|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 124125126127128 137> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... нешто светкаше во песокот, застанав и ја исчистив обетката со
бакнежи, знаев чија е. Со дланката ја притиснав на срцето, музика почна
да се слуша...и пеење, не знаев дека моето срце знае да и да пее, глас
кој ме правеше прикован и клекнат на песокот, ветерот го ствараше
тактот, се нишав со него гледајќи низ трепавиците кои ми заличија на
клавијатура, а топче од светлина потскокнуваше по нив.
Погледнав кон далечините и посакав да ми се причинува. Бел брод се доближуваше кон мојот остров додека делфинот потскокнуваше околу него. Сонцето им дозволи на ѕвездите да се појават, ноќта и денот се споија, ноќ во која се’ се гледа каква што беше и твојата бела наметка низ која се гледаше твоето тело желно за допир кој не престанува. Додека стоеше на највисокиот дел од бродот твојот поглед кажуваше чиј допир ти е потребен во кој насетуваше отсјајот на вечноста вперен кон мојот остров кој никогаш нема да биде пронајден во ниедна друга мисла. Бродот нечујно застана и го спушти истиот чамец со кој замина заедно со тебе за да тргне по правецот во водата во кој се огледуваа ѕвездите. Правецот непогрешливо водеше до мене, чамецот нечујно ја допре песочната плажа, почнаа да се слушаат твоите меки чекори низ песокот додека наметката почна да се претвара во светликава прашина, застана пред мене гола со сигурен поглед вперен кон мене. Не ми се веруваше дека те заслужив... Продолжив низ песокот одејќи по стапките кои ги правев вчера, не беа веќе важни, го барав и најмалиот знак дека беше некогаш со мене и да почне повторно да ми се причинува. Не ми сметаше, фантазијата е поважна од реалноста... постоиме за да фантазираме, силната желба ќе си го направи своето...доволно силно те посакувам... |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
. во делот од денот кога седам на карпата и фрлам камчиња во океанот,
бранови ми ги галат стопалата, ми се причинува како го говорат твоето
име, ме скокоткаат и се насмевнувам. Немам веќе мисли во главата, ги
препуштив на водата, со плимата ми се враќаат, ги прашав дали те
најдоа, неразбирливо ми одговорија. Ги спуштив рамениците издишано, јас
сум чекач на долги патеки, не сакав да верувам дека ти требав додека ти
требав, еден дел од мене вели дека е време да поверувам, другиот дел ми
вели дека те имам и не е важно дали си до мене, ти го зедов она што
нема никој друг да го земе, тебе ти останаа само обичаи, мене ми остана
страста. Секогаш ќе бидам дел од твоите соништа како што си ти во
моите, оние скриените како и островот кој го одбрав, мене никој нема да
ме пронајде и предаде, за мене е лесно, само...што ми недостасуваш, ја
сум чекач на твојата спремност.
Плава маглина излегува од моите дланки, со боја на пламен од алкохол заради прекумерна опиеност, на овој остров имам моќ. Се прашуваш зошто си празна таму каде си, се’ ти одзедов и те створив повторно. Сега си голем бран кој ме заплиснува, се нурнувам зошто е време да водиме љубов. Ме префрлаш страсно од еден бран на друг составени од тебе, долго време те бакнувам и не ми недостасува воздух, никој не сака прв да се повлече, ѕвездите веќе ни’ намигнуваат, а утро беше, се сеќавам. Ваква женственост е моќ, знам што е жена, те запознав. Никогаш нема да знаев дека сум маж да не знаев за тебе. Знам што е нежно недопрено со ниедна рака, знам што е сила, јас сум сила, допрена од најнежна рака и претворен во воден вулкан... |
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vojnata ne e zagubena
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
3 pati go procitav...i uste milion pati da go procitam nema da mi stane ni najmalku dosadno,so sekoe citanje se otkrivaat novi sliki i skrieni prikazni... volsebno zvuci... |
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
no comment............
|
|
apce
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... сега сум оној што сум и се што сум ти го должам занавек зошто никогаш нема да знаев кој сум. Брановите ме примија под свое откако им кажав дека сакам да те видам, ми дадоа облик на делфин и заедно запловивме додека папагалот стоеше на карпата и мрмореше зборови кои ги научи од мене затоа што често ги употребував кога бев незадоволен. Ми се придружи и делфинот на кој никогаш не му дадов име, изрипувавме од водата со голема брзина следејќи го правецот кон сонцето. Сонцето секогаш свети над тебе и затоа знаев каде си додека моќно ги совладував брзините, на китовите им го пресекував патот, изненадено се повлекуваа како и што им створив забуна на џиновскиот октопод и гусарскиот брод кои меѓусебно се бореа за територија на отворениот океан, ни безимениот делфин веќе не можеше да ме прати.
Ја преминував секоја можна водена брзина, почнав да лебдам над водата, експлозии од звук почнаа да грмат додека се приближував кон светлината која ја преставуваш, копното и неговите ѕидолики креации почнаа да се наѕираат, преку нив се простираше твојата светликавост како ѕвездена прашина, над тебе сонцето ме чекаше. Тунел од светлина пред мене се појави, ја прифатив и таа брзина, експлозии од звукови и бои ми го замаглија видот, но чувството ми беше непогрешливо, се’ што постоеше дојде до неговата највисока точка. Нешто подалеку до каде ти се простираше погледот, светот застана...и јас. Се слушна само уморната воздишка на времето и како снег почна да паѓа тишината врз светот. Ја видов бојата на тишината околу крајот на тунелот на светлината кој водеше до тебе. Само те гледав, не се приближував, сепак не бев дел од светот во кој постоиш. Светлини и бои се прикажуваа во секое твое движење, само околу тебе светот постоеше со сите сенки на кој им даваше живот. Во длабочината на твоите очи се наѕираше тага и кога ќе застанеше погледнуваше кон океанските далечини, не знаеше дека гледаш кон мене, само молчев и бев невидлив. Сенките те повикуваа и бараа, неуморно ги оживуваше, чамецот кој ти го дадов, скапуваше. Дури кога заспа во сонот ти пријдов. Заборави дека сонуваш, веднаш ме прифати како никогаш да не го напушти островот. Се’ беше тука како што беше, по секој бакнеж го изговарав твоето име, а ти моето, немаше тага во нашите очи, само искреа. Колку ги забрзував милувањата, твоето заспано тело се’ погрчевито ја туткаше постелата, се виткаше и изрипуваше како делфин од вода, а твоите движења и милувања ме претворија во непоколеблива светлина. Сите наши сетила спремно одговараа, се истражуваваме како што никогаш на јаве не би можеле. Ме впиваше до последна капка...и повторно...и пак... Во утрото петлите ги кукyрикаа нашите имиња, а ти изрипа од постелата и се загледа низ прозорот со треперливи усни и тело кое вибрираше заради будни и отворени сетила. Се загледа подалеку од таму до каде вообичаено ти се простираше погледот и виде нешто како облак од светлина кој гледа кон тебе. Облакот го изговори твоето име со звук наменет само за твои уши и исчезна во правец на далечините на океанот оставајќи зад себе експлозија на бои и звуци... Изменето од zbunet - 29.Август.2009 во 12:30 |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,како снег почна да паѓа тишината врз светот,,
колку е топол овој снег... |
|
Внеси реплика | страница <1 124125126127128 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |