IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 18>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 13:05
Нема друга опција освен прво место

Македонскиот сениорски тим последните два тренинга пред стартот на квалификациите ќе ги одработи во салата каде што ќе се играат натпревари, во Адана.

Машкиот тим вчера отпатува за Адана, а на 15 месецов ќе го има првиот квалификациски тест од новиот циклус. Литванија е противник на македонскиот состав, ден подоцна силите ќе ги одмериме со организаторот на групата, репрезентацијата на Турција.

Новоизбраниот селектор Љубомир Савевски нема да го има на располагање идеалниот тим, но ги има клучните играчи и состав со кој има само една опција - првото место и пласман во финалните квалификации.

Од играчите кои ги посакуваше, Савевски нема да ги има Димовски, Ѓоргоноски, Стојановиќ, Ангелов, Ангеловски, Пецаковски...

Ако малку подлабоко се анализира, ќе видиме дека овој состав е многу сличен на тимот кој играше на Светското првенство во Хрватска. Брестовац или Митревски место Ангелов, Златко Мојсоски и Милан Левов место Александар Јовиќ и Гоце Георгиевски и Стојан Стоилов и Левко Наумоски место Горан Ѓоргоноски и Ванчо Димовски.

Позициите кои ја креираат играта, бековската линија, останува сосема исти. Стоилов, Маркоски, Филип и Кирил Лазаров, Миркуловски и Мојсоски. Сето тоа минус Макалоски.

"Тие повреди ќе се одразат малку на нашиот тим. Гледавме доста снимки од натпревари на Литванија и на Турција и мислам дека добро ќе бидеме подготвени за тие два натпревари. Ние имаме подобар рејтинг од двата противника, но доколку си дозволиме луксуз да ги потцениме, тогаш ќе имаат и тие свои шанси. Ако одиграме максимални сто насто, така како што знаеме во одбраната и стрпливо во нападот, би требало да се пласираме. Но, сепак, со доза на резерва и со доза на внимателност ќе патуваме за Адана. Ќе се обидеме на двата тренинга кои ќе ги имаме таму да ги довршиме работите кои ги работиме овде. Што треба да се игра во напад, што во одбрана и мислам дека 100 насто подготвени ќе го дочекаме стартот на квалификациите. Се надевам дека в недела од Адана ќе се вратиме како победници", изјави најискусниот репрезентативец Стевче Алушевски.

Со ваков состав Македонија сосема успешно парираше на европските велесили, да не споменуваме дека ги победивме Русија, Полска и Јужна Кореја.

Литванија и Турција не би требало да бидат пречка пред која би потклекнал овој тим, посебно затоа што и самите играчи знаат колку штетно би се одразило на нив самите да ги нема во ниту една комбинација до наредните квалификации, плус пад на рејтингот (што носи потешки противници во следниот циклус) итн. Токму на ова и се темели комплетната внимателност во изјавите на македонските играчи. Влогот е голем, улогата на фаворит носи притисок кој не би требало, односно смеело да е проблем. Едноставно, треба таму, во Адана, да се одигра на ниво и да се потврди тоа што сите го знаеме - дека Македонија има посилен ракометен тим од Литванија и Турција.

Литванците имаат тим кој на овие квалификации нема што да загуби. Релативно непознат тим на легионери кои главно печалат во послабите и просечните шпански клубови.

Нивните голмани се нивното најсилно оружје и најубаво би било Македонија на овој меч посебно внимание да обрне на својата одбрана за да овозможи ситуација да се постигнуваат лесни голови и да се неутрализираат нивните чувари на мрежата.

Турција е веќе познат тим, играат помалку диво, недостигот од техничка-тактичка природа се обидуваат да го надополнат со инспирација. Многу лесно паѓаат доколку противникот им направи разлика, но никако не смее да се дозволи да се растрчаат да го подигнат нивото на играње на тензичност, на еуфоричност. Доколку се игра бавно, доколку се држи топката колку што е можно повеќе во посед, тогаш нема ни да можат да ја направат хаотична играта, што, секако, им одговара како домаќини, бонус во таква (бавна) игра се гледа секој фаул, се гледа евентуална груба игра и тие не би можеле да профитираат од домашниот терен на начин на кој секако би посакувале.

Македонија има одбрана која може да го одигра тоа што треба со Литванија и со Турција, а нападот во кој се Кирил Лазаров и Наум Мојсоски, не би требало да има проблем со дефанзивните формации на овие два тима. Единствено што би можело да ги спречи нашите играчи во своите намери се тие самите. Не бидат ли на вистинско ниво, не ја задржат ли концентрацијата и дисциплината во играта, ќе им дадат можност на противниците да ја видат и бркаат својата шанса, а тогаш е многу потешко да се игра и секој резултат би бил можен.

Судиите се од Германија и штом не се викаат Мете и Мете, тогаш нема премногу причини да се сомнева дека нема да биде се како што треба. Тоа што Турците побараа нереална сума за ТВ пренос, може да се протолкува дека не сакаат сигналот да дојде до македонските гледачи, што барем кај нас се практикува кога нешто не треба да се види. Не мора да значи, но внимателност во овој поглед никогаш не е вишок.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 12:14
Победа за чекор до бараж

Денеска, со почеток во 15 часот (16 по локално) репрезентацијата на Македонија ќе го има првиот чекор на патот кон бараж за Светското првенство во Шведска во 2011 година. Во Адана, Турција, противник на македонските репрезентативци ќе биде селекцијата на Литванија, која ќе биде показател за можностите во овие квалификации.

И покрај тоа што Савевски не можеше да смета на сите ракометари на кои планираше во овие квалификации оптимизмот не е намален. Пред заминувањето беше кажано дека во овие дуели ќе се влезе со ладни глави и дека и двата противника се респектираат максимално така што се ќе биде во најдобар ред.

"Сите ракометари се чувствуваат одлично и се подготвени за она што претстои денеска и утре во Адана. Атмосферата е одлична и се е насочено кон тоа како да се добијат двата меча и да се обезбеди пласман во баражот", информираше генералниот секретар Марјан Начевски, кој на овие квалификации е задолжен за техничкиот дел.

Македонија се наоѓа во најнезгодна положба од сите селекции бидејќи нема да може да ги види на дело противниците и да игра против нив. Денеска се излегува на терен против Литванија без да се види на дело ривалот. Тоа и не е некој голем проблем бидејќи на почетокот на средбата ќе се види силата на Литванците, а доколку ја прикажат играта од дуелите со Белорусија не би требало да биде проблем бидејќи овие дуели веќе се анализирани и за тоа ќе има против игра.

Ќе биде тешко сигурно и утре кога се игра против Турција, селекција која ќе може да ги следи противниците денеска, па потоа да игра против нив.

Сепак, и покрај се денеска се очекува Македонија да прикаже игра како што следевме и минатиот јануари на Мундијалот во Хрватска. И тогаш се играше на туѓ терен, а беше прикажана игра во која се влегува со многу голем мотив. Се играше со срце, со голема желба и тоа носеше резултати. Нема причина зошто да не биде и сега вака и да не се прикаже најдоброто на теренот.

Селекцијата на Литванија нема завршено на некое првенство уште од 1998 година. Многу често не успева да ги мине квалификациите, а последните за Европското првенство во Австрија не ги минаа откако загубија во групата во која беа Шпанија и Украина. Имаа просечни изданија против Холандија, па за очекување е да нема големи промени и сега.

Реално гледано, Македонија е посилна од Литванија кога ќе се земат предвид играчите на позиции. Пред се Македонија е во предност на бековските позиции, но и на крилните. Сето ова би требало да биде доволна предност за да се дојде до позитивен резултат на денешниот дуел доколку се одигра според договореното. Се спроведе ли сето она што ќе се договори пред средбата, тогаш не би требало да има причина за стравување и за очекување е денеска да се стартува со позитивен резултат во овие квалификации и се да оди кон кревање на атмосферата на уште повисоко ниво пред утрешниот втор дуел кога може да биде одлучено прашањето за победникот во групата 7, а со тоа и патникот во баражот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
vasko102 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vasko102 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 15:04
Nema da ima prenos ama ne e kriva makedonskata televizija, turcite baraja 25 000 evra ako sakame da vrsime prenos, a bese dogovoreno za bez pari na pocetokot. Kako za ilustracija samo da znajte deka osmina, cetvrt, polu i finaleto vo Liga Sampioni vo rakomet kosta 25 000 evra. Se plasea nasite deka mozi i mestena da e so sudii.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 09:03
Македонија ја совлада Турција

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Турција со 35:26, со што остана во трка за јунскиот бараж за пласман на Светското Првенство 2011 година во Шведска.

Во Адана избраниците на Љубомир Савевски успеаја да дојдат до триумф од 9 гола разлика. "Црвено жолтите" ја имаа контролата врз резултатот во најголемиот дел од мечот, а на одмор заминаа со предност од 15:13. Во вториот дел, концентрацијата на противникот значително падна, нашите најдобри ракометари знаeа да го искористат падот во формата на Турција и да забележат победа со високи 9 гола разлика.

Сепак, поради вчерашното реми со Литванците, Македонија нема загарантирано првото место во квалификациската група и пласманот во јунскиот бараж. Останува да го чекаме конечниот исход од утрешниот последен меч на турнирот меѓу селекциите на Литванија и на Турција. Литванците се во позиција сами да си ја кројат судбината. Доколку Литванија утре ја совлада Турција со десет или повеќе гола разлика, тие ќе се пласираат на дополнителните мундијалски квалификации, а Македонија ќе извиси.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2522
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 11:57
додека во битола нема спорт нема да има ни во македонија
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 00:10
Da najde bas kaj da ima sport! Sto ima Bitola be za da imaat dobar sport?! Skopje ako nema nigde nema da ima...

Кон врв
bingo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2522
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bingo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 00:25
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Da najde bas kaj da ima sport! Sto ima Bitola be za da imaat dobar sport?! Skopje ako nema nigde nema da ima...


јас така мислам не се буни ти па одма аман
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 13:46
Металург против Фрам во Челинџ купот

Скопје, 16 февруари (МИА) - Екипата на Фрам од Исланд е следниот противник на ракометарките на Металург Скопје во четвртфиналето на Челинџ купот. Тоа е епилогот на денешната жрепка одржана во Виена.

Во досегашните два настапа во ова натпреварување Фрам успеа да ги елиминира екипите на Ададолу од Турција и Трешњевка од Хрватска.
Со тимот на Трешњевка двата натпревара ги играше на домашен терен.

Натпреварите се предвидени да се одиграат на 13 или 14 март во Рејкјавик и 20 или 21 март во Скопје.

Другите три четвртфинални двојки се : Бизтравел (Холандија) - Вистал (Полска), Букстеудер (Германија) - Безансон (Фра) и Податкова (Украина) - Гепинген (Гер).
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 17:50
Вардар Про гостува кај Колдинг, а Металург кај Трембле викендов во ракометните еврокупови

Двете најквалитетни македонски ракометни екипи утре имаат свои настапи во еврокуповите.

Шампионот Вардар Про од 16 часот и 15 минути гостува кај Колдинг во Данска во рамките на 8. коло од Д групата на Лигата на шампионите. „Црвено – црните“ се на дното на табелата со само еден бод колку што има и Амичитиа, додека утрешниот ривал атакува на третата позиција.

Во Д групата прва е Барселона со 12 бодоови, пред Кил со 11, Адемар има 9, а Колдинг 8.

Покрај дуелот Колдинг – Вардар Про утре играат и Барселона – Амичитиа, а в недела е дуелот Адемар – Кил.

Реванш натпреварот од 1/8 финалето од Купот на куповите утре вечер го играат и ракометарите на Металург. Тимот од Автокоманда за Франција замина со два гола предност против Трембле оставрени во неделата во Скопје. Дуелот почнува во 20 часот.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2010 во 07:10
Прва победа на ракометарите на Вардар Про во Лигата на шампионите

Скопје, 27 февруари (МИА) - Триумф на екипата на Вардар Про на гостувањето во Цирих кај швајцарскиот шампион Амичитиа со 31:24. Ова е прва победа на македонскиот првак во Лигата на шампионите оваа сезона, со што ќе ја избегне последната позиција во групата Д.

Почетокот на натпреварот не навестуваше ваков исход откако на полувремето Амичитиа водеше со 18:15. Но, во вториот дел „црвено-црните“ ги консолидираа редовите и на десет минути до крајот имаа водство од пет голови, кое во последните 10 минути и го зголемија.

Со по пет голови најпрецизни кај Вардар Про беа Радослав Стојановиќ, Виктор Јовчевски и Борко Ѓорѓевиќ. Голманот Петар Ангелов имаше 11 одбрани исто колку и противничкиот Васикевичиус.

Во вториот натпревар од 9.коло од групата Д Кил го победи Колдинг со 38:23, а утре играат Адемар – Барселона. Кил е прв со 15 бодови, Барселона е втора со 14 (натпревар помалку), следат Колдинг со 10, Адемар има 9 (натпревар помалку), Вардар про е на петтото место со 3, а Амичитиа последна со 1 бод.

Во последното коло Вардар Про гостува кај Кил на 7.март.
Кон врв
mamba Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamba Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 08:54
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2010 во 15:39
Македонија драстично ослабена во мечот со Хрватска

Скопје, 29 март (МИА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија се соочува со големи проблеми пред претстојниот квалификациски дуел за Европското првенство со Хрватска.

Во црвено-жолтиот дрес веќе нема да настапува Наталија Тодоровска која одлучи да се повлече од репрезентативниот ракомет. Но, освен десното крило, за натпреварот в среда селекторот Јосиф Петковиќ нема да ја има на располагање ниту Јулија Портјанко. Тој пред почетокот на денешниот тренинг беше известен дека организаторот на играта на македонската репрезентација Портјанко има повреда на раката и нема да може да настапи в среда.

- Денеска во 11 часот дознав дека Портјанко дошла повредена. Ако на почетокот на подготовките на 24 март знаев за ваквата состојба ќе имав време да најдам алтернатива, посебно за одбраната каде мислам дека ќе бидеме осетно ослабени. Никој не ме информира на време и сега е тешко на два дена до натпреварот да се направи нешто посериозно, рече Петковиќ.

За текот на подготовките и пристапот кон работата на тренинзите на другите репрезентативки македонскиот селектор искажа пофални зборови.

- Задоволен сум од досегашното залагање на девојките на тренинзите. Нивната работа и желбата коректно да ги одработат задачите е добрата страна. Меѓутоа лошата страна во овој двомеч е тоа што во овој момент објективно гледано квалитетот е на страната на Хрватките.

Тој додаде дека сегашната состојба во репрезентацијата ќе покаже дали и колку вреди секоја од репрезентативките. - Отсуството на двете носителки на играта на Македонија во изминатиот период, Наталија Тодоровска и Јулија Портјанко ми ги расипаа плановите за натпреварот со Хрватска. Ние во моментов сме многу ослабени, но ова е голема шанса за останатите девојки да покажат дека можат да играат со големи репрезентации.

Селекторот и репрезентативките побараа помош од публиката и ги повикаа македонските љубители на спортот да дојдат во што поголем број на натпреварот.

- Барам максимална поддршка од публиката без разлика на резултатот. Ние ќе се потрудиме да го изненадиме противникот, а тоа ќе зависи колку тие ќе ни дозволат. Хрватска е многу силна репрезентација која според мене ќе се бори за медал на Европското првенство. Нашата цел е зацртана и ние одиме кон таа цел. Нашата замисла е учество на ЕП а тоа нема да зависи дали ќе ја победиме Хрватска туку директно ќе зависи од средбата со Холандија на крајот на квалификациите, додаде Јосиф Петковиќ.

И репрезентативките се свесни за моменталната сила на противникот па во целост им ја препуштаат фаворитската улога. - Хендикепирани сме со неиграњето на Тодоровска и Портјанко. Многу ќе ни недостигаат двете, но нема да се предадеме однапред. Со нашата борбеност, залагање и поддршка од публиката ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат, истакна капитенот Тања Андреева.

Натпреварот Македонија - Хрватска ќе се одигра в среда во „СРЦ Кале“ со почеток од 18 часот.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2010 во 15:19
Извлечени двојките за 1/4 финалето во ракометната ЛШ

Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена денеска со жрепка беа одредени двојките за четвртиналната фаза од Лигата на шампионите.

Во германската пресметка ќе се сретнат Реин Некар и Кил. Рускиот претставник екипата на Чеховски Медведи ќе игра со францускиот шампион Монпеље. Третиот германски тим кој обезбеди место меѓу осумте најдобри, Хамбургер, ќе игра со бранителот на трофејот во ова натпреварување Сиудад Реал. Втората екипа која доаѓа од Шпанија, тимот на Барселона за противник во четвртфиналето го доби унгарскиот првак Веспрем.

Првите натпревари се планирани да се одиграат во периодот од 21 до 25 овој месец, а реваншите ќе бидат седум дена подоцна.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2010 во 16:05
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Da najde bas kaj da ima sport! Sto ima Bitola be za da imaat dobar sport?! Skopje ako nema nigde nema da ima...

Прост муабет.

Еве ти само неколку примери

Каков беше квалитетот на лигата во ракомет кога беа силни:Пелистер - Битола,Јафа преспа - Ресен ,Тутунски комбинат - Прилеп,Младост - Богданци и Борец - Велес.

Сите репрезентативци се од овие клубови,кажи колку скопски ракометари има во репрезентацијата?

Едноставно од завист го уништивте ракометот во Македонија па сега почнува првенството се играат 4 утакмици помеѓу Вардар и Металург и толку.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.