|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 139140141142143 157> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАКО ВИ ПОКАЖУВА ДЕКА Е ГОТОВО СПОРЕД ХОРОСКОПCКИОТ ЗНАК< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1451336759754" name="I0_1451336759754" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2015%2Fzhivot%2Fljubov-i-seks%2Fkako-vi-pokazhuva-deka-e-gotovo-spored-horoskopckiot-znak%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.CxWNfIbqvVE.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Ft%3Dzcms%2Frs%3DAGLTcCPofviUX6eX0z6qrT284WLIdF2EdA#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1451336759754&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=10879010" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;"> Изменето од Valerija - 28.Декември.2015 во 22:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што НЕ треба да му подарите на секој хороскопски знак: Овенот не сака загатки, Лавот бижутеријаВеројатно веќе се подготвувате со подароци за најблиските и пријателите, па добро е да знаете што точно да им подарите, но и што да избегнете. Хороскопот открива што не сакаат хороскопските знаци да добијат за подарок. Загатки и друштвени игри кои бараат трпение и комбинирање. Дебели книги со детални описи и малку акција. Облека и обувки. Предмети од домаќинството.
Работи чија монтажа и употреба е напорна, неудобна и ги фрустрира. Сè што е скапо за одржување или поправање.
Предмети кои се бескорисни или кои не можат да ги употребат за забава, комуникација или работа. Работи кои бараат редовно и комплицирано одржување, бидејќи ќе заборават да ги одржуваат.
Ладни и метални предмети. Нешто практично без емоционални ноти. Книги од автори од земји кои ги сметаат за непријателски.
Бижутерија. Евтина синтетика, облека од лажни или анонимни брендови.
Нападна облека и модни додатоци. Нешто многу шарено и со силни бои. Изненадувања. Козметика или облека која не се вклопува во нивниот стил. Работи за куќата чии дизајн или боја се издвојуваат од она што веќе го поседуваат дома.
Шарени и детинести работи кои укажуваат на незрелост, тривијални игри, облека со ликови од цртаните филмови или уреди кои наликуваат на играчки. Уште од многу мали години Скорпиите сакаат сериозни работи.
Работи кои мораат да се сложуваат и составуваат пред употреба. Прирачници за брачен живот, освен ако не планираат свадба.
Скапи поклони, бидејќи ги сметаат за обврска. Роковници, бидејќи веројатно веќе имаат неколку. Апстрактни слики или скулптури. Нешто екстравагантно.
Банални работи и оние за кои не ви била потребна креативност. Предмети од домаќинството и за секојдневна употреба, како чинии, чаши и прибори за јадење.
Работи кои имаат симетрични пропорции. Уреди со долги упатства и многу бројки. Прирачници. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Суада
Сениор Регистриран: 25.Април.2015 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бик сум, кажете ми што ме очекува во животот понатака... Шо ќе напрам во 2016 год. Кажете ми нешто за здравјето и слично. Не ми кажувајте кои карактеристики ги иам и маани, пошто си ги знам.
|
|
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам Хехе |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОТКРИЈТЕ КОИ СЕ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗНАЦИ ВО ЗОДИЈАКОТДали е во прашање положбата на планетите, снаодливоста или разумот, не знаеме, но едно е сигурно, ова се најуспешните знаци во Зодиајкот. Тие сакаат да водат и се авторитетни. Тој поседува храброст, одлучност, ентузијазам, самодоверба, динамичност…постојано тера инает и знае да биде користољубив. Тој ужива во предизвиците и со сета сила се пробива низ истите во животот. Работлив е и секогаш тежнее кон нешто поголемо. Тешко му паѓа кога не е во право, кога нешто ќе погреши или изгуби, и кога не е по негово. Со своите изјави често знаат да понижат и други за да го добијат тоа што го сакаат, но едно е јасно-не се откажува! Има доминантна природа и затоа ако некој од знаците во зодиакот е роден за шеф, тоа е овој. Одогворен е дисциплиниран и паметен. Амбициозен, истраен и непоколеблив, секогаш оди кон целта. Во природата им е да се грижат да има добар ред и правилно да се изврши работата. Фантастично реагираат на притисок, тој не ги бутка, туку им помага да станат подобри. Ако се потрудат можат да го извлечат најдоброто од другите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЧУДНИ И НЕСФАТЕНИ: КОИ АСТРОЛОШКИ ЗНАЦИ ИМААТ ВОНСЕРИСКИ СПОСОБНОСТИ?Постојат знаци во Зодијакот, кои под влијание на своите планети добиле одредени карактеристики, кои за другите може да бидат во извесна мера неприфатливи или, во најмала рака, несфатливи. Сепак, кој може да биде соодветен за да тврди кој е нормален, а кој не е? Сепак, овие знаци од Зодијакот важат за по малку чудни. Не го разбирате тој јазик на иднината? И не трудете се. Залудно е. Водолијата има сериозни визии за кои дури по извесно време може да се покаже и дека се навистина реални и остварливи, но дури за неколку децении. Овој знак има високи умствени капацитети. Не би било лошо во вашиот бележник да меморирате некои од нивните идеи, а ако успеете и да ги одгонетнете еве ви шанса да дојдете и до вашето „дрво на кое растат пари“, бидејќи Водолијата тежнее кон тоа да биде сфатена и материјалните нешта не ја интересираат. Иако важат за најемотивен знак, Рибите се, во суштина, многу нестабилни. Сепак, нивните визии за иднината се речиси секогаш непогрешливо точни. Тие имаат визионерски и претскажувачки способности. Погледнете ги припадниците на овој знак в очи, и ако нивните очи не се исклучително светли, тогаш мора да се сосема чудни. Бидете сигурни дека нивната интуиција е до тие мери развиена, дека дури и со најубедливите лаги не можете да ги излажете или доведете во заблуда. Овој знак е како Дедо Мраз. Несфатлив е за своето опкружување поради отсуството на реакции и својот имунитет дури и на најдраматичните животни сцени и околности. Главно, луѓето остануваат изненадени од нивниот студен однос. Од друга страна, и покрај сè, постојат луѓе кои што многу ги сакаат. И тоа е тоа што е навистина збунувачки. Значи, за да се сфати што точно чувствува еден Јарец, треба да се имаат натприродни способности. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АСТРОЛОШКИТЕ ЗНАЦИ И СТРАВОТ: БИКОТ СЕ ПЛАШИ ОД СИРОМАШТИЈА, А ЛАВОТ ОД ПРЕДАВСТВООвните се луѓе кои не е лесно да ги заплашите затоа што секое застрашување делува како предизвик за нивната вродена храброст. Од време на време Овните стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ. На психолошки план, Овните се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен. Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент. За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото “нападот е најдобра одбрана“. Добро испланираниот живот кој го водат биковите не остава многу место за стравови. Но, стравот од сиромаштијата, од губење на имот и лични работи е оној кој не ги заобиколува. Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето. Во својот „имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодиакот, што значи немаат самодоверба. Земајќи предвид дека се сфаќаат како игра, Близнаците не се особено плашливи. И ако се уплашат од нешто успешно го прикриваат тоа. Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите. Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши. На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите. Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли. Полесно е да се каже од што НЕ се плашат. Со оглед на тоа дека се многу приврзани за фамилијата и домот, на врвот на листата на стравови на типичните ракови е стравот од распаѓање на семејството. Самата помисла на развод на бракот, брачна невера, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите. Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија. Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените. Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех. Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината. Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира. Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја. Свесни за недостатокот на храброст, Девиците избегнуваат ситуации во кои треба да се однесуваат храбро. Темелно и долгорочно ги планираат сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога ќе се појави проблем спремно излегуваат со решение. Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците. Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата. Во потрага по животната хармонија Вагата повремено се соочува со луѓе кои не ги делат нејзините животни вредности. Страв од караници, тепачки, навреди и грубости, самотија и изолираност се примарни стравови кај Вагите. На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска. Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами. По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања. На прв поглед изгледаат храбро, но позади ладнокрвната маска се крие суштество кое не е баш имуно на стравови, иако сакаат да остават таков впечаток. Нивен одбранбен механизам е мазохизмот, па затоа и не се плашат од насилство и опасности. Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување. Кај Скорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување. Во својот безгрижен и алтруистички свет, Стрелците пронаоѓаат малку работи кои им влеваат страв. Сепак кога се наоѓаат во ситуации кога им вршат притисок или им ја ограничуваат слободата, и тогаш овие ведри оптимисти чувствуваат страв. Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата. На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода. Ладната организираност и ефикасност кај Јарците го прикрива долгиот список на стравови. Секој Јарец, помалку или повеќе пати од имагинарни стравови, кои се резултат на нивната песимистичка природа. Психолошки гледано Јарците се плашат од сплетки, разочарувања и предавства. На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него. Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име. Водолиите може да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро. Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како – насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив. Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер. Дефинитивно најплашливиот знак – збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта. Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови, Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТРИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ХОРОСКОПОТ КОИ СЕ ПОЗНАТИ КАКО ВИСТИНСКИ НЕСРЕЌНИЦИ И БАКСУЗИ |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗИМСКИ ХОРОСКОП: ОД ОВЕНОТ СЕ БАРА ПРОМЕНА, НА ЛАВОТ МУ СЕ СМЕШКА ЉУБОВ…Еве што носат зимските денови на крајот од оваа и почетокот на идната година. Пред нас е уште една зима која Овните ќе ги учи на трпение. Може во одредени моменти ќе пукате по шевовите, но се се учи, додуша на потешкиот начин. Внимавајте на крвниот притисок. Многу ќе ви значи признанието од другите луѓе, бидејќи се случува тоа да ви бида најбитното огледало. Негативните коментари може да ве исфрлат од колосек, но ѕвездите ви шепотат да не се предавате туку секогаш да поведете разговор на таа тема. Подготовката на време води кон нови победи па овие препреки прескокнете ги уште во првите денови на зимата. Интуицијата ќе ви биде поизразена од порано, а на испит е и вашата филозофија на живот, бидејќи од вас веќе подолго време се бара промена. Овој земјен знак поминува доста работно низ самиот почеток на зимата, но подоцна ќе се дружи и забавува. Примапри за овој знак во периодот пред нас е дека ќе работи повеќе од обично. На полето на љубовта кое е доста изразено кај Бикот зимата може да донесе голема љубовна приказна. Може да се случи толку многу да се вљубат што ќе ја изгубат главата бидејќи ќе сретнат личност која може за нив да биде фатална. Овде единствено Сатурн може да ја доведе ситуацијата во баланс и да не дозволи претерано да се велича нешто што всушност не е толку силно. Не наѕира голем тест па подгответе се да го полозите. Дружењето е многу битно за вас оваа зима, па искористете го зимскиот годишен одмор убаво да си поминете во одбран круг на луѓе. Малку полош период се гледа пред вас бидејќи вашата планета МерК*р има разронето достоинство. Сите оние шеги и приказни веќе не поминуваат кај луѓето во вашата околина. Потребно ви е големо отрезнување. Веќе имавте вакви аспекти и тоа за вас не е ништо ново. Полното петто поле ве потсетува дека сепак не сте сами и дека можете да очекувате поддршка од партнерот. Многумина од вас не ги држи место и едноставно морате да се занимавате со некакво хоби додека не видите каде води тоа. Се стекнува впечаток дека негативните вибрации ви доаѓаат од партнерот и дека тоа се рефлектира на вашата работа.Морате да научите да се носите со предизвикот и да сфатите дека не треба да се преиспитувате туку едноставно да промените некои работи. Имате одлични идеи кои можете да ги искористите во овој зимски период. Внимавајте на помладите машки личности кои може да направат лоѓа атмосфера во вашиот дом со своите постапки. Внимавајте на родителите бидејќи може да бидат сериозно здравствено загрозени. Вам тоа нема да ви падне тешко бидејќи по пророда сте пожртвувани и најголема „мајка“ во своето семејство. Ви се смешка период на силна љубовна врска. Прво ќе се вљубите, па потоа ќе почнете да работите со полна пареа на деловен план. Се разбира ќе имате прилика убаво да си поминете за новогодишните празници и тоа на величенствен начин-онака како што вие најдобро умеете. Самиот почеток на годината носи повеќе пари бидејќи дојде часот за наплата, се разбира, во ваша корист.Морате да се чувате од излив на бес од една личност од машки пол. Вие тоа секако нема да го дозволите, бидејќи навреме ќе согледате некои работи. Можеби одненадеж ќе отпатувате. Така е најдобро бидејќи планот не ви донесува ништо посебно. Ќе се почувствувате автентични во своите одлуки. Ќе бидете доста среќни на полето на финансиите. Добивката на тоа поле е неминовна. Ќе имате брилијантни идеи и вашиот остар ум може да ве доведе до голем успех на професионален план, посебно ако имате приватен бизнис. Ќе имате доста изненадувања од страна на партнерот. Ваша одлична особина ќе е тоа што страствено ги завршувате работите без некој да ви спомнува било какви рокови. Тоа е вашата тајна која другите се обидуваат да ја копираат. Во текот на зимскиот период ќе ве мачи „глад“ на повеќе начини-не само што ќе сакате да уживате во храната повеќе отколку обично, туку ќе имате и порив да заработувате повеќе. Вашето второ поле доста нагласено дава во прилог на претходно реченото. Советот за вас е да се откажете од некое залче бидејќи ќе ставите неколку килограми повеќе. Свеста ви е свртена кон претприемништво, па тука можете да очекувате поволна ситуација која би било добро да ги искористите. Аспектот на тој сегмент говори дека сте насочени кон нешто што долго го чекавте, па можете да имате прекрасни идеи кои ќе ги преточите во нешто мошне корисно. Вашиот знак има доста предизвикувачки перспективи. Ќе имате енергија повеќе отколку обично, па би било добро што повеќе да се занимавате со зимски спортови. Ќе бидене неодиливи за спротивниот пол. Можно е да имате љубовна врска. Мислите ќе ви ги обземе личност од состството или која е во ваша близина. Ве очекуваат и мали проблеми со финансиите, бидејќи Сатурн прави таква енергија во полето на парите токму кај вас. Сето тоа ќе помине, па научете како да се носите со оваа енергија бидејќи е можно да се повтори во овој циклус. Се свртувате кон домот и семејството заштитнички бидејќи се плашите дена не баш се во најдобар ред. Без грижа можете да се решите од таа функција бидејќи сте предодредени повеќе да се занимавате со финансии отколку со семејсни нешта. Се водите според интуицијата како да заработите пари. Ќе ви послужи во овој зимски период. Понекогаш ви се чини дека не е толку пријатна ситуацијата низ која минувате, но повторно преовладува оној оптимистички дух како кај ниеден знак од хороскопот. Ѕвездите предупредуваат на можни тајни непријатели кои ќе посакаат дел од вашиот колач. Љубоморните противници ќе се обидуваат да се надмудруваат со вас, па и ако загубите некогаш сфатете го тоа како уште еден предизвик. Старата поговорка има едно начело: Памтете, па вратете. Вие од јануари ќе тежнеете да ги заокружите нештата во својот живот. Ќе имате позитивна енергија, па ќе имате повеќе елан и оптимизам од обично. Искористете го тоа на продуктивен начин бидејќи така ќе ги намалите тензиите во своето опкружување. Темите кои најмногу ќе ви одговараат се пари од клиенти или од други луѓе бидејќи преку работата можете да добиете одлична сатисфакција. Предупредувањата на полето на здравјето ве мотивира да не го запоставувате тој сегмент од вашиот хороскоп бидејќи имате можност тоа лично да го решите токму во зимскиот период. Сите одлуки зависат исклучиво од вас. Она што е актуелно кај вас е можноста за стекнување пари преку пријателски врски и често дружење. Можете да имате поддржка преку шефовите, а особено од лиичност од машки пол кој е доста успешен во работата со која се занимава. Ќе ви пренесе вештини преку кои брзо ќе заземете добра позиција на работното место. Потрудете се тоа да го постигнете бидејќи секоја одлука не зависи од некој друг, туку исклучиво од самите вас. Темите за љубов доаѓаат малку подоцна на ред во вашиот живот бидејќи постојат приоритети. Знакот на вечните тајни има можност да почека малку на некои битни нешта, а моментално можат да се одморат за да бидат орни за нови победи. Можно е да заработите пари по извесно време или преку некого во странство, а секако дека сте поврзани со тоа поле кое директно се одразува на вашиот џеб. Нема да има кусок, но се бара разработка на добар план за да се дојде до конкретен успех. Се разбира, ни парите од клиентите во вистинскиот момент нема да недостигаат, бидејќи тоа е жетва од деловните потфати од претходниот период. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЉУБОВ И ВРСКИ: КОЛКУ АСТРОЛОШКИТЕ ЗНАЦИ ЈА СФАЌААТ ЉУБОВТА СЕРИОЗНО?Овен Претставниците на овој знак ќе бидат искрени и директни за серизноста на врската. Но, земете го ова со доза на резерва бидејќи тие некогаш претеруваат со нивните искажувања на љубовта, а самите не се свесни за тоа. За да бидете сигурни во нивната љубов, треба само да забележите кога ќе ја покажат својата нежна и љубезна страна. Тогаш се вистински ваши. Дали ви подготвуваат романтичен состанок? Во тој случај треба да се подготвите за изјави на љубов и романтични гестови. Претставниците на овој знак се традиционални и посветени љубовници кои сериозноста на врската ќе ја покажат со цвеќиња, чоколади, убаво вино, фина вечера и други клишè гестови. Доколку сакате да знаете каде се движи вашата врска, внимавајте на комуникацијата со нив. За нив, зборовите се нешто многу сериозно и пред да ви покажат дека се подготвени за сериозна врска, тие ќе сакаат да го поразговараат тоа со вас. Можеби ќе добиете убава порака или е-маил, но сепак тие ќе ја покажат својата љубов, директно со зборови. Дали претставниците на овој знак сакаат да ве видат денес, па повторно утре и задутре? Тоа е навистина сериозен знак дека им се допаѓате и сакаат да започнат врска со вас. Тие ја покажуваат својата љубов со тоа што покажуваат дека сакаат да поминат време со вас, неважно дали станува збор за средби или пак смс пораки или онлајн комуникација. Дали често добивате подароци од претставниците на овој знак? Дали станува збор за скапи и вредни подароци? Тоа е сигурен сигнал дека им се допаѓате. Тие не сакаат да ја купат вашата љубов на овој начин, туку покажуваат љубезност за да ви покажат дека сте го освоиле нивното срце. Иронично, тие можат да го критикуваат времето поминато со вас. Но, тоа се случува бидејќи се грижат премногу за вас или за впечатокот кој го оставаат пред вас. Затоа, доколку започнат конфликт за вас или добиете невкусна забелешка, тоа значи дека тие сакаат да поминат повеќе време со вас. Како што вагата станува сериозна за врската, тие ќе се гледаат себеси како тим со вас, наместо како двајца поединци кои влегуваат во врска. Затоа, доколку ги споделуваат своите проблеми, ве прашуваат за совет и ви дозволуваат да донесувате заеднички одлуки, тоа е сигурен знак дека сте ги освоиле. Скорпиите стануваат претерано чувствителни штом се заљубат во одредена личност. Затоа, доколку вашите нежни шеги се дочекани со благо лутење или претерано драматизирање, тоа значи дека навистина им се допаѓате. Тоа не е знак дека претерувате, туку едноставно дека тие навистина се грижат за вас. Кога врската ќе стане посериозна, стрелецот е оној знак кој ќе ви го каже тоа отворено и искрено. Но, внимавајте тоа не секогаш е директно, туку може да биде скриено во нивниот симпатичен хумор. Доколку претставниците на овој знак прават шеги за врска, брак или пак деца, тоа значи дека нивниот ум е насочен кон нешто сериозно во љубовта. Многу е тешко да се освои довербата на овој знак, така што доколку ви покажат дека ви веруваат, тоа значи дека веќе сте ги освоиле. Доколку немаат проблем да ви кажат нешта кои се лични и важни за нив, тоа значи дека сте на добар пат кон сериозна врска со нив. Може да биде навистина тешко да дознаете кога водолиите гледаат сериозно на врската, бидејќи тие изгледаат сериозно, постојано. Но, доколку забележите дека сакаат да поминат викенд или годишен одмор со вас или пак доколку предлагаат посериозни нешта, тоа значи дека љубовта ви е запишана во ѕвездите. Дали стануваат посесивни и љубоморни? Штом го забележите ова кај претставниците на овој знак, тоа значи дека тие се целосно освоени од ваша страна. Внимавајте, колку повеќе ве засакаат, толку поопсесивни и пољубоморни стануваат.
Изменето од Valerija - 02.Јануари.2016 во 10:04 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАКО СЕ СПРАВУВААТ АСТРОЛОШКИТЕ ЗНАЦИ СО РАСКИНУВАЊЕТО НА ВРСКАТА?Сите добро знаеме дека да се прекине љубовната врска не е лесно. Секој астролошки знак различно реагира. Што кажува за вас вашиот знак? Како се однесувате вие? Овенот болно ги преживува раскинувањата меѓутоа се труди да остави впечаток на неодолив срцекршач. Овој огнен знак се чувствува како полиен со ладна вода кога доаѓа до прекин на врската. Верува дека во љубовта и војната сè е дозволено, па на секој можен начин ќе се обиде да ја придобие личноста. Ако тоа не му појде од рака, се одлучува за излегувања со пријателите и колегите. Иако делува релаксирано кога нема никакви проблеми, Бикот тешко се соочува со раскинувањето дури и ако тоа се случи за краток период. Ако прекинот на врската е засекогаш, емотивниот Бик ќе остане во својот дом и ќе страда во тишина. Евентуално може да разговара со својот најдобар пријател, но тешко дека ќе излезе од дома. Ако излезе, утеха се обидува да најде во стиховите од песните кои го потсетуваат на партнерот. Можеби делуваат како личности кои сè успеваат да преживеат и преболат спортски, на Близнаците воопшто не им е лесно. Навикнати се дека сите ги сакаат и ги молат да останат уште малку, па не им е јасно зошто некој би можел да ги остави. Ако тоа се случи, на саканата личност долго време ќе и испраќа пораки, ќе и ѕвони на телефонот и ќе и спушта слушалка. Раковите тешко ги преживуваат раскинувањата, дури и кога станува збор за привремени разделувања од саканата личност. Се одаваат на храна и пијалаци, излегуваат и често без никаква контрола се предаваат на личност која е под нивно ниво. Тоа воопшто не им пречи, па и она што пријателите и блиските им го кажуваат. Единствено нешто што ги интересира е кога повторно ќе ја сретнат љубовта на својот живот. Гордиот Лав страда драматично, отворено и сите околу него мораат да знаат дека е емотивно повреден. Сите мораат да страдаат заедно со него. Кога тешко му паѓаат раскинувањата, не може да сфати дали е тоа резултат на повредената суета или скршеното срце. Лавот одново и одново се обидува да сфати како партнерот со кој до вчера го освојувал светот, сега му задава толкава болка. Пребирливата и трпелива Девица тешко бива оставена, но сепак ако дојде до прекин на врската, ќе направи сè за да открие која е вистинската причина за раскинувањето. Ќе ја грицка својата омилена чоколада и ќе размислува какви пораки да и прати на саканата личност. Ако случајно посака да го напушти партнерот, ќе направи сè за да изгледа како таа да е оставена. Воздржаната и суетна Вага, како родена актерка, нема никому па и на саканата личност да и го овозможи тоа задоволство да ја гледа како страда и тагува. Ќе се смешка пред другите и ќе се прави како она да го оставила партнерот, а не обратно. Дома ќе ги проба сите слатки десерти, ќе плаче и ќе ја мириса перницата која сè уште мириса на партнерот. Скорпијата пати како ниту еден друг знак кога е заљубена и оставена, посебно кога личноста искрено ја сака. Тогаш чувствува и физичка болка кога ќе дојде до прекин на врската. Не знае на кого попрво да се јави, не знае на кого да му каже колку е тажна, бидејќи за неа најтешки се љубовните маки. За жал, ниту еден пријател и ниту една кафеана не можат да и помогнат. Хедонистички настроениот Стрелец не може да го преболи раскинувањето, туку едноставно бега од суровата реалност. Токму затоа, патувањето е секогаш прва опција, но ако не е во можност, тогаш со сигурност ќе се одлучи за забава во диско или ресторан. Тешко им е поради раскинувањето, но секогаш се одлучуваат за некоја нова љубовна авантура. На практичниот, но чувствителен Јарец не му е јасно како некој може да е толку луд и да го остави кога нема што не би направил за таа личност. Ако партнерот му раскине, тогаш си го враќа филмот назад и се обидува да сфати што не е во ред со него за да открие што му пречело на партнерот. Во мислите си ги враќа старите љубовни искуства и емоции и мечтае да се вратат назад. Како што живее, така и страда – оставената Водолија ќе трча од кафуле во кафуле, од пријател до пријател обидувајќи се да открие зошто дошло до прекин на врската. Сè она што требало или посакувала да и го објасни на саканата личност, Водолијата ќе го објаснува и раскажува на најдобриот пријател. Сепак, и понатаму ќе се обидува да ја разубеди саканата личност да и се врати во прегратки. Рибите се родени за страдање, а болките ги поднесуваат така филмски како да се родиле со нив. Тагата за нив е поголема од сите зборови кои постојат на светот, страдањето не престанува, а солзите остануваат неисплакани. Во таквите ситуации, кога се преплавени со сопственото самосожалување и одбивање од партнерот, секогаш се враќаат на сите стари врски кои некогаш ги имале. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОИ СЕ НАЈПОСАКУВАНИТЕ ЖЕНИ ВО ЗОДИЈАКОТ?Сите бараме љубов и страст, а овие дваастролошки знаци во себе имаат се што му е потребно на еден маж. Таа ќе го претвори вашиот живот во најубава љубовна приказна, за каква не сте ни сонувале. Како девојка и сопруга вие гордо ќе се фалите со неа, но љубоморно ќе ја чувате од други мажи. Ќе ја обожавате и ќе се потпирате на неа, бидејќи таа никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник. И сами ќе сфатите дека никој нема да ве сака поискрено од неа, бидејеќи нејзиното срце е големо, несебично и смело, а нејзиното лице, тело, поглед и глас се ваша душевна храна. Во секоја животна приказна има моменти кои никогаш нема да ги заборавите, а денот кога за прв пат ќе ја бакнете оваа огнена кралица, ќе биде еден од вашите најубави сеќавања. Доколку сте имале секс со жена Стрелец, тогаш знаете дека таа ќе ве однесе во рајот. Жената Стрелец ќе ве возбуди и ќе ви донесе позитивна енергија. Таа го исполнува вашиот живот со љубов и со сила, а нејзиниот ум и креативност ќе ви донесат нова свежина во заедничкиот живот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОЗНАЈТЕ СО КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ИМАТЕ НАЈДОБРА ЉУБОВНА КОМБИНАЦИЈАОвен и Овен – двајцата сакате да доминирате Овен и Бик – ти си забавна, а бикот е премногу бавен за тебе Овен и Близнаци – активни сте и неуморни – супер комбинација Овен и Рак – тежок, ама не и невозможен спој Овен и Лав – поголемо его отколку желба за љубов Овен и Девица – потребно е трпение за да успее врската Овен и Вага – огромна привлечност Овен и Скорпија –меч со 2 острици Овен и Стрелец – совршен спој Овен и Јарец – не толку добра комбинација Овен и Водолија – подеми и падови Овен и Риби – како да пробувате да измешате оган и вода Бик и Овен – ти си инертна, а овенот е премногу жив за тебе Бик и Бик – двајцата сакате мирен живот Бик и Близнаци – врската не ветува ништо добро Бик и Рак – најчесто добра комбинација Бик и Лав – неизмерна тврдоглавост Бик и Девица – љубов на прв поглед Бик и Вага – немате многу заеднички нешта Бик и Скорпија – ве врзуваат многу работи Бик и Стрелец – љубов и омраза Бик и Јарец – постои големо меѓусебно разбирање Бик и Водолија – далеку од идеална комбинација Бик и Риби – многу среќни моменти заедно Бик и Овен – одлична поврзаност Близнаци и Бик – тешко дека оваа врска ќе успее Близнаци и Близнаци – совршен пар Близнаци и Рак – огромна заинтересираност на двајцата Близнаци и Лав – уживате во врската Близнаци и Девица – добар почеток-тешка врска Близнаци и Вага – одлична поврзаност Близнаци и Скорпија – добра комбинација ако имате повеќе разбирање Близнаци и Стрелец – магнетска привлечност Близнаци и Јарец – огромни разлики кои тешко се надминуваат Близнаци и Водолија – многу изненадувања и промени Близнаци и Риби – многу љубов, ама и многу проблеми Рак и Овен – тешка комбинација Рак и Бик – голема компатибилност Рак и Близнаци – силна поврзаност Рак и Рак – премногу работи ви се заеднички, а тоа е проблем Рак и Лав – најчесто добра комбинација Рак и Девица – емотивна врска Рак и Вага – комплетно сте различни Рак и Скоприја – Скопријата е доминантна во врската Рак и Стрелец – имате различни цели и желби Рак и Јарец – тој нема да ти обрнува внимание Рак и Водолија – непредвидлива врска Рак и Риби – двајцата ќе направите се за да бидете заедно Лав и Овен – егото ви е поголемо од желбата за љубов Лав и Бик – премногу сте тврдоглави за да бидете заедно Лав и Близнаци – супер врска Лав и Рак – многу добра љубовна комбинација Лав и Лав – не секогаш најдобра комбинација Лав и Девица – постои голема шанса за успешна врска Лав и Вага – си ги задоволувате заедничките желби Лав и Скорпија – инстантна прилечност Лав и Стрелец – ве врзуваат премногу слични гледишта Лав и Јарец – ти си импулсивна, тој инертен – лоша комбинација Лав и Водолија – разлечни погледи на љубовта Лав и Риби – разликите се привлекуваат Девица и Овен – ви треба трпение за да ви успее врската Девица и Бик – љубов на прв поглед Девица и Близнаци – тешко едка ќе успеете и покрај добриот почеток Девица и Рак – емотивноста ве поврзува Девица и Лав – ве очекува успешна врска Девица и Девица – ве води љубовта Девица и Вага – Вагата нема да се сложи со твоите животни правила Девица и Скорпија – премногу слични, но премногу различни Девица и Стрелец – тој те излудува Девица и Јарец – премногу си противречите за да најдете заеднички јазик Девица и Водолија – емотивно некомпатибилни Девица и Риби – љубовта е дополнета со психичка стабилност Вага и Овен – огромна привлечност Вага и Бик – не ве поврзува скоро ништо Вага и Близнаци – одлична поврзаност Вага и Рак – различни сте како небо и земја Вага и Лав – си ги задоволувате заедничките желби Вага и Девица – ти пречат правилата од кои тој не се откажува Вага и Вага – поседувате иста енергија и си поставувате премногу барања Вага и Скорпија – премногу љубомора Вага и Стрелец – никогаш не ви е здодевно заедно Вага и Јарец – голема поврзанпост Вага и Водолија – совршена комбинација Вага и Риби – повремена привлечнот, без вистинска иднина Скорипија и Овен – меч со 2 острици Скорипија и Бик – голема поврзаност Скорипија и Близнаци – добра комбинација, ако имате повеќе разбирање Скорипија и Рак – ти си подоминантна Скорипија и и Лав – инстантна привлечност Скорипија и Девица – Премногу слични, но премногу различни Скорипија и Вага – премногу љубомора Скорипија и Скорипја – во состојба сте да ја запалите дури и водата Скорипија и Стрелец – двајцата сте подготвени на компромис Скорипија и и Јарец – успешна врска Скорипија и Водолија – најчесто врката завршува со непријателство Скорипија и Риби – можна е љубов на прв поглед Стрелец и Овен – совршен спој Стрелец и Бик – љубов и омраза Стрелец и Близнаци – магнетска привлечност Стрелец и Рак – различни цели и желби Стрелец и Лав – премногу слични гледишта за се Стрелец и Девица – знаеш да го излудиш Стрелец и Вага – никогаш не ви е здодевно заедно Стрелец и Скорпија – двајцата сте спремни на компромис Стрелец и Стрелец – неверојатна, ама непредлидлива комбинација Стрелец и Јарец – ако не си спремна на компромис, тешко ќе успеете Стрелец и Водолија – голема шанса за успех Стрелец и Риби – љубовта тешко се развива Јарец и Овен – не толку добра комбинација Јарец и Бик – имате големо разбирање еден за друг Јарец и Близнаци – меѓу вас има огромни разлики Јарец и Рак – нема да му обрнуваш многу внимание Јарец и Лав – ти си заинтересирана, тој импулсивен Јарец и Девица – тешко ќе најдете заеднички јазик Јарец и Вага – голема поврзаност Јарец и Скорпија – успешна врска Јарец и Стрелец – Стрелецот не е спремен на компромис, па тешко ќе успеете Јарец и Јарец – не постои заедничко почитување Јарец и Водолија – ти сакаш да доминираш, тој сака да е слободен Јарец и Риби – најверојатно ќе те изневери Водолија и Овен – подеми и падови Водолија и Бик – не сте идеална комбинација Водолија и Близнаци – многу изненадувања и промени Водолија и Рак – непредвидлива врска Водолија и Лав – имате различни погледи на љубовта Водолија и Девица – емотивно сте некомпатибилни Водолија и Вага – совршена комбинација Водолија и Скорпија – најчесто врската завршува со непријателство Водолија и Стрелец – голема шанса за успех Водолија и Јарец – тој сака да доминира, ти да бидеш слободна Водолија и Водолија – совршено сте компатибилни Водолија и Риби – не е лоша комбинација, ако сте подготвени за компромис Риби и Овен – различни сте како оган и вода Риби и Бик – многу среќни моменти заедно Риби и Близнаци – многу љубов, ама и многу проблеми Риби и Рак – двајцата ќе направите се за да бидете заедно Риби и Лав – разликите се привлекуваат Риби и Девица – љубов и стабилност Риби и Вага – повремена привлечност, без вистинка иднина Риби и Скорпија – можна е љубов на прв поглед Риби и Стрелец – љубовта тешко се развива Риби и Јарец – нема да ти е проблем да го изневериш Риби и Водолија – комбинација која бара компромиси Риби и Риби – исти доблести и мани – добра основа за врска
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ме има во моментот...
|
|
едно е - не се две
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СЕ СМЕТА ЗА НАЈЛОЈАЛЕН И НАЈВЕРЕНЕдна од најважните работи во секој однос е довербата и затоа ни е исклучително важно партнерот да ни биде верен се додека трае врската. Со оглед на тоа дека сите луѓе се различни како и фактот дека секој има свои животни навики, карактерни црти и желби не е возможно точно да се утврди дали партнерот ќе ви биде верен и посветен, но од друга страна можеме да ви укажеме кој се сметаат за најверни според хороскопот. Шкорпиите и Лавовите можеби се најпосесивните, но Јарците ја однесоа победата кога е во прашање посветеноста и верноста. Припадниците на овој знак се сматат за најверни од целиот хороскоп, а како една од главните причини е тоа што тие не го доживуваат неверството како нешто физичко туку најнапред како духовно предавство. За нив важи правилото – колку верност даваат толку бараат и од партнерот, а никогаш не простуваат неверство. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 139140141142143 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |