|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 57> |
Автор | ||
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За православните - и едното и другото ... за другите *(иноверните) може да представуша ама баш то сака ... тоа нема врска... Ако Христос ни ја дал СЛОБОДАТА КАКО НАЈГОЛЕМ ДАР - ТОГАШ НИЕ СЕ БОРИМЕ И ЈА ЧУВАМЕ (во духовен смисол) И ЗАТОА НИШТО НЕ НАМЕТНУВАМЕ “ДИНАМИЧНО“ И НА СИЛИ КАЈ НАС ВЕРАТА Е ВЕРА И НЕ “ПРОПОВЕДАМЕ“ ... ЗА ДА НЕ ЈА УКИНУВАМЕ СЛОБОДАТА НА ИНДИВИДУАТА КАКО ОБРАЗ БОЖЈИ, а оној кој сака слободно пристапува кон нас ... НИШТО НЕ Е НА СИЛА ... ОНОЈ ШТО САКА - ГИ ПОЧИТУВА ИКОНИТЕ, ОНОЈ ШТО НЕ САКА - НЕ МОРА... никој не го тера со сила... ВО КРАЈОТ НА КРАИШТАТА - БОГ НИ Е СУДИЈА НА СИТЕ - ОН НЕКА НИ СУДИ!!! |
||
stevompc
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 275 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
tvoeto mislenje glasi vaka:
nie ke si pravime sto sakame, pa posle bog neka sudi. taka li uci Svetoto Pismo? ili veli se da ispituvame, da se stremime kon sovrsenoto itn? znaci propovedta e neophoden del od usovrsuvanjeto. isto taka i ispituvanjeto 'dali nesto e bogougodno ili ne?' zal mi e, ama ne mozam da se zadovolam so tvojata duhovna ladnokrvnost. |
||
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1. Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето, за да ве видат; инаку нема да имате награда од вашиот Отец небесен. 2. И така, кога даваш милостина, не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. 3. А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, 4. за да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. 5. И кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда. 6. Но ти, кога се молиш, *влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. *4.Цар.4,33; 7. Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многу зборови ќе бидат услишени; 8. вие, пак, немојте да бидете како тие, оти вашиот Отец небесен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле. 9. Туку молете се вака: *Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; *Лука 11,2; 10. Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; 11. лебот наш насушен дај ни го денес; 12. и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници; 13. и не н# воведи во искушение, но избави н# од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин! 14. Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; *Марко 11,25; 15. ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите. 16. *Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. *Иса.58,5; 17. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, 18. па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. 19. Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и 'рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; 20. *но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту 'рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; *Мат.19,21; *Лука 12,33-34; 21. зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше. 22. *Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; *Лука 11,34-36; 23. ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината? 24. *Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. *Лука 16,13; 25. Затоа ви велам: *немојте да се грижите за душата - што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото - од облеклото? *Лука 12,22-23; *Фил.4,6; *1.Петр.5,7; 26. Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? 27. А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот? 28. Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат; 29. но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив; 30. па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!? 31. Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? 32. Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. 33. *Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде. *1.Цар.3,13; *Псал.36,22; 34. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доста му е неговото зло.” Не судете, за да не ви се суди. 7. Не судете, за да не ви се суди. 1. Не *судете, за да не бидете судени; *Рим.2,1; *1.Кор.4,5; 2. оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со *каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери. *Марко 4,24; 3. Зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја чувствуваш? 4. Или, како ќе кажеш на брата си - чекај да ти ја извадам раската од окото; а, пак, ете, во твоето око има греда? 5. Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си. 6. Светињата не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и откако се повратат, да не ве раскинат. 7. *Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; *Марко 11,24; *Лука 11,9-10; 8. зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори. 9. Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, да му даде камен, 10. и кога посака риба, да му даде змија? 11. И така, ако вие, бидејќи лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат? 12. С# она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие; оти *тоа се Законот и Пророците. *Мат.22,40; *Рим.13,8-10; 13. *Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; *Лука 13,24; *Мат.24,4; 5,24; 14. а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат. 15. Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се *волци грабливи. *Дела 20,29; 16. По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? 17. Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; 18. не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. 19. *Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. *Мат.3,10; *Јован 15,2-6; 20. И така, по нивните плодови ќе ги познаете. 21. Не секој што Ми вели: »*Господи, Господи«, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. *Рим.2,13; *Јак.1,22; 22. Мнозина ќе ми речат во оној ден: »Господи, Господи, не во Твое ли име *пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме? *1.Кор.13,2; 23. И тогаш Јас ќе им кажам: »Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!« 24. И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен. 25. И заврна дожд и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, но таа не падна, оти беше изградена од камен. 26. А секој, што ги слуша овие Мои зборови и не ги исполнува, прилега на човек глупав, кој си направил куќа од песок. 27. И заврна дожд, и надојдоа реки, и дувнаа ветрови, и навалија на таа куќа, и таа падна, а паѓањето $ беше страшно.” 28. И кога ги заврши овие зборови, народот се *чудеше на Неговото учење, *Марко 1,22; *Лука 4,32; 29. зашто Он ги поучуваше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците ОВА ДОВОЛНО ГОВОРИ ЗА МОЈАТА “ДУХОВНА ЛАДНОКРВНОСТ“!!! |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Интересно е што баш книжниците не Го препознаа и тоа го направија со Оној за кого сведочат Писмата што ги препишувале, читале, ...! Кој се фали да се фали со ГОСПОДА и Неговиот ДУХ а не со ...! |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Слушај братко. За кој е во право, Православната традиција или Евангелос нема да спорам сега. Затоа има пишувано многу предходно, може да се прочита и самиот да се дојде заклучок, а јас да бев и атеист ќе сватев каде е вистината. Друго, со самиот факт дека ти кој си муслиуман (кое и го почитувам како твое право и те милам немој погрешно да ме сватиш) а го бранеш ставот на Евагеолоса ми дава до заклучок дека вистината е во Православието . А тоа дека така се онесуваат со Христа вистина во голема мера сме ние виновни затоа што не го сведочиме со својот живот, а само ги соблазнуваме лугето, но и никој неможе да ги сопре да мислаат што сакаат и да донесуваат такви неразумни заклучоци. зашто како може Исак Њутон да е пред Христа? Каде си слушнал за Њутоновци, а Христијани насекаде има, па и ониое земји кои сега се муслимански порано биле Христијански. Но сега сакам само да ти одговорам на прашањето за кои се критериумите за прогласување некој за светител на Црквата Божја и бидејќи ова прашање се постави на темаите ЊПредание“ и „Монаштво“ па скоро истиот текс ќе го пастираме и таму. Во почетокот Бог го содал човекот добар. Според Својот образ и подобие го создал, односно совршен во потенционал со можност да напредува и се восовршува до стекнувањето на Неговото подбие или како што ќе кажат Отците на Црквата, да стане „бог по благодат“. Но подоцна откако адам, односно човекот, згрешил ја изгубил сета убавина своја и неговото срце кое до тогаш било чисто и храм Божји се валка и бива заробено од страстите, а од него, како последица на тоа, се отсранува Бог. И понатаму преку Адама тоа се случува и со сето човештво. Сега , сета цел, сиот напор на човека е повторно да се исчисти и ослободи од страстите и се врати на својата првосоздадена природа и заедница со Бога. Со доѓањето на Синот Божи и постанувајќи и Син Човечки, Господ Исус Христос ни го покажал патот, а тоа е преку пустината и смиреното страдание (крстот). Друг пат нема, зашто Он е Патот, Вистината и Животот и овие три категории не идат одделно туку секогаш заедно. Нели еден Бог. Оние кои го избрале тој пат на лично покајание, очистување и ослободување од страстите или поточно нивно преобразување и кои успеале во тоа се всушност светителите. Тие го исчистиле своето срце од страстите и умот го просветлие и во своето срце повторно ја привлекле благодатта Божја. Нивното срце повторно станало Храм на Живиот Бог и со својот просветлен ум постојано го созерцавале ( го гледале Неговото Прекрасно Лице) и се насладувале. Во тој подвиг препознаваме генерално три степени или нивоа: - Очистување на срцето од страстите - Просветление на умот - Обожувањето на целовкупната човекова личност Секој од овие степени се одликува со свои каратеристики: На првиот степен срцето се чисти од страстите, а енергијата на умот се просветлува. На тој степен му содејствува очистителната благодат и усната и умната молитва. На вториот степен на просветление откако срцето доволно ќе се исчисти од страстите, а енергијата на умот просветли, тогаш тој (умот) молитвено слегува во срцето како во свој центар (суштина) и таму благодатно непрестајно ја кажува молитвата. На овој степен повигот се состои во доочистување и просветлување на суштината на умот и напредување на молитвата до непрестајна умносрдечна кое повижниот го добива на третиот степен од уховниот живот, на степенот на обожение на целовкупната личност човекова. Краен и единствен критериум низ сите овие три степени е љубовта и молитвата. Нивното срце повторно постанува храм на Живиот Бог и во нивното срце постојано пребива благодатта Божја. Тие иако со телото сеуште пребиваат овде на земјата, нивниот ум е вознесен на Небото каде лице во Лице го гледа Бога и непрестајно пребива во созерцание и Богомислие од каде ги црпи сите тајни за Бога, Царството Небесно, човекот и се друго, и нивното слово постанува слово со власт, Божјо слово, Богослово, Богословие. Затоа и ние им веруваме на светите Отци и нивните списи, зашто тие не го познаваат Бога од книга и не шпекулираат со словото Божјо, туку тие го познаваат Бога од опит, од искуство и нивното слово е емпириско, искуствено. Тие се луѓето кои преку личен подвиг во смирение и живот во Црквата преку добродетелите и учеството во Светите Тајни на светата Литургија ги поминале сите овие три стадиуми (нивоа) во духовниот живот за кои е потребно напор време и долотпение, а кое го немаат претестанските„ подвижници“ зашто тие сакат само со едно признавање и потпишување дека се христијани и да се спасат и да си го исчистат срцето од страстите и да се носители на Светиот Дух и толкувачи на библијата и преку ноќ стануваат проповедници. И отпосле откако ќе се упокои еден таков свет Отец по извесно време почнува да се појавува почит кон него од самата Црква, т.е. верниот народ . - се разгледува неговиот живот дали бил исправен и да не бил во прелест -Ако од неговото тело се појават знаци на чудотворност преку испуштање на благоухание (благопријатна миризба), свето миро (нетварно миризливо масло кое истекува од неговите свети мошти), јавувања во сон и чудесни исцеленија на разни болести кај луѓе кои молитвено му се обракаат. - Потоа се испитуваат и неговите пишани списи, ако ги имал, и учењето кое го исповедал дали е согласно Светото Писмо, и Предание, да нема некои ереси и на крај откако сето тоа ќе се утврди заседува целит свет синод на помесната Црква од каде тој потекнува и едногласно донесуваат одлука за негова канонизација и прогласување за светител. Гледате не е се така просто и едноставно а критериумите не се благи. и овде нема шпекулација кој е свет, свет е. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ок, штом е оставен тој он-топик коментар на Опитен, тогаш секако дека е дозволено и да се реплицира на истиот
Ок, ајде да видиме дали теоријата ви се поклопува со праксата. Ајде да видиме на пример, дали и како Св. Константин го исполнил горенаведените критериуми за да биде од синодот изгласан за светец.
Велиш "Потоа се испитуваат и неговите пишани списи, ако ги имал, и учењето кое го исповедал дали е согласно Светото Писмо, и Предание, да нема некои ереси "
Константин верувал дека крштевањето не чисти од гревовите и дека доколку човек по крштевањето направи грев, тој ќе го изгуби спасението. Заради ова тој верувал дека човек треба да се крсти непосредно пред неговата смрт. Тој тоа и го направил и бил крстен непосредно пред да почине.
Ова е голема ЕРЕС и воопшто не е во согласност со Светото Писмо каде гледаме дека луѓето се крштавле веднаш штом ќе поверуваат, а не чекале да бидат крстени пред самата смрт. Дека ова е ерес се согласуваат и православните и католиците и скоро сите останати христијански деноминации.
Значи сепак Константиновото верување содржело ЕРЕС, но сепак бил изгласан од синодот за "светител".
Друго, Константин верувал дека доколку на штитовите на своите војници стави крст, тој ќе ги добие битките. Тој тоа и го правел, го користел Христовото Име и миротворниот Христов крст за воени цели. Тој убивал во "името на Исус", наспроти Христовите заповеди да ги љубиме непријателите и, да не посегнуваме по меч итн.
Согласно на тоа, Константиновото верување изобилувало со ЕРЕСИ и воена злоупотреба на Христовото Име, а сепак Опитен тврди дека тој ја поминал горенаведената "канонизација" и бил едногласно изгласан од синодот за светец.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.eikonografos.com/album/displayimage.php?pid=1663&fullsize=1
Прекрасна “житијна“ икона кога св. Козма Етолски го пропеведа Евангелието на Иноплемениците, и маченички умира Проповедајќија Верата Христова |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Братче, грешка си Св.цар.Константин не верувал така. Ова твоето е само полувистина нешто слично на змијата во рајот. Јас реков дека св.цар. Константин верувал во тоа дека со крштевањето му се простуваат сите гревови, што е точно, но никаде не реков дека ако згреши потоа дека верувал дека нема да му се простат гревовите. и за другото. Прави разлика помеѓу освојувачка војна и одбранбена. Тој не освојувал туку го заштитувал неговиот народ кој Господ му го дал. И нешто уште поважно. Тој во тој период истражувал. Неговата мајка св.Елена веќе го прифатила Христијанство то а и некои оф неговите предци го промениле својот став кон христијаните и ова чудо Божјо било знак за тој конечно го прифати Христијансвото за своја и државна религија и спаси многу души кои дотогаш гинеле во пеколот. И што лошо гледаш во тоа. Зашто да не беше така ниту јас ниту ти денес ќе бевме христијани. Пацифизмот не е одобрен од Црквата а особено кога се работи за зачувување на верата. Сега малку ке се приземјиме и одомакиниме. Како заврши конфликот во Македонија? Дали ние требаше да ја браниме нашата земја и вера или не? И дали си ги прашал тие јадни души што денес живеат во роданата и праддовска Македоноја а се плашат да се кажат Македонци и Христијани? Затоа братко, работите на папир не стојат иасто како и работите на дело. Господ е голем во своите светии |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Опитен, врти сучи, политизирај колку сакаш, сепак на крајот испаѓа дека Константин верувал погрешно (ЕРЕС) и го злоупотребувал за воени цели Христовото Име, а сепак вие сте го прогласиле за светец. Со тоа паѓа во вода целиот твој критериум за ткн. "канонизација на светци".
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро, и на тоа ќе то одговорам Свети цар Контантин па и секој светител не Бог (или папа ). Само единиот Господ Бог е безгршен. А што зар ти не ги грешен? |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Друго е да си грешен, а да имаш вистинска вера, а друго е да си грешен, но да имаш погрешна вера. Ти самиот го постави тој критериум за светците...
И согласно на тој критериум, Константин не може да биде светец затоа што не сакал да се крсти се до својата смрт. Крштевањето не е некоја маргинална работа во верата, туку една од главните доктрини.
Согласно на ова, Константин не го положил испитот да биде светец, но сепак бил изгласан од синодот на црквата. Значи горниот критериум за "канонизација на светци" паѓа во вода и се сведува само на теорија во учебниците на богословски факултет, а во пракса е поинаку. |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тврдоглав си, мисли како сакаш. Твое право.
А ти секогаш си во право. Изменето од Опитен - 20.Октомври.2008 во 03:53 |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Константин се изјавил првин преку делата, затоа што поверувал и се крстил на крајот на својот живот за да се соедини со Светиот Дух (кој го водел и претходно во неговите дела). Што има тука спорно или проблематично?!
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Икона на свети Николај Јанински - Новомаченик и исповедник на верата Христова, и проповедник на Евангелието
http://www.eikonografos.com/album/displayimage.php?pid=1590&fullsize=1 Ме интересира дали: св. Јован Златоуст, св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов, св. Климент Александриски, св. Климент (папа) Римски, св. Игнатиј Богоносец, св. Поликарп Смирненски, св. Јустин Маченик, св. Теофил Антиохиски, св. Иринеј Лионски, св. Дионисиј Александриски, св. Александар Ерусалимски, св. Кипријан Картагенски, св. Иполит Римски, св. Атанасиј Велики, преп. Макариј Египетски, св. Григориј Ниски, св. Евстатиј Антиохиски, св. Кирил Ерусалимски, св.Епифаниј Кипарски, и многу други отци на првата Христова црква и апостолски ученици (први христијани), ги почитувале иконите? |
||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |