|
Деца со посебни потреби |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 18> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... na ova nema komentar...samo
ДУ "Димитар Влахов"
..samo koga na vistinskoto mesto kje se postavat vistinski lugje, pogodeni licno so sudbinata na svoite shtitenici togash vistinski se znaat problemite... Iako e neblagodarno i ne e eticki da se spomnuvaat iminja... no mora da se kaze deka segashniot direktor koj e slaboviden covek...i koj shto cel svoj zivot go pominal vo ovaa institucija, shto kako shtitenik,,,shto kako nastavnik i sega kako direktor gi znae problemite vo srzta...i znae shto tocno im treba na decata... Sekoja cest za ovoj borec za ednakvost... neka im e Srekjen patroniot praznik...i neka prodolzi so svojata neumorna rabota za podobruvanje na uslovite za obrazovanie i informiranje na shtitenicite na ucilishteto i domot Dimitar Vlahov... Изменето од mamamd - 08.Ноември.2008 во 07:18 |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво
Значи се што се сака се може. |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Центар за деца со посебни потреби кај Градски парк
Општина Центар најавува дека ќе гради дневен центар за деца со посебни потреби во близина на Градскиот парк. Центарот ќе се гради на местото на градинката "Кукушка" и ќе биде објект со приземје и кат. Приземниот дел на центарот ќе биде за деца со телесен инвалидитет, за деца со оштетен слух и вид. На првиот кат ќе бидат сместени деца со ментална ретардација, аутистични деца и деца со комбинирани пречки. За да обезбеди пари за изградба на овој објект, Општина Центар ќе конк*рира во ИПА програмата за локална инфраструктура на Европската унија. Ова е нешто што навистина е потребно, се надевам дека нема да остане само на хартија. Браво за ваквата идеја. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za da ne ostane samo ideja ocigledno e potrebna masovna mediumska kampanja potiknata od roditelite na decata so pop kako i podrshka od site nevladini institucii.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Baranja za angaziranje defektolozi se podneseni... se ceka 1 godina...pa bogami i pola od ovaa...
Училиштата чекаат дефектолози Голем број од основните училишта во земјава во кои се запишани деца со посебни потреби не вработиле дефектолози,кои би помагале во спроведувањето на наставата. Законот за основното образование во редовните училишта каде што учат деца со лесни пречки во развојот предвидува да се вработат дефектолози. Во законот се вели дека за овие ученици се обезбедуваат соодветни услови за стекнување образование во редовните училишта и дека имаат право на индивидуална помош. Но, за жал, законот не се спроведува во практиката. Училиштата во земјава немаат дефектолози во своите стручни училишни тимови и велат дека имаат потреба од ангажирање таков кадар. Во Битола засега само во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ има дефектолог, кој работи како составен дел од стручната педагошка служба, иако во скоро сите редовни училишта се запишале деца со посебни потреби. И во Скопје дефектолозите во училиштата се реткост и ги има само во две-три училишта. Дефектолози се вработени во Куманово и во Штип - во училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Ванчо Прќе“. Во овие училишта има и посебни паралелки за децата со посебни потреби. Според податоците од Агенцијата за вработување, во земјава вработување чекаат 88 дипломирани дефектолози. Дефектолозите велат дека голем број од нив се невработени и дека тие понекогаш се ангажираат како мобилен кадар. Од општините во Скопје и во Битола велат дека барања од училиштата за вработување ваков кадар има, но дека чекаат одобрение од Министерството за образование. - Скоро во сите редовни училишта во градот настава следат по неколку ученици со пречки во развојот. Поднесовме барање за вработување нови дефектолози во училиштата каде што има потреба. Но, се' уште немаме одговор од Министерството за образование - вели Снежана Петровска од Одделението за образование во општина Битола.Од Министерството велат дека дефектолози се вработуваат таму каде што има услови. - Во буџетот предвидовме пари за ваков стручен кадар. Дел од барањата се одобрени. Во некои училишта веќе се ангажирани дефектолози. Другите барања се' уште се разгледуваат - велат од Министерството.Директорката на скопското ОУ „Владо Тасевски“, Елизабета Солтирова, вели дека иако имаат упатство како наставниците да ја спроведуваат ваквата настава, наидуваат на тешкотии. - Имаме индивидуална програма, но потребни ни се дефектолози за да ни помогнат со овие деца. Ним треба да им се обрне поголемо внимание, а во паралелка со 30 деца тоа не е можно - вели Солтирова. Од Институтот за дефектологија во Скопје се залагаат стручните кадри што поскоро да се вработат и истакнуваат дека интегрирањето на тие деца во редовните училишта не значи дека ќе се затворат посебните училишта. - Ја поддржуваме иницијативата зашто ќе придонесе за поквалитетно образование на учениците. Дефектолозите ќе работат со учениците во одредени интервали во текот на денот. Тие ќе им помогнат и на наставниците. Значи нивниот придонес ќе биде двонасочен - изјави професор Ристо Петров, раководител на Институтот за дефектологија. Билјана Марковска, дефектолог вели дека најголем проблем е стручната неподготвеност на наставниот кадар во редовните основни училишта за работа со овие деца. Не е доволна тримесечна обука за усвојување на потребните знаења - вели таа. |
|
max2
Нов член Регистриран: 11.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ova so Centarot za decata so posebni potrebi e navistina odlicno, no povtorno Skopje i povtorno deca. Takvi lica ima nasekade niz Makedonija i tocno, so decata se pocnuva no sepak tie deca rastat i stanuvaat vozrasni koga mozebi im e potrebno i poveke otkolku na decata da se angaziraat i druzat.
Dokolku imate informacija pisete mi za nekoj dneven centar vo Bitola koj gi opfaka povozrasnite lica so posebni potrebi pokonkretno me interesira za lica so mentalna retardacija |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно постојано се зборува за деца, а возрасните инвалидни лица поретко се спомнуваат. Но акцентот е ставен на децата затоа што доколку децата со посебни образовни потреби уште од најрана возраст се опфатат со мултидисциплинарен стручен третман, се вклучат во сите општествени случувања, толку повеќе општеството ќе биде подготвено за нив и обратно тие ќе бидат дел од општеството. Целта е во согласно со можностите секое лице да се оспособи за извршување на одредена активност или одредено занимање и да се вклучи во производниот процес било да е тоа во заштитна работилница или отворено стопанство.
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам дали наведувате свое мислење и цитирате некаква статија околу оваа проблематика,но секако се сложувам околу вашите ставови за правата на овие деца како група со посебна потреба,посебно мислејќи на дечињата во основните училишта. Поради тоа што и самиот сум просветен работник и јас оваа учебна година сретнувам во една од паралелките каде што предавам детенце со такви потреби (во ментална смисла).И секако се сложувам пвеќе за кажаната потреба дека им се потребни стручни кадри на овие деца. Веднаш некој можеби ќе каже дека нормално ние како редовни наставни кадри без ваква квалификација за тие деца многу не можеме да сториме,но според упатствата на директорот нив им било дозволено односно по желбата на родителите да овие деца се школуваат во редовна настава. Но потребата и поддршката на овие деца е едно ,а вклученоста во редовна настава со останатите деца е сосема друг проблем,ова го велам затоа што стварно наидуваме јас и другите колеги на одредени проблеми во текот на наставата.Имено колку и да посветуваме внимание на часот на тоа дете зависно од предметот и ангажираноста,така и часот мораме да го одржуваме,но ете се случува да во текот на насатвата(часот) во одреден момент да нападне некое од децата,или да трча по наставникот,а некогаш се вклучува со извикување на крици или со несериозни прашања до наставникот,се разбира не знаејќи го значењето на самите зборови во одрдените ситуации.после таквите настани секогаш детето е праќано кај стручните служби и таму тоа посочува дека правело такви работи,(напад со оштар молив и сл.) затоа што гледало на ТВ агресивен филм. И секако на крај сега и самите негови другарчиња мислам на децата од одделението почнуваат со страв да се однесуваат и им влијае на учењето.Од сето ова произлегува дека стварно се потребни стручни лица,но ете нашето образование кое е исто зафатено со популизам на државните органи,до крај не го спроведуваат законот за основно образование кој според директорот ,да законот им дозволува на таквите деца да се запишат во редовна настава, но не ги вработува и стручните дефектолози. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gorazd777,Ви се обраќам како родител на дете со ПОП.Вашето искуство дека сте НЕИСКУСНИ и неквалификувани за работа со децата треба да го насочите кон барање на дополнителна настава за ВАС И ВАШИТЕ колеги од областа која очигледно Вас како професор Ве прави хендикепиран. Јас од лично искуство можам да Ви посочам дека испадите кои ги наведувате од страна на детето со поп се резултат токму на Вашиот и односот на средината кон тоа дете. Вие со тоа допринесувате да се развива агресијата,а не филмовите.Како сте се согласиле да воспитивате такво дете,а не се интертесирате да се надоградите и во таа област и да допринесете да детето се зближи со средината и се осеќа дел од неа. Не се правдајте дека нема дефектолог, или дека детето е проблем. Наставниците треба да се надоградуваат. Дефектолозите кои евентуално би се запослиле ке се со децата еден дел од денот, ама и секој вработен во училиштата МОРА да се информира за формата и начинот на однесување на лицата со ПОП. Тие луге се со различно однесување од нашето и такви мора да ги прифатиме,и да не очекуваме дека еден ден ке станат како нас. Со среќа во понатамошната работа!Контактирајте повеке со родителите,нивното искуство го нема во книгите, а на ПРОФЕСОРИТЕ им е неопходно.Поздрав! Изменето од lilica - 12.Ноември.2008 во 09:20 |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бидејќи две години волонтирав како дефектолог во редовни училишта можам да го споделам моето искуство со вас. Иако наставниците од училиштата посетувале к*рс за работа со ученици со посебни потреби,тоа не може да ја замени дефектолошката диплома која се стекнува со четири годишно студирање, наставниците сепак не се доволно стручни да го изведуваат оној дефектолошки дел кој и те како им е потребен на учениците со посебни образовни потреби. Од голема помош и поддршка во нивната работа со овие ученици е дефектологот. И во право се наставниците кога се жалат, бидејќи немаат само едно дете во одделението туку имаат по 20 дури и повеќе, што значи не секогаш можат да му посветат внимание на ученикот со посебни образовни потреби.
Од друга страна, родителите не се секогаш спремни за соработка(со сета почит кон нив), но се случува да имаат нереални барања за своите деца,да не бидат редовни во училиште, да се презаштитнички кон нив.Затоа секогаш се нагласува дека неопходна е соработка помеѓу родителите, наставникот и стручната служба во училиштето. Lilica со сета почит кон Вас но неможеме да тврдиме дека однесувањето на децата со ПОП е резултат на односот на наставникот кон детето. Кога ќе се забележи нешто карактеристично во неговото однесување многу е важно пред се наставникот да ја извести стручната служба која пак ке го повика родителот и заедно со ученикот ќе поразговараат. |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со почит до родителите потребата на сите деца,во однос на погоре изнесеното потполно се сложувам,но главната мисла ми беше ,единствено струшните лица можат соодветно да им помогнат на овие деца со содветните програми потребни наставни часови, ,а секако за сето тоа да биде остварливо најповеќе потребно е да се вклучи државата односно во овој случај образованието со исполување на своите законски норми,како овозможување на овие деца за вклучување во образовниот процес,така и вклучување на стручни лица од оваа област.И за целосно да бидам разбран ,и ние сме луѓе можеби целосната нестручност од оваа категорија,се плашам да не доведе до повреда баш на тоа и таквите дечиња како него
Но за волја на вистината после немилиот настан беше повикана и мајката да и се соопшти како и што направило детето и пред мои очи самата го искара погрдно детето и му рече дома ќе се разбериме,верувајте јас се почуствува непријатно,а да не зборуваме за детето и воопшто како целна насока за решавање на проблемот. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za zalost za nashiot obrazoven sistem odlucuvaat lugje koi nemaat ni eden den praksa vo domenot za koj odlucuvaat i zatoa doagja do voveduvanje promeni koi na start pokazuvaat deka ne se prakticni i ne pokazuvaat uspeh. Takov eden del od "novinite" e clenot od zakonot kade ucilishtata se obvrzani vo nastavat da prifatat deca so posebni obrazovni potrebi. Iako e definirano kakvi deca so POP smeat da bidat zapishani vo osnovnoto obrazovanie dadena e moznost roditelot sam da odluci dali kje dozvoli kategorizacija na deteto, odnosno za kavi posebni potrebi se raboti. Znaci ucilishteto ne smee da bara kategorizacija i zatoa vo ucilishtata se zapishuvaat deca so mentalna retardacija propratena so agresivnost pa mnogu cesto ostanatite deca stanuvaat ztrvi na ova nedorecenost, nivnite roditeli reagiraat so ispishuvanje i poleka mnogu ucilishta ostanuvaat so namalen broj deca vo redovnata nastava.
Ulogata na nastavnikot vo redovnata nastava e da vlijae na svoite ucenici da go prifatat deteto so POP da go vkluci vo aktivnosti kade dozvoluva negovata sposobnost. Rabotata sp dete so POP e isklucivo individualizirana, znaci nastavnikot treba za vreme od 40 min po svojot predmet na drugite ucenici da im dade tivka aktivnost...i da sedne so deteto so POP da raboti individualizirano po prethodno izgotveni baranja ( redenje kocki, boenje na crtez,artikulacija na glasovi i tn.). Vo paralelka so 25-35 deca kolku shto e zakonskiot broj, so programa za rabota nastavnikot treba ili da gi ostavi drugite deca samostojno da rabotat i da se posveti na deteto so POP ili da bara so deteto so POP da raboti defektolog... odnosno strucno lice. Ova e golem problem za koj nikoj ne saka da zboruva, a roditelite svojot revolt go isturaat vrz nastavnicite od redovnata nastava po ona narodnata ako ne mozesh po magareto...mavaj po samarot... (losha sporedba,,,no toa se nash*te pogovorki)... |
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Очигледно е дека и тие што пред две години покренале акција за интегрирање на лицата со ПОП во општеството имаат конфузија или се преценуваат.Кога се запишува дете со ПОП во редовно училиште,се бара од сите,ама баш од сите во средината (професори, соуценици, служители,директор,останати родители на деца и сл.)да го интегрираат во својата средина,да се дружи со сооучениците,да научи да ја поднесе буката и галамата во училиштето,да створи навика од каде и како се влегува и излегува од училиште, и сл. основни социјални вештини.Исклучоци за оние со лесна ментална ретардација.Сите останати тешко, многу тешко, нешто друго да научат во училиште кое не е за деца со специјални потреби.Затоа нека не се навредуваат професорите кога ке им кажеме дека треба и мора да се доквалификуваат.Да научат дека со децата со ПОП се приога на специфицен начин, за да се избегне агресијата.Се што е непознато, нагло, изненадно, прегласно,пресветво ги прави агресивни, оти не знаат како да ја спречат таа дразба.За да го разберете Почитуван Г-не Gorazd777 детенцето, со кое имате контакт, замислете си дека сте слеп, и секој непознат звук ве плаши, и се непознато ствара страв кај Вас,сам сте во непозанто и кај непознати.Зарем во такви услови и Вие нема исто да реагирате и инстинктивно да ги вклучувате сите одбрамбени механизми на одбрана(напад, крици,рефлексни движења,несоодветен одговор).Децата со ПОП се непредвидливи, а мерката да се каже на родителот за да го скара за стореното е крајно не соодветна.Ниту детето разбира зошто е скарано, а мајката знае дека нема ефект ама поради Вас,за да не го отпишете од училиште, пред Вас го искарала.Жалосно колку малку луге знаат како со лугето со ПОП.Тоа страшно фали во нашево општество,а недостасува бидејки со години наназад сите со ПОП се чувани во институции и никој од нас немал контакти со вакви „различни“ од нас луге.И јас додека не добив дете со ПОП незнаев како да се однесувам кога во мојата близина е личност со ПОП. Едноставно, исто како Вас реагирав.И замислете ако се навистина толку „страшни“ децата со ПОП, ние родителите ке сме првите нивни жртви.Едно е да си професор во соодветна област,а социјализацијата трае цел живот.
|
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 1112131415 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |