|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 200> |
Автор | ||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Хммм, вистината викаш, вистината секогаш има две лица, едната вистина ја имаат едните другата е кај другите, за мене секогаш ќе биде валидна нашата вистина, вистината која е во наш интерес. Зар немаат посебни вистини грците и ние, па србите и шиптарите, па ние со шиптарите, сунитите и шиитите, евреите и арапите и др... Па секој си држи до својата вистина. Ако мислиш дека се било ОК до Вевчанскиот карневал, тогаш можам само да кажам дека имаш многу плитко размислување, и не станува никаков збор за последните 11 год. за некаква нивна интеграција во општеството туку за тотална дезинтеграција на државата од нивна страна потпомогната од домашните предавници кои го спроведуваат рамковниот договор. Реално властите на МК немаат мандат на скоро една третина од територијата, институциите на системот во Зап. Македонија не функционираат. Затоа не ми продавај бајки околу национализмот ( националист означува човек патриот, кој си ја сака државата, својата нација, се грижи за нејзините интереси ) бидејќи одсуство на чувство за национални интереси и не доведе во ваква состојба. Што се тиче твојата реалност, таа е изгледа само твоја која не кореспондира со реалноста зашто член 7 од уставот вели Член 7 Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон. Во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин утврдени со закон. додека текстот на преамбулата е следниот УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕАМБУЛА Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, а со цел: - Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;
Кај ти виде во уставот дека "албанците" се институционален народ а нивниот јазик е официјален јазик во државата. Нивниот јазик е рамноправен со официјалниот јазик во државата исклучиво во општините во кои се мнозинство, заедно со јазиците на останатите малцинства кои живеат во МК а имаат различен јазик од официјалниот. Тоа што нема влада без учество на нивните партии да учествуваат во неа, е само дел од кратковидоста и теснопартиските интереси во македонскиот блок политички партии за националните интереси на сопствениот народ и држава. Со ваква констелација на вештачки наметнати односи на политичката сцена во МК, не е ни чудо што сме во ваква состојба. Дека ваквата состојба на подолгорочен период е неодржива доказ за тоа се Бит Пазар, Гостивар, 2001-ва, се до последните настани. И нема да престанат се додека државата не овозможи делување на институциите на системот на целата територија на МК. Се друго е замајување на народот и губење време како и можност за понатамошно дестабилизирање и радикализирање на состојбите. А не ни се во интерест ни вакви килави размислувања и ширење дефетизам како твоите изнесени погоре со големи дози на невистини и полувистини. |
||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
kaj go iskopa ovoj USTAV bre covece?..vo nasiov ovde nama vakov tekst!mozebi odtuka se nasite razlicnosti i gledista po rabootive.!
a da ne go imas i originalot od Ohridskiot dogovor?daj da vidime sto pise u toj dokument...
|
||||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||||||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Како вистински патриот, што бараш надвор од земјава? |
||||||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
...rozov pogled na prilikite vo ''negovata'' tatkovina! ...od nadvor na site im izgleda deka narodov samo shto ne ''puknal'' od srekja shto zivee vo vakva zemja! ...barem tie (ottamu!),... taka mu kazuvaat ! |
||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
од сајтот на јавното обвинителство
|
||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
каква врска има тоа со патриотизмот????
|
||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Претпоставувам дека сакаше да каже....ако си толкав патриот...прифати го предлогот на Polar Bear (не верувам дека го знае предлогот php) од пред 2-3-4 години....и врати се да мизеруваш во Македонија............како прав патриот!
|
||||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
со човек како тебе кој нема никакви аргументи, безцелно е да лупам по тастатурата тука.
|
||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
На очигледните работи не им треба докази за поткрепа.....а бидејќи ти немаш појма што овој напатен народ сака да ти каже...ти препорачувам од денес ни збор да не пишеш На Меси ... има вистина...
|
||||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Многу е лесно кога не ги чувсвуваш сите промени на своја кожа , стоиш некаде на страна , посматраш и се чукаш во гради ... "Кој е како мене,јас сум вистински македонец" Но не почитуваш нити едно мислење на македонците , не поддржуваш нити една критика , не даваш реално мислење нити за еден проблем кој е изнесен тука ... Дојди тука во Македонија и тие што ги поддржуваш нека ти обезбедат исти услови и работа како што имаш таму каде што си. Само тогаш твоите мислења , ставови , критики спрема одредени структури и личности ќе бидат прифатени...
|
||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изгледа не се разбираме во потполност, никогаш и никаде не сум ја идеализирал состојбата во МК, бидејќи реално е многу далеку од идеална. Нема потреба некој од МК да ми кажува како се живее во МК, доволно знам, секоја година сум по 2-3 месеца во МК. Мојата подршка за моменталната влада е релативна работа, ама факт е дека многу повеќе направиле за народот од претходниците кои не само што не направија ама буквално ништо туку и ја испокрадоа државата, а тоа што на поединци им боде очи не е моја кривица. Реалноста и издржаноста на критиките како и изнесувањето на ставови тука е дискутабилна работа, разлики постојат, и треба да постојат, инаку ако сите исто мислиме тогаш која е оправданоста за постоењето на овој форум. Ако си читал внимателно во ниедна моја реченица не сум дискутирал за економските состојби во МК, за правата на работниците, за платите, никаде не сум рекол дека во тој домен состојбата е одлична. Напротив, огромното мнозинство народ е незадоволно со право, бидејќи лошо живее, нема доволно средства за основни потреби. Не ги интересира, ни дали во светот Грција пропаѓа, ниту дали има криза во светски рамки, само ги интересира подобра живеачка, повеќе работни места и сл. И покрај сето тоа мнозинството ( меѓу кои и јас ) повторно гласа ( веќе ни сам не знам кои се избори по ред ) за оние кои што наводно не ги бива, кои ја упропастија државата, за наводни удбаши, криминалци итн... Лично мое мислење дека оваа влада нема капацитет за водење на државата, направија големи и неопростиви грешки во нивниот мандат, но која е алтернативата???? рошавиот бандит и неговите пајташи, не фала, тој филм сме го гледале во две продолженија 92-98 и 2002-2006. |
||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Вистинскиот патриот Е со својот народ кога му е најтешко. Вистинскиот патриот се бори со општествените текови во својата земја и издржува до крај, не за својата иднина, туку за иднината на своите деца, својата земја и својот народ. Вистинскот патриот не ги разгорува меѓуетничките нетрпеливости во својата земја, вистинскиот патриот стои исправено пред секој документ што го потпишала неговата Влада (дали на ВМРО,дали на СДСМ) и секако не шири омраза со цел поттикнување на агресија. Ти си мирен по основ на Албанците, знаеш немаш страв кога твоето дете оди во школо да не го истепаат во автобус. Само затоа што е Македонец. А и тие деца Албанци, мислиш имаат свест зошто се тепаат по автобуси? Токму ваквите малициозни ставови и идеологии како твоите ги заведуваат. Утре треба заедно да живеат. Мирен си ти пријателе и лесно ти е да распалуваш по како што викаш "шиптарите и шпоновите". Е, ама токму поради таквите идеи и изјави, на пола народ му е страв да се враќа од работа да не го истепаат во автобус, да пушти дете во школо да не го истепаат. Познавам многу луѓе кои си заминале од земјва, барајќи подобар живот, посигурна иднина. Секако дека ги подржувам. Искрено, од длабочината на срцето ти посаковам се да ти се оствари во животот што ќе те направи вистински среќен. Ова сериозно ти го посакувам. И кога тоа ќе ти се случи, таму каде што си, или било каде и да си, кога ќе те прашат од каде си, гордо и достоинствено да кажеш - јас сум Македонец. Во Македонија пријателе, живеат Македонци. Ама, живеат и Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и т.н. Факт е дека Албанците се во државните институции (во Парламент говорат на Албански јазик бре човек). Што мислиш, што ќе се постигне сега со изјавите за меѓуетничка нетолерантост? За ставот "Види они што направија, е сега јас ќе им вратам". Ќе се смени нешто? Не, пријателе. И понатаму ќе бидат во Парламент и ќе говорат Албански. И понатаму Тетово, Гостивар, Дебар и дел од Куманово дефакто ќе бидат под нивна власт. Ќе се добијат само конци на лице, зголемена сегрегација на населението, несигурност и страв едни од други. Тоа реално се случува, реално луѓето имаат страв да се возат во автоубус. И Македонци и Албанци. Дај тоа да го средиме. Нема назад сега. Вистински патриот, обединува, не разделува. Вистински патриот смирува, не распалува. Да, Македонец си. Да Македонија е твоја земја, моја земја, на сите овде и надвор од неа. И во неа живеат и други националности. Можеш така да ја сакаш? Сега му е тешко на овој народ. Помогни му сега, не му одмагај со разделби и поделби и омрази. Обедини го, ако си вистински патриот. Биди со него. Не повикувај на омраза и нетолерантност. Изменето од pHp - 14.Март.2012 во 12:09 |
||||||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
рНр,
Каде и кога јас сум разгорувал меѓуетнички нетрпеливости, и сум ширел омраза. Зар повикување да се почитуваат законите во МК е ширење омраза. Никогаш нема да застанам позади одлуки за кои сметам дека се анти национални, анти државни и да подржувам луѓе кои застапуваат такви ставови, а тоа можеш да го тумачиш како сакаш.
Изменето од Zeksi71 - 14.Март.2012 во 14:22 |
||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |