IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 137138139140141 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 08:28

OВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ЛАЖЕ КОГА ЌЕ КАЖЕ „ТЕ САКАМ“

17

Близнаците доколку ви кажат дека ве сакаат, треба да побарате „потврда од суд“. Нив тој збор му е како добар ден и не значи апсолутно ништо.

Доколку овој хороскопски знак се сети дека изјави љубов, ќе каже дека се шегувал. На близнаците им треба долго време да се врзнат, бидејќи тие најмногу се сакаат себе си. Тоа што е сигурно со нив никога нема да ви биде досадно. Знаат да бидат духовити, забавни, авантуристи, а врските и бракот не им одат од рака.

Ако се заљубите во нив, внимавајте, бидјеќи постои опасност да ви го скршат срцето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 09:12
Јас сум упорен околу близнаците...Дури четири бивши ми се близнаци!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 09:44
батали шестарот..
едно е - не се две
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2015 во 10:13
Со нив шестарот е како книга на полица...
Тие сакаат тријаголници.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2015 во 08:05

Зошто врските на секој хороскопски знак не успеваат? Бикот се запушта, Девиците ги кријат емоциите


Иако неуспехот во љубовта не е само ваша вина, сепак љубовните грешки кои ги правите може да ви ја уништат среќата.

zosto-vrskite-na-horoskopskite-znaci-ne-uspevaat-bikot-se-zapusta-devicite-gi-krijat-emociite-01.jpg

Дали сте преголеми егоисти? Или сепак сте премногу срамежливи за да си ги искажете емоциите? Можеби ве кочи тоа што секој партнер го земате „здраво за готово“?

Хороскопот ќе ви открие каде грешите:

Овен

Самоувереноста на Овенот, која на почетокот делува привлечно, со тек на време станува голема пречка. Овенот мора да поработи на својот егоизам и да научи како партнерот да го стави на прво место. Би требало да го разберат значењето на зборот компромис. Нивните брзи и бурни реакции се уште еден проблем во врските, затоа што на другите им е тешко да се справат со неочекуваните изливи на бес.


Бик

Биковите кои се во долги и стабилни врски често знаат да се запуштат. Се чувствуваат удобно, па претеруваат во храната и пиењето и не внимаваат на изгледот, што знае да биде непривлечно. Понекогаш се премногу мрзливи за романтика и партнерот го земаат здраво за готово. Уште една пречка е нивната тврдоглавост. Биковите се склони на едни исти замерки и упорно започнуваат кавги на иста тема, што со текот на времето досадува.


Близнаци

Близнаците се склони на флерт, па партнерите со нив се чувствуваат несигурно. Не оставаат впечаток на стабилност и преданост, заради што никој не се потпира на нив. Честото менување на мислењето и расположението е уште една работа која никогаш не е привлечна. Внимавајте со маските кои ги прикажувате.


Рак

Раковите често уште на почетокот на врската стануваат зависни од партнерот, а спомнувањето на брак и заеднички живот може само да го исплаши и оддалечи. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, заради што често другиот може да се чувствува задушено. Ракот лесно се навредува и е чувствителен, а покрај тоа не сака да започнува нови активности и да прави било какви експерименти. Со него животот лесно станува рутина и тоа му е најголемата грешка.


Лав

Големото его на Лавот е нешто со што секојдневно треба да се натпреварувате. Не е лесно да живеете со личност која лесно се навредува за секоја ситница и е подготвена со денови да молчи и да игнорира. Лавот сам на себе си е секогаш на прво место, што со текот на времето знае да стане проблем. Не знае да ја признае грешката, а како капак на сето тоа, склон е кон флерт, па партнерот никогаш не се чувствува сигурно.


Девица

Срамежливите и повлечени Девици тешко ги откриваат своите вистински емоции, па нивниот партнер ретко кога знае на што е. Животот со нив знае да биде тежок затоа што се критичари и во сè наоѓаат по некоја маана. Тежнеат кон совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во ситниците. Нивната опседнатост со здравјето исто така знае да биде напорна.

Вага

Вагите постојано се во љубовен хаос, со погрешни партнери, најчесто оние на кои им треба помош или „поправање“, што не е добра основа за врска. Кога се во врска Вагите се неодлучни и се прашуваат дали го одбрале вистинскиот. Потребата за флерт исто така го излудува партнерот. Не сакаат кавги, па го кажуваат тоа што партнерот сака да го слушне, односно немаат проблем да лажат.


Скорпија

Скорпиите секогаш одат на сè или ништо, па со нив не е лесно. Во врските се посесивни и љубоморни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа, таинствени се, па саканата личност секогаш има чувство дека Скорпијата нешто крие. Злопамтила се кои никогаш не простуваат, а малата кавга редовно ја претвораат во долготраен конфликт. Склони се кон емоционална манипулација.


Стрелец

Стрелците често несвесно го повредуваат партнерот, а тоа го прават заради потребата за возбуда и акција. Партнерот има товар дека постојано мора да биде активен и интересен, што создава притисок кој со тек на време досадува. Најголемиот проблем во врската со Стрелецот е потребата за личен простор, забава и слобода, што на многу од партнерите не им одговара.


Јарец

Јарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне целосна доверба во партнерот, што е долготраен процес. Партнерот лесно се фрустрира затоа што Јарецот не ги искажува емоциите. Не е лесно да живеете со меланхолична личност која се грижи за сите ситници, а песимизмот го пренесува на околината. Не се спонтани и оптоварени се со работа, па со нив животот лесно станува монотонија.


Водолија

Индивидуалноста на Водолијата може да биде исцрпувачка за партнерот. Богатиот друштвен живот може да биде извор за љубомора кај партнерот, што Водолиите никогаш нема да го сфатат. Во некои случаи недостатокот на интимност и романтика може да доведе до оддалечување. Потиснувањето на емоциите е уште еден недостаток заради кој Водолиите се непосакувани партнери.


Риби

Рибите живеат во свој свет и склони се кон идеализирање на партнерот, што доведува до нереални љубовни стандарди и барања од партнерот. Често влегуваат во односи со нестабилни личности или одржуваат тајни врски. Подготвени се да трпат многу, па затоа партнерите знаат да ги искористат и откачат. Мораат да сфатат дека во љубовта не може само да вложуваат, туку и да си ги покачат стандардите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2015 во 08:09

Како изгледа еден работен ден со сите 12 хороскопски знаци во иста канцеларија?


На работа пред сите доаѓа сериозниот и намрштениот Јарец, кој веднаш седнува на столчето и ги зема документите во раце, уште пред првото утринско кафе.

kako-izgleda-eden-raboten-den-so-site-12-horoskopski-znaci-vo-ista-kancelarija-001.jpg

Кратко после него стигнува Девицата која прво зема крпа и го пребришува бирото, пенкалата, тастатурата и телефонот, па дури после тоа се фаќа за работа.

Бикот влегува бавно и мрзливо и прашува - Уште никој не направил кафе?

Ракот влегува со сите и топло се поздравува, по што се јавува на мајка му да праша како е или на партнерот/партнерката да праша дали безбедно пристигнал/а на работа. Дури потоа може сериозно да и пристапи на работата.

Вагата влегува дотерана, со облак од парфем зад себе и само гледа на кој да му ја подвали тешката задача која ја чека денес.

Стрелецот влегува насмеан од уво до уво и соопштува дека денес нема да може многу да работи, затоа што договара патување.

Близнакот влетува во канцеларијата со телефонот во рака, затоа што е во хаос. Пие кафе на брзина и излегува. Откако ќе се врати, ќе сфати дека заборавил уште нешто, па повторно хаотично се враќа од каде што дошол.

Бикот соопштува дека е гладен и прашува дали некој нешто сака за појадок?

Рибата зева и гледа на часовникот уште колку има до крајот на работното време. Гледа дека има уште многу, па се жали дека мора да оди на доктор.

Девицата ја замолува и неа да и најде „термин“ кај докторот.

Овенот станува и вели дека мора нешто да заврши и ќе се врати брзо. Девицата веќе му префрла дека паузата му траела цел час и работното време не е за приватни обврски.

Водолијата мирно работи на својот компјутер додека паралелно разговара со пријател на телефон.

Лавот шеф влегува и вели да му порачаат кафе и да дојдат сите на краток состанок.

На состанокот Овенот веднаш ја искажува новата идеја поврзана со работата, а Водолијата додава нешто многу понапредно.

Јарецот само превртува со очи и вели дека ако е ново не значи дека е добро, Бикот го поддржува.

На Близнакот му ѕвони мобилниот, по што добива опомена од Лавот. Близнакот го убедува шефот дека има информација од прва рака, но Лавот не му верува затоа што се сомнева дека е трач.

Вагата се плаши дека работата и е ризична, додека Скорпијата додава дека оној кој не ризикува не профитира.

Јарецот молчи, гледа на часовникот, резервиран е околу промените, затоа што смета дека промената не секогаш е најдобриот избор.

Рибата молчи и не сака да коментира, па ја препушта иницијативата на другите соработници.

Ракот напоменува дека сите се како семејство, но предлага дека е најдобро Лавот да го каже своето мислење затоа што тој е авторитетот.

Лавот театрално го изнесува своето мислење, па брзо потоа Водолијата влегува во кавга со шефот, затоа што не го сака авторитарното однесување.

Во тој момент му ѕвони мобилниот на Лавот и ја напушта просторијата, притоа потсетува сите добро да размислат за денешната тема на состанокот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2015 во 15:34

НАЈМУДРИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗМАМЕН!

16

Станува збор за Овенот. Со него владеат Месечината, благородноста, црната бура и западот. Токму овие нешта го водат го суштинска мудрост, па затоа и неговите припадници се мудри и чувствителни. Тој сака сè да држи под контрола, но тоа не секогаш му успева. Кон целите оди директно, па затоа може да биде малку непријатен. Амбицијата и успехот го мотивираат и благодарение на големата енергија, воглавно е успешен во сè што прави.

На Овенот му е важно да изгради кариера и да има добар социјален статус, но сака да изгради и добар брак. Тој е голем импровизатор и за сите проблеми, од личните до финансиските, лесно и едноставно наоѓа решение. Овните мора да имаат многу пари бидејќи обожаваат да трошат, великодушни се и сакаат да бидат преплавувани со внимание.

Што се однесува до љубовта и сексот, тие имаат многу едноставен пристап. Кај нив сè е јасно и лесно видливо, но можат да станат малку невротични доколку немаат партнер или доколку не добиваат доволно љубов. Тој е спремен максимално да се жртвува за партнерот кој претходно многу внимателно го одбрал.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2015 во 12:09
Originally posted by Орка Орка напиша:

Со нив шестарот е како книга на полица...
Тие сакаат тријаголници.



ами, што црташ кругови? омолу близначките?

види на пр. некоја девица   
едно е - не се две
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2015 во 10:25
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2015 во 19:59

КОИ СЕ ВАШИТЕ СКРИЕНИ ТАЛЕНТИ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ВО КОЈ СТЕ РОДЕНИ?

17

Секој од нас има своја внатрешна сила, па важно е да откриете што е тоа што ве издвојува од другите. Кои се вашите скриени таленти според хороскопскиот знак во кој сте родени?

Овен

Овните се импулсивни, спонтани и со брзи рефлекси. Припадниците на овој хороскопски знак се интелигентни и активни, па спортските активности се како создадени за нив. Добро им оди сè што бара движење и динамика. Сакаат конК*ренција и индивидуални повеќе од тимски активности.


Бик

Ако сте припадник на овој знак, големи се можностите дека добро готвите. Трпеливоста, истражувањето на новите готварски можности и откривањето на нови рецепти се омилено хоби на Биковите. Меѓу другото, умеат добро да ракуваат и со финансиите па можат да водат свој бизнис.


Близнаци

Без разлика на тоа дали станува збор за рекламирање, преговарање или продажба, припадниците на овој хороскопски знак надарени се за убедување на другите. Близнаците се одликуваат со комуникативност, способност за ширење на информациите и интерес за луѓето околу нив.


Рак

Припадниците на овој хороскопски знак успешно ги пренесуваат своите емоции во она што го работат во моментот и имаат вистински талент за разбирање и мотивирање на другите луѓе. Токму поради тоа, тие се одлични во улогата на професори, тренери или советници.


Лав

Ако некој има способност да го привлече вниманието на себе, тогаш тоа со сигурност се припадниците на овој огнен знак. Токму поради тоа, Лавовите се одлични забавувачи. Хуморот и снаоѓањето во нови ситуации се нивните вистински таленти.


Девица

Посветеноста на деталите не претставува никаков проблем за припадниците на овој знак, туку нешто вродено. Девиците на секоја задача се посветуваат максимално, а полето на интереси им е широко. Сепак, нивниот вистински талент е планирањето.

Вага

Праведниот пристап, советувањето без осуда и преговарањето се главните таленти на овој хороскопски знак. Општо, нивните таленти опфаќаат луѓе, а не предмети. Често се и уметнички талентирани, но овој талент го игнорираат, бидејќи веруваат дека така немаат финансиска сигурност.


Скорпија

Интелигенцијата и логичкото размислување се главните карактеристики на припадниците на овој хороскопски знак. Најчесто ги интересираат работи кои другите тешко можат да ги сфатат. Финансиските работи и логичките задачи се работи во кои можат да заблескаат.


Стрелец

Ако некој од Зодијакот е спортист, тогаш тоа се Стрелците, а покрај спортските терени, Стрелците ги сакаат и борбеноста и натпреварувањето во сè што прават. Лесно разбираат како функционираат работите и имаат таленти за иновирање.


Јарец

Зад нивната приземност и практичност се крие голем талент за хумор. Ако успеат да се опуштат, Јарците без проблем можат да бидат комичари. Општо имаат голема доза на креативност која можат да ја изразат преку пишување или цртање.


Водилија

Иако често се зборува за нивните интелектуални и иноваторски способности, вистинскиот талент на припадниците на овој хороскопски знак лежи во нивните раце. Со нив можат да направат речиси сè: од поправање до креирање на нешто ново.


Риби

Рибите дефинитивно се склони кон сите типови на уметност, но нивниот најголем талент е психологијата. Припадниците на овој хороскопски знак имаат истакнати способности за читање на другите луѓе. Рибите без проблем можат да бидат приватни детективи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2015 во 19:50

Каков хумор има секој хороскопски знак: Близнаците сакаат секси шеги, а Водолиите црн хумор


Што преферирате – црн хумор или пристојни шеги на кои никој не останува рамнодушен? Вашиот хороскопски знак открива каков тип на хумор преферирате и како успевате да ја подобрите атмосферата во друштвото.

kakov-humor-ima-sekoj-horoskopski-znak-bliznacite-sakaat-seksi-shegi-a-vodoliite-crn-humor-001.jpeg

Проверете каков тип на хумор преферирате според вашиот хороскопски знак:

Овен

Ако сте еден од оние кои сакаат да се смеат до солзи, Овенот нема да ве разочара. Нивната форма на хумор е малку будалеста, па природно ќе ви доаѓа да се смеете. Сакаат да имитираат и не можат да се воздржат од смеење ако некој падне.


Бик

Специјалност на овој знак е да ги набљудува другите и да се шегува со нив, на основа на она што го забележува. Биковите обично се ненамерно духовити и чудни, па нивното размислување им доаѓа како освежување на луѓето кои се околу нив.


Близнаци

Припадниците на овој знак брзо размислуваат и подеднакво брзо реагираат, па лесно се надоврзуваат на хумористичните ситуации. Овој хороскопски знак сака шеги кои се поврзани со сексот, а знаат да се пошегуваат и на своја сметка, прикажувајќи се како будалести.


Рак

Раковите се мајстори за хумор на своја сметка иако се прилично чувствителни, немаат проблем со тоа другите да им се смеат. Ниту самите не се свесни колку се духовити, посебно со своите искрени и комични изрази на лицето кои откриваат што мислат.


Лав

Не може да се каже дека припадниците на овој знак не се духовити, но сепак нивната најсилна страна е надоврзување и реагирање на туѓите шеги. Лавовите се одлични во духовито претерување, пример, ако некој каже нешто смешно тие ќе го изобличат и ќе ги насмеат сите.


Девица

Припадниците на овој знак не се нешто посебно духовити, но сепак успеваат да ги насмеат луѓето околу нив со своето бесно расположение, немилосрдна анализа на другите луѓе и критика. Знаат да бидат токсични со јазикот, но она што го кажуваат е точно и смешно за другите.

Вага

Овој хороскопски знак дефинитивно не знае да прераскаже виц, но знae да ги насмеe луѓето околу себе. Нивните реакции се слични како на Овните – детски, искрени и урнебесни. Посебно смешни стануваат ако малку се поднапијат и додека се лути на некого.


Скорпија

Скорпиите можеби никогаш нема да ви признаат, но го сакаат оној злобен хумор кој се сведува на иронија и сарказам. Коментар на една страна, коментар на друга страна – танцуваат на работ на дрскоста, но секогаш успеваат да ги насмеат луѓето околу нив и да бидат забавни.


Стрелец

Припадниците на овој знак се вистински шоумени и на нив можете секогаш да се потпрете кога треба да се насмее целото друштво во некоја непријатна ситуација и да ја подигнат атмосферата. Понекогаш нивните шеги знаат да се сведат на навреди, но тоа го прават со доза шарм.


Јарец

Јарците поголемиот дел од времето делуваат резервирано, но сепак она што најмногу го сакаат е да бидат во друштво во кое можат отворено да се шегуваат. Најмногу сакаат интелигентен, приземен хумор кој се сведува на сарказам. Тешко ги поднесуваат шегите на нивна сметка.


Водолија

Едно е сигурно, хуморот на Водолиите зближува и расположува. Понекогаш знаат да претераат со црниот хумор, но луѓето кои ги познаваат не им се лутат за тоа. Во поголемите друштва знаат да бидат пристојни со шеги уште од времето на нивните баба и дедо.


Риби

Припадниците на овој знак не се од оние кои сакаат предвидливи вицеви, а задоволство им е да размислуваат за смешни ситуации и да ги прераскажуваат на луѓето околу нив. Знаат да импровизираат, но исто така, сакаат и да подготвуваат трикови и стапици.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2015 во 08:36

Комплетен хороскоп за зима 2015/2016: Лавовите ги очекува голема љубов, а Девиците професионални успеси


Некои оваа зима ги очекува голема љубов која ќе ги излуди, некои пак, посакуваат малку одмор, а другите се подготвени за нови предизвици и успеси како на личен, така и на професионален план.

kompleten-horoskop-za-zima-2015-2016-lavovite-gi-ocekuva-golema-ljubov-a-devicite-profesionalani-uspesi-001.jpg

Дознајте што ве очекува оваа зима:

Овен

Пред нас е уште една зима во која Овните ќе се учат на трпение. Можеби понекогаш тоа ќе ви оди тешко и бргу ќе избувнувате, но и од лошите работи се учи. Многу ќе ви значат признанијата и комплиментите од другите, бидејќи тие ви се најважното огледало во животот. Негативните коментари можат да ве исфрлат од колосек, но ѕвездите ќе ви шепнат да не се предавате и откажувате. Навремената подготовка може да ви донесе нови победи уште во првите денови од зимата. Интуицијата ќе ви биде изразена повеќе од вообичаено, и вашата животна филозофија ќе ја ставите на испит, бидејќи ве очекуваат големи животни промени.


Бик

Уште самиот почеток на зимата ќе му започне работно на овој земјен знак, но подоцна ќе се посвети на дружењето и забавата. На полето на љубовта кое е доста изразено кај Биковите, зимата може да донесе нова голема љубовна приказна. Може да се случи толку силно да се заљубат што ќе ја изгубат главата, бидејќи ќе ја сретнат личноста која е фатална за нив. Тука само Сатурн може да ја доведе ситуацијата во баланс и да не се претераат со нешто што и не е така силно. Дружењето е доста важно за сите Бикови оваа зима.


Близнаци

Зимата ќе биде малку лош период за вас. Сите оние пали и приказни повеќе нема да им бидат привлечни на луѓето од вашето опкружување. Потребно ви е големо друштво, но некако сè ви се чини како да нема ништо ново. Сепак ќе знаете дека не сте сосема сами и дека можете да очекувате поддршка од партнерот. Нема да ви држи место и ќе морате да си најдете некое ново хоби сè додека не видите до каде води тоа. Можеби ќе ви помогне да откриете нешто ново за себеси. Насмевнете се и ве очекуваат позитивни работи во животот.


Рак

Ќе имате впечаток дека негативните вибрации ви доаѓаат од партнерот и дека тоа се рефлектира на вашето професионално поле. Морате да научите да се носите со предизвиците и да сфатите дека не треба да се преиспитувате, туку со некои работи едноставно да се помирите. Имате одлични идеи како можете да го искористите зимскиот период. Внимавајте на млада машка личност која може да направи лоша атмосфера во вашиот дом со своите постапки. Внимавајте и на здравјето на вашите родители.


Лав

Ве очекува период на силни љубовни врски. Прво ќе се заљубите, а потоа ќе започнете да работите со полна пареа на професионален план. Секако, ќе имате прилика убаво да си поминете за време на новогодишните празници и тоа на величествен начин, онака како што умеете. Самиот почеток на годината ќе ви донесе повеќе пари. Морате да се чувате од изливи на бес од една машка личност. Можно е ненадејно патување. Така е најдобро, бидејќи плановите не ви носат ништо посебно.


Девица

Ќе бидете доста среќни на полето на финансиите. Добивката на тоа поле е неминовна. Ќе имате брилијантни идеи и вашиот остар ум може да ве доведе до голем успех на професионален план, посебно ако имате приватен бизнис. Ќе имате доста изненадувања од страна на партнерот. Ваша одлична особина ќе е тоа што страствено ги завршувате работите без некој да ви спомнува било какви рокови. Тоа е вашата тајна која другите се обидуваат да ја копираат.


kompleten-horoskop-za-zima-2015-2016-lavovite-gi-ocekuva-golema-ljubov-a-devicite-profesionalani-uspesi-002.jpg

Вага

Во текот на зимскиот период ќе ве мачи „гладот“ на повеќе начини, не само што ќе сакате повеќе да уживате во храната, туку и ќе имате пориви да заработувате повеќе. Ова второво поле ќе биде нагласено и понатаму. Добар совет е да се откажете од првото поле, бидејќи можете да накачите некој килограм повеќе. Свеста ви е насочена кон претприемништвото и добро е да ги искористите сите можности кои ќе бидат поволни за вас. Постојат работи кои долго време сте ги очекувале, па сега ќе дојдете до одлични идеи како да ги остварите вашите желби.


Скорпија

Вашиот знак го очекуваат доста предизвици. Ќе имате енергија повеќе од вообичаено, па добро е да пробате некој зимски спорт. Ќе бидете неодоливи на спротивниот пол. Можно е да имате тајна љубовна врска. Ќе ве опседнат мисли во врска со некоја личност од соседството или некоја ваша блиска личност. Ве очекуваат и мали проблеми со финансиите, бидејќи Сатурн ќе ви дава таква енергија на полето на парите. Сè ќе помине и ќе научите како да се носите со оваа енергија. Ќе поминувате повеќе време со блиските, бидејќи сте заштитнички настроени и се грижите сè да биде во ред.


Стрелец

Ќе се послужите со вашата интуиција за да заработите повеќе пари. Понекогаш ви се чини како да не поминувате низ добар период, но веднаш потоа ви се враќа оптимистичкиот дух како на ниту еден друг знак од Зодијакот. Ѕвездите посочуваат на можни тајни непријатели кои го сакаат вашиот дел од колачот. Љубоморните противници ќе се обидат да се надмудруваат со вас, но сфатете ги само како уште еден предизвик.


Јарец

Од јануари ќе посакате да ги завршите старите и недовршени работи во вашиот живот. Ќе имате позитивна енергија и повеќе елан и оптимизам од вообичаено. Искористете го тоа на продуктивен начин и лесно ќе ги намалите тензиите во вашето опкружување. Тема кои најмногу ќе ве интересира се парите од кои можете да добиете големо задоволство. Внимавајте на вашето здравје. Сите одлуки кои ќе ги донесете овој период зависат исклучиво од вас.


Водолија

Она што е актуелно кај вас е можноста да стекнете пари преку пријателските врски и честото дружење. Можете да имате поддршка од вашите надредени и да бидете успешни на професионален план. Колегите ќе ви пренесат вештини кои ќе ви помогнат да ја добиете позицијата која ја посакувате. Потрудете се и тоа да го постигнете, бидејќи секоја одлука не зависи од некој друг, туку исклучиво од вас самите. Љубовта малку подоцна доаѓа на ред во вашиот живот.


Риби

Знакот на најголеми тајни ќе мора да почека за важните работи, а моментално може малку да се одмори за да дојде до големи победи. Можно е да дојдете до пари кои ќе ги заработите од странство. Нема да имате недостаток од нив, но важно ви е да направите добар план и да дојдете до конкретен успех

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2015 во 08:42
лавовите се секогаш заљубени, не можат тие без љубов, не!
едно е - не се две
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2015 во 08:17

КОЈ Е НАЈМОЌЕН, А КОЈ НАЈКОМУНИКАТИВЕН ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?

5

Најмоќниот хороскопски знак

Најмоќниот хороскопски знак е Риби. Да, овие романтичари со нежни души всушност имаат најсилен карактер, бидејќи собрале многу мудрост под велот на емоциите. Бидејќи што и да се случува, тие знаат како да се извлечат, без да се скршат.

Најкомуникативниот знак

Штом стане збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или само слатки приказни тука се Вагите. Тие умеат да го разгледаат прашањето од секој агол и да анализираат најразлични возможни сценарија за реализација. Но најважно е што умеат да најдат заеднички јазик со сите останати знаци. Ќе импресионираат и претседател и клошар.

Најмистериозниот знак

Тоа е Јарецот. И не знаеме дали мистериозен или потаен е вистинскиот опис. Или и двете заедно. Не само што не ги споделува мислите и чувствата, туку секогаш успева да биде ладнокрвен и не можеш да претпоставиш што точно се случува во неговата глава. Колку и да си добар психолог, додека Јарецот не посака да се отвори, никогаш ништо нема да дознаеш.

Најпретставителниот знак

Тоа е Бикот. Со своите совршени манири, ретко се изразува без тактика и умее веднаш да ги поправи работите, ако тоа се случи. Не сака конфликти и секогаш ќе помогне ако го замолите. Тој е толку префинет знак, благороден и умен, што во негово присуство те прави да изгледаш како селски глупак дојден да бара совет од некој мудрец.

Најсексапилниот знак

Тоа е Овенот. Овните се енергични, решителни, но најважно е тоа што од нив извира магнетизам, за кој нема објаснување. Дури кога конкретниот субјект не се одликува со голема убавина, сепак околу него има многу додворувачи. Тоа се должи на таа мистична, моќна сексуална енергија.

Најпосветениот знак

Ова е Девицата. Таа ќе ви биде верна до гроб, таа ќе ве заштитува и ќе се грижи за вас. Може да негодува и да критикува, и да ве дразни со безбројните претенции, но вие знаете дека длабоко во нејзиното срце има место за вас. Штом ќе успеете да и го освоите срцето на Девицата, таа нема да ве изневери и ќе се грижи да ги задовили вашите потреби. А ако некој ја повреди, ќе го натера да жали до крајот на животот.

Најопасниот знак

Сосема очекувано тоа е Скорпијата. Ако реши да се одмазди, ќе оди до крај и нема да ја пропушти и најмалата шанса да ве заболи. Во исто време ако Скорпијата прави мудри планови, вие никогаш нема да дознаете, се додека не ве удри како гром од ведро небо. Затоа, што и да правите, не создавајте непријател Шкорпија.

Најубавиот знак

Што се однесува на убавиот надворешен изглед, природата била најдарежлива кон Стрелецот. Претставниците на овој знак се навистина убави, и лице и тело, но токму затоа се многу суетни и се грижат секогаш да изгледаат совршено. Што уште повеќе ја зголемува нивната привлечност.

Најсреќниот знак

Најсреќните се Близнаците. Тие по природа се оптимисти и има зошто. Ако близнакот почне да станува мрачен и негативен, само ќе страда во животот. Близнакот знае секогаш да биде на вистинското место во вистинското време. Неговата судбина е таква – што и да се случува, на крајот тој секогаш печали.

Најсемејниот знак

Дефинитивно тоа е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е се! И тешко дека некој друг хороскопски знак би можел да им се фати на малиот прст во тој поглед, како и за воспитување деца, создавање топол дом, грижа и посветување на блиските. Не случајно е многу важно Ракот да си најде партнер со висок морал кој ќе знае да ја прочита неговата добра душа.

Знакот кој никогаш нема да го заборавите

Секако, тоа е Лавот. Човек едноставно не може да му одолее ниту пак да го заборави тој кралски став кој секогаш се издвојува од толпата. Кога на тоа ќе го додадеме чувството на хумор, високиот интелект, префинетите манири и боемското присуство, овој знак навистина ќе те натера да се вљубиш за секунда. А после тоа ќе ти требаат месеци, или години, за да го избришеш Лавот од мислите. Ако воопшто некогаш успееш…

Најекстравагантниот знак

Екстравагантни, оргинални, модерни, со стил, како ѕвезди од големите екрани се Водолиите. Буквално од две парталчиња ќе направат комбинација како од високата мода. Имаат неверојатно чувство за стил дури и кога изгледаат нестандардно. И не само тоа. Самата нивна внатрешна енергија дава на знаење дека се нешто повеќе од другите. Дека ќе биде вистинска чест ако ти обрнат внимание.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 137138139140141 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.