|
Алергија |
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пеколен јуни за алергичните на поленДолгата и ладна зима и предвременото лето резултираа со истовремено расцветување на повеќе видови булки, поради што јуни ќе биде најлош месец за луѓето со алергија во последните неколку децении, предупредуваат екпертите. Комбинацијата од долгата зима и раната пролет која залетано ни донесе високи летни температури, доведува до тоа нивото на полен оваа година да биде највисоко во последните 50 години, поради што милиони луѓе ќе патат од пролетната алергија, пишува „Daily Mail“. Професорот Рој Кенеди, еден од највлијателните алерголози во Британија, предупредува дека во јуни нивото на полен во воздухот ќе биде највисоко, и ги посоветувал сите оние кои имаат проблеми со алергија редовно да носат наочари, да ја менуваат облеката и да се тушираат што почесто, како и да го избегнуваат честото излегување и прошетки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пролетта, покрај топли денови, со себе носи и низа алергии. Симптомите кои ги мачат алергичните во овој дел од годината се кивавица, солзи во очите и гре**ње на грлото. Сепак, како и за секој проблем, и за овој постои решение кој може да ја олесни кивавицата и болката во грлото. Еве 7 најефикасни предлози: Камилица - Со антивоспалително дејство камилицата помага кај сувите очи. Држeте 3-5 минути оладени вреќички чај од камилица на очите и повторувајте ја постапката неколку пати во денот. Коприва - Благотворно дејство има на надразнетите очи и кивавицата, а за да ги ублажите симптомите на подолг временски период земајте таблети од коприви или чај од сушени листови. Нане - Нането е одличен лек за затнати дишни патишта. Во текот на денот доволна е една инхалација од 10 минути за да почувствувате подобрување. Мајчина душица - Чајот од мајчина душица помага при лечење на кашлањето, гушењето предизвикано од алергии, а покрај тоа го смирува воспалението на грлото. Мед - Благотворно дејство има над неколку минутното кашлање и затнатите дишни патишта. Една лажица мед во топла шолја чаj може да ви помогне повеќе отколку што мислевте. Ѓумбир - Ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а посебно е делотворен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир така што во врела вода ќе ставите 5 грама свежо рендан ѓумбир и ќе го варите десетина минути. Потоа прецедете и додајте лажица мед. Лута пиперка - Одличен извор на биофлавоноиди кои ги ублажуваат сите хемикалии кои предизвикуваат воспаленија и алергии. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 111213 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |