IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 121122123124125 157>
Автор
Порака
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 18:13
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Каков злосторник сте според хороскопскиот знак?

Ова е листа подготвена од експерти, која ни ги покажува престапните страни на секој знак. Податоците се поткрепени со историски примери и статистики од апсењата на хороскопски знаци.
 


РАК
Крволочни животни

Криминални склоности: Ова е Хороскопски знак на криминално досие. По затворите лежат најмногу претставници на овој знак.

Истакнати Ракови: екс-претседателот на САД, Џорџ Буш помладиот, кралот Хенри VIII (оној со 6-те жени), овцата Доли (првата клонирана – родена е на 5-ти јули) и Мајк Тајсон (кој ги гризе противниците за ушите).

Преосетливи и нестабилни, тие се сторители на најжестоките злосторства. Обично вршат убиства од страст, не се задоволуваат само со еден труп и до жртвите остават некаков карактеристичен знак.

Место според апсењата: 1-во!




Хммм... свиркање
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 18:18
Се лоши криминалци,одма ве ловат.
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 18:36
Па дури и компјутери и интернет ни дозволуваат да користиме откако ќе не уловат хи, хи...
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 19:16

Знам на фејсбук ве следам.
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 20:09
Барем да напишеше кој е кој, вака преку решетки не можам да се препознаам плазење
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 20:11
И после самица да добијам,заради споделување на лични податоци јавно.
Тоа ти е рак нема осет за криминал.
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 20:11
Ќе ти го пуштам поштарот да ти заѕвони двапати хи, хи...
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 20:14
Јас си гледам кампањи на владата за штедење на струја,и исклучено ми е ѕвончето.
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 20:16
Значи си ја потпевнуваш онаа старата „Мамо, кој чука на порти“ газење од смеење
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 20:22
Цццццццц ако реков дека следам владини кампањи,
не значи дека и хомосексуалец ќе станувам.
Та на поштарот вака да му пеам,башка еден бркајлија ауууууу пу пу скраја.
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2014 во 20:23
Може човекот поддржува МОември смеење
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2014 во 18:38

ЗНАЦИТЕ ВО ХОРОСКОПОТ СЕ ДЕЛАТ НА ОНИЕ КОИ ЛЕСНО ЈА ПОДАРУВААТ СВОЈАТА ДОВЕРБА И ОНИЕ КОИ СЕ ТВРДИ КАКО ОРЕВ. ВО КОЈА ГРУПА СПАЃАТЕ ВИЕ?

7

Довербата е предност и маана во исто време. Таа постои во пријателството, емотивните врски, семејството, во работата… За жал, тешко е да ја добиете, но многу лесно е да ја изгубите.

Со оглед на тоа, знаците во хороскопот се делат на оние кои лесно ја подаруваат својата доверба и оние кои се тврди како орев.

Во која група спаѓате вие?

Овен

За Овните, довербата е неопходна потреба во животот. Без разлика дали се работи за доверба помеѓу партнерите или пријателите, тие веруваат. Овните секогаш се трудат да ја одржат на високо ниво и да не ја изгубат заради некоја безначајна ситница.


Бик

Биковите потполно се согласуваат дека довербата е неопходна и во секој критичен момент потребна им е барем една личност на која може да и веруваат. Довербата на Бикот се стекнува малку потешко, но сепак е возможна.


Близнаци

Близнаците попрво се здобиваат со доверба, пред да ја дадат својата. Познати се како личности кои со своите вербални способности знаат да ја изнудат истата. За жал, знаат често да ги изиграат луѓето кои им се довериле.


Рак

Раковите важат за најдоверливи луѓе. Во семејството, во пријателството или во љубовта, никогаш нема да ја коцкаат довербата која им е дадена. Верни се и сакаат цврсто да се држат до луѓето на кои им веруваат.


Лав

За Лавовите довербата е работа која многу тешко се дава, но лесно се стекнува. Само големите среќници ја имаат можноста да изградат доверба кај Лавовите. Сепак, кога ќе допрат до скриеното срце на Лавот, подобро е да останат таму.


Девица

Девиците не само што се скептични, туку и тешко ја поднесуваат довербата. Кога Девиците решаваат да ја подарат својата доверба, значи дека личноста била ставена на безброј тестови, процени и анализи кои несвесно успешно ги поминала.

Вага

Вагите сакаат кога постои доверба во врската. Тие постојано ја истакнуваат важноста на довербата, иако многу веројатно е дека Вагите први ќе скршнат од овој пат. Сепак, тоа го прават тајно и тешко дека некогаш ќе откриете дали ја изневерила вашата доверба.


Скорпија

Скорпиите се вистински тврди ореви кога се работи за довербата. Ќе мора да се потрудите со натприродни моќи за да ја добиете нивната доверба и уште повеќе за да не ја загубите. Затоа, подобро е да не ги изигрувате Скорпиите.


Стрелец

Стрелците се оптимисти кои се свесни дека не се луѓе за доверба, па често не сакаат да ја подаруваат ниту својата. Многу почесто тие добиваат доверба, но ја сметаат за обврска и одговорност, па се трудат вешто да ја избегнуваат.


Јарец

Јарецот тешко ја споделува довербата, без разлика за кого се работи. За нивната наклонетост ќе треба да се потрудите многу повеќе, а кога ќе ја добиете, обидете се да ја сочувате. Јарците не се добро друштво за луѓе кои лесно се откажуваат, па затоа само најупорните може да очекуваат доверба од нив.


Водолија

Водолиите веруваат во пријателите и тие им се најсветлата точка во животот. Ако Водолијата ја изгуби довербата во пријателите, се чувствува како да изгубила дел од себе. Исто така посебно ја ценат довербата која ја добиваат.


Риби

Рибите за жал се најлесно доверливи, па најчесто се и разочарани. Сакаат да веруваат во добрината на луѓето, па не си даваат време за реална проценка. Затоа Риби, нареден пат внимавајте на кого се потпирате!

Колку лесно ја подарувате довербата?





Изменето од Valerija - 04.Декември.2014 во 18:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2014 во 09:37

ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ КОЈА ОД НИВ ЌЕ ВИ ГО СВРТИ ПАМЕТОТ И КАКО

19

Овен
Жените Овни можат да бидат вистинска досада за мажите. Доколку фрли око на несреќникот, а на него  му се случи да одбие женска понуда, тогаш таа навистина физички се наметнува. Едноставно таа мора да го добие она што го сака. Своите закани лесно ги остварува бидејќи неретко овие жени се со машка градба, широки рамена и тесни колкови. Нејзиниот стил е агресивен, а пристапот директен. Таа сака да го има, а посебно ќе биде среќна ако таа прва го направи.

Бик
Долго ќе мудрува и ќе крои планови како да го заведе. За таков чекор најчесто се одлучуваат разведените или на оние кои бракот не им овозможува среќа и задоволство. Ќе го запримети во рестораните или слаткарниците каде ќе свати дека тој е вистинскиот човек за неа. Упорно од ден на ден ќе му биде се поблиска, а тој ќе почувствува така одеднаш дека нечии нови раце го милуваат.

Близнаци
Овие жени многу зборуваат и со својата елоквенција во состојба се да го завртат скоро секој маж. Се разбира нивниот неодолив шарм нема да запали ,на пример кај сериозниот и карактерниот Јарец,  но затоа сите други може лесно да ги улови. Тие се толку уверливи што можат да направат мажот да заборави како се вика, со денови да ги чека дома, а мораат да одат на некој состанок и на крајот со малку зборови да завршат во неговите прегратки.

Рак
Од овие жени едноставно не треба никој да се плаши. Ретко се случува жената Рак да почувствува потреба на некого да му се наметнува. Доколку тоа и го направи тогаш страда нејзиниот сопруг. Тоа толку ретко се случува да воопшто сопругот на жената рак не треба да се плаши. Желбата за наметнување ќе му остане исклучиво во нејзината фантазија. Таму таа редово на некого му се наметнува и го малтретира се додека не го види во реалноста, тогаш за кратко се предомислува.

Лав
Кај има бука и галама таму ќе ја најдете и Лавицата. Неа одма ќе ја препознаете бидејќи ќе биде одговорна за тоа. Доколку одговарате на нејзините замисли и покажете само малку интерес-готови сте. Нејзиниот силен сексуален нагон и желбата да владее со мажите ќе ја запечати вашата судбина. Освојувањето ќе биде агресивно, а тоа ќе и прави големо задоволство.

Девица
Овие жени имаат попаметни работи отколку да бркаат мажи. Таа е мирна и ладна и само понекогаш мала искра на еротика и страст ја заигрува нејзината душа. Доколку се случи тоа, Девицата сигурно претходно ќе пресмета дали и се исплаќа да превземе таков чекор. Доколку пресметките и се исплаќаат тогаш преминува во акција. Нејзиниот стил ќе биде циничен, а за евентуалниот неуспех, се разбира ќе ги обвини другите.

Вага
На овие убавици не им е тешко да освојат било кого. Во прашање е само времето и количината на шминка која треба да ја употребат. Секако дека е важен и вербалниот фактор, но тоа и не е така пресудно. Тие постојано ќе мерат дали тој е доволно добар или има некој уште подобар. Кога таа ќе се подготви за напад, нападот може да се спречи само со бегање.

Шкорпија

Страствени се и секогаш желни за љубов. Освен што редовно на некого му се наметнуваат тоа тие го прават редовно и на тие кои се под нејзина контрола. Кога таа ќе му го фрли окото на некого шансите за бегство се минимални. Агресивноста и борбата ќе бидат пропорционални во однос со состојбата на неговата сметка. Напаѓа експлозивно и незгодно, а особено е опасна за оние кои ќе и се спротивстават.

Стрелец
Жените Стрелци имаат посебна техника на пристап кон мажите. Тие се отворени и пријателски расположени кон секого, без разлика дали повеќе или помалку му се допаѓаат. Доколку мажот го прифати фактот дека нејзиното деколте е премногу отворено, а нејзините нозе препровокативни, а уште ако се почувствува заведен, тоа е само негов проблем. Доколку таа навистина посака да го има едноставно ќе го зграпчи.

Јарец
Овие жени не знаат што е тоа наметнување, ваквите афинитети ги користат на други места. Тие се верни и редовно несреќно се заљубуваат. Но, понекогаш и таа може да почувствува потреба за лов. Во своите настојувања знае да биде досадна и упорна, а покрај тоа што сака да го искористи, ќе ја весели и тоа, што ќе му ја растури врската. Вистинско задоволство и е да гледа како жртвата и објаснува на својата жена каде бил  вчера.

Водолија
Овие жени лесно можат да го добијат мажот кој ќе го посакаат. Нивниот шарм и неконвенционалното однесување лесно ќе ја намамат жртвата, а потоа само со малку тактика ќе ја донесат до крајот. Се започнува како добро пријателство и симпатично дружење, да со време целиот случај заврши во кревет.  Кога дечкото тоа ќе го свати веќе ќе биде касно.

Риби
Рибите се навистина посебни, ретки се оние кои во нив немаат најдено ништо привлечно. Многу мажи и се приближуваат, таа со сите со задоволство се дружи и секогаш постои иницијатива. Ретко сама тргнува во акција бидејќи во меѓувреме полна е со фантазии и сонови. Но доколку на тоа се одлучи, доволно е да види само добар автомобил и да ја промени одлуката. Ваквата состојба често може да трае и долго.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2014 во 09:39

ЕВЕ ШТО ВЕЛАТ ЅВЕЗДИТЕ: ДАЛИ ОВАА ГОДИНА ВЕ ОЧЕКУВА НЕКОЈА НОВА ИЛИ МОЖЕБИ СТАРА ЉУБОВ?

10

Еве што велат ѕвездите..

Астролошките симболи на љубовта, комуникацијата, моќта и харизмата, Венера, МерК*р, Плутон и Сонцето во знакот на Јарец, на секој му донесуваат по нешто, нова љубов, стара симпатија, но и принова.

Овен

Вашата духовитост, спонтаност, а посебно вашиот непреминлив дрски шарм, оваа зима доаѓа до израз.  За вас може да се заинтересира некоја постара, доминатна личност, која ја познавате преку работата или ќе ве заинтересира средбата со старата симпатија.

Бик

Вашиот лежерен став оваа зима секако ќе биде во прв план, посебно ако планирате одмор во некој планински амбиент во странство. Со домашно вино и домашна трпеза, вашето внимание може да привлече една многу шармантна личност или некој кој доаѓа од друг град.

Близнаци

Вашата популарност кај спротивниот пол ве води кон нови љубовни доживувања. Лесно стекнувате познатства, сјаете со духовитоста и неодоливиот шарм, па на некоја забава, можно е на роденденска, можете сјајно да си поминете во друштво на харизматична личност.

Рак

Вашиот префинет сензибилитет доаѓа до израз во некој ресторант покрај река, каде на прв поглед можете да се заљубите во многу атрактивна личност. Доколку сте во зрелите години, партнерот ви спрема некое изненадување, а ако сте млади, можно е зголемување на семејството.

Лав

Со елегантната појава и вродениот магнетизам предизвикувате внимание на спротивниот пол, каде и да се појавите. На некоја забава, во луксузен ресторант или домашна забава, веројатно ќе се обиде да ви се приближи една харизматична, но најверојатно зафатена личност.

Девица

Иако ве бие глас дека само работите, сепак оваа зима ќе најдете начин да се опуштите. Мноштво планети во астролошкото поле на љубовта , може во животот да ви донесе личност со која можете да влезете во долга врска, па дури и брак. Ако сте зафатени, можно е зголемување на семејството.

Вага

На некое семејно собирање, во пријатна атмосфера во вашиот или домот на некој член од семејството, вашата елегантна појава може да привлече внимание на личност која ќе се потруди да ве освои. Доколку сте зафатени, ве очекуваат пријатни заеднички моменти со саканата личност.

Шкорпија

Било да сте млади или во зрелите години, елегантни сте и заводливи па како магнет го привлекувате спротивниот пол. Ако патувате, на некоја забава ве очекува средба со стара симпатија или личност од која ве дели разлика во годините.

Стрелец

Секогаш отмени, лесно воспоставувате контакти и стекнувате познатства. Нема тема за која не може да се зборува со вас. Во друштво на пријатели, дома или во некоја кафеана, можете да ја запознате личноста која ќе даде се од себе за да ве освои.

Јарец

Иако ве бие глас дека многу работите и вие знаете да уживате. Духовити сте и имате став. Добрите пријатели можат да ве повикаат на некој весел собир , на кој меѓу многубројните покани, веднаш ќе забележите една заводлива, маркантна личност.

Водолија

Вашиот лежерен став и автентична појава, не можат да останат неприметени, каде и да се појавите. На некој музички настан, концерт и роденденска прослава, можете лесно да станете “плен” кој секој ќе сака да го освои.

Риби

Вашиот тивок шарм никој не остава рамнодушен. Ако сте дама, во романтичен амбиент на некој ресторант покрај вода, ве очекува познатство со многу маркантна  и доминантна личност. Ако сте маж, можете да сретнете некој кој некогаш ви бил многу драг.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 121122123124125 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.