IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 18>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 16:19
Парите си го чинат своето Мунгос,така да нема тука што да се прави.
 
Вчера на вести слушнав бомбастична вест дека Металург ќе ги ангажирал Лазаров и Балиќ од Загреб????????????????????
 
Има некој информација околу ова?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 17:08
Фикс и што ако дојдат,каква ќе биде користа од нив.Според мене тоа ќе е огромна грешка.Сета лига е мртва ќе треба да имаш такви играчи само за европа,што е штета за самите играчи.Лазаров треба да оди или Шоанија или Германија за да добивка има и репрезантацијата а и ние да се гордееме како во случајот со Пандев.

Замисли Лазаров во Кил или Барцелона
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 17:11
Знам фикс дека е до парите но како поранешен ракометар мислам дека е штета што се уништи ракометот во државата.Какви само првенства имаше порано а и купови кога не се знаеше до последно која екипа ќе победи.
И во европа сме биле закон од Пелистер сите се плашеа,не за џабе стигнавме до полуфинале со Лемго,или Финале со данците во челинџер купот.

Тоа беа времиња
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 13:41
Металург Скопје вечерва ќе се бори за влез во своето прво европско финале. Македонскиот тим има гол предност во однос на германскиот Букстехуде.
Конечно, меч за финале

Исландскиот вулкан им го продолжи престојот во Европа за нешто повеќе од една недела или на ракометарките на Металург Скопје или на ракометарките на Букстехуде. Кому, ќе се знае вечерва. По десетдневно одлагање исполнето со барање на термин и контроли (ЕХФ проверувал дали навистина минатиот викенд во Македонија се играл фајнл фор во женскиот куп!?), мечот е закажан во ноќен термин, во 20 часот вечерва.

Металург Скопје победи на првиот натпревар со 22:21 и денеска практично нема што да брани во Германија. Останува последните 60 минути да ги одигра без калкулации и по звукот на сирената да го прослават пласманот во финалето или, пак, да се збогуваат со Европа за оваа сезона.

Позитивно од претходниот натпревар за Металург Скопје е што Мирјета Бајрамовска е заздравена и ќе може одново да го заземе своето место во стартната постава, негативно што Сања Пешевска тешко дека може да истрча на теренот со оглед на повредата на лакотот.

Германскиот тим ќе настапи со истиот состав како и во Скопје, евидентно веќе соживеан со улогата на фаворит. Имаат право да си ја доделат таа улога, имаа добар натпревар во Скопје, беа на прагот и да победат, но во финишот македонскиот тим успеа да излезе од безизлезната ситуација и поразот да го претвори во победа.

Еден гол значи дека се почнува од нула, па и Германките нема да го чувствуваат притисокот да мора да бркаат резултат.

Тие во овој меч влегуваат по серија тешки натпревари на кои без сомнеж се имаат истрошено, но од друга страна и се во ритам на играње силни мечеви. Металург Скопје, пак, имаше два-три лесни натпревари во домашниот шампионат и Купот и недостигот од силни мечеви ќе го надополнува со свежина.

Одбраната е таа која ќе треба да го понесе најголемиот товар вечерва. Агресивноста мора да биде на повисоко ниво од Скопје. Германките самите признаа дека имале проблем со силните стартови на Металург, па тоа е еден од елементите кои мора и сега да се искористи. Нормално со должно внимание на критериумот кој ќе го постават Арнесен и Гулаксен од Норвешка.

Во нападот Металург Скопје никако не смее да игра бавно затоа што тоа е проверен рецепт по кој губи топки и во најголем дел од случаите оди во пасива. Игра еден на еден многу не им одговараше на Германките во Скопје. Заздравената Бајрамовска ќе даде нов тон на играта, а во отсуство на Алими, која во Скопје имаше одлична партија, Душица Георгиевска, која и така е стартер ќе има поважна улога. Доколку игра побрзо и порешително, Металург Скопје ќе има повеќе оружја на располагање.

Објективно, поголеми се шансите Букстехуде да ја оправда улогата на фаворит. Но, Металург Скопје барем на двата натпревари кои претходно ги одигра на гостински терен во ова натпреварување одигра подобро отколку на домашен терен. Да се надеваме дека и на овој меч ќе биде така, што би значело дека петтопласираната германска екипа нема да може лесно да се пробие до своето прво финале.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 12:46
Металург Скопје остана без финале

Ракометарките на Металург Скопје не успеаја да се пласираат во финалето на Челинџ купот откако синоќа загубија во реванш полуфиналето од германски Букстехуде со 31:28. Првиот натпревар во Скопје македонскиот тим го доби со 22:21.

Домаќинот предноста од три голови ја имаше и на крајот од првото полувреме и на крајот таа се покажа како решавачка. И покрај елиминацијата ракометарките на Металург Скопје постигнаа одличен резултат со пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Челинџ купот, иако основната цел беше да се мине барем едно коло.

Во второто полуфинале во недела ќе играат Гдина од Полска и Гепинген од Германија, екипа која има предност од пет голови од првиот натпревар (29:24).
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2010 во 12:48
З жал ракометарките не успеаја по патот кон финалето.
Штета,а многу блиску беа до целтатага
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2010 во 10:17
Успешна мисијата во Литванија

Женската ракометна репрезентација на Македонија се враќа со убедлив триумф од 33:19 од гостувањето во Каунас, каде вчера ја декласираше домашната селекција на Литванија. Во претпоследниот дуел од квалификациската група "7" нашите девојки се изборија за втората победа со која се враќаат во трка за второто место на табелата кое обезбедува пласман на првенството на Стариот континент.

Со доминантна игра и во првиот и во вториот дел од мечот, нашите ракометарки не дозволија никакво изненадување од подлмадениот состав на Литванија.

Првото полувреме го завршивме со водство од 18:9, а во вториот дел продолживме во ист стил.

Најефикасна на тој дуел во нашиот тим беше Пецевска со 7 гола, а по 5 гола постигнаа Тодоровска и Бајрамовска. Во вториот дел шанса добија и помладите, па домашните успеаја да намалат од високата предност.

Клучниот меч за пласман на Европското првенство, Македонија ќе го одигра в недела во Скопје против Холандија.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2010 во 11:40
конечнооо...дури и не ми се верува на резултатов

ај и во недела да изиграат една ваква...

Изменето од sanja-a - 28.Мај.2010 во 11:41
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 14:16
Се создава најсилна регионална суперлига
 
 


Регионална суперлига во ракомет е на повидок. Во неа би играле најсилните клубови од Македонија, Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Црна Гора, па дури и од Австрија, Унгарија и Швајцарија.

„Потпишан е акт за основање на лигата, а деталите дополнително ќе се знаат. За проектот преговараат заинтересираните страни и сите се согласија дека тоа ни е од заеднички интерес. Не е дефинирано уште која земја колку претставници ќе даде, веројатно по два, а Австрија и Црна Гора по еден. Од БиХ на почетокот би имало три, и тоа заради развој на ракометот во сите три национални ентитети. После се` ќе се регулира со квалитетот на националните претставници“, изјави алфа и омегата на хрватскиот ракомет Зоран Гобац за Јутарњи.

Проектот има поддршка од сите страни, а ќе се основа и нова организација СЕХА (South Europe Handball Association) со претставници од сите земји учеснички. Натпреварувањето би почнало во сезоната 2011/12.

„Имаме поддршка од ЕХФ и ИХФ и се планира клубовите кои ќе играат во лигата да изборуваат пласман за дополнителни места во Лигата на шампионите и другите европски купови. Тоа ќе биде дополнителен поттик за ракометот во цел регион. Нашите млади играчи ќе имаат многу повеќе добри натпревари, а ќе профитираат и репрезентациите“, заклучи Гобац.

И македонскиот ракомет ќе има огромна корист од вакво натпреварување, особено бидејќи веќе подолго време само Вардар и Металург се борат за титулата и освен дерби мечевите немаат други силни натпревари.

Најверојатно токму овие два клуба би биле дел од регионалната супер лига, која би имала најмногу 16 клубови, а главен спонзор би бил Ерсте груп, чие име ќе биде во назив на лигата.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2010 во 22:30
RK Metalurg vikendov vo Porto go igra kvalifikaciskiot turnir za vlez vo ligata na shampionite.

Petok - so Dinamo Minsk
Sabota - so Porto Vitalis
Nedela - so ZTR Zaporozje...
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2010 во 19:12
E ako de, topkata e okrugla i ne i e gajle dali vlaga u kos ili u gol...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 18:01

Србија домаќин на Светското првенство за ракометарки 2013

 

Србија во декември 2013 година ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки, одлучено  е денеска на состанок во  Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), пренесува Бета.

Втор кандидат за домаќин беше Јужна Кореја.

ИХФ одлучила Светското првенство за ракометари 2013 година да го организира Шпанија, во конк*ренција со Данска и Норвешка.

Србија во 2012 година ќе го организира и Европското првенство за ракометарки

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2010 во 13:47
Лазаров со осум гола

Екипата на Сиудад Реал дојде до нова победа во Асобал лигата откако на мечот со Каи Арагон заврши со резултат од 36:25.

Кире Лазаров беше дел од тимот кој е лидер во шпанскиот шампионат, а како што веќе сме навикнати, беше најефикасен на теренот. Тој постигна осум гола, а успешно реализираше и два удари од линијата од седум метри.

Со оваа победа Сиудад Реал продолжи со добрите игри и со освојувањето бодови во Асобал, а оваа победа е добра најава за она што ќе следува викендов во Лигата на шампионите. Сиудад Реал в недела игра на домашен терен против првакот на Романија, Констанца. Тоа воедно ќе биде и македонски двобој бидејќи Бранко Ангеловски ќе му гостува на Лазаров во меч во кој Сиудад Реал е апсолутен фаворит за освојување на бодовите.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 10:43

Металург-Вардар дерби во ракометниот шампионат

 
Извор: Макфакс

Попладнево во салата во Автокоманда ќе се одигра дерби натпреварот помеѓу Металург и Вардар Про, единствените кандидати за шампионската титула во домашното ракометно првенство.

Во првиот од предвидените четири дуели во ракометната Суперлига, двете екипи влегуваат со иста цел, победа која ќе ги приближи до шампионската титула.

Освојувачот на двојната круна од минатата сезона, Металург, во натпреварот влегува по победата над Мешков и пласманот во третото коло во Купот на ЕХФ. Од друга страна Вардар сезонава ќе се обиде да ја прекине доминацијата на противникот и да ја врати изгубената титула.

Тренерите на двата тима, Лино Червар и Љубомир Савевски очекуваат тежок и неизвесен натпревар. Во дербито, Металург и Вардар влегуваат со максимален ефект од пет победи во исто толку натпревари.

Дуелот во салата во „Автокоманда“, Металург-Вардар Про започнува во 17:15 часот

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.