IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Tенис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Tенис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 11121314>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2010 во 11:47
ПОРАНЕШНИТЕ ГРЕНД СЛЕМ ШАМПИОНКИ СО ПРОБЛЕМИ ВО МАЈАМИ
Кузнецова се намачи, Ивановиќ верува во подобри времиња

Светлана Кузнецова го задржа совршениот 8-0 скор во првите кола на Мастерсот во Мајами откако со 6:2/3:6/6:4 ја совлада Кинеската Пенг Шуаи. Четврторангираната тенисерка на светот помина нешто помалку од 2 часа на теренот против светската тенисерка број 65 Пенг, која се врати на тенисот по операцијата на слепото црево поради која ги пропушти турнирите во февруари во Патаја Сити и Дубаи. Пенг сега има 12 порази во исто толку дуели со топ 5 тенисерки, но Кузнецова не беше многу задоволна.

"Не сум пресреќна бидејќи бев лута и се борев самата со себеси. Чувството беше добро, но не можев да имам стабилна игра. Тоа е лошо", вели Кузнецова, која загуби во првото коло во Индијан Велс, каде што исто така беше прва носителка.

Ана Ивановиќ, пак, ја совлада француската квалификантка Полин Парментие со 6:4/6:3 за да ја прекине серијата од 4 порази едноподруго, најдолга од стартот на нејзината професионална кариера во 2003. Србинката се уште се обидува да се врати во формата со која пред две години победи на Ролан Гарос, а сега по победата над 106-рангираната Французинка вели дека оди во вистинска насока.

"Се чувствувам навистина добро во моментов. Тоа што нема да те убие само те прави посилна, и навистина верувам во тоа", вели Ивановиќ.

По големата победа на 20 години во Париз, Србинката е "забавена" од повреди, последната на рамото, но и од губењето на самодоверба. Таа е на 58. место на ВТА листата и првпат надвор од топ 50 по пет години. Неодамна Ивановиќ го ангажираше поранешниот тренер на Штефи Граф Хајнц Гунтхард и вели дека работите ќе се сменат.

"Со Хајнц работите се подобруваат секој ден и тоа е навистина охрабрувачки. Сега околу мене имам одлични луѓе и полека се враќа мотивацијата. Не сакам да живеам во минатото, туку да имам нова кариера", вели Ивановиќ.

РЕЗУЛТАТИ

СОНИ ЕРИКСОН ОПЕН - МАЈАМИ

МАЖИ, АТП ТУР МАСТЕРС 1000, 4.500.000$, 1.КОЛО

Лапенти - Стараче 7:5/6:3

Фиш - Маер 7:6(7:4)/6:4

Цебаљос - Сепи 7:6(7:4)/6:2

Чела - Лоренци 6:4/3:6/7:6(7:3)

Печнер - Свитинг 6:3/6:1

Илхан - Суевас 6:2/6:2

Жиралдо - Даниел 6:3/6:2

Фаља - Ханеску 7:6(7:4)/3:6/6:4

Села - Королев 6:3/6:3

Де Бакер - Рам 6:4/7:5

Берер - Лацко 7:5/4:6/6:3

Лу - Фоњини 6:7(5:7)/6:2/6:4

Сера - Масу 6:4/6:4

Лучак - Ернандез 6:3/7:6(7:4)

Андерсон - Мељо 6:3/6:1

Робер - Бек 7:5/6:4

ЖЕНИ, ПРЕМИЕР, 4.500.000$, 2.КОЛО

(1) Кузнецова - Пенг 6:2/3:6/6:4

(3) В.Вилијамс - Чирстеа 6:4/6:3

(6) А.Радванска - Макарова 7:5/6:0

Бачински - (8) Ли 6:4/4:6/7:6(7:3)

Петкович - (10) Пенета 6:3/3:6/6:0

(12) Викмаер - Балтача 6:1/6:3

(13) Бартоли - Рибарикова 6:2/6:4

(16) Петрова - Дате Крум 6:3/7:6(9:7)

Мартиќ - (18) Резаи 7:5/5:7/6:4

(19) Хантухова - Шнидер 6:1/6:4

Дулко - (21) А.Бондаренко 7:5/6:2

Шведова - (23) Лисицки 6:3/0:1 пред.

(25) Ивановиќ - Парментие 6:4/6:3

(27) Шавај - Молик 6:0/6:0

Винчи - (30) Медина Гаригес 6:4/7:6(7:5)

Херцог - (31) Возниак 7:6(7:5)/6:3

Одесник го чека допинг суспензија

Американскиот тенисер Вејн Одесник го очекува двегодишна суспензија, откако пред австралискиот суд во Бризбејн изјави дека е виновен за увезување на човечки хормон за раст. 24-годишниот светски рекет број 98 беше "фатен" со 8 епрувети човечки хормон за раст во Австралија и доби казна од 8.000 австралиски долари.

"За поседување има можност за двегодишна суспензија. Знаеме дека сослушувањето заврши и сега го чекаме извештајот на анти-допинг комисијата", велат од ИТФ.

Родик "лут" на сопругата?

Енди Родик прво бил лут кога неговата сопруга Бруклин Декер се појави на изданието на Спортс Илустрејтед во пливачки костими минатиот месец, и тоа не поради нејзината скромна облека. Осморангираниот Родик никогаш не се појавил на насловната страница на неделниот магазин, дури ниту кога ја освои својата единствена гренд слем титула на УС Опен во 2003. Декер, која се омажи со Родик минатиот април, прво се шегувала со сопругот откако "го победила" за насловната.

"Верувајте, добро го знаеше тоа. Затоа бев малку огорчен", признава на шега Родик на Мастерсот во Мајами.

Германскиот тенис не излегува од криза, вели Штих

Две децении откако ТВ станиците се бореа да ги пренесуваат победите на Штефи Граф и Борис Бекер, германските тениски турнири се мачат да добијат обични спонзори, вели поранешниот шампион од Вимблдон, Михаел Штих.

"Во 1980-тите и 1990-тите, со Штефи и Борис, немаше вакви проблеми. Сега мораме да молиме ТВ станиците да н$ пуштат", вели Штих, кој сега работи како директор на турнирот во Хамбург, кој во 2008 го загуби својот Мастерс статус.

Федерер вели дека не може да биде подобро

По 9 месеци од раѓањето на неговите две ќерки, ништо не се сменило во тенисот на Рожер Федерер. Од тогаш тој стигна до својата прва титула од Ролан Гарос, шестата на Вимблдон и се врати на првото место на АТП листата.

"Во однос на целите, нема големи промени. Рејтингот ми е висок, а бев број 2 кога Мирка беше бремена, но број 1 кога се породи. Морам да одам со високи цели - титули на гренд слем турнирите, првото место на АТП листата", вели Швајцарецот.
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 14:48
Novak Djokovic i Andy Murray odpadnaa vo 2 Runda na ATP Turnirot vo Miami!

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2010 во 14:29
ATP MIAMI Sony Ericsson

1/8 Finals

Ferrero - Tsonga
Almagro - Bellucci
Youzhny - Fish
Nadal - Ferrer
Verdasco - Cilic
Roddick - Becker
Soderling - Gonzalez
Federer - Berdych     

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2010 во 20:04
1/4 Finals

Roddick - Almagro
Nadal - Tsonga
Soderling - Youzhny
Berdych - Verdasco


Katastrofa e ova Federer vo momentov kako sto igra eden Berdych nemozese da go pobedi a plus i mec topka imase!!!

Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 22:46
Никад не сум го сакала спортов.
Не ми иде тоа..
башка ме иритираат звуците што ги испуштаат играчите при мавањето на топчето..
па затоа не го ни гледам.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 07:03

Македонскиот тенис најслабо рангиран

Тениски%20терен%20 

Македонската тениска репрезентација догодина ќе биде дел од најслабиот ранг во Дејвис купот, Третата Европска зона.

Македонската тениска репрезентација догодина ќе биде дел од најслабиот ранг во Дејвис купот, Третата Европска зона. Тоа е епилогот по поразот од Унгарија во бараж дуелот од Втората Евро - Африканска зона, по кој се вративме онаму каде што беше до април 2005 - та. Тогаш за година и половина прескокнавме два ранга, ги победивме Норвешка, Грција, Финска, Луксембург и Летонија, се боревме и за влез во најквалитетната Светска група, три години бевме хит во меѓународни рамки, а се искачивме и на 31-вото место во светот. Но, од
После успешно играње пет години практично дојде до еден замор на генерацијата, тоа резултираше со губење на неколку мечеви од силни репрезентации. Од другата страна помладата генерацијата, јас лично очекував дека порано ќе созрее и дека ќе достигне одредени квалитети, но тоа го нема остварено
лани колата тргна низбрдо, па сега повторно сме на дното. Реалност која е непријатна, но не и неочекувана, кога се знае дека сиве овие години се зависеше само од Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, кои многупати се надминаа во дуелите со пореномираните противници. Сепак, тоа не можеше да трае вечно, па, според селекторот Дејан Маринковиќ:

„После успешно играње пет години практично дојде до еден замор на генерацијата, тоа резултираше со губење на неколку мечеви од силни репрезентации. Од другата страна помладата генерацијата, јас лично очекував дека порано ќе созрее и дека ќе достигне одредени квалитети, но тоа го нема остварено и тие неможеа благовремено да го преземат големиот товар за натпреварување.“


Ако има нешто добро од преселбата во конк*ренцијата од која нема испаѓање, тогаш тоа е можноста за подмладување на селекцијата, која сега без притисок ќе се обиде да се врати на патот на успехот. Кормиларот посакува тоа да се случи час поскоро, но, и признава дека ќе биде многу тешко без силна конк*ренција за репрезентативниот дрес. Со тој проблем македонскиот тенис се соочува подолго време и доколку наскоро нешто не се промени, можно е ново еднодецениско тапкање во место, што беше случај до успехот пред пет години. За тоа да не се повтори потребно е решавање на многуте проблеми кои го мачат македонскиот спорт, како што се финансиите, условите за работа, организацијата, а во случајов и малиот број на активни клубови.

„Во Макеоднија летниот период функционираат десетни клубови во зимскиот период само четири-пет клуба и тоа во Скопје и да бидам искрен со четири-пет клуба навистина е тешко остварливо секоја година да исфралате квалитетни натпреварувачи. Овој проблем не е проблем на Дејвис куп тимот, тоа е едноставно проблем на макеоднскиот тенис, меѓутоа дали тоа ќе се смени во престојниот период е многу тешко да се каже“, додаде селекторот Дејан Маринковиќ.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2010 во 15:01

Азаренка победи во Стенфорд

Извор: Макфакс

Викторија Азаренка е победник на ВТА турнирот во Стенфорд. Белорусинката во финалето ја совлада Марија Шарапова од Русија со 6:4, 6:1 и освои 107.000 долари. Наградата и ја додели Тениската легенда Били Џин Кинг.
На Истанбул Куп имаше руско финале. Анастасија Павличенкова која што беше трет носител во финалето ја победи Елена Веснина со 5:7, 7:5, 7:5 и ја освои својата втора ВТА титула. Првата носителка Франческа Скиавоне загуби бо второто коло.
На отвореното првенство на Хрватска во Умаг со награден фонд од 450.000 евра победи Хуан Карлос Фереро од Шпанија. Во финалето тој беше подобар од Потито Стараче од Италија во два сета (6:4, 6:4). За Шпанецот ова е трета АТП титула годинава по победите на отвореното првенство на Бразил во Коста До Суиле и на Копа Телмекс во Буенос Аирес. Стараче го одигра своето прво АТП финале во кариерата

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 12:44
голема%20насмевка

Ноле и Рафа двојка од соништата

Рафаел Надал и Новак Џокович ќе играат заедно во конк*ренција на двојки на турнир од Мастерс серијата кој следната недела почнува во Торонто. Договорот помеѓу првиот и вториот тенисер на светот падна уште за време на Вимболдон, а сега ќе биде спроведен на дело. Надал во досегашната кариера има пет АТП титули во двојки, додека Џокович во конк*ренција на двојки има триумфирано само еднаш и тоа оваа година во Квинс клубот во Лондон заедно со израелецот Џонатан Ерлих. Ова ќе биде втор пат во медерниот тенис првите два носители заедно да настапат во двојки. Пред Џокович и Надал тоа го направија Џими Конорс и Ертур Еш во далечната 1976-та година.




Изменето од Santijago - 06.Август.2010 во 12:44
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2010 во 11:08

Налбандијан со 11-та победа во низа

 
Извор: АP

Првите четири носители на Роџерс Купот во Торонто, не дозволуваат изненадување и засега играат според планот и се пласираа во четвртинафиналето.
Прв извојува победа третиот носител Роже Федерер откако со 7:6 (2) 6:3 го победи Мишел Лодра. Во следното коло за противник ќе го има Томаш Бердик (Чеш.) кој што меѓу осумте најдобри се пласира по победата над Александр Догополов (Укр.) со 6:3, 6:7 (5), 6:4.
Ѓоковиќ (2) немаше проблеми со Романецот Виктор Ханеску (6:3, 6:4), а за пласман во полуфиналето противник ќе му биде Џереми Шарди од Франција кој што го елиминира шестиот носител Николај Давиденко  (6:3, 6:2).
Мареј (4) го победи Гаел Монфис од Франција (6:2, 0:6, 6:3) и следен противник му е Аргентинецот Давид Налбандијан кој ја постигна својата 11-та последователна победа на два турнира. Овој пат совладан е Робин Содерлинг (4:6, 6:4, 6:1).
Надал (1) играше против изненадувањето на турнирот Јужноафриканецот Кевин Андерсон кој што пружи достоен отпор на првиот играч на светот. Надал победи со 6:2, 7:6 (6) За меч против Надал се избори Германецот Филип Колшрајбер откако го елиминира Ли Јен Сун од Тајван со 6:7 (5), 7:5, 6:0

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2010 во 11:26

Хјуит и Сафина елиминирани во Њујорк, сигурен настап на Федерер и Клајстерс

Шампионот во Њујорк, во 2001 година, Лејтон Хјуит, уште во првото коло го заврши својот настап на „Флешинг Медоуз“. Хјуит по пет одиграни сетови, меѓу гледачите го испрати Пол Анри Матие.

Најголемиот фаворит за освојување на титулата, Рожер Федерер, петкратен победник на турнирот, на теренот мина само 93 минути. Швајцарецот во три сета, 6:1, 6:4, 6:2, го победи Брајан Дубул од Аргентина.

Пласман во следната рунда од рангираните тенисери изборија Николај Давиденко, Енди Родик, Марин Чилиќ, Робин Содерлинг, Јирген Мелцер, Гаел Монфилс, Алберт Монтањес, Хуан Карлос Фереро. Турнирот во Њујорк заврши за 27-от носител Фернадо Гонзалес, чилеанецот поради повреда му го предаде мечот на Иван Додиг.

Некогашната број 1 во женскиот тенис, Динара Сафина во првото коло е елиминирана од последниот грен слем во сезоната, УС Опен. Сафина по еден час и 45 минути игра со 3:6, 4:6 загуби од Даниела Хантукова.

Првото коло во Њујорк, лесно го минаа бранителката на титулата Ким Клајстерс и двократната шампионка Венус Вилајамс.

Три сета за пласман во следната рунда мораше да игра Саманта Стосур, таа со 3:6, 7:6 и 6:1 ја елиминира Елена Веснина.

Од носителките првото коло го минаа Марион Бартоли, Флавија Панета, Цветана Пиронкова, Франческа Скојавоне, Елена Дементиева, Анастазија Пављученкова, Петра Квитова, Алона Бондаренко и некогашната број 1, сега 41 светска тенисерка, Ана Ивановиќ

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 13:44
Возниацки е новиот број 1

Данката Каролине Возниацки ќе ја замени Серена Вилијамс како светска тенисерка број 1, кога ќе биде објавена новата ВТА листа во понеделник. 20-годишната Возниацки ќе стане првата Данка на првото место откако со 6:3/6:2 ја совлада Чехинката Петра Квитова на Кинескиот Опен во четвртокот.

"Ова е навистина голем чекор за мене. Да се биде светска тенисерка број 1 е остварување на мојот сон. Во моментов не можам да сфатам дека ова е вистина", вели Возниацки.

Таа е 20. тенисерка која е на врвот на компјутерскиот рејтинг од 1975 година и е трета во последните две години без гренд слем титула - по Русинката Динара Сафина и Србинката Јелена Јанковиќ. Тоа останува нејзината главна цел.

"Морам да освојам гренд слем титула, бидејќи тоа е мојата втора голема цел", додава Данката, која во кариерата има 11 титули.

Таа стигна до УС Опен финалето минатата година, каде што загуби од Ким Клајстерс, а оваа година загуби во полуфиналето во Њујорк.

Следна за Возниацки е Србинката Ана Ивановиќ, која го имаше можеби најдобриот меч оваа година откако со 7:6(2)/7:6(4) ја совлада Русинката Елена Дементиева за само четврто 1/4 финале оваа година. Втората носителка Вера Звонарева го загуби првиот сет против сонародничката Марија Кириленко, но се врати за 5:7/6:4/6:2 победа, и сега ќе игра со домашната фаворитка Ли На, која за само 47 минути со 6:2/6:0 ја збриша Германката Анжелике Кербер.

Британецот Енди Мареј имаше проблеми да влезе во ритам пред да го совлада Шпанецот Алберт Монтањес со 7:5/6:3 за пласман во 1/4 финалето на машкиот турнир во Кина. 23-годишниот Шкотланѓанец сега ќе игра со Хрватот Иван Љубичиќ, кој со 6:3/7:6 го совлада Александер Долгополов.

Во Јапонија пак, светскиот број 1 Рафа Надал го "уништи" канадскиот квалификант Милош Раонич со 6:4/6:4 за пласман во 1/4 финалето.

"Ова беше тешка победа против опасен противник. Се може да се случи во меч против него, бидејќи има неверојатен сервис", вели освојувачот на три гренд слем титули оваа година.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 14:29
И во убавина е меѓу првите три. среќа
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2010 во 17:22

Ѓоковиќ против Ферер ќе ја брани титулата во Пекинг

 

Новак Ѓоковиќ и Давид Ферер ќе се борат за титулата на АТП турнирот во Пекинг.

Првиот носител и бранител на титулата, Ѓоковиќ во полуфиналниот двобој го совлада Џон Изнер од САД со 2:0 (7:6, 6:2).

На патот до 18-та титула во кариерата на Ѓоковиќ му стои Давид Ферер. Шпанецот во маратонски меч со 2:1 (6:4, 4:6, 6:4) го совлада ветеранот од Хрватска, Иван Љубичиќ.

Доколку во финалето Ѓоковиќ забележи победа, тој ќе стане само вториот тенисер кој успеал да ја одбрани титулата во Пекинг.

На женскиот дел од турнирот во финалето ќе играат Карлон Вознијацки и Вера Звонарева. Светската тенисерка број 1, Вознијацки во полуфиналето со 2:0 (7:5, 6:2) ја совлада Сахар Пеер од Израел, додека Вера Звонарева на патот до финалето со 2:0 (6:3, 6:3) ја елиминира домашната тенисерка На Ли

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 05:25

Ким Клајстерс триумфираше во Доха



Ким Клајстерс го освои Шампионатот на ВТА во Доха. Во финалето белгијката ја победи светската тенисерка број 1 Каролин Вознијаги со 6:3, 5:7 и 6:3.

За Клајстерс ова е трета титула од последниот турнир на сезоната по успесите во 2002 и во 2003. година. Во катар таа игра за прв пат од УС Опен, кој го освои по втор пат и со тоа ќе земе околу 1,5 милиони долари од наградниот фонд.

Откако го освои првиот сет, белгијката поведе со 4:1 во вториот, но Вознијаги изедначи на 5:5, поведе со брејк за 6:5 и на крајот триумфираше со 7:5.

Во последниот, решавачки сет Клајстерес набрзина поведе со 2:1 а потоа и со 5:2 за да на крајот успее да го освои сетот и да победи на натпреварот со 6:3 по 2 часа и 20 минути игра, откако направи шест брејка и дозволи четири.

„Чувствував дека овој натпревар никогаш нема да заврши. Беше тешка битка со фантастични удари, одличен тенис и борба. Среќна сум што победив и ја разочарав Каролин. Таа е фантастична и иднината е пред неа“
, кажа белгијката по натпреварот.

„Ова беше исклучително фантастична недела за мене. Ким играше неверојатно и сосема сигурно ја заслужи победата“
, изјави Вознијаги.

Во наредните три години шампионатот на ВТА ќе се одржува во Истанбул, Турција.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 11121314>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.