IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Прилеп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прилеп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 120121122123124 131>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 13:44
није музика битно толико колико че ти се пиење погоди 
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 13:53
Ако дајте спиење че има и пиење.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 17:36
Има ли пиење не битно до која ќе има спиење !
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 17:40
Многу оптимистички ти ова со спиењето.

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2014 во 22:53
I dodeka nie se spremame za pivo fest i nagolemo rasfrlame pari po zvezdi i zvezdicki ginekoloskiot del od bolnicata vo Prilep se zatvara.Nemale pari fda gi plakaat lekarite koi doagjaa od Bitola(posto onie koi bea od Prilep bea politicki nepodobni i ispusteni od rabota)
Prilepcankite od sega ke se lecat vo Bitola
sori so vi rasipuvam film za pivo festot so losi vesti ama mislam deka e red da se znae

p.s
welcome to pivo fest 
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2014 во 09:48
Па епа епа македонче...
Тие "подобните" побрзаа Скопје да дојдат,
а сега може и во Ливерпул ќе фатат.
Но секако нема да заборават да лицемерно
памет Ви делат за трето дете.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2014 во 23:59

Не е можна ваква катастрофа..изненадување

Пивофест 2014: 17.07 – 20.07

Програма на главна сцена:

Четврток, 17-ти јули 2014

  • Joke (Франција)
  • Тијана Дапчевиќ (Македонија)
  • Тамара Тодевска (Македонија)
  • The Toasters (САД)
  • DJ Nas­tia Zoloto (Украина)
  • First Enter­tain­ment (Хрватска)

Петок, 18-ти јули 2014

  • Фолклорно друштво од Австралија
  • Игор Џамбазов (Македонија)
  • Владо Јаневски (Македонија)
  • Хладно Пиво (Хрватска)

Сабота, 19-ти јули 2014

  • Фолклорно друштво од Австралија
  • Ефто Пупиновски (Македонија)
  • Тони Цетински (Хрватска)
  • Хелена Розга (Хрватска)

Недела, 20-ти јули 2014

  • Маид Хачимовиќ (БиХ)
  • Модна ревија на Васидора
  • Емина Јаховиќ (БиХ)
  • Жељко Самарџиќ (Србија)
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2014 во 22:48
Еве и официјална покана до сите форумџии и форумџики да не посетат и да уживаат во богатата музичка програма и големиот избор на пиво и скара големо гушкање


Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2014 во 22:54
А кој сака во околината на Прилеп, нека повели викендов. среќа
Јас ќе бидам таму, ако некој сака да частам кафехи, хи...




„Пеце Атанасоски“ година ќе ечи на Рудина кај Долнени



Годинешното јубилејно издание на фестивалот на народни инструменти и песни, „Пеце Атанасоски“ ќе се одржи на 3, 4 и 5-ти јули. Според информациите од локалната самоуправа на општина Прилеп којашто и финансиски го поддржува, фестивалот ќе почне во четвртокот на 3-ти јули, вечерта во 20 часот, кога на летната сцена во Прилеп ќе биде промовирана монографијата посветена на јубилејот. А,следниот ден напладне во галеријата од центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе се одржи трибина на тема: „Форми и содржини за презентација на изворниот фолклор“. Вечерта на Рудина кај Долнени, ќе се одржи првата фестивалска вечер, со настап на бројни инструменталисти и вокалисти, кои се натпреваруваат за престижните награди, на оваа единствена од овој тип манифестација во државата. И во саботата на 5 јули, во 11 часот пријавените учесници ќе изведат свои точки на три локации во центарот на Прилеп. Натпреварувачкиот дел од фестивалот ке заврши вечерта повторно во Долнени, кога и оценувачката комисија ќе ги додели наградите по категории.

„Годинава фестивалот се враќа повторно на Рудина кај Долнени, бидејќи добивме ветување од градоначалникот Боше Милошески дека се направени подготовки, со цел манифестацијата да се одржува и натаму на автентична сцена. Фестивалот одбележува значаен јубилеј, сепак досега останаа многу нереализирани проекти, кои и натаму стојат во фиока, но се надеваме дека во иднина, ќе се создадат услови за нивно остварување. Она што недостига секогаш се пари“изјави директорот на фестивалот Весна Вучиќ.

Секоја година според Вучиќ фестивалот од Министерството добива по 400.000, а годинава 100.000 денари повеќе, за одбележување на јубилејот. Но, оваа сума не е ни половина од потребните милион денари,кои се услов за да се реализираат проектите, со кои фестивалот ке го добие местото што го заслужува, бидејќи и досега има значајна улога во промоција и негување на изворната македонска музика, инструменти,песни кои се всушност код на македонската нација.  

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2014 во 08:18
 
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2014 во 21:48
ebago
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2014 во 15:56
Еден од моите омилени  прилепчани


Ѓорѓијоски: Дури и во тиранија кралот плаќал шут кој дрско го критикувал

  • share
  • < border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1404741128709" name="I0_1404741128709" ="https://apis.google.com/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&origin=http%3A%2F%2Fnovatv.mk&=http%3A%2F%2Fnovatv.mk%2Findex.php%3Fnavig%3D8%26vest%3D15248%26cat%3D22&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.DCeiRPv9AKA.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Ft%3Dzcms%2Frs%3DAItRSTNNGcNuZJPl3ZA3S7QNP1Jz2NXuLg#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce&id=I0_1404741128709&parent=http%3A%2F%2Fnovatv.mk&pfname=&rpctoken=35480966" -gapiattached="true" title="+1" style=": static; top: 0px; width: 90px; margin: 0px; border-style: none; left: 0px; visibility: ; height: 20px;">
  • < id="twitter-widget-0" scrolling="no" border="0" allowtransparency="true" ="http://plat.twitter.com/widgets/tweet_.1404409145.#_=1404741128540&count=horizontal&id=twitter-widget-0&lang=en&original_referer=http%3A%2F%2Fnovatv.mk%2Findex.php%3Fnavig%3D8%26vest%3D15248%26cat%3D22&size=m&text=%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D1%98%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8%3A%20%D0%94%D1%83%D1%80%D0%B8%20%D0%B8%20%D0%B2%D0%BE%20%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%BB%20%D1%88%D1%83%D1%82%20%D0%BA%D0%BE%D1%98%20%D0%B4%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%BE%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%BA%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BB&=http%3A%2F%2Fnovatv.mk%2Findex.php%3Fnavig%3D8%26vest%3D15248%26cat%3D22&via=NovaTvMk" ="twitter-share- twitter-tweet- twitter-share- twitter-count-horizontal" title="Twitter Tweet " -twttr-rendered="true" style="width: 110px; height: 20px;">

од Зоран Милошески, НОВА | објавено на: 07-07-2014 13:38:37

Владимир Ѓорѓијоски е актер и член на ансамблот при Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Роден е 1977 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во 2001 г. во класата на професор Владимир Милчин. Играл во педесетина театарски претстави, како и во 6 телевизиски и еден игран филм. 

На МТФ „Војдан Чернодрински“ бил наградуван 4 пати: во 2002 за најдобар млад актер, во 2010 освоил колективна награда за кореографија и сценски движења, а во два наврата, во 2005 и 2014, освоил награда за рекламен материјал. Во 2011, како дел од актерската екипа на прилепскиот театар на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, ја освоил колективната награда за актерска игра.

Вниманието на пошироката јавност Ѓорѓијоски го сврти со претставата „Швејк во Втората светска војна“, работена по текст на Бертолт Брехт. Претставата ја обработува темата за бесмртноста на тиранијата и за неуспехот на човештвото да ја разобличи ултрадесничарската идеја. Покрај насловната улога, Ѓорѓијоски е асистент на режијата, драматург и автор на рекламниот материјал.

За фестивалот, за „Швејк...“, за наградите, за состојбите во културата и општеството разговаравме со Владимир Ѓорѓијоски. 

НОВА: На неодамна завршениот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, прилепскиот театар со „Швејк во Втората светска војна“ освои две награди, за машка епизодна улога и за плакат. Дали е тоа максимумот кој го заслужи претставата? 

ЃОРЃИЈОСКИ: Како прво, нема потреба од никакви награди. Штета што фестивалот е доведен до ова ниво, бидејќи јас оваа професија ја засакав токму заради него. Знам колку ентузијазам се има вложено во фестивалот, а гледам дека тој некако го губи здивот, ја губи душата.

Нашиот театар освојувал многу награди. Така беше и минатата година со „Змејовата невеста“, после што претставата повеќе не се одигра!
Не сакам да биде сфатено како знак на љубомора, но на музичките фестивали се делат награди од 20-25.000 евра, пари кои за нашиот театар се повеќе од половина од годишниот буџет. И сега, ако истото тоа Министерство не може на победничкиот театар да му додели средства со кои следната година би направил една претстава повеќе, тогаш навистина не ја гледам смислата на наградите.

Од друга страна, се наградуваат претстави за да се оправдаат нивните високи буџети. Притоа нема аршин. Како да споредуваш претстава која е направена со 600.000 денари и друга за која се потрошени, вулгаризирам, 600.000 евра? Никој не знае колкави суми се вложуваат во претставите, но тоа се гледа од самата продукција. Се мешаат баби и жаби и се обезвреднуваат и заслужените награди. 

НОВА: Нема да те прашам што ти значи наградата за најдобар плакат, односно рекламен материјал, туку дали ја заслужи?

ЃОРЃИЈОСКИ: Ха-ха-ха! Тоа ќе треба да го прашате жирито. Што се однесува до наградата... И претходно на фестивалот сум добил награда за рекламен материјал, меѓутоа, многу е чудно што годинава добив награда за плакат кој не е оригинален, поточно е преработка на преработката од оригиналот! 

НОВА: Токму на тоа мислев кога те прашав дали наградата е заслужена. На социјалните мрежи кружат разни приказни за плакатот, но малкумина ја знаат вистината. Ајде да ја расчистиме дилемата?

ЃОРЃИЈОСКИ: Па вака. Плакатот е плагијат, а всушност не е плагијат, бидејќи не е земен „копи-пејст“, туку е преработен. Ова е втора преработка на плакатот. Оригиналот го направил Рихард Клајн во 1936 година, во чест на роденденот на Адолф Хитлер. Првата „реплика“ во 1987 ја направиле Словенците од „НСК“, кога во тогашна Југославија бил објавен конК*рс за идејно решение на плакатот за штафетата на младоста. Тоа е истиот оној плакат кој е поставен дури и во нашиот Национален музеј, каде во целост е изваден од контекст.


наградениот плакат

словенскиот и германскиот плакат

НОВА: „Вечната куќа“ на МНТ ги собра речиси сите награди на најважниот македонски театарски фестивал. Беше ли претставата толку супериорна во однос на останатите, или пак другите театарски куќи не беа на потребното ниво? 

ЃОРЃИЈОСКИ: Секој коментар на оваа тема може да се сфати дека имам нешто против одлуките на жирито. Но не е така. Реков и претходно, наградите се потполно неважни. Жирито веројатно ќе ви даде свое образложение за наградите. Она што јас се прашувам, е во каква конК*ренција победи „Вечната куќа“? Со кого се натпреварува МНТ? Со прилепскиот Центар за култура? Со театарот од Тетово кој е формиран пред 6-7 години и со кој немаат никакви блиски параметри за вреднување? Би бил среќен кога претставата би освоила награди во конК*ренција на престижни меѓународни театарски куќи. Факт е дека државата треба да има национална културна установа која ќе биде нејзин достоен репрезент. Но многу ме интересира како ќе се снајдат во една ситуација кога би требало да направат претстава со 1 милион денари, сума која нас ни стои на располагање за една премиера? Ако треба да се оправдаат парите кои се вложени во неа, тогаш претставата веројатно требаше да ги освои сите награди. 
Би сакал за „Вечната куќа“ да разговарате со актерите кои учествуваат во претставата, особено со некој кој бил наградуван и пред 10, 15 години. Дали оваа награда исто им значи како и претходната? Бидејќи има години во кои претставата која била, условно кажано, петта според квалитетот, била подобра од победничката претстава од некоја друга година. Затоа велам, сѐ е релативно. 

НОВА: Не е прв пат во рамките на фестивалот некоја претстава да се игра во друг град. Но никогаш досега немало случај публиката организирано, со 12 автобуси, да се носи да ја гледа претставата?

ЃОРЃИЈОСКИ: Мене ми се допадна идејата публиката да се однеси во новиот објект на МНТ, бидејќи зградата е семакедонска. Ова беше убава прилика прилепчани да видат како изгледа старо-новиот театар. Меѓутоа, селекторот ја има одговорноста за изборот на претстава која од техничка причини не може да се прикаже на фестивалската сцена. Следната година веројатно и театарот од Велес нема да има услови да ја прикаже својата претстава во Прилеп, бидејќи и тие имаат нова сцена, која патем речено, многу ми се допаѓа бидејќи е направена баш за театар. Што ако и другите театарски куќи речат дека претставите им губат на квалитет бидејќи не се играат на матичната сцена? На тој начин се доведува во прашање рамноправниот третман на театрите и повторно се отвора прашањето на нивната релевантност. 

Додека постои човекот, ќе постои некојси Хитлер над него, кој ќе „размислува“, „гради“, „освојува“ во име на народот. Швејк би рекол: „Народот секогаш стои зад својот лидер, тоа не може да се одрече“. ...

НОВА: Почнувајќи од ланската премиера, па сѐ до последниот пат кога беше одиграна на театарските игри, „Швејк...“, наиде на одличен прием кај публиката. Меѓутоа многу ретко во медиумите можеше да се прочита нешто за неа, а уште поретко претставата да се види на редовниот репертоар. Зошто е тоа така?

ЃОРЃИЈОСКИ: Генерално, не остана медиум или емисија за театарот или уметноста, каде може да се чуе вистинска критика. Тоа во Македонија не постои. На театрите критиката им е неопходна, бидејќи за да може да гостува на некој фестивал во странство, на претставата ѝ требаат барем 2-3 рецензии. Селекторот мора да има на што да се повика, да не испадне дека изборот бил негова лична желба. 
Зошто претставата се играше толку ретко? Факт е дека за „Швејк...“ имаше голем интерес. Секаде во светот театарската сезона почнува во септември и трае до почетокот на летото. Бидејќи публиката оди на театар во зимските месеци, не во лето. За да одржиме претстава во декември, логично е дека треба да се набави нафта во ноември. Кај нас, законската регулатива за објавување тендери е таква каква што е. Додека поминат сите рокови, додека да стигне нафтата, театарската сезона останала зад нас. Затоа во последниве 2-3 години не сакајќи ги паузираме месеците кога публиката доаѓа во најголем број. 

НОВА: Прилепската публика претставата ја доживува како директна алузија на времето во кое живееме. Има ли политика во „Швејк...“? 

ЃОРЃИЈОСКИ: Самиот Брехт се декларирал како автор кој се залага за политички театар. Би било глупаво да се поставува негов текст на сцена, без да се има тенденција да се говори за современата локална, но и глобална политичка ситуација. Историјата, за жал, ни потврдува дека секогаш ќе живееме во тиранија, бидејќи самите се храниме од неа. Додека постои човекот, ќе постои некојси Хитлер над него, кој ќе „размислува“, „гради“, „освојува“ во име на народот. Швејк би рекол: „Народот секогаш стои зад својот лидер, тоа не може да се одрече“. 
И затоа кај народот секогаш треба да се бара одговорноста за постапките на водачот. Кога маса на луѓе ќе ја пренесе моќта на еден човек кој ќе одлучува во нивно име, вака или онака, станува тиранија. Дали е комунизам или демократија, дали е Цезар, Наполеон или некој друг освојувач, смислата и идејата се исти. 




НОВА: Го разбра ли публиката тоа што режисерот и актерската екипа сакаа да ѝ го кажат?

ЃОРЃИЈОСКИ: Мислам, да. Мартин (Кочовски) има направено неколку храбри потези во претставата. Додека ја правевме, зборувавме за тоа колку разбирливо, колку чисто е направено она што сакаме да го прикажеме. Мислам дека во претставата се вградени премногу назнаки, така што човек не може да излезе од салата и рече „не разбрав што се случува“. 
Ние се трудиме да направиме една илузија. Крајот на „Швејк...“ е секогаш различен. Досега претставата ја одигравме 13 пати, и таа заврши на 13 различни начини. Секогаш се договараме што е она што Швејк, односно Владимир Ѓорѓијоски, во тој момент го мачи и сака да го каже. Бидејќи Швејк никогаш не го премолчува тоа што го мисли, го кажува без навреда и без намера од тоа да поентира.

НОВА: Од тие 13 претстави, колку пати Владимир Ѓорѓијоски излезе да се поклони пред публиката?

ЃОРЃИЈОСКИ: Па излишно е да се поклонувам! Тоа не е гест затоа што не ја ценам публиката, туку мислам дека после она што ќе го кажам на крајот, не можам да бидам лицемерен и да се поклонам. Токму затоа на публиката ѝ велам дека аплаузот е непотребен. На кого му аплаудираат? Себеси или на другите? Она што го кажува Швејк е „размислете“. Ништо повеќе. Не заземаме страна, не велиме „не чини ова“, туку дали тебе како гледач ти е убаво? 
Кога ја работевме претставата, имавме на ум дека таа ништо нема да смени. Еве, дури и повеќе воопшто да не се игра, мислиш дека ќе има протести заради тоа? Ќе излезат 5-6 души, ќе кажат нешто и - толку! 

НОВА: Неодминлив е впечатокот дека во последниве неколку години македонските театри останаа затворени во овие наши простори. Зошто е така? Може ли на тој план државата нешто да смени? 

ЃОРЃИЈОСКИ: Секаде во светот фестивалите се скапа работа. Главната улога ја имаат продуцентите кои кај нас, искрено кажано, се многу затворени. Од ред причини. Друго било пред 30 години, кога Драмски театар гостувал секаде во светот. Сега тие контакти се прекинати. Еднаш да отидеш на некој фестивал, некој ќе те види и ќе те повика на друг фестивал. Обично организаторите на фестивалите гледаат да поминат поевтино, па ќе поканат претстава со помалку луѓе. Двајца, тројца, петмина. Зависи кој ги плаќа трошоците. 
Постојат многу начини на кои државата може да стори нешто на тоа поле. На пример, секоја година Министерството во некој од големите светски градови организира денови на македонската култура. Ако на „Војдан Чернодрински“ се прикажува најдоброто од нашите театри, зошто тогаш не би ја повикале победничката претстава да гостува таму, туку се носат претстави одбрани според некои други критериуми? Затоа велам дека фестивалот го има изгубено своето значење.

Дури и во тиранијата, кралот плаќал шут кој имал дозвола да го каже својот став за кралот, па макар бил и дрско критичен...

НОВА: Може ли да се каже дека состојбите на „Војдан Чернодрински“ се рефлексија на општата клима во македонската култура?

ЃОРЃИЈОСКИ: Па веројатно! Ако се ова најдобрите претстави од годишната репертоарска политика, тогаш значи дека ова е максимумот од нашата театарска уметност. 

НОВА: Многу се полемизира околу прашањето на слободата на изразување на уметникот? Оправдано или не? 

ЃОРЃИЈОСКИ: Тоа зависи од уметникот. Никој не може да ти го забрани тоа што го сакаш. Еве на пример, секогаш на крајот на претставата кажувам работи кои во тој момент биле болни за нашиот театар. И никогаш после тоа ништо не се случило, немало никакви последици. Она пострашното е што постои самоцензура, Ако уметникот се плаши некоја работа отворено да ја каже, тогаш е завршено со него како со уметник. Ставот на уметниците секогаш треба да биде насочен кон општествените текови. 
Кај нас никој нема доблест критиката да ја сфати добронамерно и да се обиде барем малку да се подобри. Во секое демократско општество власта треба да биде менлива категорија. Дури и во тиранијата, кралот плаќал шут кој имал дозвола да го каже својот став за кралот, па макар бил и дрско критичен. Уметникот мора да има став за она што се случува во неговото опкружување и тоа мора гласно да го каже. 

НОВА: Последниве неколку години прилепскиот театар, во квалитативна смисла, бележи огромен исчекор напред. Што е тоа што ви недостига да бидете „голем“ театар?

ЃОРЃИЈОСКИ: Ха, ха, ха, многу работи. Многу работи. Ние имаме ентузијазам да правиме големи нешта. Доволен показател дека во нашиот театар има клима за работа, е што големи режисерски имиња изразија желба да работат со нас. Тоа е доволен показател дека ние се трудиме да направиме театар. Е сега, објектот во кој работиме е приказна за себе иако, пак ќе речам, театарот е идеја, а не зграда. Кога би имале нова зграда, би функционирале на поинакво ниво. Повисоко или пониско, не знам, но во секој случај, поинакво. Затоа ми се чудни изјавите од типот „имаме нов театар“. Немаме нов театар, имаме нова зграда! МНТ не е нов театар, МНТ доби нова зграда. Оти за мене, ансамблот е театарот!


Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2014 во 00:00
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2014 во 08:59
Не дека ќе одев јас...Ама ај викам убава вест да ѕирнам.
Бесплатен возот за оние до 26 години.
Кој ги измислува овие работи,и што ли му се мота низ глава.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 120121122123124 131>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.