IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 135136137138139 157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2015 во 13:26

ШТО ВИ ПРЕСКАЖУВААТ ПЛАНЕТИТЕ ЗА ОВАА ЕСЕН?

12

Овен

Работа: Многу сте незадоволни на работа и поради тоа интензиивно размислувате за промена на работното место. Ќе ви стигне понуда од еден пријател но бидете внимателни, бидјќи овие денови Марс, вашиот владетел, го менува знакот. Исто така, можеби станува збор за работа за која долго размислувате, но никако да го реализирате. Меѓутоа, кон крррајт на септември ќе ви се отворат врати за реализација.

Финансиската ситуација и понатаму е нестабилна, а трошоците се неочекувани, штто внесув дополнителен немир и нервоза во вашиот живот. Сепак, ќе добиете неколку хонорарни работи, кои колку толлку ќе ги подобрат материјалните приходи.

Многу претставници на овој знак ќе се вработат реку врска, благодарение на поддршка на лице кое е не положба. Подобро ќе поминат Овните кои имаат високо образование.

Љубов: Доколку сте во брак избегнувајте конфликти, бидејќи партнерот е хировит, непромислен и расположен за кавга. Бидете внимателни доколку сте во паралелна врска, бидејќи многу лесно може тоа да се обелодени.

Слободните претставници на знакот ќе бидат во ситуација да се сретнат со лица со кои некогаш биле во врска. Доколку одлучите повторно да пробате, би можело да биде поинаку бидејќи и двајцата имате повеќе искуство и мудост да се прилагодите еден кон друг.

Младите Овни најмногу ќе бидат окупирани со забава, а ќе имаат и неколку можности за нова љубовна врска. Не се плашете дека ќе бидете одбиени, послушајте го своето срце и се ќе биде во ред.

Здравје: Време е за рекреација, движење, вежби… Зајакнете го имунитетот за да на време спречите воспаленија и инфекции.

Бик

Работа: Во овој период ќе биде нагласено полето на имотот и семејството, а нема да изостанат ни резултатите. На работа ќе бидете задоволни, а доколку не работите , веројатно ќе успеете да се вработите на почетокот на октомври. Работата нема долго да трае, освен ако МерК*р во натал не е ретрограден.

За да успеете во работата со која се занимавате, најважно е да работите со љубов, бидејќи во спротивно ќе се откажете. Комуникацјата со колегите не е најдобра, па овие денови се можни непријатни ситуации на работното место. Но, со оглед на поддршката од шефот, ќе имате се поголеми амбиции.

Доколку барате работа, најбрзо ќе најдете во областа на финансиите, сметководство, осигурување, администрација, но и медицина и работи поврзани за социјалните установи.

Љубов: Склони сте на мешање на приватниот и деловиот живот, конфликти и претерано анализирање на однесувањето на партнерот, што прилично ја комплицира врската која е веќе нестабилна. Ќе се обидете да воспоставите рамнотежа, но без успех, дури не е исклуена ни разделба. Меѓутоа, нема да патите многу поради тоа, бидејќи на повидок ви е нова љубовна авантура со шармантна личност, која од корен ќе ви го промени животот.

Претставниците на знаков кои се во брак ќе успеат да ги имазнат најголем дел од надоразбирањата со партнерот. Ќе се присетувате на убавите моменти од минатото, што ќе ја зголеми шансата за зближување и блиски контакти. Доколку немате заедничко хоби со сааната личност, веднаш побарајте. Тоа е најдобар начин несогласувањата да се решат и врската да ојача.

Здравје: Мали проблеми со главоболка, стомак и крвната слика. Неопходен ви е одмор, бидејќи сте премноу нервозни.

Близнаци

Работа: Често сте безволни, доцните на работа, се расправате со колегите, не ги почитувате роковите, што б можело лошо да влијае на вашиот деловен статус. За среќа, ситуацијата ќе се поправи по 8 октомври, кога колку толку ќе се вратите на нормален работен ритам.

Кризата со финансиите продолжув, како и борбата да дојдете до паир, кои ви се многу потребни за секојдневни потреби. Се надевате дека лцата на кои сте им позајмиле пари нскоро ќе ви ги вратат, но до тоа нема да дојде, барем не во овој период. Затоа засукајте ги ракавите и фрлете се на барање каква било работа. Но, не е баш така црно као што ви се чини, бидејќи неочекувано ќе ви стигнат пари од осигурување, можеби ќе земете кредит и одеднаш некако се ќе се реши.

Од средината на месецот почитувајте ги роковите а задачите завршувајте ги на време.

Љубов: Во текот на целиот период ќе уживате во благодетите на љубовта. Ако сте биле скарани со партнерот, веројатно нбргу ќе се смирите, а доколку сеште не сте наште сродна душа, среќата наскоро ќе ви се насмее. Ова е време кога ќе бидете во состојба да срушите се’ во име на љубовта, но имајте на ум дека се што е убаво не трае долго. Кон средината на периодот ќе почнете да чувствувате вина поради тоа што вие сте среќни, а други не се, или ќе почнете да се обвинувате себе си, или другите, па среќата ќе ви избледее.

Жените Бизнаци посебно би требало да обрнат внимание со кој влегуваат во врса, а младите Близнаци можеби ќе ги изненади бременост. Постарите претставници на знакот ќе бидат оптоварени со чувството на срам или на губење чест, особено доколку се во брак.

Здравје: Вашиот најголем непријател е напнатоста. Обидете се максимално да се опуштте, што повеќе прошетки , престој во природа и дружба со оние кои најногу ви годат.

Рак

Работа: Тие кои се во приветен бизнис или партнерски односи, сега мораат да ги приложат сметките. Претстојат конфликти поради контрола, инспекции и финансии. Ако очекувајте некој да вложи пари во вашиот бизнис, ставете му гии на располагање сите можности. Може да се случи некој поради вас да изгуби помал или поголем капитал. Никако не бидете површни, неопходно е да ги истражите сите опции и евентуалсните последици. Преконтролирајте ги книгите и книговодството ако сте приватник, бидејќи поради грешки ќе платите казна и ќе ги расипете добрите односи. Со колегите нема да имате разбирање, бидејќи се мешаат во работи кои не ги засегаат. Затоа, избегнувајте домашни посети, зближување и оговарање по ходници. На почетокот на месецот можни се проблеми со документите, а информациите кои ќе ги добиете може да бидат погрешни или погрешно протолкувани. Ова е одличен период за тие кои имаат работа поврзана со пишување, особено ако тоа бара некој вид борба и одбрана, како адвокатура. Веројатно ќе подарите некои пари, ќе дадете во хуманитарни цели или на некој непознат за лекување на тешка болест. Сепак, тој губиток и давање ќе овозмжат да добиете и да создадете капитал. Ќе имате доволно пари во овој период, но и шанса да г изгубите. Интуицијата овој месец најдобро ќе ве служи, затоа слушајте ја.

Љубов: Секој разговор сега може да се претвори во конфликт на различни мислења, па ако не се контролира, може да предизвика некаков прекин кој не го посакувате. Тешко е да се контролира однесувањето, но внимавајте тоа што е добро сега да не го расипете. Тој период за сеќа нема долго да трае. Оние кои имаат лоши аспекти во наталната карта сега се на посебно искушение. И време е да го средите животот!

Отворени ви се вратите за промени, селидби. Некои ќе создаваат семејства, друго од него ќе излегуваат. Кај младите парови кои сега планираат заеднички живот, родителите ќе се мешаат и повторно ќе има услови за конфликт, кој низ компромис може да се избегне, односите да се зачуваат и родителите да се испочитуват.

Ако во наталната карта немате ретрограден МерК*р, почекајте во носењето на важни одлуки. Кон средината на месецот би можеле да се каете, но ситуацијата ќе се разреши на општо задоволство.

Здравје: Кон средината на периодот можни се вирусни инфекции, повреди на екстремитетите, воспаленија и настинка.

Лав

Работа: Се исцрпувате, особено ако раборите работа во движење. Позитивниот став ви помага да ја надминете физичката слабост и лошата здравствена состојба. КОнцентрирајте се и ускладете ја активноста на вашето здравје со дневните активности и со кариерата. Немојте премногу да се оптоварувате, туку само работете во мерка која доведува до подобрување на ситуацијата. Работата организирајте ја така што да бидете поефикасни. Прво средете ги проблемите кои ви пречат и примените неопходни мерки. Веројатно ќе се чувствувате тешко и пренатрупано со обврски, па не знаете што попрво да направите. Најверојатно на почеткот на месецот, со некој ќе влезете во конфликт. Ако ве нервира колега, шефот ќе биде на неговата страна. Нека ве носи паролата- Само да го преживеам денот, а сите проблеми не можам да ги решам одеднаш.

Љубов: Ова е месец на искупувања и враќања кон себе. Искористете ја моќта на молитвата и медитацијата, а ова е време на лутање во љубовта. Некои лавови само ќе фантазираат за тоа. Платонската и тајната врска може да се сведе на големо ништо, а за тоа ќе бидете свесни кога ќе дојдат искушенијата, бидејќи сега сонувате розови сништа. Тие идели ќе се уништат кон крајот на овој месец ако врската не е на цврска основа. Почетокот на октомври започнува оптимистично со големи идеали и романтични сонови. На почетокот на месецот може да сретнете една личност во превоз, на пат или ќе ве поврзе професијата. Средбата ќе ја доживеет фатално. Исто така, може да се слуќи таа личност да не е од исти град, држава.

Здравје: На здравјето мислете однапред и не чекајте да се разболете. Контролирајте го шеќерот и маснотиите во крвта, опуштете со музика.

Девица

Работа: Есента на некои Девици ќе им донесе материјално богатство, бенефиции и финансиски успех. Ако е неопходно вложување во приватен бизнис, не се воздржувајте да дадете средства, но добро разгледајте ги сите можности бидјќи ви се пружа повеќе од тоа што очекувате. Кредитите ви се достапни, но условите за кредитирање лоши, павремето за отплата ќе ви биде голем товар.

Љубов: Ако сте слободни, бидете подготвени, постојат рзни комбинации. Една од нив е преку работа или колега.Тие кои се во врска имаат проблеми поради семејството, партнерот не им се допаѓа на ваште родители и ќе мора да балансирате и да правите компромиси.
Ако сте во брак, притисокот и обврските поради семејството, ќе делуваат неиздржливо. Сепак, размислувањето за разделување ќе престане поради неочекувани случувања, а може и ненадејна бременост.

Здравје: Доколку се појават здравствени проблеми, тоа ќе биде поради нездрави навики или несоодветна диета.

Вага

Работа: За сите Ваги заедничко е дека сега имаат енергија, само е неопходно добро да ја контролираат. Во моментот тоа е најдобро со работа.
На есен се очекува подобрување на финансиската ситуација, особено ако се занимавате со трговија, превоз, некој занает или комуникации. Најтешко им е на оние кои се во приватен бизнис.

Љубов: Емотивни сте, чувствувате напнатост, лутина. Дозволете им на другите да имаат мислење, особено на блииските во семејството. Ако сте во брак, тешко се ускладувате, ако не направите компромиси. Пречувствителноста на партнерот ви оди на нерви.
Вагите кои долго се во врска може да планираат семејство, можна е и бременост. Сеуште не знаете каде ќе живеете, а најлоша е идејата во заедница со родителите.

Здравје: Внимавајте во сообраќајот, можни се повреди, напади и реакции во афект. Казни поради непочитување на правила.

Скорпија

Работа: Неочекувани пресвтри како и можности врзани за нови работи ви даваат надеж дека конечно нешто пошло напред, дека нешто добро се случува во вашиот живот. Сепак, сето тоа прифатете го со резерва. На почетокот на месецот финансиската ситуација е напната, но очекувајте приходи низ донации, разни видови туѓа помош и пари кои требало да пристигнат порано.

Љубов: Време е за романска, љубов, брак. Тие кои се во врска, на почетокот на октомври ќе се израдуваат на добра вест.

Ако сте во брак, љубомората ќе стане посилна, че имате безопасни кавги кои ќе внесат поинаква атмосфера во домот и семејството.

Здравје: Проблеми со кашлање, грло, вирус кој би можел да влијае на срцето.

Стрелец

Работа: Промена на работно место е можно кон средината на месецот. Неочекувани проблеми, долгови кои се таложат, ве тераат да донесете таква одлука.

Сепак, секое зло со себе носи и нешто добро, долго сте биле незадоволни и сега ги земате работите во свои раце. Работите ќе тргнат на подобро, но конкретно подобрување очекувајте дури од следниот месец.

Љубов: На брачните партнери љубовта воглавно ќе ја расипуваат финасиските прблеми. Сепак, кавгите ќе бидат безопасни . Во овој период ќе биде нагласен еросот, страстите, сексуалноста и доминација на половите.

Здавје: Нестабилно е веќе подолго време, хроничните болести можете да ги лекувате со алтернативни методи.

Јарец

Работа: Внимавајте што зборувате на почетокот на месецот, иако на некој начин сте заштитени. Личност што е на функција, го аналиира секој ваш гест, фалбаџиството може скапо да ве чини. Станувате агресивви , а тоа може дополнително да ви го комплицира животот. Незадоволни сте, бесот го канализирате низ работа. Но ова е само минлив период, ако го знаете тоа полесно ќе го поднесете почетокот на октомври, кога се’ ќе појде наопаку.

Не влегувајте во партнерски односи, почекајте подобро да ја процените личноста која доаѓа со многу ентузијазам, а малку логика. Сите важни одлуки оставете ги за подоцна.

Ова е одличен период за адвокати и сите оние кои вербално настапуваат.

Љубов: Слободните припадници на знакот може да очекуваат комбинација на работа и запознавање со лице кои ќе ви остави силен впечаток. И трага на срцето, ако дозволите. Не е време за иискрени реакции, бидејќи поради нив подоцна може да се каете.

Здравје: На почетокот на месецот ќе ви годи се што јадете. Ако не се контролирате ќе се здебелите и ќе ви се подигне нивото на маснотии во оргаизмот.

Водолија

Работа: Приватните фими се под знак прашање. Ако не појдете во реорганизација на работата, можете да ставите клуч на врата. Напнати сте, нервозни, а лица кои се на функција ве контролираат, па сте растроени. Кoнцентрацијата ви е слаба.

Во работата премноу се трошите и не се откажувате бидејќи ви требаат пари, а сите пари се отидени на исплата на долгови и кредити.

Љубов: Се наоѓате на емотвна раскрсница, било да сте во брак, во врска или сами. Ќе ве изненадат неочекувани страсти, потреба да освоите и да бидете освоени. Овие љубови не е безопасни.

Тие кои се во брак може да се рразделат, можни се промени на местото на живеење

Здавје: Ги преценувате своите можности, што води во болест и нервна исцрпеност.

Риби

Работа: Сакате да ги завршите работите што сте ги почнале минатиот месец. Прелиминарните договори заклучете ги до 9 октомври.

На невработените пријатели може да им помогнат на почетокот на октомври. По 15 октомври можете да добиете одговори на нешто што долго чекате.

Љубов: Aако сте во стабилни односи, овој период ќе сакате да го промените статусот. Емотивно сте сигурни, знате што сакате, но одложувате разговор со партнерот.

Слободните може да им се вратат на старите партнери.

Здравје: Изворот на проблемот е мантален хаос, вашиот мозок работи со голема брзина и затоа сте напнати и нервозни. Обрнете внимание на главоболка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2015 во 08:20

Што би направил секој хороскопски знак, ако може да се врати назад во времето?


Секој од нас барем еднаш во животот посакал да поседува временска машина и да се врати назад низ времето и некои работи да ги направи поинаку.

shto-bi-napravil-sekoj-horoskopski-znak-ako-moze-da-se-vrati-nazad-vo-vremeto-001.jpg

Астрологијата открива што секој хороскопски знак би променил, ако има можност да се врати во времето.

Овен

Кога импулсивниот Овен би имал можност да се врати во времето, не би ја пропуштил големата љубов од младоста. Би бил помалку тврдоглав и би се согласил на компромис. Што се однесува до семејството, би поминувал повеќе време со децата одошто да го посветува целото свое време на кариерата. На работа, би го правел она што сака да го прави и би започнал сопствен бизнис.


Бик

Ако сентименталниот Бик би имал можност да се врати назад во времето кога важно му било само да заработува пари и да купува работи, многу работи би променил. Повеќе време би посветувал на саканата личност, би бил помалку посесивен и прилагодлив на потребите на саканата личност.


Близнаци

Кога Близнаците би имале можност да се вратат назад во времето, би промениле неколку работи, а на прво место своите емотивни односи. На време би го сфатиле нивното значење и не би се плашеле од врзување. Би се потрудиле да бидат малку подискретни и подобро да ги чуваат тајните.


Рак

Нежниот Рак помалку би се грижел за работите. Помалку би страдал, плачел и помалку би се плашел од животните предизвици. Помалку би паничел пред било кое непријатно изненадување. Што се однесува до нивната кариера, Раковите би биле поамбициозни.


Лав

Кога би можел да се врати во минатото и од корен да ги уништи своите стравови од хронични болки и слабости, би бил многу позадоволен со сопствениот живот. Би открил како да ги контролира своите его и суета кои многупати му наштетиле и би имал подобар однос со другите. Би сфатил дека не е слабост да се покажат емоциите пред другите луѓе.


Девица

Ако Девицата некогаш би имала можност да се врати назад во времето, тогаш би поправила неколку ситни детали во својот живот – би купила брод, би запловила на море и не би се грижела за ништо, мирно би седела на плажа и би испила неколку лименки пиво.

Вага

Емотивната и воздржана Вага подобро би го организирала сопствениот живот така што, помалку би страдала поради љубовта, а повеќе време би посветила на сопствената кариера. На работа би била поодлучна и поодговорна. Не би избегнувала конфликти и секому би го кажала своето мислење.


Скорпија

Кога Скорпијата би можела да го врати времето назад кога била лудо заљубена, би сфатила дека љубомората е бесполезно трошење на енергијата. Помалку би се нервирала за другите, би се обидела да не биде преголем егоист во љубовта и би посветила повеќе време на другите. Скорпијата би ги развивала своите таленти и би се занимавала со уметност.


Стрелец

Полетниот Стрелец ако би имал можност да се врати назад во времето, би променил многу работи, а како прво уште како млад би почнал да се занимава со свој сопствен бизнис. На време би почнал да ги штеди парите, но и нервите. Како и Вагата, не би избегнувал конфликти и потоа да се кае зошто некои работи отворено не ги кажал.


Јарец

Кога строгиот Јарец би имал можност да се врати назад во времето, како прво би се ослободил од сопствениот комплекс на пониска вредност кој го имал уште од детството. Мотивацијата за добра кариера би ја црпел од сопствените вредности, а не од комплексите. Би се ослободил од влијанието на таткото и би бил многу поотворен во искажувањето на емоциите.


Водолија

Доколку ексцентричната Водолија би имала можност да ги врати стрелките на часовникот наназад, би сфатила колку требала да биде пореална на работното место. Не би се борела со сите за на крај да го извлече подебелиот крај. Во љубовта би била прилагодлива и подготвена да жртвува повеќе од слободното време за личноста која ја сака. Повеќе време би поминувала со семејството, одошто по кафулиња, ресторани и забави.


Риби

Кога Рибите би имале можност да го вратат назад времето, би сакале да бидат повеликодушни, посигурни во себе и посмирени. Во потрагата по саканата личност, не би биле толку перфекционистички настроени и не би ги барале најситните маани на саканата личност за да можат да ја остават. Би се обиделе да не летаат премногу во сопствените соништа. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:47

СУРОВО РЕАЛЕН ХОРОСКОП КОЈ ЌЕ ВЕ ЗАМИСЛИ

8

Што велите за мал цинизам на туѓа, но и на своја сметка? Следи најлошото од секој знак во зодијакот – малку генерализирано и помпезно, но прилично забавно. За овој хороскоп забрането ви е да се налутите!

Овен

– Војник, секогаш прв, склон кон игри и сплетки, често избувлив и карактеристичен со нагли потези.

– Ги сака припадниците на спротивниот пол, сметајќи ги за сексуални објекти и после „извршената“ работа често и шутнува. Пример за тоа се Казанова и Марлон Брандо.

– Силен економист – повеќето овни се добро платени во работата.

– Недостатоци: гордост, брзоплетост и его.

– Може да биде садист (Хитлер, Хрушчов, Иван Грозни).

 

 

 

 

Бик

– Сака да јаде, да пие и да спие. Покрај тоа и да има секс.

– Темпераметен, дипломат, тврдоглав и често мрзелив (освен ако не се работи за добро платена работа).

– Материјалист, често успешен во политиката и воените детали, но и во економијата.

– Ја сака уметноста, а се вели дека поседува талент и да створи нешто сам.

– Недостатоци: непопустливост, склоност кон алкохол, љубомора.

– Познати Бикови: Сократ, Фројд, Тито, Макјавели.

 

 

Близнаци

– Половина-половина личности: колку добри страни имаат, толку имаат и лоши.

– Привлечни се, но ладни; интелигентни, но неемотивни; самокритични, но сакаат да ги критикуваат и останатите.

– Контрадикторен, дуален знак кој денес тврди едно, утре друго, а потоа плука по она што вчера го запишувал во ѕвездите.

– Често се бисексуални.

– Познати Бикови: Платон, Џек Лондон, Мерлин Монро, Анџелина Џоли.

 

 

 

Рак

– Воден знак со променливо расположение, кој се пронаоѓа речиси во секоја професија, но му треба време да се одлучи само за една.

– Доколку не се одлучи за насоката во професионалниот живот на време, може да стане и социјален случај. Од друга страна, може да стане Рокфелер или Тесла (а такви луѓе еднаш се раѓаат).

– Инаку е добар домаќин, со одмерено однесување и темперамент. Емотивен е и хиперсензибилен и лесно се навредува , но не покажува дека е повреден или дека нешто му пречи.

– Често имаат поетска и уметничка душа.

– Недостатоци: Лесно се навредуваат, склони кон пороци, преемотивни, а понекогаш и заборавени.

 

 

Лав

 – Ниту еден Лав или Овен не истуркал далеку во животот, без да го отсакаат блиските или без да изврши самоубиство (Хитлер, Наполеон).

– Како вистински диктатор, не ги признава своите грешки бидејќи тој е секогаш во право. Доколку е надвладеан или доколку се наоѓа во околина која интелектуално (или на некое друго поле) е над него, се повлекува. Може да биде и добар дипломат, но тоа поретко се случува.

– Доколку моќта е во негови раце, околината дефинитивно ќе настрада.

– Најдобро е да му го нахраните егото и да му оставите негов простор за да не ги тиранизира оние околу него.

 

 

Девица

 – И девицата е малку дуален знак, добар во речиси сè што прави, самокритичен, а понекогаш своеглав и мрзелив.

– Аналитичен е, материјалист како и Бикот, има променлив нарав, добар по природа и импулсивен.

– Доколку изреагира премногу нагло, може да ја упропасти ситуацијата, па тогаш ги повикува пријателите на помош.

– Има боемска црта што подразбира карти, алкохол и секс (Толстој).

 

 

 

 

 

Вага

 – Единствениот воздушен знак со вистински емоции, но прилично несреден.

– Склони се кон убави и ретки работи (Моника Белучи), добри декоратери се и добри пријатели.

– Жените ваги не се оптоварени со конзервативни правила во љубовта.

– Недостатоци: многу трошат, хировити се, не знаат што сакаат од животот и често се невротични.

 

 

 

 

 

Скорпија

 – Депресивен и многу мистериозен знак.

– Често се крие под маската на зафркант, успешен е во работите кои бараат динамика – маркетинг, промотер, префесионален возач и тн.

– Ги сакаат пороците, особено алкохолот и дрогата.

– Многу се љубоморни, импулсивни и одмаздољубиви.

– Во комбинација со Бик достигнуваат 100% страст.

– Склони се кон деструкција на самите себе и на останатите.

– Позната Скорпија: Антонио Бандерас.

 

 

 

 

Стрелец

 – Филозофи полни со среќа, луди возачи, а често и коцкари.

– Кога нешто ќе намислат нема шанси да се откажат, а доколку не успеат, никогаш нема да признаат за тоа, слично како лавовите.

– Нивниот збор мора да биде последен, иако некогаш знаат и мудро да молчат.

– Не сакаат стеги и конзервативизам, отворени се максимално и склони кон дебати. Со нив може да се соработува.

– Воглавно се атеисти и агностици.

 

 

 

Јарец

– Материјалисти се, знаат да бидат мрзеливи и тврдокорни. Може да израснат во математичари или програмери, но воглавно не успеваат да стигнат предалеку.

– Доколку се нафатат на некоја работа, ќе ја направат до перфекција.

– Прифаќаат единствено „бетонски“ докази за било што, особено за духовноста, но не е чудо и тогаш да пронајдат некоја замерка.

– Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а некогаш знаат и да си препишуваат туѓ успех. Но, воглавно не се лоши луѓе по природа.

– Жените Јарци се исклучително „на цена“.

 

 

 

Водолија

– Знак чие владеење е во тек.

– Има променлива природа и плитки емоции, многу се паметни, понекогаш се и генијални, прилично се сестрани.

– Добри пријатели се, но заради искреноста и отвореноста, луѓето знаат да им замерат.

– Сакаат да се зафркаваат, но знаат да бидат и хумани.

– Сакаат да учествуваат во оргии, склони се кон консумација на големи количини на алкохол и швалерисување.

– Препорака: Избегнувајте подолго дружење со нив.

 

 

 

Риби

– Сите знаци се обединети во овој знак, што никако не е добро.

– Често имаат криза на идентитетот, дивергентност која предизвикува поделеност на сите страни, контрадикторност и изразена променливост на расположението – особини кои во никој случај не се за пофалба.

– Ова може да биде личност која ладнокрвно ќе ви ја откине главата, или пак, да се расплаче како мало дете доколку и’ ја погодите точката.

– Припадници на овој знак биле многу генијалци, како Нострадамус, Мојсеј, Леонардо да Винчи, Микеланџело и Коперник.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:48

КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ БРБЛИВЦИ И ОЗБОРУВАЧИ?

4

Секој хороскопски знак има свои доблести и маани. И покрај тоа што некои од знаците би ги чувале вашите тајни до крајот на својот живот, постојат и некои кои би ги пренеле понатаму во истиот момент кога ќе им го завртите грбот. Откријте за кои хороскопски знаци станува збор и зошто пред нив треба да ги скриете вашите тајни…

Овен

Ако сте довериле тајна на Овен, тогаш внимавајте да не го изнервирате бидејќи тој во истиот момент импулсивно ќе ви каже сè што не треба, без разлика кој се наоѓа во вашето присуство. Тие не го прават ова со лоша намера, туку поради импулсивноста која не им дозволува да размислат пред да проговорат.

Бик

Биковите се стабилни и упорни, но внимавајте кога им доверувате тајни. Доколку тие не се сложуваат со она што имате да го кажете, можеби е подобро да го задржите за себе бидејќи тие имаат тенденција да ве убедуваат за оние нешта кои сметаат дека се паметни, како и за оние кои сметаат дека не се. На овој начин само дополнително ќе ви го комплицираат животот.

Близнаци

Тие се познати по својата брбливост, па затоа не им доверувајте тајна дури ни во сон. Близнаците и да не немаат потреба да ја кажат оваа вест на сите кои ќе ги сретнат, тие сепак има големи шанси да ја кажат сосема случајно додека пијат кафе со личност која сигурно ќе ја пренесе оваа приказна понатаму.

Рак

Раковите се доверливи и лојални и ако оваа тајна има моќ да ги расплаче или да ги направи сентиментални, воопшто не се двоумете. Тие можат да ви понудат рамо за плачење, утеха, прегратка, чај и сè друго што сметаат дека би можело да ви помогне. Вие можете да сметате во секое време на нив, бидејќи ако сте им важни, никогаш нема да го издадат она кое сте им го довериле.

Лав

Тајните кои можат да ги доведат Лавовите во искушение да се пофалат или да се докажат, треба да ги држите што подалеку од нив. Но, ако станува збор за нивна конК*ренција или пак, личност која не им се допаѓа, со споделување на тајната вие ќе започнете силен сојуз кој долго време ќе ја одржува вашата врска.

Девица

Дискретните Девици ќе ги чуваат вашите тајни сè до моментот кога ќе се оддалечите од нив. Откако ќе се случи тоа тие ќе ги пренесат сите тајни кои некогаш сте им ги довериле. Токму затоа ако сте долго време во добри односи со Девица, слободно кажетеѝ сè што ви тежи на душата, но ако не се познавате доволно долго, можеби би било подобро да премолчите.

Вага

Тие се одлични пријатели, но може да се случи одредени околности да доведат до премислување на причините за или против оддавањето на тајните. Токму затоа зад нивниот шарм ретко се крие доверливост која ќе трае до самиот крај. Тие сакаат да ги шират приказните на своите пријатели, но тоа го прават со најдобра намера.

Скорпија

Мистериозните Скорпии немаат никакви потешкотии при чувањето тајни. Всушност, тие најдобро ги сфаќаат бидејќи и самите ги имаат во изобилие. Скорпиите сакаат мистериозност и сметаат дека кога нешто се искаже јавно или пак, се дознае од повеќе луѓе, тогаш ја губи својата моќ. Доколку имате блиска Скорпија, слободно кажете ѝ ги сите тајни, бидејќи таа никогаш нема да ги пренесе понатаму.

Стрелец

Да не постоеше вродената зборливост на Стрелците, тие би биле одлични пријатели. Особено ако пијат алкохол, тие без размислување ќе ја пренесат секоја тајна која некогаш им била доверена. Може да се случи дури и да ви ги прераскажуваат сите оние нешта кои вие сте им ги кажале, мислејќи дека за нив зборувале со некоја сосема друга личност.

Јарец

Тие се владетели од сенките кои со будно око ги откриваат дури и оние тајни кои не сакате да им ги кажете. Јарците знаат како да добијат лична корист од чувањето тајни, бидејќи во замена за нивната дискреција тие без срам можат да ви побараат голем број услуги.

Водолија

Доколку сакате Водолија да ги чува вашите тајни, мора да станува збор за нешто многу ексцентрично. Во сите други ситуации тие ќе ѝ се смеат на вашата потреба оваа сосема обична работа да остане тајна и токму затоа веднаш ќе ја пренесат на другите ваши пријатели, во комбинација со голем број духовити досетки.

Риби

Со Рибите нема голем ризик. Тие често се случува дури и да ги заборават доверените тајни, но оние кои ги помнат ќе ги чуваат засекогаш бидејќи тие и самите се таинствени. Но, сепак не им доверувајте тајни кои се спротивни од нивните морални вредности бидејќи во тој случај, поради сочувство, би можеле да ја искажат вашата приказна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2015 во 13:03

ХОРОСКОП: СОВРШЕНА ЉУБОВНА ВРСКА ИЛИ ПОРТА КОН „ПЕКОЛОТ“?

2

Овен-Овен

Кога ќе се сретнат два Овна на повидок е љубовна експлозија. Тие одат на се или нешто и уживаат во сето она што го прават. Можеби ќе имаат проблеми бидејќи и двајцата се тврдоглави. Понекогаш сакаат се да биде по нивно, но доколку се научат да живеат со тоа и ако и дозволат на љубовта да го надмине инаетот, врската помеѓу нив ќе успее.

Бик-Бик

Постои голема веројатност за стабилна и долготрајна врска. Но, таа нема да успее доколку едниот сака да се забавува а другиот не. Можни се и проблеми од финансиска природа.

Близнаци-Близнаци

На почетокот ќе изгледа како да се створени еден за друг, ќе има торнадо од емоции, флерт.. Но на долги стази врската нема да успее затоа што нема да постои стабилноста која на двајцата им е потребна.

Рак-Рак

Некогаш премногу емоции не се секогаш на добро. Врската може да успее само доколку се научат да ја ценат сензибилноста кај другиот. Но од друга страна Ракот секогаш бира посилен партнер покрај себе, кој ќе може да го подржува, а тоа не може да му го пружи друг Рак.

Лав-Лав

Врската нема да успее затоа што постојано ќе се борат кој да доминира. Постојано ќе бидат во кавги се додека не се изморат и не решат да ја прекинат врската.

Девица-Девица

Оваа врска има големи шанси за успех, и покрај тоа што се перфекционисти и постојано сакаат да наоѓаат маани кај другите. Но само друга Девица може да ги задоволи нивните специфични случаи.

Вага-Вага

Врската може нема да успее само затоа што често ќе премолчуваат многу работи, а тоа ќе прерасне во константно незадоволство. Тие може да успеат само доколку сфатат дека понекогаш е потребно и да се скараат.

Шкорпија-Шкоприја

Постојано ќе има драми, конфликти, бури од емоции. Токму затоа врската може брзо и бурно да започне, но исто така и да заврши.

Стрелец-Стрелец

Не може да функционираат на долги патеки. Можеби врската ќе успее само доколку се целосно искрени еден кон друг.

Јарец-Јарец

Можеби ако си дадат доволно простор врската ќе им успее. Но оваа врска исто така може на почетокот да нема силни страсти а потоа да се подобрува како што изминува времето.

Водолија-Водолија

Оваа врска може да успее, двајцата се добри љубовници и пријатели. Сакаат несекојдневна врска која заедно може да ја имаат. Бидејќи постојано ќе трагаат по авантура ќе ги заборават емоционалните проблеми.

Риби-Риби

Ова е на прв поглед идеална комбинација. Но може да се појави проблем затоа што и двајцата се сонувачи и фантазери а не преземаат ништо за да ги реализираат своите соништа. Исто така и премногу се жртвуваат за љубовта а тоа може да ги измори.



Изменето од Valerija - 17.Октомври.2015 во 13:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2015 во 08:21

ПРОЧИТАЈТЕ КОИ СЕ ЉУБОВНИТЕ НЕДОСТАТОЦИ КАРАКТЕРИСТИЧНИ ЗА ВАШИОТ ЗНАК

7

Овен

Многу барате и тешко ви е да се прилагодите на потребите на партнерот. Се заљубувате на прв поглед, а личноста која ви се допаѓа скоро и да не ја познавате. Меѓутоа, ако партнерот не ја оправда сликата која сте ја создале во вашата глава, за момент се ладите. Често ви недостига стил, љубоморни сте и посесивни, а во некои ситуации знаете да бидете и груби. Лесно се навредувате и во бесот може сè да кажете. Во врската имате потреба да доминирате, а во расправиите сте пристрасни и субјективни.

Бик

Додека да се одлучите вистинската прилика ќе ви избега. Ретко ги преземате првите чекори, а за своите чувства воопшто не сакате да зборувате. Во заедница сте главно поборник на патријархалните односи, посесивни сте и тврдоглави, а од партнерот барате целосна посветеност и преданост.

Близнаци

Често го покажувате и другото лице па умеете да бидете ладни, а верноста брзо ви досадува. Сакате да флертувате и да експериментирате со паралелни врски. Но, затоа од партнерот очекувате да ве забавува и да ги толерира вашите нагли промени на расположение. Ве привлекуваат неосвоиви тврдини, но сепак не може да се каже дека сте во состојба да почувствувате длабока страст и преданост. Зборовите ви се често поважни од делата, умеете да бидете нарцисоидни, и ненамерно да си играте со туѓите чувства.

Рак

Полни сте со предрасуди, затворени во сопствениот оклоп и поради тоа патите од осаменост и несфатеност. Премногу сте романтични и склони кон идеализирање, па од партнерот често го очекувате невозможното, па тој често стравува да не ве повреди со некој збор или постапка. Барате некој кој ќе се грижи за вас, па вашата врска може да личи на однос мајка и дете, посебно ако сте маж. Ако сте дама, посесивни сте и комплицирани.

Лав

Паѓате на атрактивен изглед и висок материјален статус на партнерот. Сметате дека сте неодоливи, но потајно сепак се плашите од потсмев и одбивате. Суетни сте, егоцентрични, сакате да бидете во центарот на вниманието. Освен тоа, вие сте традиционални, сакате да доминирате во врската и од партнерот очекувате да се прилагодува и потчинува. Тешко ги признавате своите грешки и партнерот постојано мора да го храни вашето его и да ве уверува дека сте „нај“.

Девица

Ви замеруваат на дистанцираноста и ладниот однос, а ве сметаат и за вистинска „ледена кралица“ на која и е тешко да го пронајде вистинското љубовно задоволство и вистинскиот партнер. Многу сте критички настроени и склони кон идеализирање на оние кои ви се допаѓаат, поради што вашите врски често се раскинуваат. Малку повеќе неформалност и толеранција, а помалку педантност би било полезно за вашите осетливи нерви.

Вага

Љубовта е изворна мотивација и суштина на вашиот живот, а истовремено претставува и ваш најголем пекол. Тешко ви е да сте само со една личност, подолго време да чувствувате исто, поради што во својата глава постојано живеете паралелен живот, а повремено се впуштате и во некоја авантура за да ја нахраните својата фантазија. Несигурни сте и лесно е некој да ве поколеба. Ако сте дама, вие сте непоправлива кокета, сакате да флертувате, но би треба повеќе време за да го направите првиот чекор поради вашата неодлучност.

Скорпија

Кога нешто не ви е по волја, веднаш почнувате да се сомневате во нешто, а умеете да бидете и агресивни спрема партнерот. Во вас владее жестока страст, сакате да доминирате, па често правите љубоморни сцени. Сексот ви служи за да ги изразите емоциите кои не знаете да ги изразите на друг начин. Во младоста сте поподложни на пороци, саможивници сте, не трпите приговори, склони сте кон нагли реакции, нетолерантни сте и немате премногу разбирање за туѓите потреби, па оние кои ве сакаат имаат чувство дека ја губат личната слобода, особено ако сте жена.

Стрелец

Ако зацртате дека некој ќе биде вашиот иден партнер, вие тоа и ќе го остварите. Толку сте упорни и напорни, што не се плашите од ништо. Не ви е срам да „трчате“ по оној/онаа кој/а ви се допаѓа, а ако треба да се направи и некој мал скандал – тоа не е воопшто проблем за вас. Проблемот е во тоа што вие некако цел живот останувате незрели и не умеете да учите од сопствените грешки. Често сте во состојба да го повредите партнерот и да се преправате дека ништо не се случило.

Јарец

Иако делувате ладно, резервирано, строго и круто, во суштина сте многу ранливи на емоционално ниво. Кога ќе засакате некого, повеќе сакате да бегате од него, во случај да не ве повреди. Ако сте маж, почетниот романтичен жар брзо го заменувате со навика, па за партнерката понекогаш повеќе ве поврзуваат заедничките материјални интереси отколку љубовта.

Водолија

Вие сте по малку тежок случај. Иако сте многу тврдоглави и упорни, пред партнерот тоа вешто го прикривате. Во љубовта одлично ви функционира фантазијата. Задоволни сте со малку и можете долго да трпите одредена ситуација, што не е добро за вас. Бидејќи, вие сте можеби единствениот знак кој во љубовта повеќе болка си нанесува себеси отколку на другиот затоа што многу долго време не ве напушта размислувањето за поранешниот партнер/ка и поради тоа патите. Немате доволно иницијатива и чекате животот сам да ви го донесе партнерот.

Риби

Кога вие ќе се заљубите, тоа е вистинска мала лична трагедија! Сè може да ве навреди, сè доживувате лично, осетливи сте, но умеете и да трпите. Љубовта е за вас патење без крај, но исто така и илузија. Во суштина, вие не ни сакате да ги согледате работите во целост. Се плашите од вистината, особено кога таа е болна. Вие сте голем идеалист. Во љубовта, како и во животот, само поради вашата индолентност пречесто допуштате работите да се случуваат против вашата волја, а притоа да не пружите никаков отпор.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2015 во 16:21
ТИБЕТСКИ ХОРОСКОП: ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШИОТ ПАТ ДО МУДРОСТА

Тибетскиот хороскоп се темели на верувањето во дванаесет патишта до мудроста, а секој човек, во зависност од датумот на раѓањето има свој пат до мудроста, цел и кармичка задача која ќе мора да ја оствари во својот живот.

Прочитајте и дознајте дали се пронаоѓате во ова:

Овен – реинкарнација

Во животниот циклус ги означува минатите животи. Тој е херојски змеј кој што се бори против внатрешните демони и надворешните искушенија. Ја има енергијата и агресивноста на Марс. Бега од монотонијата и размислувањата. Би требало да работи социјални професии низ кои што може да се подобри себе си и да ја модифицира егоцентричноста.

Карма: Треба да се живее во сегашноста, да се согледа својот внатрешен живот, да се медитира, да се пронајде нешто што предизвикува среќа и да се поднесе животот и кога тој не е воопшто розов. Треба да се заборави на неуспесите и да се гледа напред. Токму така Овнот ќе го досегне тајниот клуч на вселенскиот мир.

Бик – создавање на дух

Претставува раст, сфаќање на мудроста. Го штити Венера, земјената љубов, мајката на убавината и уметноста. Формира сигурност бидејќи има искуство од минатите живот, а создавањето на духот му овозможува контакт со внатрешниот живот.

Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Огнената природа крие несигурност. Биковите не ги мотивира сигурноста, туку сомнежот. Конзерватизмот може да го победи со контролирање на својата енергија. Само така ќе ја најде внатрешната сигурност.

Близнаци – психичка и духовна еволуција

Во животниот круг претставува сознание и интелигенција, дуализам: духовна еволутивна свест и земјено познавање на стагнацијата. Кај нив доминира МерК*р, поради што се друштвени, вешти, внимателни, љубопитни, интелигентни, лажливи, непостојани, имаат добра меморија но ништо не доведува до крајот. Иако чувствува потреба да се развие духовно, тоа нема да се случи и никогаш нема да пронајде мир.

Карма: Нестабилен е и осцилира во расположението. Ако во остварувањето на големите цели остане реален, ќе може да ја совлада контрадикторноста. Треба да медитира и да се одлучи, бидејќи решението на проблемите е поблиску отколку што изгледа дека е.

Рак – раѓање на човекот

Го претставува знаењето, инкарнацијата на духот во физичкиот свет. Кога психичката инкарнација е при крај, започнува физичката. Симбол е на мајчинството, телото, чувствата, универзумоет на Жените. За да се заштити, чува се во себе како во затворена кутија. Во семејството ги пронаоѓа духовните вредности, но после долги и трпеливи медитации, конечно сфаќа каде е изворот на животот. Премногу верува во Вселената, сака да го продолжи детството, бара внимание, верност, непрекинати докази на љубов.

Карма: Посесивен е, сака да биде во центарот на вниманието, премногу е авторитативен и сите ќе избегаат од него поради стравот да не му паднат во раце.


Лав – универзална свест

Претставува синтеза помеѓу свеста и реалноста. Човекот е срце, микрокосмос. Лавот учествува во материјалниот свет, сака успех и постојано докажува дека е водач. Ќе успее кога ќе ја победи зависта, потребата да му се восхитуваат, гурманството и сензуалноста.

Карма: Се чувствува како да е центарот на Светот. Ако не управува добро со енергијата, може да го поремети развојот на својата личност, да претера во егоизмот. И најсигурниот Лав може да го изгуби здравиот памет. Кога ќе се случи такво нешто, треба да се застане, да се послуша и научи од другите. Треба да им се служи на другите – само така ќе воспостави кохезија помеѓу свеста и реалноста.

Девица – материја, работа, физички свет

Би сакала да се врати во детството. Со неа доминира МерК*р. Односот со нештата е истовремен. Со години развива критички дух кој што приговора на сè и никогаш не е задоволен. Често доцни на "возот". Неволјата лежи во претераното злопамтење. Во анализирањето Девицата е непристрасна.

Карма: Ако сака да созрее духовно, треба да престане да се занимава со себе, а да започне да се грижи за другите. Треба да се отвори пред големите идеали на човештвото.

Вага – чувствителна експанзија

Бара рамнотежа помеѓу материјата и духот. Треба да се одлучи за хармонија или дисхармонија. Амбицијата се намалува само во случај ако пронајде кому ќе му се допаѓа. Има мирен темперамент, активна е, без претерување – среќна комбинација за социјален живот. Треба да го пронајде универзалното знаење.

Карма: Ова е најнестабилниот знак во Зодијакот, чувствителноста е огромна. Може да се затвори во сопствениот структурен идентитет, без ризикување и вознемирување, но со тоа ја уништува и динамиката. Рамнотежата е – да не сe дозволи затворање во себе.

Скорпија – желба за вечен живот

Таа е конфликт помеѓу духот и материјата (душата и сексот), привлечна е, се движи само за да освојува. Желбата за живот е продолжема, присутни се – егоизмот, убавината, сензуалноста и посесивноста. Сака да ужива во земјените суштини, а го привлекуваат и духовните височини. Може да се изгуби во неконтролирани сексуални импулси. Уништува со својата критика, се плаши од смртта. Негативната Скорпија се уништува самата себе си.

Карма: Научете да штедите енергија, не претерувајте, закочете со ентузијазмот. 
Вистинската цел во животот е логичниот разум – контролирајте ја деструктивната сила во себе си.


Стрелец – етапа на созревањето

Претставува победа помеѓу духот и материјата. Задоволен е. Кога ќе одлучи да престане да дели правдина на светот, ќе добие сила да стане протагонист на божествениот закон. Може да живее во социјален живот и да еволуира одвнатре. Сака да поседува материјални добра, да ужива во земјениот успех, но е и великодушен. Му се заканува враќање наназад.

Карма: Не би требало да се обидувате да дознаете сè, по секоја цена. Не губете енергија на милион нешта. Внатрешниот мир се постигнува со смиреност и алтруизам. Стрелецот не е обичен знак и тој не треба да се троши време таму каде што не е потребно.


Успесите доаѓаат низ искушенијата. Сиромавиот (просјакот, пророкот) го поседува клучот за познавање на границите на земјената душевност, знае да го заврши процесот на реинкарнација. Само тој ја знае целта на својот пат, работи во тишина, трае во времето, живее во самотија. За да се развие треба да контактира со луѓето.

Карма: Сака да се наметне, што може да биде циничен деспотизам на мегаломанијата. Енергијата треба да ја насочи во височина, кон спиритуалното сознание. Само така може да влезе во срцето на случувањата.

Водолија – свест за избор

Насочен е кон другите, зема одговорност на себе, одговара за своите постапки, тој е возрасен човек. Нема илузија и не може да ги затвори очите пред реалноста. Управува со својата карма, претставува вистински пријател, треба да работи нешто со кое доаѓа до израз друштвениот интерес. Во Водолијата се обединуваат сите енергии – дуалностa и внатрешните конфликти. Тој е иницијатор, бесмртен, го познава интелектуалниот механизам на духот. Се поклонува на себе си, што луѓето знаат да го ценат.

Карма: Има во себе огромно богатство од љубов, а постојано живее во страв дека сите ќе го напуштат и издадат, дури и најдобрите пријатели. Не можат сите да ја сфатат големината на Водолијата. И премногу љубов некогаш може да биде смртоносно.

Риби – повраток на светлото

Претставува синтеза на повторното раѓање. Рибите се деца на морето, живеат во океанот. Сами се, но се соединуваат со Вселената. Добро се снаоѓаат во божественоста, и притоа не ја губат својата личност. Треба да ја отворат вратата која што води во Вселената. Дванаесеттиот знак е симбол на смртта бидејќи личноста се простува од земjениот живот и влегува во водите на Вселената. Кога ќе престане физичкото дишење, се формира ново тело. Циклусот е завршен, човекот е пред смртта, но универзалната психичка свест започнува нов циклус на учење, сè додека духот не се прочисти и ослободи.

Карма: Треба да му се препуштите на морето, за да стигнете до врвот на брановите. Долгиот пат кој што започнува ќе биде полн со потешкотии, па Рибите би требало да го изберат најлесниот. Низ општа љубов ќе достигнат комплетна емоционална обнова.


Изменето од Valerija - 20.Октомври.2015 во 16:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2015 во 16:51

Како влијае вашиот подзнак во хороскопот?


Вашиот подзнак во хороскоп ја покажува вашата надворешна страна, влијае на првиот впечаток кој луѓето го добиваат за вас, на вашата дружељубивост и на начинот на кој вие ги доживувате и се поврзувате со другите.

Доколку не го знаете вашиот подзнак, проверете го со помош на калкулатор, за кој ќе ви треба точното време и местото на вашето раѓање.

Овен – прави да изгледате поотворено, живо, независно и доминантно.

Бик – прави да изгледате смирено, стабилно, повлечено и самоуверено.

Близнаци – прави да бидете комуникативни, духовити, позитивни и љубопитни.

Рак – прави да изгледате срамежливо, суптилно, љубезно и инуитивно.

Лав – прави да изгледате магнетски привлечно, експресивно, цврсто и елоквентно.

Девица – прави да изгледате порезервирано, внимателно, аналитично и нервозно.

Вага – прави да изгледате пошармантно, оптимистично, дружељубиво и толерантно.

Скорпија – прави да изгледате потаинствено, тивко, замислено и мистериозно.

Стрелец – прави да изгледате повесело, директно, тврдоглаво, и искрено.

Јарец – прави да изгледате повнимателно, контролирано, сериозно и посветено кон деталите.

Водолија – прави да изгледате поидеалистички, прогресивно, противречно и пријателски.

Риби – прави да изгледате поромантично, чувствително, несигурно и прилагодливо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2015 во 17:05
ОВИЕ ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПРЕЉУБНИЦИ

Велат дека љубовта не бира и дека не можеме да одбереме во кого ќе се заљубиме. Оние кои веруваат во астрологијата, сепак би требало да поводат сметка за хороскопскиот знак на својот партнер, затоа што според статистиките, овие зодијаци се најголемите прељубници.

Вага

Поради својата неодлучност и претерана желба да остави впечаток, Вагата многу лесно ќе се впушти во флерт кој често може да прерасне и во нешто повеќе.

Припадниците на овој хороскопски знак се многу страствени, но во исто време мечтаат за филмска љубов која ќе им угодува во се`. Токму затоа, лесно паѓаат на комплименти, што може да биде мошне опасно.


Овен

Огнен знак познат по изразениот темперамент. Сепак, не само по тоа. Овните поради „пеперутките во стомак“ многу лесно ќе се впуштат во афера, па дури и ќе го променат партнерот, особено ако „новата љубов“ им дава поголемо возбудување во кревет.


Стрелец

Уште еден огнен знак кој не може да го замисли животот без секс. Почнува прељуба, но не поради емоции, туку исклучително воден од либидото. Стрелците не гледаат на прељубата како на неморален чин, туку како спорт кој едноставно мораат да го практикуваат од време на време.

Припадниците на овој знак обично се грижат за својот физички изглед, а познати се и по својот шарм на кој ретко кој може да им одолее.


Изменето од Valerija - 20.Октомври.2015 во 17:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2015 во 22:00

И хороскопските знаци имаат талент


За секој успех е неопходна работа, но некои квалитети ги стекнуваме со раѓањето во одреден хороскопски знак. Дознајте кои таленти ги поседувате од астрологијата.

 

Овен – спонтаност, одлучност, љубопитност, борбеност, решителност, спорт

 

Бик – снаоѓање со пари, здрав разум, трпение, мислител

 

Близнаци – елоквентност, адаптилоност, мултитаскинг

 

Рак – социјална посветеност, сочуство, готвење

 

Лав – креативност, уметнички вештини, харизма

 

Девица – перфекционист, организатор

 

Вага -дипломатија, хармонија, естетика

 

Шкорпија – упорност, фокусиран спрема било каква цел, адаптилност.

 

Стрелец – оптимизам, друштвеност, толерантност, чуство за правда

 

Јарец – реализам, стабилност, одлични советници

 

Водолија – релаксираност, креативност, снаодливост, елоквентност

 

Риби – Креативност, снаодливост, чуствителност, одлични пријатели

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2015 во 08:22

Скриените таленти на хороскопските знаци: Биковите се за сопствен бизнис, Рибите за приватни детективи


Секој од нас има своја внатрешна сила, па важно е да откриете што е тоа што ве издвојува од другите. Кои се вашите скриени таленти според хороскопскиот знак во кој сте родени?

koi-se-skrienite-talenti-na-horoskopskite-znaci-01.jpg

Овен

Овните се импулсивни, спонтани и со брзи рефлекси. Припадниците на овој хороскопски знак се интелигентни и активни, па спортските активности се како создадени за нив. Добро им оди сè што бара движење и динамика. Сакаат конК*ренција и индивидуални над тимски активности.


Бик

Ако сте припадник на овој знак, големи се можностите дека добро готвите. Трпеливоста, истражувањето на новите готварски можности и откривањето на нови рецепти се омилено хоби на Биковите. Меѓу другото, умеат добро да ракуваат и со финансиите па можат да водат свој бизнис.


Близнаци

Без разлика на тоа дали станува збор за рекламирање, преговарање или продажба, припадниците на овој хороскопски знак надарени се за убедување на другите. Близнаците се одликуваат со комуникативност, способност за ширење на информациите и интерес за луѓето околу нив.


Рак

Припадниците на овој хороскопски знак успешно ги пренесуваат своите емоции во она што го работат во моментот и имаат вистински талент за разбирање и мотивирање на другите луѓе. Токму поради тоа, тие се одлични во улогата на професори, тренери или советници.


Лав

Ако некој има способност да го привлече вниманието на себе, тогаш тоа со сигурност се припадниците на овој огнен знак. Токму поради тоа, Лавовите се одлични забавувачи. Хуморот и снаоѓањето во нови ситуации се нивните вистински таленти.


Девица

Посветеноста на деталите не претставува никаков проблем за припадниците на овој знак, туку нешто вродено. Девиците на секоја задача се посветуваат максимално, а полето на интереси им е широко. Сепак, нивниот вистински талент е планирањето.

Вага

Праведниот пристап, советувањето без осуда и преговарањето се главните таленти на овој хороскопски знак. Општо, нивните таленти опфаќаат луѓе, а не предмети. Често се и уметнички талентирани, но овој талент го игнорираат, бидејќи веруваат дека така немаат финансиска сигурност.


Скорпија

Интелигенцијата и логичкото размислување се главните карактеристики на припадниците на овој хороскопски знак. Најчесто ги интересираат работи кои другите тешко можат да ги сфатат. Финансиските работи и логичките задачи се работи во кои можат да заблескаат.


Стрелец

Ако некој од Зодијакот е спортист, тогаш тоа се Стрелците, а покрај спортските терени, Стрелците ги сакаат и борбеноста и натпреварувањето во сè што прават. Лесно разбираат како функционираат работите и имаат таленти за иновирање.


Јарец

Зад нивната приземност и практичност се крие голем талент за хумор. Ако успеат да се опуштат, Јарците без проблем можат да бидат комичари. Општо имаат голема доза на креативност која можат да ја изразат преку пишување или цртање.


Водилија

Иако често се зборува за нивните интелектуални и иноваторски способности, вистинскиот талент на припадниците на овој хороскопски знак лежи во нивните раце. Со нив можат да направат речиси сè: од поправање до креирање на нешто ново.


Риби

Рибите дефинитивно се склони кон сите типови на уметност, но нивниот најголем талент е психологијата. Припадниците на овој хороскопски знак имаат истакнати способности за читање на другите луѓе. Рибите без проблем можат да бидат приватни детективи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2015 во 12:57
Види мајката,ја па се чудев како некои луѓе не можат
да го склопат мозаикот...Кога оно до талентот било.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2015 во 08:58

3-ТЕ НАЈОПАСНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: ТИЕ СЕ ПОДЛИ, ЗЛОБНИ И НЕИЗМЕРНО ОПСЕСИВНИ

8

Вашиот хороскопски знак може многу да говори за вашиот карактер, изглед, добрите страни, како и за мааните. Имајќи го тоа на ум, постојат 3 знаци кои според ѕвездите се најлошите во целиот Зодијак. Погледнете за кои станува збор и откријте дали и вие сте паднале под нивното влијание…

Девица

Девиците се опсесивно компулсивни невротичари кои од стресот се ослободуваат така што го чистат станот или ја средуваат облеката. Тие се презафатени со своите обврски и никогаш ништо не им е доволно. Тие не познаваат љубов и не се способни да чувствуваат, па токму затоа сè во нивниот љубовен живот се врти околу секс. Само роботот би можел да биде поприсебен и поладен од Девиците. Тие кога тогаш без сомнение ќе ви забијат нож во грбот и тоа ќе биде промислено, анализирано и потврдено како најдобрата опција за нив. Девиците глумат толку добро, што со месеци нема да забележите дека дошло време да ве елиминираат. Дури тогаш кога ќе бидат сигурни во својот план, тие ќе ги откријат своите намери.

Девиците исто така се и нарциси кои се грижат само за својот изглед и тежнеењето кон совршенство. Кај нив нема страст, прегратки, нежности, топлина… Да ги нема нивните невротични нервози и постојаното брзање кое со тек на време ќе пукне и ќе доведе до губење на нивната рационалност, вие би си помислиле дека имате работа со роботи. Но, немојте да ги помешате овие губења на контролата со емоции. Станува збор само за рефлекс со цел да се вратат повторно во нормала.

Скорпија

Скорпиите често се самосожалуваат и се однесуваат деструктивно кон себе. Тие не можат сами да го поднесат својот јад, па токму затоа и мораат да повлечат уште 100-тина луѓе со себе. Доколку утре е крајот на светот, тие не би се шокирале, туку најверојатно би го дочекале во оргија. Смртта за нив не е ништо страшно и најчесто се возбудуваат на сите оние нешта кои обичните смртници ги сметаат за морничави. Скорпиите често се доживуваат како љубоморно посесивни психопати. Без секс, тие психички се разболуваат и си замислуваат дека им се подготвува голема завера.

Скорпиите се емотивно незрели, недораснати, подли и злобни деца кои сакаат да се одмаздуваат и не се воздржуваат од ништо. Често се муртат и лутат, бесни се, плачат и гризат… Во тие моменти имаат тенденција да мразат со целата своја душа. Без разлика на годините, зрелоста или полот, кога длабоко ќе погледнете под нивната површина која најчесто делува интелигентно, опасно или лукаво, ќе најдете емотивно незрела личност, исплашена, на 5-годишна возраст. Но, тие сепак се огромни злопамтила и кога ќе ви се одмаздат, вие нема да ја помните ни причината за нивната лутина.

Јарец

Јарците веруваат во судбина до крај, а зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Вие можете да живеете покрај нив цел живот, да бидете заедно во брак, но сепак никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат. Тие не знаат да ги искажуваат своите емоции преку зборови, па наместо „те сакам“ ќе ве дочека одбивање. Јарците би се продале за социјален статус. Тие се кукавици и бегаат во истиот момент кога ризикот ќе се зголеми. Бегањето и оставањето на цедило е нешто што го прават во текот на целиот нивен живот.

Јарците се емотивно неписмени и не само што се неспособни да ги покажуваат своите емоциите, туку и не знаат како да ги примат или пружат. Тие се многу бавни, мрачни и сиромашни за да можете покрај нив да почувствувате вистинска радост и задоволство од животот. Токму затоа и најдобро е да се држите настрана од овие кукавици без емоции и многу комплекси.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2015 во 13:11

КАКВИ СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ КОГА ИМ НЕДОСТАСУВА СЕКС?

18

Овен

Овните се вистински секс зависници. Тешко си ја контролираат зависноста од сексот и не сакаат ни најкратка апстиненција. Во тој случај се предаваат на еротските магазини и филмови, што понекогаш уште повеќе им ја разгорува фантазијата. Во таквите моменти не се ни најмалку тактични, ниту пак романтични.


Бик

Биковите први тргнуваат во напад, но само кога ќе им се спојат емоциите со сексуалниот нагон. Тоа е причината зошто успешно ги контролираат сексуалните нагони. Иако се труди со ништо да не покаже колку е фрустриран, долгиот период без секс може да го загрози и воздржаниот бик.

Утехата за своите фрустрации ја наоѓаат во храната и во еротските магазини кои му го ублажуваат чувството на празнина. Многу брзо се впуштаат во освојување на спротивниот пол, но вистинската страст ја покажуваат во креветот.


Близнаци

Љубопитните Близнаци сакат секс и сакаат да ги менуваат своите партнери штом почувствуваат заситеност во врската. За нив сексот е многу важен па кога апстинираат се чувствуваат изгубено и дезориентирано.

Ако сакаат да ве однесат во кревет знаат да бидат многу досадни. Немаат нерви за различни трикови, но се многу добри актери па додека да трепнете ќе ве прелажат. Откако ќе ве прелажат одат во потрага по нов извор на страст.


Рак

Романтичниот Рак е еротско суштество, но нема силна потреба за секс. Долго се хранат со надежта за вистинската љубов, па сметаат дека за неа вреди да бидат изложени на долга апстиненција.

Чувствата и сексуалниот нагон мора подеднакво да им бидат застапени, инаку ќе бидат разочарани и депресивни. Многу Ракови живеат во светот на еротските фантазии кои претставуваат компензација за реалниот сексуален живот.


Лав

Лавовите размислуваат за секс 24 часа. Уживаат во водењето љубов, но сексот им го храни егото. Кога апстинираат се нервозни и се склони на вербални расправии.

Тие сакаат да се фалат со сексуалните потфати и со бројот на партнерите. Па ако некој ви кажува колку е добар во кревет и ви ветува урнебесна вечер, знаете што е во хороскоп.


Девица

Со нивниот ладен став оставаат слика за себе како да не им е воопшто дојдено до секс. Вистината всушност е дека тие сакаат многу нежности и галење. Недостатокот од секс многу тешко им паѓа, па стануваат непријатни за околината.

Недостатокот од секс го компензираат со работа. Ако се во врска во која немаат доволно секс, ќе се одлучат за двоен живот.

Вага

Вагата не е зависник од секс туку од љубов. Романтични и нежни, тешко ја поднесуваат осаменоста и сексуалната неактивност, па во такви мигови знаат да се оддадат на промискуитет.

Вагите се големи заводници, па сексуалните активности им го хранат егото и секогаш бараат признание или потврда.


Скорпија

Незаситените Скорпии патат од синдромот на пренагласен секс. Нивната страствена природа  ги принудува да си ги задоволуваат нагоните и тоа, што е можно почесто и што повеќе.

Скорпиите може да ја изгубат самоконтролата и да станат опседнати со сексот. Кога освојуваат не се предаваат додека не го добијат посакуваното.


Стрелец

Темпераментите Стрелци сакаат секс на секој можен начин. Веднаш би прифатиле секс за една ноќ, но тоа доживување брзо го забораваат. Сексуалната енергија ја ослободуваат преку спорт, рекреација и забава.

Стрелците се спонтани и можеби токму тоа е тајната на нивната успешност во освојување на спротивниот пол.


Јарец

Јарците со познати како луѓе со изразена самоконтрола и поради таа карактеристика можат долго да ги потиснуваат сексуалните нагони. Тоа не значи дека немаат никакви нагони напротив, тие се многу страствени, но се пребирливи кога е во прашање изборот на партнер.

Јарецот е сексуално активен онолку долго колку што партнерот го привлекува. Затоа Јарците сексуалната апстиненција ја поднесуваат подобро од било кој друг знак. Можат да издржат без секс со месеци, па и со години, а тоа да не се забележи во нивното однесување.


Водолија

Водолиите не се толку зависни од секс и долго можат да апстинираат. Подготвени се отворено да признаат колку долго сексуално не биле активни, мислејќи дека тоа е природна појава. Во сушниот период времето го пополнуваат со забава со пријателите или со некое хоби, додека не излезе некој спонтан интимен момент или врска. Лесниот плен не претставува предизвик за Водолиите.


Риби

Рибите често се жртви на своите длабоки романтични чувства кои делуваат на секој дел од нивниот живот, па така и на сексуалните односи. Не разликуваат секс од љубов, па често се заљубуваат во оној  партнер со кој имаат сексуални односи. Припадниците на овој знак не се зависни од секс, туку од потребата постојано да бидат сакани.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 135136137138139 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.