|
Патување низ времето |
Внеси реплика | страница <1 1213141516> |
Автор | |||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
зрачењата на можеме да ги видиме, ама ги знаеме ефектите од нив бидејќи влијаат на просторот, учествуваат во хемиски и физички реакции, времето не влијае на ништо, не менува ништо... микроорганизмите не ги гледаме со голо око, но ги гледаме со микроскоп, ако е за тоа и воздухот не го гледаме, па постои, знаеме дека постои бидејќи е докажано низ низа од физички појави поврзани со фоздухот, го знаеме неговиотт состав, неговите физички особини и т.н.
времето не припаѓа во сите овие појави и е неспоредливо со нив... инаку точно, да не постоеше човекот времето немаше да го има, тој го има измислено, не го мешајте времето со низа последователни настани, не е исто уствари што се мачам да филозофирам, месенџер објасни најубаво во последниот пост што е времето, а што се микрооорганизми, зрачења и т.н. |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
Pejik
Сениор Регистриран: 13.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Времето како такво нема физички карактеристики,тоа не е конкретно зошто тоа е единица мерка,сите единици мерки кои човекот ги измислил не се конкретни,тие се апстрактни но објасниваат и мерат конкретни реални појави!Буквите,бројките,математичките знаци,коефицијентот на интелигенцијата,секуалните перверзии,дијагнозите за болестите,љубовта,смртта,навредите и.т.н. Сите овие работи се апстрактни,измислени од човекот но се во служба за објаснување на реалноста,било тоа да се работи за емпирија или природната наука!
Времето просто кажано е период на траење на нешто,и оно постоело и ќе постои,без разлика дали човекот е присутен!
P.S.- A ако на нешто се повикуваш што напишал Messenger,слободно цитирај го!
|
|||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
како може времето да постои ако е само единица мерка? |
|||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Za evreite najteshkata kletva e: daj Bog da imash, pa potoa da nemash. Vo nashiov sluchaj (isto taka i vo sevkupniot zhivot) bi bilo: daj Bog da te indoktriniraat i da te ubedat vo neshto, pa potoa samiot da se indoktrinirash. Toa se maki Tantalovi... tokmu toa e pekolot. |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Кога пред 10-тина месеци за последен пат бев на форумов, незнаев кога повторно ќе се вклучам. Признавам, одвреме-навреме „ѕиркав“ низ темите (се разбира incognito ) но, овој пат предизвикот од дискусиите на темава после мојот пост, повторно „ме навлече“ да се придружам на старото добро друштво! Како надоврзување на претходните дискусии, а поради следливост на моите
размислувања (но и за да ве поштедам од пребарување по страниве ), за вовед во мојата сегашна дискусија, би го
пастирал мојот пост од стр. 6:
Од овој мој стар пост се гледа дека сум застапник на размислувањата дека време како универзална физичка категорија не постои. Мило ми е што има и други (НеоМастер, Меси, фикс) кои размислуваат како мене. (Ова е повеќе за да се утешам и да не се срамам дека сум единствен во мојата заблуда ) Имено, на стр. 9 Меси за времето вели дека:
и на стр. 10 вели:
Ако се согласиме дека ова е точно, од горниве цитати произлегува дека сегашност постои, макар таа траела само еден миг, макар тој миг траел помалку од илјадити дел од секундата (според сегашните принципи на определување на времето). Но, според мое убедување, како и според размислувањата на едно момче кое прекрасно резонираше:
... произлегува дека всушност сегашност не постои, бидејќи нема некоја
мерна единица која би го определила периодот („времето“) на „стоење“ (= недвижење) во тој миг помеѓу
две случувања. Сега, од болдираниот извадок од следниов цитат од постот на стр.10
се заклучува дека сепак, она што претходно го рече дека времето стои, не е точно, односно ако во дадениот миг си помислил „сега“, тогаш тој веќе не е тоа, т.е. додека си ја изговорил (помислил) последната буква „а“, првата буква „с“ веќе не е во тој момент на сегашност, тој миг е веќе во историја. Ова во целост се совпаѓа со моето размислување. Значи, може да се констатира дека неможе да има сегашност! Во спротивно, ако постои време, иако не постои негово движење т.е. ако постои само сегашност, макар таа траела енормно краток период од неколку милијардити делови од нано секундата, тогаш човек би можел да дојде до неа, па од таму да оди во друга „сегашност“, во друг период на недвижење на времето, независно дали тоа ќе биде пред нашава сегашност (значи враќање во некој настан во минатото) или после нашава сегашност (значи одење на некој фудбалски натпревар во иднината, што би рекол фикс). Друг аргумент дека времето не постои, а со самото тоа и патувањето низ него, е времетраењето на постоењето на тоа време, на тој миг, на таа „сегашност“. Поконкретно ова да го објаснам со еден пример. Да претпоставиме дека ние со некоја временска машина одиме во иднината (ете, на фудбалски натпревар) и пак се вратиме во оваа наша сегашност, па по некое време се решиме повторно да отидеме на истото место во иднината, пак ќе се најдеме на истото место и време како и при првата посета, односно повторно ќе го гледаме истиот натпревар*. Секако, „шеткарањево“ се однесува како за иднината, така и за минатото, а ако го направиш еднаш, би можел и повеќе (неограничен број) пати, што само посебе доведува до логички заклучок дека тој момент, тој миг на недвижење, тоа сега трае вечно, дека тој миг постојано постои како таков и во секое време можеме да се вратиме или да заминеме од него. Можеби токму во ваквиот (погрешен?) пристап на гледање на нештата, поборниците за постоење на „натприродните“ сили или тие кои веруваат во предвидувањата (пр. на Нострадамус) можат да најдат објаснување за разните „способности“, визионерството, предвидувања ... бидејќи ако нешто е постојано, ако во секое време постои, значи тоа нешто секогаш (и од секаде) може да се види. * - А кој ќе го знае?! Можеби токму ова е едно од објаснувањата за феноменот déjà vu (веќе видено)! Изменето од Zlatnik - 27.Октомври.2010 во 13:48 |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
И јас ќе се приклучам од страната на Меси Не само шо ни минатото и иднината не постојат, не постои ни сегашноста!Не постои ни еден миг шо е различен од друг.
Доказ за ова?Нема доказ шо логичко аритметичката единица можи да ни го прифати |
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Zlatnik, mnogu me raduva shto se vrati i shto povtorno se javuvash so komentari i repliki.
Inaku za temava... mnogu e teshko da se definiraat neshta so opshtoprifateni chovechki izrazi koi ne bile sozdadeni da definiraat raboti za koi nikogash ne bilo posveteno soodvetno vnimanie i ne bilo potpolno razbrani. Problemot e ushte pogolem koga nashiot psihofizichki mejkup e takov shto ne dozvoluva nikakvo podrugo dozhivuvanje od onoa so koe sme venchani spored svojata priroda. Shto sakam da kazham so ova? Kako prvo, "mig" sepak znachi nekakvo traenje (ako mozham uslovno vaka da se izrazam). Vo kontekstov na nashata tema toa e infitizimalna velichina, koja vo matematikata bi se oznachila kako beskrajno blisku do nula. Nulata tuka ne znachi potpolno nepostoenje, tuku odredena egzistencija. Toa e kako da zemesh eden stap i pochnuvajki od kraevite da se priblizhuvash so dvete race do negovata sredina, podeluvakji podednakvo od dvete strani... po kuso vreme kje dojdesh do negovata sredina, do edna tochka koja povekje ne kje mozhe da bide delliva, no sekako deka kje egzistira (nema tainstveno da ischezne ) kako takva. I normalno e deka migot ne mozhe da bide apsolutna nula (nepostoenje) bidejki togash nema da ima zbidnuvanje i percepcija. Shtom ovie postojat, togash znachi postoi i nekoj mig koj dozvoluva neshtata da se zbidnat. Vtoriot problem e shto nie NIKOGASH ne mozheme da zhiveme vo SEGA. Na prv pogled toa zvuchi paradoksalno, no kako shto vekje rekov, poradi nashiot priroden mejkup nie SEGA go zhiveeme sekogash vo minato (uslovno kazhano so vemenski termin bidejki nemame izmisleno nekakov drug za ovaa upotreba). Imeno, od onoj infitizimalen moment na percepcijata, dodeka signalot od nash*tete setila stigne do mozokot, dodeka tie se obrabotat, dodeka se sporedat so starite iskustva, znaenja i veruvanja, dodeka se izvlechat soodvetni zakluchoci... onoa prvichno SEGA povekje ne postoi. Toa stanalo istorija, no taa minatost vo katakombite na nashiot um nie ja detektirame tokmu kako SEGA bidejki stanuvame svesni za nea tokmu togash, a ne vo migot na nejzinata ekspresija. Ovoj dilej vo obrabotkata na signalite so negoviot neodbegliv ostatok kako posledovatelen memorijski zapis ni dava chuvstvo na "techenje vreme". A bidejki prirodata na egzistencijata e SEGA i samo SEGA, a ne utre i vchera, mozheme slobodno da kazheme deka SEGA e VECHNOST. Znam, povorno deluva kontradiktorno, no kako shto rekov, koga se koristat vremenski termini nameneti za neshto sosem drugo, togash stanuvaat malu nesoodvetni za definiranje na sostojbi so koi ne mozheme nikogash da imame perceptivni dozhivuvanja... Изменето од Messenger - 28.Октомври.2010 во 15:36 |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Не бе Драгане, ако си на тој став како што велиш во твојот цитат, испаѓа дека го прифаќаш моето размислување, а не на Меси, бидејќи јас велам дека време не постои, а со самото тоа и минато, сегашност и иднина, а тој во одговорот на мојот пост (но и оној пред него, кого јас го цитирав) вели дека време има и дека тоа се манифестира преку „мигот на сегашност“! Но, ОК е! И Меси малку „измрдува“ во своето излагање. Имено, во неговиот пост кој јас го цитирав во мојот претходен пост, тој вели дека има време, но тоа е само еден миг на сегашност. Но, што е со овие ставови од други негови постови?
Од овие неколку цитати недвосмислено се согледува дека во однос на постоење на времето тој (Меси) е прецизен и категоричен дека тоа (времето) како универзална физичка категорија не постои. Токму затоа и јас во мојот претходен пост пишав (но дури сега видов дека тој дел при средувањето на текстот сум го избришалпа не фигурира во постот) дека 102,3 % се согласувам со Меси во однос на премисите кои тој ги дава во однос на времето, но дека не се согласувам со понатамошниот негов став за стоење (недвижење) на времето во облик на сегашност, во траење од еден миг. Со поставување на прашањето*, дали сепак времето реално постои ...
... Меси веќе почнува да го формулира својот заклучок, став, дека сепак време има, но тоа трае еден бескрајно краток миг. Дека во тој „мал миг на вечноста“ (дел од песна на Жак Превер“) се случуваат одредени секвенци од она што го нарекуваме постоење. Е, токму за ова беше моето објаснување за повеќекратно посетување на фудбалскиот натпревар. Ако такви моменти веќе постојат, само треба „време“ да дојдеме до нив, тогаш би можело ли „предвреме“ да дојдеме до нив = патување во иднината!? * - Добро е кога човек постојано си поставува прашања иако во моментот „има“ одговори! Само тогаш има напредок. Во спротивно, ако си рече „најдов одговор и нема што повеќе да барам, испитувам, размислувам ...“ сеуште ќе бевме во камено време! Нешто слично на она „Бог го создаде ... “ и точка, нема што повеќе да се размислува! |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
""...ama se razdiskutiral ovoj ................."noviov"...""
|
|||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Zlatnik problemot e shto ti velish oti zbidnuvanjata vekje postojat vo idnina i postojat kontinuirano vo minatoto, a ne samo vo segashnosta, pa zatoa chekash da im dojde redot od idninata i imash namera da gi posetish vo minatoto otkoga redot kje im odmine. Rabotata e shto postoi samo SEGA. Onoa shto se sluchuva SEGA ne se sluchilo vo idnina, pa da cheka da mu dojde momentot SEGA. I shtom kje se sluchi SEGA povekje ne se sluchuva vo minatoto. Spored toa, ako neshto ne postoi vo idnina, osven kako nasha pretpostavka ili statistichka presmetka i ne postoi vo minato bidejki toa e samo nasha memorija, togash kako mozhesh da posetish nepostoechki nastani i da bidesh nivni svedok koga tie ne egzistiraat ? Изменето од Messenger - 29.Октомври.2010 во 19:28 |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
ако мигот е вечност...
а вечноста нема почеток ни крај... туку само постои... како тогаш... може да не постои времето...?? |
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Rekov deka tvojot zbor da bide posleden, ama ajde...
Terminot "vechen" go upotrebiv uslovno poradi nedostatok na drug posoodveten zbor. So toa sakam da kazham deka sekogash postoi samo SEGA. Ako sekogash e samo SEGA znachi toa SEGA e vechno. Nema nishto drugo osven SEGA. Toa e kako da sednesh pred komjuterot i da napishish: SEGA Potoa udri mu eden delite... znachi povekje ne postoi... Vednash potoa napishi: SEGA Povtori gi site chekori od pochetokot i prodolzhi taka ........... Shto kje dobiesh na monitorot? Sekogash samo edno SEGA. E toa SEGA znachi e vechno, oti drugo pred nego ne postoi, kako shto ne postoi i posle nego. Nema minato sega i idno sega, tuku samo sega SEGA. Samo SEGA. Vechno SEGA. Ne znam dali sega sum pojasen? Ako sudam spored reakciite od prethodnite objasnuvanja pretpostavuvam deka mozhebi i sega ne sum dovolno jasen.... i verojatno ne mozham da bidam bidejki nashiot psihofizichki mejkup e napraven taka za da ne ni bide seto toa lesno voochlivo i jasno. Изменето од Messenger - 29.Октомври.2010 во 20:52 |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Ааааа , не, не, не, не ... пријателе. Погрешно си ме сфатил. Напротив, јас токму против тој став сум. Јас (живеејќи во мојата заблуда) сметам дека време воопшто не постои, а со самото тоа ниту минато, ниту сегашност (без оглед колку бесконечно кратко таа траела), ниту иднина. Ако внимателно се прочитаат моите постови, лесно ќе се забележи дека токму затоа (значи како негација) за пример го дадов повеќекратното посетување на еден ист фудбалскиот натпревар. Демек, ако постои некој момент на сегашност (кој веќе опстојува предодреден сам по себе) во иднината, тогаш ние во секој момент и бесконечно многу пати би можеле да го посетуваме истиот тој натпревар. Како потврда на погоре реченото, еве само неколку мои цитати:
Да не наведувам повеќе мои цитати, би сакал убаво да се прочита тоа што сум го пишал. Нема ништо двосмислено. Нема време, нема минато, нема иднина, нема сегашност. Ако го има сето ова, тогаш би можело (?) да се патува во тие области!
Хм, убаво се сеќавам, уште кога бев многу мал (значи пред едно 40-тина години), во Велес, од двете страни на (речиси) секоја порта од куќите , имаше поставено по еден голем камен. На тие камења, речиси по цел ден, жените седеа и си правеа муабет. Посебно за тој што ќе помине, независно дали тоа било момче, девојче, маж, жена. Штом замине покрај нив и им рече „добар ден“, тие веднаш, покривајќи ја устата со раката, даваа коментари за соодветната личност. Де тој/таа била сеуште немажен/а, де тој многу пиел, де таа била ваква-онаква, де тој немал пари да го гледа семејството, де овој го оставила жена му оти ... И никако, ниту една од нив не стана и не му/и’ рече в лице, слушај, јас мислам дека ти ... И, знаеш што? Најтешко ми беше кога моите родители ме тераа на сите постари лица да им викаме „добар ден“. |
|||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Тука сме негде сите |
|||||||
Внеси реплика | страница <1 1213141516> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |