IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Родителите одговорни!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Родителите одговорни!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 17>
Автор
Порака
macka8 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај macka8 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 19:09
Pozdrav do site. Mi se dopaga temava i moram nesto da vi pisam na site roditeli i na site onie sto ke citaat. vo vrska so noviot nacin na obrazovanie ima nekoi raboti koi mi se dopagaat no za toa sekoe dete da ima kompjuter malku mi e diskutabilno sto so toj kompjuter i kako ke se koristi mislam dali racionalno. Sto se odnesuva do roditelite mislam deka ima roditeli koi so svojata ljubov gi zagusuvaat decata i ne im dozvoluvaat samite da funkcioniraat i koa ke im se spomene ova tie odma se so kontra repliki vo smisla pa uste se mali uste ne razbiraat a zborime za deca primer od 4 odd toa ne e vistina moze da se nadgleduva da se usmeruva no se do odredena granica za da moze da se bori samo vo zivotot i ne sekogas ke mu bidat tato i mama na tanjir toa e za onie sto mn preteruvaat ama ima i takvi sto voopsto sto ne se interesiraat e tie se kategorija na roditeli koja mi e najantipaticna pobitni im se sedenkite so prijatelite ili pak ozboruvanjata otkolku kako funkcioniraat decata a samo prividno mackaat oci deka se mn zagrizeni iskreno blazesi im kako mozat. i za odgovornosta licnosta se formira glavno od vlijanieto na roditelite pa od se ostanato zavisi vo idnina ali sepak roditelite se najvazni zasto koga se zapoznava edno dete so svetot trgnuva od roditelite pa posle so se dr . ova bea moite stavovi se nadevam vi se dopadnaaa
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 09:53
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7987C41EE651DE45BA28FDDC88E039EB
Средношколец со пиштол се обидел да влезе во училиште



Изменето од Tanjuska - 18.Март.2009 во 09:54
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 13:53
Сите ние возрасните знаеме дека во училиште сме добиле по некоја послаба оценка заради која сме се плашеле да кажеме дома но некако поминувало тоа со малку укори, некаде со забрана за излегување, па дури и со некоја ’’воспина’’ и нормално загревање на столчето и поправање на оцената.
Што се случува со денешниве деца?
---------------------------------------------------------------------------------------
Петтоодделенка сакала да скокне од прозорец оти добила четворка
Проштално писмо со ваква содржина оставило девојче од петто одделение, кое пред два дена се обидело да скокне од прозорец, од вториот кат на училишната зграда, откако видело дека на тестот по англиски јазик добило четворка. Ова се случило во познато скопско основно училиште, додека траел часот по англиски јазик. Девојчето, кое е одлична ученичка, откако го добило својот тест, почнало да го пишува писмото во тетратката и побарало да појде во клозет. Излегло од училницата, а други нејзини другарчиња го виделе како го отвора прозорецот во училишниот ходник и како се прекачува. Ги викнале наставниците, педагогот и психологот, кои спречиле трагедија.

Родители чии деца учат во истото училиште револтирано коментираат дека вакви деца произведоа сите притисоци на кои тие се изложени поради сите испрашувања и сите тестови што ги полагаат за да се подготват за „големото“ екстерно тестирање што треба да се одржи во јуни.

Зарем вака наставниците и институциите ги планираа подготовките за едно обично тестирање, кое не е ништо друго туку еден обичен тест како и секој друг што досега се правел во училиштата? Кој им става во главите на децата дека само петката е оценка, а секоја друга е катастрофална? И на крајот на краиштата, кој е индиректниот креатор на црни мисли и црни намери во главите на единаесетгодишни деца?

Ова е апел за внимание

Со влегување во пубертет почнуваат игрите на смрт, тоа е автодеструкција што си ја носиме од раѓањето, сметаат психолозите и психијатрите.

- Ваквото однесување можно е да се должи на преголемите очекувања што ги имаат родителите, кои создаваат чувство на притисок и страв кај децата, кои си мислат дека нема да се доволно способни да ги исполнат тие очекувања. Овој обид за самоубиство на девојчето, оваа промоција на истакнување е апел за внимание и помош - смета Мирослав Пендароски, психолог и едукатор во здружението „Големи и мали“.

Според него, очекувањата од наставниците се друга приказна, иако е поважно влијанието на родителите. Како што објаснува тој, и во минатото се случувало децата да имаат чувства на анксиозност и страв дали ќе се биде добар.

- Денес живееме во ера на постмодернизам и е многу постресно да се живее, а не дај боже да не се биде успешен. Шансите се помали, а притисокот сè поголем. Но ваквото однесување би можело да е резултат и на личната структура, темперамент, карактер на детето - додава Пендароски.

Сите психолози се согласни дека обидот за самоубиство кај толку мало дете е резултат на целиот стрес и од семејството и од наставниците. Благица Л’скова од советувалиштето „Гешталт солушнс“ вели дека детето реагира на начин што смета дека е најлесен начин за да се решат работите.

Тестовите ги исцрпеа децата

Од 1 септември досега сигурно имаме направено повеќе од 100 теста и исто толку пати секој од нас бил испрашан, вели Ангела Медаровска, ученичка во втора година во гимназијата „Никола Карев“.

- Навистина е стрес кога сенешто мора да се полага, постојано да се испрашува, а како резултат, добиваме пониски оценки. Тоа уште повеќе иритира и нервира. Исплашени сме и ние и професорите, се однесуваме како да ни зависат животите од тоа екстерно тестирање. Сите сме исцрпени. Барем да имавме добри резултати наместо тројките и четворките - вели Медаровска.

Учениците треба да сфатат дека нема тие да бидат загрозени со екстерното тестирање, туку ќе се проверува работата на наставниците, вели Весна Хорватовиќ, директорка на Бирото за развој.

- За тоа дали по ваквиот немил настан ќе се укине ова тестирање или не треба да одлучи Министерството за образование и наука (МОН). Најважно е родителите да сфатат дека не е само петката оценка и да не ги заплашуваат децата. Не мислам дека многуте тестови се притисок врз нив, напротив, тестот се применува одамна и со цел да се следи постигањето на ученикот - смета Хорватовиќ.

Виновни се родителите

За нагонот за самоубиство кај детето училиштето е најмалку виновно, вели Убавка Бутлеска, училиштен педагог.

- Порано децата ги казнувале со најсурови казни, па никој не се обидел да се самоубие. Притисокот не е во оценката, тестот и, воопшто, во барањата од децата. Менталниот склоп на детето и како е тоа третирано во семејството е главната причина за неговото однесување. Во главата си создава шема на размислување и ако дома му рекле дека мора да добие 5-ка, за него сите други оценки се удар - смета Бутлеска.



Изменето од mamamd - 27.Март.2009 во 13:54
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 13:56
site imaat vina!
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 14:13
Но сите си ја префрлаат топката од еден до друг.
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 14:22
i se vrtime vo krug
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 15:11
Децата се оставени на ветрометина. Не знаат кому да веруваат, каде да се обратат. Се почесто читаме дека оние кои треба да им помогнат кога се невоља, да ги заштитат од невољи се токму предизвикувачи на детските невољи.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 11:45
Политичките ангажмани на родителите, седенките и дискусиите за политичките дејанија од домот се пренесуваат во секојдневниот живот на децата. Да не зборуваме колку од децата се присутни на митинзи, делат партиски  материјали, летоци...
Политиката им го загадува детството

Кога мојата шестгодишна ќерка го изговори името на премиерот Никола Груевски, препознавајќи го на билборд во центарот на Скопје, прво ми беше смешно и симпатично. Кога на телевизија ќе завршеа политичките рекламни емисии плачеше и бараше да почнат повторно. Тогаш веќе почнав да се загрижувам затоа што е премногу мала да гледа политички емисии иако, најверојатно, ја привлекуваат шаренилото од знамиња, песните или говорењето, ни изјави Митко, татко на Матеја, која е прваче. Речиси и нема дете од основно училиште во земјава што не ги знае Никола Груевски и Бранко Црвенковски. Тоа се потврди и на вчерашната манифестација за 1 април, на скопскиот плоштад, каде што како ниту една година претходно имаше маски поврзани со политичкото секојдневие. Основците ги препознаваат политичарите, па дури и напамет ги знаат партиските химни. Поделбата на вмровец и на сдсмовец одамна стана дел од детската игра, а муабетите за политиката, кои нивните родители речиси секојдневни ги водат дома, веднаш се пренесуваат на учителките во градинките или во училиштата.
Социолозите предупредуваат дека вмешаноста на децата во политичкото секојдневие е најнепожелното нешто во периодот на растење и развивање на индивидуалната свест. Причината за тоа ја гледаат во напорните и долги предизборни кампањи, како и немањето избор на телевизија. Сите телевизиски канали околу 19 часот, кога децата треба да гледаат емисии направени за нивната возраст, нудат политички програми. Анета Поп-Илиоска, социолог, тврди дека причината за окупираноста на децата со политичарите се нивните родители, кои секојдневно зборуваат за тоа. - Детето брзо ги впива сигналите од своите родители. Ме чуди, на пример, што бара основец да гледа политички емисии. Или, ако родителите сакаат да се информираат треба своето дете да го однесат во друга соба да си игра. Ако не сака, во интерес на неговиот правилен развој ќе се откажат од гледање телевизија “ вели Поп“Илиоска.
За неа е чудно и тоа што ниту една политичка партија во предизборните кампањи не обрнува внимание на проекти за децата.
- Малолетниците во недостиг од програми за нив, за кои би се заинтересирале, немаат друг избор освен да се преориентираат на некои работи што не се за нивна возраст. Иако се чини наивно, тоа може да има и последици во нивниот развој. Замислете што ќе се случи кога тоа дете ќе порасне. На секоја дружба со пријателите првиот муабет ќе му биде за политика “ категорична е Поп“Илиоска. Предизборните кампањи, пак, во изминатиов период речиси сосема ги потиснаа документарните филмови и детските емисии и станаа најгледана телевизиска понуда. Според социолозите, со тоа се прави силен информативен притисок и искривено сфаќање за политиката. - Има случаи во кои осумгодишни деца се опседнати со политика. Загрижува тоа што децата место детски песни пеат химни од политички партии. Тие немаат свои игри, свој живот, седат дома и мораат да ги слушаат разговорите на своите родители, кои најчесто расправаат за политички теми “ категорична е Поп-Илиоска. Според социологот Илија Ацевски, политизацијата на општеството настанала поради тоа што политиката длабоко навлегла во порите на системот, кога луѓето имаат политичка боја место свој сопствен став. Тој смета дека често историското значење на партиските имиња на двете најголеми партии ја туркаат политиката во училиштата. - Преоптоварени сме со политика не само во време на избори, туку и постојано, а политичките судири ги решаваме со постојано обвинување. Тоа кај децата носи поделеност, која остава траги. Ја расипува нивната рецензија, создава такви склопови што ги прави слепци - објаснува Ацевски.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 13:29
Сите се виновни, збор нема, ама не дај боже ако дојде до нешто сериозно дали ЕВН или било кој кој не си ја довршил работата ќе ги врати децата назад...До кога родителите ќе се извлекуваат за својата неагилност, за своето невоспитување на своите деца

ОР­МАН ЗА СТРУ­ЈА СО ГО­ДИ­НИ СТОИ ОТ­ВО­РЕН НА УЛИ­ЦА ДРА­ГА СТО­ЈА­НОВ­СКА ВО КИ­СЕ­ЛА ВО­ДА

Се нат­пре­ва­ру­ва­ат кој по­бр­зо ќе ги за­па­ли оси­гу­ра­чи­те

Жи­те­ли­те на ули­ца­та Дра­га Сто­ја­нов­ска ве­лат де­ка се­кој­днев­но де­ца­та од ули­ца­та се со­би­ра­ле пред от­во­ре­ни­от елек­три­чен ор­ман и фр­ла­ле лис­ни во елек­трич­ни­те склоп­ки и оси­гу­ра­чи за да нас­та­не елек­три­ци­тет и тој да свет­не

Ор­ман за стру­ја ре­чи­си се­дум го­ди­ни стои от­во­рен пред згра­да на ули­ца Дра­га Сто­ја­нов­ска во Оп­шти­на Ки­се­ла Во­да. Жи­те­ли­те од згра­да­та ве­лат де­ка елек­трич­ни­от ор­ман бил пос­та­вен пред згра­да­та во 2002 го­ди­на ко­га таа се гра­де­ла и од­то­гаш ни­кој не се по­ја­вил да го отс­тра­ни. Ве­лат де­ка проб­ле­мот со ор­ма­нот во пос­лед­но вре­ме ста­нал по­се­ри­о­зен оти тој им ста­нал ин­те­рес­но сре­ство за за­ба­ва на нај­ма­ли­те. Се­кој ден де­ца­та се со­би­ра­ле пред не­го и се нат­пре­ва­ру­ва­ле кој прв ќе фр­ли лис­на во елек­трич­ни­те склоп­ки и оси­гу­ра­чи за да нас­та­не елек­три­ци­тет и тој да свет­не. Оваа опас­на за­ба­ва, ве­лат ро­ди­те­ли­те, им е овоз­мо­же­на оти ор­ма­нот стои от­во­рен и не ог­ра­ден со ниш­то.
"Ор­ма­нот е вис­тин­ска опас­ност на ули­ца­та. Тој стои от­во­рен на дожд, на сон­це, на снег и мно­гу па­ти до­се­га се слу­чи­ло да екс­пло­ди­ра. Ос­вен што сам по се­бе прет­ста­ву­ва опас­ност, во пос­лед­но вре­ме по­ве­ќе сме заг­ри­же­ни оти де­ца­та од ули­ца­та поч­наа да се иг­ра­ат со не­го. Би­деј­ќи тој стои от­во­рен тие фр­ла­ат лис­ни во оси­гу­ра­чи­те за да се за­па­ли и свет­не и тие по­тоа се ра­ду­ва­ат, нез­на­еј­ќи де­ка мо­же да нас­тра­да­ат. Крај­но вре­ме е од ЕВН да дој­дат да го зат­во­рат или пак да го отс­тра­нат зош­то тој не ни ко­рис­ти за ниш­то", се жа­лат ро­ди­те­ли­те од згра­да­та пред ко­ја е ло­ци­ран ор­ма­нот за стру­ја.
Од ЕВЕ вче­ра ве­ти­ја де­ка ќе из­ле­зат на те­рен да ја про­ве­рат сос­тој­ба­та на елек­трич­ни­от ор­ман, но по­доц­на не беа дос­тап­ни да да­дат из­ја­ва ка­ко ќе го ре­шат проб­ле­мот. (М.Ѓ.)


Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 14:02
Na nekoi prvacinja vo nekoi ucilista knigite im stojat na uciliste,vo drugi ucilista pak gi nosat sekoj den 2-ta kg. na grb. I jas na roditelska predloziv posto ne pisuvaat doma domasna knigite da im stojat na uciliste (sto bese i predlog na ucitelkata na pocetokot-potoa se premisli). Vo ponedelnik da gi nosat, vo petok da si gi zemaat da vidime sto srabotile. Ucitelkata mi objasni deka e podobro da si gi nosat zasto v godina ke nosele i poteski ranci, demek da go vezbale grbot, a pogolemiot del od roditelite ja poddrzaa da se napravat fini i dobri. I taka moeto dete i uste nekolku sekoj den si odea i si idea sami od uciliste so rancite od 2 kg. a tie roditeli sto bea fini i dobri kon ucitelkata si gi nosea i si gi zemaa decata sekoj den i im gi nosea rancite do ucilnica.

I kako jas da bidam odgovorna, koga sekoj si go gleda samo licniot interes
I ottogas mirno si sedam, gi ostavam drugite neka resavaat, neka se dogovaraat,se karaat, se ogovaraat,..... pa kako za site deca taka i za moeto..... dotuka sme stasani, zalno ama vistinito

Изменето од Gabriela_S - 06.Април.2009 во 14:07
Кон врв
monitor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај monitor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 16:02
најмногу се виновни родителитеспоред мене. не е лесно да си родител, не значи направи дете и толку пуштиго, напроѕ=тив потребна е постојана комуникација и контрола со децата. За жал во ова динамично време многу малку се обрнува внимание на тоа. и еда забелешка до GABRIELA   S    ПИШУВАЈ КИРИЛИЦА
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 07:26
Ја подзаборавивме темава, сиот чемер го истуривме во темата за даскалитеголема%20насмевка
Онака утрински со бистри мисли, неоптеретена од изјави на министри, портпароли на партии, телефонски разговори со ургенции за поправање оценки, врски за уписи.... некако по реално се гледаат работите за одговорноста на родителите кон системот на образование, кон своите деца.
Зошто?
Па во “наше време“- си учеа децата, родителите си одеа на работа и животот си течеше нормално. Дојди си од училиште, седни напиши, научи уроците (па таман и оние со бројката на козите, кравите во Уганда, Бурунду...) и ај надвор на маало играј, кибицирај со симпатијата (тоа на малку поголемки години денамигнување)
Оцените шаренки, некоја 5, некоја 4, боже мој не го бива секој за се. Уписите слободни, кој кај сака,кој кај има афинитет.
Арно ама ова пусто време лета, од деца, станавме родители со деца. И гледај мака- Мамо помогни ми да го средам хамеров, мамо помогни ми да го напишам дисплејов, мамо...мамо... ( па уште мајка ми кога ке ми речеше- Аман што ги врза така з тебе, остај ги сами да си учат, како јас ве оставав сами па гледај што луѓе станавте, факултети, работатага)
Како јас на мојата мајче да и кажам дека ако не поминат одлични нема да можат да се запишат каде сакаат, дека за на факултет ќе треба да си „продадам гаките„ за да платам во приватна квота (ако не фатиме државната). Таа не сфаќа дека нејзиното време помина (беше многу среќна кога се запишав на факултет, посебно кога и кажав дека нема родителскиголема%20насмевка)
Сега пусти родители учат повеќе и од своите деца, повеќе од времето кога учеле за себе па притиснати од проблеми за успех, уписи...еима и од оние кои се им е наредено...па тие си тераат бизнис (за децата водат грижа вработените во приватните образовни институции)


Изменето од mamamd - 11.Јуни.2010 во 07:26
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 06:31
За жал ни случувањата на лоши работи во кои непосредни жртви се децата не делуваат поучно. Напротив во такви ситуации на површината излегува само желбата за префрлање  вина  од едни на други од што никој нема фајде.
За образовната политика на прво место вина  имаат одговорните кои носат закони колку да се рече дека се закони. Останатите ги прифаќаат и молат бога ним да не им се згоди некоја последица.
- Лекарски потврди- повеке не се издаваат бидејки се издаваа само формално, а се наплаќаа. И освен иформација за примените вакцини, друго не ни пишуваше (нив ги има во картончето за имунизација) Значи информации за некои посериозни болести нема- детето е препуштено на господ. Наставниот кадар не знае-не може ни да реагира соодветно
- Порано кога тестирањата за упис на првачиња ги вршеа школските педагози/психолози родителите тек/тук ке дадеа некоја информација која за жал заради некаков си професионален кодекс пед/псих. служби ја таеја од наст. кадар. Сега со формирањето на “тимот за дочек“ бидејки најмалку е тим за тестирање на првачињата- никој ништо не знае, нити има информација.
- Систематските прегледи- самите доктори се изненадени кога деформитетите кои ги откриваат на првиот систематски преглед си стојат а родителите воопшто не презеле нешто за корегирање на истите.
Докторите и наставниците немоќни собираат раменици.
Затоа се случува
- дете да добие епилептичен напад, а никој (освен родителот) да не знае дека е епилептичарче
- дете на екск*рзија или настава во природа да стане ноќе и да излезе од соба- а наставниците тогаж дознаваат дека детето е месечарчетага
- дете да се гуши од алергии на полен, прашина, бодеж од пчела/оса...
- дете да се жали на болка во гради- наставникот слуша како срцето му работи со 300 на саат (заради некоја тахикардија) а родителот да вели дека тоа е само од страв од тест, испрашување...
Се додека не научиме сите дека на прво место се децата и нивното здравје, одговорни ке бидеме сите кога ќе се случат лоши работи.тага
Семејството на починатиот гимназијалец бара одговорност од наставниците
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2010 во 14:22
Се чудат како е можно да се остави во природа, при пеколни температури, само дете кое покажало здравствени проблеми. Тие против наставникот најавуваат барање за кривична одговорност за негрижа и напуштање на беспомошно малолетно лице.
 
Не дека ги бранам родителите ама огромна е не одговорноста на професорите.Кога се оди на екск*рзија скоро ништо не проверуваат.Пример ако се оди на планинарење и сл.професорите треба да проверат дали детето носи опрема и залихи кои му се потребни(долги панталони,вода,капа,стапче за по пат,храна)бидеќи родителот не може да знае,еден куп деца има што ќе се облечат како што треба пред родителите и ќе појдат кај другар/другарка и ќе се преслечат/остават се.Од друга страна професорот ги гледа децата пред патувањето и слободно може да ги прати дома тие што не се соодветно спремни.Исто така се гледа спремноста на детето-не можеш дете од 100 килогарами да го носиш на планинарење,посебно не на оваа жештина.А срцева мана не е оправдување бидеќи ова време може и нај силен човек да ,,кутне,,.
 
Вакви работи се случуваат често,смртта е ретка но разните повреди се случуваат скоро на секоја екск*рзија.Професорите мора да ги проверат своите можности,ако не можат да се справат со децата нека не одат на еск*рзија.
 
За систематските-вие професорите најдобро знаете колку се тие ,,стручни,, секое дете добива дијагноза-постојат 2 дијагнози шум на срцето и искривена кичма и една од овие дијагнози добиваат сите.Знам многу деца на кои им е ,,откриен,, шум на срцето или искривена кичма а при посета на специјалист потоа се дознава дека детето нема никаков проблем.
 
Значи не ги обвинувам професорите ама не е убаво тоа што се сакате да префрлите на родителите иако голем процент од вас се крајно не одговорни луѓе.И да-гласам за строги казни за сите пропусти во образованието,посебно вакви несреќи...
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.