Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
BisernA
Сениор
Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Ноември.2010 во 13:40 |
zamislena напиша:
Дали некој знае да ми каже
рецепт за .... Адам Палачинки ....  |
една другарка кога беа лани во охрид, јаделе адам палачинки.... финтава е што палачинките се во форма на адамовата машкост,.... претставена со две топки сладолед, палачинка меѓу нив.... и шлаг на врвот.... еве ја и сликата  пардон, и банана имало....
|
 |
Tiggy Vicious
Сениор
Consume. Be silent. Die.
Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Ноември.2010 во 17:07 |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Ноември.2010 во 17:13 |
|
 |
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2010 во 21:16 |
.....Бисерна ........  ..............
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:16 |

Потребно:
- 3/4 шоља сенаменско брашно
- 1/4 шоља оризово брашно
- 250 мл. ладна вода
- 5 млади кромидчиња
- 1 сушено чили пиперче
- 1 лажичка морска сол
- масло за јадење
За сос : 2 лажици соја сос, 2 лажици оризов оцет (можете да го замените со јаболков оцет), 1 лажица масло од сусам, 1 лажица тостиран сусам, 1 лажица црн бибер.
Подготовка: Во мал сад, помешајте ги сите состојки за сосот и оставете го на страна. Во друг сад помешајте ги водата и брашното, додавајќи ја водата малку по малку, додека не се добие еднолична смеса. Ставете ги ситно сецканите кромидчиња, чили пиперчето, зачинете го сол и бибер. Во тавче за пржење, ставете една лажица масло за јадење и една лажица путер. Со лажица ставете од смесата и пржете ги на двете страни додека не поруменат. Послужете со сосот.
Изменето од емил - 26.Февруари.2011 во 14:17
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Април.2011 во 20:11 |
Палачинки со карамелизирани круши
СОСТОЈКИ (за 4 лица) • 125 гр брашно • 1 јајце • 300 мл млеко • 3-4 големи лажици масло од сончоглед • 1-2 големи лажици кафеав шеќер • 3-4 круши со извадени семки и исечкани • шлаг • малку бренди од јаболка • две големи лажици путер
ПОДГОТОВКА За да подготвите смеса за палачинки, земете подлабок пластичен сад. Во него ставете го брашното и малку сол. Измешајте и потоа додадете ги јајцето и малку млеко. Мешајте и постепено доадавајте го преостанатото млеко. Мешајте со миксер додека смесата не стане хомегена. Се остава малку да отстои.
Ставете малку масло во тава за палачинки и налејте малку од смесата. Испечете од двете страни и потоа ставете ја во посебна чинија. Покријте со хартија која ја собира маснотијата. Постапката повторете ја онолку пати колку што имате смеса.
Во меѓувреме, истопете го путерот со шеќер во голем сад за пржење. Додадете ги сечканите круши и пропржете околу 5 минути, односно додека крушите не почнат да се карамелизираат. Подгответе шлаг со малку бренди од јаболка.
На секоја палачинка, ставете неколку парчиња круша и додадете шлаг со бренди. Потоа, палачинката преклопете ја на три пати.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Април.2011 во 08:25 |
Солени мексикански палачинки
СОСТОЈКИ • 500 гр мелено месо • 1 лименка црвен грав • 1 лименка пченка • 1 кромид • 1 црвена пиперка • 1 зелена пиперка • 400 гр гауда • 20 гр слатка павлака за готвење • сок или пире од домати • палачинки • пармезан • зачин за скара (опционално)
ПОДГОТОВКА За оваа количина на смеса се потребни 12 палачинки. Доколку немате време да ги подготвите, можете да ги купите и готови.
Во длабока тава (по можност вок тава) издинстајте ги кромидот и месото. Потоа, посолете и оставете водата да испари. Додадете ги црвената и зелената пиперка, исечкани на коцки. Во смесата додадете и зачин за скара или само бибер. Дополнете со пире или сок од домати.
Смесата пржете ја сѐ додека не омекнат пиперките и додека не испари водата. Потоа, додадете ги лименките црвен грав и пченка.
Со оваа смеса полнети ги палачинките, посипајте ги со пармезан и намотајте ги како што тоа вообичаено се прави. Потоа, наредете ги во тава една до друга.
Павлаката за готвење измешајте ја со сок од домати, малку посолете и налејте врз палачинките. Попрскајте со пармезан и печете на температура од 200°С, сѐ додека пармезанот не добие златна боја.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Декември.2011 во 23:44 |
Француски палачинки „Сузет“
 „Crepe Suzette“ е француски десерт кој се состои од палачинки со путер, сос од карамелизиран шеќер, сок од портокал и ликер. Палачинките се сервираат фламбирани. Постојат илјадници варијатни, но денес ви го претставуваме основниот рецепт за овој светски познат десерт.
СОСТОЈКИ
за палачинки • 110 гр брашно • малку сол • 200 мл млеко помешано со 75 мл вода • 50 гр путер • 2 јајца • кора од 1 портокал • 1 голема лажица шеќер
за сос • 150 мл сок од портокал • кора од 1 портокал • 1 лимон, сок и кора • 1 голема лажица шеќер • 3 големи лажици бренди или ликер од портокал • 50 гр путер • малку коњак или бренди за фламбирање
ПОДГОТОВКА
за палачинки Ставете сол во еден поголем пластичен сад и просејте го брашното. Направете отвор во средината на брашното и ставете ги јајцата во него. Измешајте добро со жица за мешање, лажица или миксер. Постепено, со постојано мешање, додавајте по малку од миксот на вода и млеко.
Растопете го путерот на оган. Ставете 2 лажици од него во тестото и измешајте. Остатокот користете го за да го намастите садот во кој ќе ги правите палачинките. Додадете кора од портокал и шеќер во тестото.
Загрејте го садот за правење палачинки. Овие палачинки треба да бидат потенки од вообичаените. Намастете го садот со путер и налејте од тестото. Испечете и повторете го процесот додека не заврши тестото. Би требало да добиете 15–16 палачинки.
за сос Измешајте ги сите состојки, освен путерот. Растопете го путерот на умерен оган, налејте го миксот од другите состојки во тавата и ставајте ги палачинките една по една во загреаниот сос. Преклопете ги на два пати, направете ги во триаголна форма и добро натопете го во сосот.
На крајот доаѓа фламбирањето. Загрејте лажица или црпалка и ставете малку ликер или бренди во неа. Потоа, лажицата вратете ја на оган за да се загрее алкохолот. Потоа, налејте го алкохолот врз палачинката.
Сервирајте веднаш.
|
 |
smilegirl
Група
Регистриран: 23.Декември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 48
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Декември.2011 во 21:42 |
Обожавам палачинки, особено благите. Со крем, плазма, кокос, чоколаден прелив, ммм
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јануари.2012 во 05:49 |
Егзотични идеи за палачинки

Цимет и палента Наместо само со обично брашно, палачинките може да се приготват и со палента. На тој начин, ќе добиете повкусна палачинка, која може да ја комбинирате со цимет и слатко од капини. Брусница и јаворов сируп Сезоната на свежи брусници е кратка, па затоа искористете ја максимално. Една пријатна комбинација од брусници и јаворов сируп ќе направи денот да ви започне одлично. Боровинки и кора од лимон Боровинки, кора од лимон и интегрално брашно ќе го претвори декадентниот десерт во здрав појадок. Како за промена, оваа комбинација е одлична. Рикота сирење и сируп од портокал Кога ќе додадете рикота на палачниките, знаете дека тие никогаш нема да имаат сув вкус. Ако кон ова додадете и сируп од портокал, имате загарантиран елгантен десерт кој ќе го правите постојано.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 16:36 |
Овој рецепт е одлична комбинација од домашна и странска кујна. Се подготвува за околу 2 часа и е навистина вкусно. Пред да го сервирате, послужете по една текила, за да биде комплетно мексиканското чувство.
СОСТОЈКИ • 500 гр мелено месо • 1 лименка црвен грав • 1 лименка пченка • 1 кромид • 1 црвена пиперка • 1 зелена пиперка • 400 гр гауда • 20 гр слатка павлака за готвење • сок или пире од домати • палачинки • пармезан • зачин за скара (опционално) ПОДГОТОВКА За оваа количина на смеса се потребни 12 палачинки. Доколку немате време да ги подготвите, можете да ги купите и готови. Во длабока тава (по можност вок тава) издинстајте ги кромидот и месото. Потоа, посолете и оставете водата да испари. Додадете ги црвената и зелената пиперка, исечкани на коцки. Во смесата додадете и зачин за скара или само бибер. Дополнете со пире или сок од домати. Смесата пржете ја сѐ додека не омекнат пиперките и додека не испари водата. Потоа, додадете ги лименките црвен грав и пченка. Со оваа смеса полнети ги палачинките, посипајте ги со пармезан и намотајте ги како што тоа вообичаено се прави. Потоа, наредете ги во тава една до друга. Павлаката за готвење измешајте ја со сок од домати, малку посолете и налејте врз палачинките. Попрскајте со пармезан и печете на температура од 200°С, сѐ додека пармезанот не добие златна боја.
|
 |
FosterThePeople
Сениор
Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 19:42 |
Јас палачинките најмногу ги сакам со мармалад од ѕенѕери  Нема рецепт значи,само мачкаш палачинката и муљај!
|
I just wanna feel real love.
|
 |
BiBi_G
Сениор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 22:46 |
|
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
|
 |
Santijago
Сениор
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF
Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2012 во 22:54 |
Кајсии
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
 |