иднината, но не губете надеж и не престанувајте да сонувате. Март ќе биде резервиран за семејтвото и не треба да донесувате никакви професионални одлуки. Април ќе биде тежок месец во ситесфери на животот, но барем ќе ги имате парите што сте ги очекувале. Обрнете внимание на рацете и нозете. Во мај ќе имате доста самодоверба, па искористете го сето тоа. Опуштете се и уживајте во животот. Нова љубов ве очекува во јуни, а ова е добар месец да се сконцентрирате на работата. Во јули ќе ви се чини се` дека е забавено, а причината за тоа е што повеќето планети се ретроградни. Во август ќе морате да се одлучите дали сакате да се посветите на работата или семејството. Во септември ве очекува семејна драма, па многу бракови ќе бидат во голема криза. Посетете кардиолог. Во октомври ќе бидете опкружени со пријатели и вашата физичка состојба ќе биде подобра. Работата и љубовта во ноември ќе стагнираат, но во декември ќе се случи нешто неочекувано и ќе бидете премногу задоволни.

Јарец

Јануари не е вистинско време за донесување на одлуки од животно значење, но затоа ќе уживате во среќата на личен план и ќе се чувствувате подмладено. Во февруари ќе мечтаете за плановите за иднината, а помалку ќе реализирате. Во март во никој случај немојте да ризикувате, додека во април треба да се опуштите и да започнете да вежбате. Во мај ќе ви излезат некои семејни проблеми кои ќе мора под итно да ги решите, додека јуни е добар месец да се обидете да ослабите и да направите една детоксикација на организмот. Во јули ќе ви бидат неопходни финансиски инекции, додека во август се` ќе биде насочено кон љубовта. Одлично време за започнување на нова работа ви нуди септември, а ќе просперирате на сите полиња во октомври. Не смеете да дозволите егото да биде поголемо од вас во ноември. Декември дефинитивно е ваш месец, бидејќи ништо нема да ви стои на патот до успехот.

Водолија

Ќе имате среќа кога станува збор за парите, но многу лошо ќе се чувствувате поради љубовните односи во текот на јануари. Во февруари ќе искусите неверојатна страст и сензуалност во врска во која досега не сте биле. Во март ќе освојувате со вашиот изглед и шарм, но односите со некои членови на семејството ќе бидат малку пореметени. Ќе се трудите да постигнете успех на работа, но затоа ќе бидат почести болките во мускулите во текот на април, па тоа е предупредување дека треба работите да ги забавите. Мај ви донесува финансиска нестабилност, но за среќа ќе имате некои работи настрана кои ќе ви донесат пари. Јуни треба да поработите на вашите вештини кои би можеле да ви бидат од корист во односите со другите луѓе. Јули е месец за одмор па искористете го до максимум за да ги наполните батериите. Август ќе работите многу, но ќе успеете да издвоите доволно време и за семејството. Септември е месец на големи пробмени. Многу бизнис патувања ќе бидат одложени, а поради ретроградниот МерК*р се` ќе ви оди забавено. Во септември ќе се докажете на работа, па очекувајте зголемување на платата или унапредување. Ќе бидете друштвено активни во октомври, а ноември е одличен месец за стапување во брак. Во декември доаѓа реализирање на сите ваши соништа, кога ќе сфатите дека парите не се најважни во животот, туку личната среќа.

Риби

Уживајте во текот на јануари со семејството, бидејќи ова освежување ви е и повеќе од потребно, како и полнење на батериите поради активностите кои ве очекуваат во наредните месеци. Правите планови за февраури и за наредниот период, меѓутоа очекувајте промена на работа. Ретроградниот МерК*р влијае врз вашиот љубовен живот, а ќе бидете прилично збунети во текот на март. Венера во текот на април ќе влијае врз вашите финасии и љубовен статус, па затоа обрнете внимание на емоциите и менталното здравје. мај е одличен период за напредување во работата и заработување на пари, додека осамените Риби би можеле да најдат нова љубов за забава. Во јуни ќе побарате помош од другите во врска со вашата кариера. Во текот на јули се` ќе биде во знакот на комуникациите, а вашата напорна работа конечно ќе се исплати. Исто така, можни се дополнителни приходи. Акцентот е на романтичните врски во август, но никој не споменува брак. Обрнете внимание на правилното движење на телото за да не дојде до проблеми во иднина. Во септември доаѓа до возбудливи промени, а вие храбро чекорите кон реализирање на вашите цели. Новата фаза во кариерата започнува во октомври, а вие добро пресметајте ги постоечките финасии. Ноември е одличен за бизнис патување во странство, но и за меден месец. Ќе имате голем извор на енергија и здравје во декември, а ве очекува и нова емотивна врска

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2016 во 19:19

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА 2016-ТАТА ГОДИНА

1

Прочитајте како ви се наклонети ѕвездите во 2016 година, кога станува збор за љубовта.

Овен

Ако сте сингл: Вие сте многу фокусирани и насочени кон постигнување на целите. Ако имате симпатии за некоја личност, постојат големи шанси вашиот однос да се развие во врска.

Ако сте во врска: Ова дефинитивно ќе биде ваша година. Вие сте толку независни што вам не ви треба некој – но сега, кога ја најдовте таа посебна личност, ова ќе биде една од најдобрите години досега.

Бик

Ако сте сингл: Потребна ви е конзистентност и не може да толерирате непредвидливи луѓе. Во потрага сте по некој што држи до својот збор. А ако запознаете некој посебен, вие нема да сакате веднаш да влетате во врска. Претпазливост е вашето средно име, а вие сакате да бидете 100 проценти сигурни дека тоа чувствата ќе ви бидат возвратени.

Ако сте во врска: Вашата тврдоглавост понекогаш може да ве доведе во неволја. Инсистирањето на тоа дека вие сте секогаш во право, може да доведе до кавги, па затоа направете напор следната година да посветите поголемо внимание на ставовите на вашиот партнер.

Близнаци

Ако сте сингл: Додека другите не можат да го тргант погледот од вашата симпатија, вие нема да имате проблем да останете со студена глава. Но, во 2016 година, немојте да го игнорирате импулсот за разговор со вашиот симпатија. Верувајте им на вашите инстинкти и можеби наскоро ќе го имате првиот заеднички состанок.

Ако сте во врска: Новата Година кај вас ќе ги разбуди конфликтните чувства. Дали се уште сакате да бидете во врска или би сакале да бидете соло. Размислете дали вашиот партнер сеуште ве возбудува и изненадува, ако не, тогаш можеби тој не е вистинската личност за вас.

Рак

Ако сте сингл: Ви треба време за да бидете отворени со луѓето, но 2016-тата година е годината кога конечно, ќе соберете храброст и ќе и кажете на симпатијата што точно чувствувате за неа.

Ако сте во врска: Вашите инстинкти се беспрекорни. Дали чувствувате дека сте ја запонзале совршената личност? Тогаш тоа со сигурно е така. Но, ако сметате дека нешто не е во ред, направете чекор назад и размислете дали навистина сте среќни во вашата врска.

Лав

Ако сте сингл: Сметате дека вашата симпатија не знае дека вие воопшто постоите? Размислете повторно. Благодарение на вашата голема самодоверба, дефинитивно сте и паднале во очи.

Ако сте во врска: Многу сериозно ги сфаќате врските и секогаш сте полни со разбирање за партнерот. Сепак, можеби би требало да се запрашате дали таа врска, е вредна за вашиот напор и труд, а потоа да одлучите дека не е.

Девица

Ако сте сингл: Вие сте многу пребирливи во однос на луѓето со кои го поминувате времето. Следната година ќе бидете позафатени од било кога и ќе имате време да се фокусира само на лицата (и симпатиите), што се најважни за вас. А потоа некој конечно ќе ви падне во очи.

Ако сте во врска: Обожавате постојано да му посветувате внимание на партнерот, но гледајте во 2016-та година да одвоите малку време и за себе.

Вага

Ако сте сингл:  Можеби во моментов не сте вљубени, но љубовта ќе ве изненади кога најмалку очекувате. Имате тенденција постојано да се преиспитувате, но во 2016 година ќе покажете многу повеќе самодоверба. Ако сакате на симпатијата да и кажете се, слободно направете го тоа!

Ако сте во врска: Цела година правевете компромиси и работевте против своја волја, сепак, сето тоа ќе се промени во 2016-та година и вашиот глас заслужува да се слушне!

Скорпија

Ако сте сингл: Многу тешко стекнувате доверба во луѓето, особено ако во претходната врска сте имале лошо искуство. Тоа ќе се промени бидејќи ќе сфатите дека секоја личност нема намера да ве повреди.

Ако сте во врска: Одлични сте кога станува збор за запазување на нештата. Ако забележите дека партнерот се однесува сомнително, не плашете се да му го свртите внимание на однесувањето и на очигледните лаги. Најверојатно ќе бидете во право.

Стрелец

Ако сте сингл: Вие сте многу импулсивни, што значи дека многу често го говорите она што тој прво ќе ви падне на ум. Ова ве доведува до незгодни моменти кога се обидувате да ја импресионирате симпатијата. Но, не мора да се грижите, бидејќи таа ја цени вашата искреност, а до крајот на 2016 година, сигурно ќе бидете во врска.

Ако сте во врска: Вашата врска ќе биде посилна од било кога благодарение на довербата што ќе ја покажете кон партнерот. Знаете дека сте нашле неверојатна личност!

Јарец

Ако сте сингл: Иако многумина се плашат да ја повикаат симпатијата на состанок, вие сте навистина бестрашни да го направите тоа.

Ако сте во врска: Можеби ќе наидете на проблеми, но ќе ги надминете, поради чувствата што ги имате едни за други. Всушност, сите проблеми што ќе се појават во 2016-та година само ќе ве направат уште посилна двојка.

Водолија

Ако сте сингл: Имате проблеми со изразување на сопствените мисли, особено пред симпатијата. Сето ова ќе се смени оваа година, бидејќи ќе добиете напад на самодоверба која ќе ве натера да се изразувате како вистински поет.

Ако сте во врска: Секогаш сте имале силна врска со вашиот партнер, лесно можете да едни со други да си ги завршувате речениците. Оваа врска во 2016 година ќе стане уште посилна затоа што ќе ги изразувате своите чувства уште погласно и појасно отколку во 2015 година, и можно е понуда за брак.

Риба

Ако сте сингл: Следната година конечно ќе ги надминете сите ваши стравови и на симпатијата ќе и каже сè што ви лежи на душа.

Ако сте во врска: Вие сте неверојатни во врската затоа што вашиот партнер секогаш на прво место, но запомнете – вие не заслужувате секогаш да бидете во позадина. Во 2016 година конечно ќе се процените дали партнерот во врската носи толку многу страст, енергија и напор како и вие.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2016 во 09:04

Голем љубовен хороскоп за 2016-та: На Раковите храброста ќе им се исплати, а Јарците ги очекуваат проблеми


Оние кои се сингл ги интересира дали оваа година конечно ќе пронајдат љубов, додека оние кои се веќе во врска, ги интересира каков тек ќе има истата.

golem-ljuboven-horoskop-za-2016ta-na-rakovite-hrabrosta-ke-im-se-isplati-a-jarcite-gi-ocekuvaat-problemi-01.jpg

Големиот љубовен хороскоп ќе ви открие на што треба да внимавате, а на што да се препуштите ако сакате љубовта да успее:

Овен

Ако сте сингл: Фокусирани сте на постигнување на целите, па затоа оваа година љубовта ќе ви оди од рака. Доколку веќе имате симпатии кон некоја личност, големи се шансите тие да се развијат во врска. 2016-та е година во која ќе искусите стабилност и хармонија.

Ако сте во врска: 2016-та дефинитивно ќе биде ваша година. Иако сакате независност, откако ја пронајдовте идеалната личност целото време ќе сакате да и го посветите на неа. Поддршката од партнерот ќе ви помогне да ги надминете кавгите со блиските, па дури и финансиските проблеми. Кај долгите врски, можни се понуди за брак.


Бик

Ако сте сингл: Потребна ви е доследност и не можете да ги поднесете непредвидливите луѓе. Барате човек кој си го одржува зборот. Ако запознаете некој таков, нема да зажалите ако брзо влезете во врска. Иако внимателност е вашето средно име, понекогаш е добро да ризикувате и да не знаете се однапред.

Ако сте во врска: Тврдоглавоста ќе ви донесе неволји и кавги. Инсистирањето на тоа да сте секогаш во право ќе ве доведе до кавги, па затоа во 2016-та повеќе посветете се на ставовите и гледиштата на партнерот. Време е за емотивна трансформација и смирување.


Близнаци

Ако сте сингл: Додека другите не можат да го тргнат погледот од вас, вие без проблем ќе останете со ладна глава. Сепак, не дозволувајте да ги игнорирате симпатиите кои вие ги имате. Верувајте им на своите инстинкти. Кажете им да на новите шанси, ова е одлична година за нови почетоци.

Ако сте во врска: 2016-та ќе ви разбуди емотивни конфликти. Главниот ќе биде дали и понатаму сакате да останете во врска или попрво би биле сами. Размислете дали партнерот и понатаму ве возбудува и изненадува. Не се плашете од големи одлуки само за да не останете сами.


Рак

Ако сте сингл: Потребно ви е време за повторно да им верувате на луѓето, но оваа година храброста ќе ви се исплати. Искажувањето на симпатиите може да во донесе позитивни промени и стабилни љубовни врски.

Ако сте во врска: Вашите инстинкти нема да ве изневерат. Без разлика дали чувствувате дека „тоа е тоа“ и сакате да одите чекор понатаму или едноставно ќе сфатите дека нешто не е во ред – слушајте го внатрешниот глас. Можен е љубовен притисок кој ќе го надминете само со искрен разговор со партнерот.


Лав

Ако сте сингл: Не претерувајте со анализирањето и направете го првиот чекор. Ќе се изненадите од резултатот. Ова е година кога сите ќе ве забележуваат, вклучувајќи ги и луѓето за кои мислите дека само вие чувствувате симпатии. Не бидете толку резервирани.

Ако сте во врска: Премногу сериозно ја сфаќате врската и тоа е добро, се додека имате разбирање за партнерот. Пред да направите било што, добро размислете дали тоа е од љубов или само затоа што партнерот тоа го очекува од вас. Проверете колку труд и напори вложувате, а колку добивате. Во 2016-та клучен е балансот.


Девица

Ако сте сингл: Пребирливи сте кога се работи за личностите со кои го поминувате времето. Сепак, редот знае да биде досаден. Не се плашете од предизвици и новости. Имајте поголема самодоверба за да го направите првиот чекор кога некој ќе ви падне во очи.

Ако сте во врска: Обожавате да му посветувате внимание на партнерот, но во 2016-та мора да внимавате да не се запоставите себеси.  Верувајте и на интуицијата. Потребна ви е комуникација за да ги уништите препреките со кои ќе се соочите.


golem-ljuboven-horoskop-za-2016ta-na-rakovite-hrabrosta-ke-im-se-isplati-a-jarcite-gi-ocekuvaat-problemi-02.jpg

Вага

Ако сте сингл: Можеби моментално не сте заљубени, но средината на 2016-та дефинитивно ќе ве изненади. Имате тенденција постојано да ги преиспитувате своите љубовни одлуки, па затоа оваа година мора да поработите на самодовербата. Ако влезете во нова врска, не поставувајте услови и граници на самиот почеток.

Ако сте во врска: Не се согласувајте на компромиси по секоја цена. Време е партнерот да го слушне вашето мислење. На моменти ќе чувствувате дека недостасува романтика, но тоа не значи дека се е завршено. Не бидете песимисти.


Скорпија

Ако сте сингл: Многу тешко ќе им ја подарувате довербата на новите познаници заради претходните искуства. Тоа ќе ве промени и ќе ви изгради бариери. Намалете со ограничувањата ако сакате нов почеток. Ве очекуваат убави љубовни приказни по август 2016-та.

Ако сте во врска: Оваа година сетилата и претчувството ви се посебно изострени. Ако забележите сомнително однесување, не се плашите да повеќе да истражите. Веројатно ќе бидете во право. Мора да запаметите дека вие сте оние кои имаат право на среќна љубов, не на лаги.


Стрелец

Ако сте сингл: Оваа година сте импулсивни, што значи дека многу често ќе ги кажувате работите кои први ќе ви паднат на памет. Тоа ќе ви донесе непријатности кои нема да ги импресионираат симпатиите. Но, немате простор за грижа затоа што вашата искреност ќе биде ценета и до крајот на 2016-та со сигурност ќе започнете нова, послободна врска.

Ако сте во врска: Вашиот љубовен однос ќе биде поцврст од било кога, благодарение на довербата која ќе му ја покажете на партнерот. Емотивно ќе созреете како пар само ако се спротивставите на проблемите. Постојано целете кон нешто повеќе, наместо да критикувате. Само така до крајот на годината ќе ве следи хармонија.


Јарец

Ако сте сингл: Искористете ја бестрашноста која е ваш заштитен знак и направете го првиот чекор. 2016-та е година на нови возбудувања, па затоа не смее да ги потиснувате емоциите. Промените кои ќе ви се случат оваа година ќе ви помогнат емотивно да созреете и да сфатите што сакате од идниот партнер.

Ако сте во врска: Големи се шансите да се соочите со проблеми, кои ќе ги надминете само ако емоциите ви се силни и јасни. На моменти ќе имате потреба да се изолирате од партнерот, па најдобро е тоа да му го објасните со време. Во спротивно, очекувајте кавги и сомнежи.


Водолија

Ако сте сингл: Ќе имате проблеми да ги изразите своите мисли, што не е типично за вас. Искористете ги напливите на самодоверба за да импресионирате. Можна е краткотрајна вознемиреност која не смее да ја искажете пред потенцијалните партнери. Намалете ги барањата, ако не сакате да се разочарате.

Ако сте во врска: 2016-та е година одлична за зацврстување на врската во секој аспект. Ако планирате брак, ова е идеално време. Август е месецот кој ќе ви донесе промени, па многу е важно тогаш да останете смирени и да бидете потпора на партнерот.


Риби

Ако сте сингл: Надминете ги стравовите и кажете го она што ви е на ум. Не ги намалувајте критериумите за никој, така само ќе донесете погрешни одлуки. Ако им подлегнете на сексуалните нагони и кратките авантури, внимавајте на тоа и да остане. Во спротивно, можни се недоразбирања.

Ако сте во врска: Запаметете дека не е во ред секогаш вие да сте во втор план. Почнете да се борите за себе и барајте поголема почит. Подгответе се за сериозни разговори и промени ако сакате да ја добиете љубовната бајка за која сонувате.



Изменето од Valerija - 20.Јануари.2016 во 09:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2016 во 13:37

КОИ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ГО ОСТАВААТ СПРОТИВНИОТ ПОЛ БЕЗ ЗДИВ?

8

Некои хороскопски знаци едноставно имаат магнетска привлечност и го освојуваат спротивниот пол без да кажат ниту еден збор.

Дали и вие спаѓате во оваа група? Проверете…

Еве кои 3 знаци имаат невиден талент за флерт и се` им оди од рака во љубовта:

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност.  Кај Биковите клуна е спонтаноста додека во креветот  ги знаат сите можни пози. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.

Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот и на нив никој не може да им се одолее. Тие уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.

Скорпија

Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да  го задоволат партнерот до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и делува како вид на зависност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2016 во 13:20

КОИ АСТРОЛОШКИ ЗНАЦИ НАЈДОБРО ФЛЕРТУВААТ

9

Еве кои три астролошки знаци имаат вроден талент за флерт и сè им оди од рака во љубовта…

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Кај Биковите клуна е спонтаноста додека во креветот  ги знаат сите можни пози. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.

Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот и на нив никој не може да им се одолее. Тие уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.

Скорпија

Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да  го задоволат партнерот до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и претставува своевидна зависност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2016 во 13:21

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ БАКСУЗИ ВО ЗОДИЈАКОТ?

8

Нема човек кој во некој период од животот не помислил дека е роден баксуз. Ова се трите астролошки знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле за да ги снајде таква судбина:

Девица

Девиците се вешти во решавањето на туѓи проблеми  и делење совети, но самите на себе не знаат да си помогнат. Кога се нервозни, чистат и полираат, па животниот простор им е толку беспрекорен, што на гости се чувствуваат малку непријатно, напнато и неудобно. Нивниот живот постојано ги изненадува. Таман сè средиле, а на тепихот се истура чаша црвено вино. Кога таман ќе се заглават во нечиј емотивен компас, се случува нешто неочекувано, заради што повторно мораат да ги испитуваат и менуваат работите. Цел живот исправаат некои грешки и често се прашуваат со што ја заслужиле таа казна.

Вага

Она што Вагите ги вади од кожа е неправдата. За жал, ја воочуваат насекаде околу себе и често пати таа е причината која им го нарушува  мирот и среќата. Спаѓаат во оние луѓе кои прво зборуваат, па потоа со денови размислуваат што попаметно можеле да кажат. Сакаат да изигруваат детективи, да откриваат изневерувања и лажговци, само проблемот е во тоа што се сфаќаат лично. Дури и кога ги решаваат туѓите проблеми, тие ги сфаќаат како свои. Најголемиот баксуз за Вагите е стареењето, затоа што им пријаат убави луѓе и луксузни предмети.

Риби

Рибите сами по себе се проклетство. Слабо стојат со реалноста, па постојано запаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непромислено. Во нивната глава си имаат зацртано како треба да им изгледа животот и колку совршено треба светот да функционира. Затоа што реалноста излегува многу поразлична, често се опиваат од мака. Кога ќе се најдат пред проблем кој тешко се решава, обично се затвораат во својот свет.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2016 во 09:57

Гледање на кафе, камења или руни: Какви скриени таленти има секој хороскопски знак?


Секој знак е подложен на одредена окултна дисциплина, дури и кога истата не е нагласена. Било да се работи за кристална кугла, карти или нешто друго.

Skrieni-sklonosti-na-horoskopskite-znaci

Ова се скриените склоности на хороскопските знаци:

Овен

Припадниците на овој знак често водат турбулентен живот и се занимаваат со многу нешта. Тие имаат тешкотии да направат разлика помеѓу емоции и желби. Окултните способности за Овните се поврзани со главата. Најмногу им одговара толкување на соновите. Ги интересира френологија и толкување на карактерот со помош на црти на лицето, говорот на телото... Исто така им одговараат методи кои даваат брзи резултати, како руни, коцки, карти...


Бик

Окултните способности на Биковите се развиваат бавно, но темелно. Како и другите земјени знаци, најмногу го користат телото. Имаат тенденција да ја предвидат иднината, потсвесно да ги препознаваат ликовите и симболите. Нумерологијата е идеална дисциплина за нив.


Близнаци

Хиромантија и истражување на карактерот се идеални дисциплини за Близнаците. Исто така, често сакаат да гледаат на тарот карти и имаат телепатски способности.


Рак

Тие почнуваат да ја чувствуваат нивната средина и да размислуваат за луѓето околу нив скоро од раѓање. Многу Ракови, особено мажите, не сакаат да го признаат тоа. Често се чувствуваат необјасниво тажни поради влијанието на месечината. Добиваат информации од сегашноста или иднината во форма на слики. Тие, исто така, можат да го чујат она што некој ќе го каже пред да почне да зборува. Добри се во предвидување на настани, а особено им прилега гледање на кафе, чај или кристал.


Лав

Весели, великодушни и топли се карактеристиките кои ги поседуваат Лавовите, а ги прават исклучително чувствителни на луѓето околу нив. Тие можат успешно да пренесуваат терапевтска енергија. Во можност се да лекуваат со својата радост, оптимизам, енергија и топлина. Друг интересен факт е дека многу астролози се родени во овој хороскопски знак.


Девица

Припадниците на овој знак имаат неверојатни психички способности. Голем дел од најдобрите лекари и терапевти се родени под овој знак. Ги привлекува анализа на карактер преку спонтани цртежи или шари. Понекогаш имаат точни претчувства за идните настани.

skrieni-sklonosti-na-horoskopskite-znaci-1.jpg

Вага

Нивните психички способности се поврзани со петте сетила. Ги привлекува музикотерапија и користење на ароматични масла во терапија. Исто така ги привлекува кинеската астрологија.


Скорпија

Се работи за знак кој е најмногу заинтересиран за окултизам. Внатрешната желба да се откријат чувствата ги наведува да ги истражуваат мистериите за животот и смртта.


Стрелец

Со оглед дека се заинтересирани за филозофија и религија во поширока смисла, тие се големи истражувачи. Стрелците имаат потреба да веруваат во натприродна сила. Ги привлекуваат научни факти, старите митови, древните религии...


Јарец

Јарците секогаш сакаат да знаат каде се наоѓаат. Сакаат факти, логика и немаат многу време за фантастични измислици. Премногу ги апсорбираат материјалните аспекти на животот. Нивниот владетел Сатурн владее со камењата, така што Јарците, кога би сакале би можеле да го развијат своето шесто сетило со гледање на камења или руни направени од камења. Можат да развијат и техника на гледање во кристална кугла.


Водолија

Љубопитни по природа, имаат силна желба да ги откријат тајните на универзумот и човекот, микрокосмосот и макрокосмосот. Предмет на интерес им се биоритамот, психо тестовите и самата парапсихологија.


Риби

Бурните и пророчките соништа и визии се дарба која Рибите ја поседуваат. Ги привлекува хроматотерапијата, рефлексологијата, како и терапија со цвеќиња и мириси. Одлични се во толкување на симболи во чаша или гледање во кристална кугла.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2016 во 16:16

КОИ СЕ НАЈИНТЕЛИГЕНТНИ ЗНАЦИ ВО ХОРОСКОП?

Sexy young woman wearing glasses

Кои се најинтелигентни знаци во хороскоп?

Близнаци

Уште од мали нозе сакаат да истражуваат и испитуваат. Многу се љубопитни па ги интересираат работи од различни области, иако најчесто се наклонети кон уметноста. Многу се интелигентни па оттука произлегува нивната духовитост и досетливост. Од таа причина секогаш се опкружени со луѓе со кои можат да водат конструктивни разговори, а исто така бараат интелигентна партнерка со која ќе можат да разговараат за се` бидејќи празните приказни не ги исполнуваат.

Скорпија

Ниту еден хороскопски знак не е толку интуитивен како Скорпијата. Речиси и да не постои работа во која нивното нагласено шестто сетило не би можело да продре. Тие секогаш тежнеаат во се` да почувствуваат длабочина, да загребат под површината и да ја видат вистинската смисла. Не обидувајте се нив да ги манипулирате, бидејќи тие се оние кои тоа го прават, а многу лесно ги насетуваат туѓите намери.

Стрелец

Секогаш имаат потреба да дознаат повеќе и често делуваат прилично несериозно. Меѓутоа, тие и тоа како знаат да ги проценат ситуациите. Многу се друштвени и знаат како со луѓето. Не им е проблем на прва да придобијат симпатии во друштвото. Меѓу припадниците на овој знак има доста научници.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2016 во 20:07

ОВИЕ 4 ЗНАКА ЌЕ БИДАТ НАЈСРЕЌНИ ВО 2016 ГОДИНА

29
2016 година ќе им донесе многу успех на секоеполе на вие 4 знака.

Овен

Конечно тврдоглавоста ќе биде конструктивна и со тоа ќе се постигнат две многу важни за вас цели кои беа прогонувани долго време. Годината ќе биде исполнета со многу врвови, кои ќе ги покорувате еден по друг. Единствениот услов сето да помине како по вода е да не престанете да верувате во себе. Не ја заборавајте поговорката дека “многу арно не е на арно” – оваа година ќе ви го докаже спротивното. На личен план ќе го добие најголемото изненадување, за кое дури не сте ни сонувале. Радувајте и се на годината, тоа е вашата година!

Близнаци

За вас тоа ќе биде годината на заедничката љубов. За оние кои се уште не го откриле својот партнер/ка, верувале или не – тоа ве чека. Вистинската љубов се открива ретко, но кога човек не губи надеж, сè е можно. Не се плашете и не бегајте од судбината. За останатите, кои веќе имаат партнер, тоа е годината на големите чекори и големите одлуки. Земајте ги храбро и не мислете дека брзате- ако срцето ви кажува дека тоа е правилно, верувајте му.

Вага

Никогаш не кажувај “никогаш”! Ова мора да е вашето мото во новата 2016 година. Ќе сфатите дека нема невозможни нешта и сте способни за многу повеќе отколку што мислите. Оваа година ќе дознаете што значат за вас блиските и пријателите и во многу односи ќе бидете во центарот на вниманието. Ќе најдете нова страст, со која ќе ги вчудоневидувате блиските кои ве познаваат добро и никогаш не би претпоставиле дека сте толку добри во нешто толку различно. Годината ќе биде опасна, уживајте во неа.

Шкорпија

Не се ограничувајте со целите кои си ги поставувате оваа година, бидејќи сте во виорот и можете сè. Пред сè ќе се покаже дека сте незаменливи на работното место кое ќе ви даде нова сила и голема доза самодоверба, од која имате потреба. Да ви ја свртат работата во страст не е невозможна мисија. Од друга страна вашиот личен живот ќе претрпи многу динамични промени, од кои ќе ви се измеша светот … во убава смисла. Ќе бидете клучната фигура во една врска, која ќе ви покаже што е да сакаш вистински.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2016 во 08:08

Што најтешко заборава секој хороскопски знак: Овенот понижување, Лавот спомени


Хороскопскиот знак влијае на обликувањето на нашата личност и точно може да открие што никако не можеме да заборавиме, колку и да се трудиме.

sto-najtesko-zaborava-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-ponizuvanje-lavot-spomeni-1.jpg

Додека некои не можат да ја заборават првата љубов, други не можат да го заборават понижувањето кое им било приредено.

Во која група спаѓате вие и што најтешко простувате и заборавате?

Овен

Тешко ги заборава траумите од детството и понижувањата кои ги доживеал од оние кои му значеле и на кои слепо им верувал. Никогаш нема да им прости на луѓето од кои побарал помош, а тие го оставиле да се бори сам. Иако Овенот рано се осамостојува и се бори за своето место под сонцето, таквите рани тешко заздравуваат.


Бик

Дури и кога искрено би сакал, не може да ги заборави дрскоста и безобразниот став на колегите кои немале разбирање тогаш кога најмногу го заслужил. Затоа што љубовта им е подеднакво важна како и кариерата, Биковите тешко се помируваат и дека некоја романса не може да опстои заради далечина. Личноста со која ќе го доживее ова, вечно ќе ја памети.


Близнаци

Еден од најинтелигентните знаци во Зодијакот секогаш делува како никој да не може да го допре, но сепак, имаат своја слаба точка - креативноста. Ако не ја реализираат онака како што се надевале, никогаш нема да си простат сами на себе или да заборават. На другите може да им простат сè, но преку можностите кои ги пропуштиле, не можат да преминат.


Рак

Романтичните Ракови имаат по најмалку еден момент, ако не и повеќе, кога биле занесени, млади и заљубени, па потоа реалноста ги удрила по глава. Првото љубовно разочарување ги следи низ животот, а секој ден е се потешко, наместо да е обратно. Раковите посебно ги интересира зошто морало да биде баш така, а не како што тие си замислувале, па затоа овие анализи и враќање на времето им се болна, незаборавна точка.


Лав

Кога Лавот би можел да го поправи поразот на секое поле, многу би му било полесно, затоа што спомените и сеќавањата не му даваат мир. Ако не можел да стане водач и да добие улога на лидер, ќе биде незадоволен до крајот на животот. Тешко заборава неуспех или пропуштената шанса во нешто да биде прв.


Девица

Колку и да се труди, Девицата не може да ја заборави првата љубов, па цел живот и се враќа, без разлика дали во мислите, дали физички ќе преземе нешто. Би и било многу полесно ако не е под постојан притисок на прашањето „што ќе беше, ако направев вака?“ Иако е практична и рационална, Девицата тешко ги заборава совршените состаноци.


sto-najtesko-zaborava-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-ponizuvanje-lavot-spomeni-2.jpg

Вага

Вагата никогаш нема да заборави и прости неправда или понижување, и тоа баш тогаш кога била најуспешна. Родените  во овој знак се вечни борци, посебно против неправдата, па вкусот на пораз може да ги донесе пред искушение за одмазда. Уште една работа која никогаш не ја заборава е дека луѓето не се онакви какви што вие ги доживувате и тоа го има почувствувано на своја кожа.


Скорпија

Скорпијата не заборава ниту еден момент во кој била јавно изложена на критика или неправда, заради која се почувствувала непријатно во поголема група на луѓе. Не сака било кој да ги загрозува нејзините идеали, цели и планови, па ако се обидете - подгответе се за доживотна одмазда. Иако би сакала се да заборави, Скорпијата е можеби најголемото злопамтило во  Зодијакот.


Стрелец

Барем еднаш во животот, на Стрелецот му се случило да излезе наивен затоа што направил погрешен чекор и тоа никогаш нема да си го прости или заборави. Присетувањата на минатото се секогаш тука да го прогонуваат, па од нив ја извлекува лекцијата дека секогаш треба да биде подготвен на најлошото и од секого сè да очекува. Затоа што кога еднаш ќе се изгори од млеко, дува и на јогурт.


Јарец

Јарецот не заборава личности кои искрено ги сакал, а го оставиле. Јарците цел живот ги потхрануваат спомените, се присетува на се што можело да биде и најмногу се кае за зборовите кои не ги изустил. Гледа романтични филмови, сака да напише цел роман, само за да си ги истури емоциите некаде надвор. Тешко заборава и простува неверства од било каков тип.


Водолија

Водолијата никогаш не ги заборава понижувањата на професионален план, дури и кога делува ноншалантно. Ладнокрвноста е само маска и потсвесно потискање на она што ги боли. Водолиите се одмаздници, пред се заради повредената суета, па секогаш имаат црна листа со имиња кои ги понижиле. Лажењето во очи е уште една работа која тешко ја забораваат и простуваат.


Риби

Рибите отсекогаш сакале да заблескаат во јавноста, па се каат за секоја пропуштена прилика. Тогаш меланхоличните Риби се повлекуваат во свој свет и анализираат. Лесно ги мешаат фантазиите со реалноста, па ако случајно се осмелите да им го посочите тоа, очекувајте смртно да ви се налутат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2016 во 08:13

ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ РАСКИНУВААТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

27

Секое прекинување на врска е поинакво и непредвидливо. Дознајте што не треба да правите во врската со секој од знаците во хороскопот, доколку сакате да ја сочувате, но и што може моментно да ги изнервира и да ги оддалечи од вас, ако повеќе ви одговара да бидете сами.

Овен
Причина за прекинување на врската кај овенот се несогласувањата, па дури и оние ситните и безопасни, или досадата. Тие се немирни и љубопитни и имаат постојана потреба да освојуваат. Овенот бргу губи интерес за оние кои целосно се отвораат, па поради тоа, своето внимание честопати го поклонуваат на таинствени, а понекогаш и на неискрени личности. Повеќе ја почитуваат слободата отколку компромисот, особено кога се млади. Тие не се флексибилни и за прекинување на врската се решаваат одеднаш, честопати и без зборови. Ограничувањата, надмудрувањето, недовербата и контролирањето на нивните постапки се причина за да стават крај на врската.

Бик
Биковите најчесто раскинуваат ако чувствуваат несигурност во врската или поради страв дека ќе бидат оставени. Тие имаат голема вродена издржливост, но кога некој ќе ја премине границата во нешто, се случува експлозија која дури ни самите бикови не ја очекувале. Љубомората им е одбивна и покрај тоа што и самите се љубоморни. Исто така, тие не сакаат да бидат ставени пред свршен чин. Врската ја прекинуваат после долго размислување, полека и со жалење, но кога еднаш ќе одлучат никој не може да ги натера да се премислат. Причини за прекинување на врската кај бикот се недовербата, гаснење на емоциите, недостаток на разговор и чувството дека блискоста е изгубена.

Близнаци
Причините поради кои раскинуваат близнаците можат да бидат нереални за другата страна, но ќе се зачудите колку добро тие умеат да ги образложат. Врската ја прекинуваат бидејќи им е досадно, од љубопитност, за да видат што ќе се случи, поради потреба од слобода или ако се фокусирале на некој друг. Шармот ги спасува близнаците од бесот на оставениот партнер и тој најчесто ги памети со одредени симпатии. Но, ако добро се чувствуваат во врската и немаат намера да ја прекинат, партнерот може да прави што му е волја.

Рак
За да ја задржи љубовната врска, ракот е спремен да жртвува сè, па дури и тогаш кога врската е лоша и исцрпувачка. Раскинувањето е проследено со потоци од солзи и со спремност за компромис. Единствено што може да ги натера да заминат засекогаш, е лошиот однос на партнерот со семејството или одбивањето заеднички живот. Кога врската ќе се прекине, без разлика на лутината и болката што ја чувствуваат, во сеќавање им остануваат само убавите спомени. Ретко се случува за својата врска да зборуваат многу, но ако нешто кажат, тоа ќе биде само она најдоброто.

Лав
Врската ја прекинуваат кога им е повредена гордоста и егото и честопати не дозволуваат да бидат оставени, бидејќи за нив тоа значи понижување. Кога врската е климава, за нив е важно први да го повлечат конечниот потег и во никој случај да не покажат чувства. Навикнати се да бидат во центарот на вниманието и нема да дозволат конечното „збогум“ да помине незабележано, па ако е потребно ќе направат цела претстава за да остават длабок и драматичен впечаток. Врската ја прекинуваат поради непочитување на нивните правила, неодобрување на постапките и неспособноста за секојдневно ласкање.

Девица
Најчесто девиците се оние кои се всушност оставени, но кога ќе се решат тие да ја прекинат врската, тоа е поради чувството на инфериорност. Не сакаат сцени пред други луѓе и ако е возможно претпочитаат мирно и разумно раскинување. Кога мораат да изберат помеѓу љубов и обврски, секогаш ќе се определат за обврски, бидејќи материјалната сигурност им е на прво место. Врската ја прекинуваат студено и конечно со задолжителна маска на рамнодушност на лицето како самоодбрана. Во љубовта се искрени, па се обидуваат да бидат такви и кога раскинуваат. Се повлекуваат без премногу зборови и дискусии. Причини за прекинување на врската се неорганизираниот начин на живот на партнерот, неговата склоност кон драми и потенцијалните проблеми.

Вага
Вообичаени причини за завршување на врската се отсуство на привлечност, неусогласен животен ритам или некоја нова личност. Сепак, пред дефинитивниот крај, вагите често знаат да дадат уште една шанса и да се обидат да ги разрешат недоразбирањата. Најчесто тоа го прават за партнерот сам да сфати дека врската нема перспектива, па вагата да може да се ослободи од непријатната одговорност и објаснување. Врската ја прекинуваат тактично и фино, како што всушност и му доликува на овој знак, но со ризик тоа партнерот да не го доживее како искреност туку како извлекување. Вагите раскинуваат поради лоша комуникација, непочитување на договор, форсирање и претерување во изразувањето на чувствата.

Скорпија
Кога ја прекинуваат врската, скорпиите уништуваат сè зад себе. Причина за тоа е нивниот деструктивен дух, кој е пресуден во проблематични ситуации, па успеваат да ја разорат врската дури и тогаш кога не е потребно. Стравовите и траумите од детството, чувството на вина и неверојатната способност да ги повредат другите и себеси во секоја, па дури и безначајна прилика, неизбежно ги доведува до точка кога „љубовта пука“. Тие тогаш имаат обичај едноставно да побегнат, бидејќи не умеат пристојно и трезвено да ја разјаснат целата ситуација и мирно да се разделат. Раскинуваат поради неверство или кога ситуацијата ќе им излезе од контрола.

Стрелец
Стрелците ја прекинуваат врската поради потребата постојано да истражуваат и освојуваат нови територии, а и бидејќи им е тешко да се врзат само за една личност на подолго време, особено во младоста. Тие себеси се сметаат за космополити и прават сè како би биле над сето тоа што е обично и секојдневно. Кога партнерот веќе не им е доволен предизвик, тие многу лесно одлучуваат да одат понатаму. Честопати реагираат импулсивно и ја прекинуваат врската без многу објаснување, но кога малку ќе се средат работите, нивната коректност, сепак, доаѓа до израз. Тогаш тие се спремни мирно и разумно да разговараат, при што се многу шармантни и настојуваат да го задржат контактот, оставајќи ги сите врати отворени, понекогаш со телефонски повик или разгледница од кој било дел на светот. Врската ја прекинуваат поради ситничавост, компликување на односите, форсирање на врската или недостаток на предизвик.

Јарец
За прекинување на врската се решаваат исто толку тешко колку што им е тешко да одлучат да влезат во неа. Но, кога еднаш ќе се најдат во сериозна љубовна врска, сета своја енергија, трпение и чувства ги вложуваат во неа. И покрај тоа, тие се спремни да се откажат од неа, доколку им е неопходно да бидат сами, или кога мораат да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која сепак им е најважна.
Бидејќи не се наклонети да ги признаваат најдлабоките чувства, тие заминуваат тивко и без многу објаснување, но тоа не значи дека ќе исчезнат одеднаш. Своите намери, за кои понекогаш ни самите не се свесни, ќе ги покажуваат индиректно преку отсутност и нервоза. За тоа време ќе им стане јасно каква одлука треба да донесат, која и не мора секогаш да биде фатална по врската. Најчувствителни се кога е нивната работа во прашање, па затоа не толерираат мешање на приватниот и професионалниот живот. Одбивно им е озборувањето и изнесувањето на „валканата облека“ во јавност.

Водолија
За водолиите не мора да постои некоја посебна причина за да ја прекинат врската. Тие едноставно можат едно утро да се разбудат и да дојдат до сознание дека врската во која се наоѓаат веќе не им одговара. На тоа тие се решаваат тогаш, кога ќе почувствуваат притисок и тежина од обврските за кои не се спремни. Вообичаено раскинуваат директно и без заобиколување, но се трудат разумно да ги објаснат своите намери, дури и тогаш кога ќе паднат тешки зборови од страна на партнерот, со цел да одржат пријателски контакт. За да ја прекинат врската може да ги наведе форсирањето за брак и обврски, критикувањето на нивните пријатели и роднини и непочитување на нивните соништа и идеи. Идеално завршување на врската за нив, е разговор после кој ништо нема да остане неразјаснето.

Риби
Нивната вродена склоност кон мазохизам ги наведува целата ситуација да ја доживеат трагично и да патат дури и тогаш кога не би требало. Не знаат разумно да го прекинат незадоволството во врската, па подобро им е да патат сè додека партнерот не ги остави. Секое раскинување, тие го доживуваат како личен пораз. На почетокот на врската го идеализираат својот партнер, а потоа кога ќе се разочараат, тие остануваат без своите принципи и долго создаваната сигурност. Без разлика кои се причините и каква е ситуација, солзите се неизоставни, но колку и да патат, рибите бргу закрепнуваат и спремни се за нови трауми со некоја друга личност. Раскинуваат поради нетолерантност на нивната склоност за фантазирање, кога од нив се бара да се спуштат на земја и кога се потиснати во втор план, бидејќи за нив тоа се чувства кои се најважни на светот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2016 во 15:33

КОИ АСТРОЛОШКИ ЗНАЦИ НАЈДОБРО ФЛЕРТУВААТ

7

Еве кои три астролошки знаци имаат вроден талент за флерт и сè им оди од рака во љубовта…

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Кај Биковите клуна е спонтаноста додека во креветот  ги знаат сите можни пози. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.

Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот и на нив никој не може да им се одолее. Тие уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.

Скорпија

Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да  го задоволат партнерот до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и претставува своевидна зависност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2016 во 15:35

ДЕВОЈКИТЕ ЛУДУВААТ ПО НИВ: ОВА СЕ НАЈМАЖЕСТВЕНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ

6

Ова се најмажествените хороскопски знаци и докажано е дека жените навистина лудуваат по нив!

Овен

Владее со Марс, планетата на акцијата и храброста, така што овој хороскопски знак не знае за страв. Секој ризик за него претставува предизвик.

Лав

Лавот е еден од најхрабрите знаци кој владее со Сонцето, симболот на успехот.

Скорпија

Со Плутон и Марс, планетите на моќта и храброста, владеат Скорпиите. Обожавате предизвици и ризици. Опасноста постои само поради вас.

Стрелец

Иако понекогаш ризикувате премногу, брзо се опоравувате и сте спремни да се соочите со новите предизвици. Вие не се плашите од промени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2016 во 16:10

АНТИХОРОСКОП: КОИ АСТРОЛОШКИ ЗНАЦИ СЕ НЕПОДОБНИ ЗА БРАК?

6
Во добро и во зло, додека смртта не ве раздели? Дали сте сигурни дека го направивте или ќе го направите вистинскиот избор?

Проверете дали вие или вашиот партнер сте помеѓу 3-те астролошки знаци кои не се за врзување на долги патеки:

Близнаци

На Близнаците чувствата им се моментални. За разочарувањето да биде уште поголемо, интензитетот на емоции е посебно голем на почетокот од врската, па голем број од Близнаците ќе се знесуваат и додворуваат со денови и месеци… Таман ќе помислите дека сте нашле партнер кој нема да ве напушти, излаже и изневери, а веќе во следниот момент гледате дека тој не е на перницата до вас. Сепак, Близнаците секогаш се враќаат, ако ви е утеха. Ако ви ветуваат бајки, верувајте им затоа што тоа го мислат… барем во тој момент. Ако сте подготвени за живот полн стресови и турбуленции, одберете партнер роден во овој знак.

Стрелец

Ако воопшто се појави пред матичарот, ќе забележите пот на челото и двоумење при секое изговарање на зборовите. Тој веќе е венчан за авантурите, така што вие секако сте во втор план. Неговиот дух има потреба за постојани возбудувања, а домот му е само прибежиште. Тој не знае долго да остане во исто место и во тоа не го ограничувајте, затоа што никогаш нема да направи компромис по цена на својата слобода. Верност? Сериозни сте?

Водолија

Ако успеете да ги разберете овие чудаци, тогаш ви треба урамено признание. Ако не сте подготвени на постојани журки, брзо темпо и немате кондиција да го живеете животот до максимум, откажете се уште веднаш. Иновациите и константните промени се единствената желба на Водолиите. Затоа, ако веќе сакате бракот да опстои ќе мора да смислувате нови изгледи и распореди за денот кој следува. Во спротивно, ќе ви каже дека сте досадни и ќе ве напушти без око да и трепне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 142143144145146 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.