|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 117118119120121 200> |
Автор | |||||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Со должна почит кон двајцата администратори... и со доброволна иницијатива да бидам прогласен за... трубадур... кој живее во РМ, а мисли дека живее во Катар... морам да кажам... тоталка ја промашувате поентата на дискусијата... и причината зошто повеќето гледаат на овој проект со скепса... и затоа мислам... вие мора да живеете во Катар, а мислите дека живеете во РМ... П.С. знам да сум офф... ама ете, толку рабирам... што би рекле... толку се одбирам... |
|||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
А јас па само тебе те читам со филозофии
Шала Не живеам во Катар ниту во ОАЕ ама луѓето во МК не гледам дека се оптимисти за нешто, а тоа страшно многу ме нервира. Така човекот несвесно оди во пропаст. Едно нешто позитивно да прочитав, па на никого не се погодува ако е така.
|
|||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
којсумјас, намерно си го извадил најважниот дел од мојот коментар:
А тој дава одговор на прашањата и чудењата. Сега, ти можеш ова да го отфрлиш, да не го прифаќаш, да го осудиш, да го ставаш под прашање, да не ти се допаѓа, да мислиш дека не е фер... ама тоа било така одсекогаш и ќе остане така засекогаш... и ова не го тврдам јас туку некои пред мене кои биле далеку попаметни и попросветлени од мене. И знаеш што, мене барем животот ми докажал дека тоа е токму така. Затоа сум го прифатил, практично го живеам, не му се спротивставувам и не го доведувам под прашање. Изменето од Messenger - 01.Февруари.2012 во 17:10 |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Аааа... ова бара сериозна дебата... значи, веројатно и самиот тебе ти е апсурдно тврдењето дека... погоре кажаното не можам да го прифатам... или мислам дека не е фер... а секако мислам дека нема баш никаква врска со она за што овде се убедуваме... и затоа ќе ти одговорам едноставно, во твој стил... Слушај ти паталец - а не гаталец... "Сега, ти можеш ова да го отфрлиш, да не го прифаќаш, да го осудиш, да го ставаш под прашање, да не ти се допаѓа, да мислиш дека не е фер... ама тоа било така одсекогаш и ќе остане така засекогаш... и ова не го тврдам јас туку некои пред мене кои биле далеку попаметни и попросветлени од мене. И знаеш што, мене барем животот ми докажал дека тоа е токму така. Затоа сум го прифатил, практично го живеам, не му се спротивставувам и не го доведувам под прашање. " ... а тоа што некому овде треба да му се разјасни... е... кој овде е паталец... а кој гаталец... Изменето од којсумјас - 01.Февруари.2012 во 17:40 |
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
којсумјас, гледам дека оваа наша конверзација не води никаде... се обидов да посочам некои работи, се обидов истото да го акцентирам и со некои максими, но очигледно си затворен за сето тоа и себе се гледаш како единстевн паталец кој го живее животот таков каов Е, а другите само како гаталци кои си го замислуваат каков Е.
Нека биде твојот збор последен, а јас сега само ќе се цитирам себе си како одговор на последните твои зборови:
|
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Не ми е јасно зошто мора да се сложуваме сите за одредена тема, та нели е демократија та нели бегавме од едноумието? И зошто ако не се сложуваме со некој потег или одлука на владата, мора веднаш да се даде суд дека сме против владата,односно сме песимисти дотаму што и сонцето кога свети не му ја гледаме светлината?
Немам јас против ништо луге да си купуваат и по 10 стана ако имаат пари, немам против кој се богати пак нека се богати, ама имам против кога некој се богати користејки ја својата монополска позиција и можноста да му наметнува на народот давачки, му ја дере кожата, а единствениот кој може ова да го спречи не презема ништо. Е сега околу становите, по она богатите нека купат. Пак ке речам да со свои пари, а не со помош на владата бидејки парите не се на владата, таму има капки од парите и на оној сиромашниот дел (освен на социјалните случаи).Зошто владата да ги потпомага во нивното богатење со парите од даноците? Тоа му доаѓа исто на пазар на оние кои купуваат банани да им даде пола од парите, оти они можат да купат па ај пола пара да им се дадат, а оние кои не можат нема што да им се даде -оти не можат де да влезат во конкуренцијата да добијат? А да не ја разврземе па темата за она кој спомна некој погоре-па кој ке бидат градежните фирми кои ќе градат, дали се блиски до опозицијата или позицијата. И за крај, економско фајде ќе имавме ако градежниците наши одеа да (како едно време) во странство (претежно арапските земји) па и оние кутри работници кои читаме како работат во Македонија и на овие поларни температури-ќе земеја солидни платичи-девизи кои ке им обезбедеа егзистенција на семејствата а ма и на државата . Вака јас не гледам незнам какво фајде (за работникот 100тина евра плата да работи од утро до мрак) а газдите да си имаат обезбедена исплата од кое пола е од владата (од народните даночни пари) |
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Не нам по кој пат треба да се посочи дека кредитите за становите и куќите се наменети за кредитоспособни правни лица.
Акцијата е креирана за купување на стамбена површина според економските закони на позајмнување кредити, нивно исплаќање, учество во купувањето со соодветна економско оправдана свота пари и со извесна помош од државата во компензација на каматите. Акцијава не е подарување на станови на оние на кои им требаат или кои мислат дека им требаат. И се разбира, кој има можност ќе купи стан, а кој нема - нема да купи исто онака како што нема да купи и без оваа акција с'е додека не стане во можност да го стори тоа. Во Америка дојде до економски крах преку создавање и пукање на стамбениот меур токму поради неекономското стопанисување при одобрувањето на стамбените кредити на оние граѓани кои не беа кредитоспособни и газење на економските законитости во стопанството. И не ги обвинувајте оние кои ќе ја искористат акцијава. Законот, правилата и прописите се за користење, а не за некористење. Кој може да ги разбере, кој сака и кој е во можност да ги користи нека ги користи. Затоа се донесуваат. Ова ме потсетува како кај мене, кога луѓе се жалат зошто некои нешта се донесуваат од државата, ама тие не се во состојба да ги практицираат и искористат. И тие се истите луѓе кои постојано се жалат на с'е и сешто. Ако не можам јас да го искористам ова што е понудено, има луѓе кои чекале ваква прилика и кои можат. И нека го сторат тоа ! Нека се вложува капиталот, нека се вртат средствата во државата, нека се гради, нека се вработуваат луѓе... . П.С. Веќе се изјаснив зошто во принцип не сум за вакви проекти, но тоа не значи дека нема да го видам и да го посочам позитивното во нив. Во овој момент на економска состојба во земјата (исто така и во светот) најважно е да се внесе мртвиот капитал во циркулација со што ќе се стимулира градењето, производството и трговијата. Владата прави паметна работа - наместо да ја задолжува државата со нови 30 годишни кредити за градење станбени површини, таа користи само дел од фондовите за компензација на каматите и создава услови луѓето да ги инвестираат своите пари. Со тоа докажува дека таа не влегува во градежен бизнис, што е потполно исправна одлука, туку создава услови за инвестирање во тој бизнис како еден од најважните двигатели на економијата во земјата. Изменето од Messenger - 01.Февруари.2012 во 19:05 |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Ти мислиш дека капиталот не се вложува во мкд и дека некој не сака да го вложи?
Апсолутно точно. Само има еден пропуст. "Мртов" капитал во мкд нема, а оној што го има е во рацете на Влада
Условите се идеални и без Владата, затоа и се изгради се и сешто на секој чекор. |
|||||||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|||||||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Целосно си во право, Санти. Ама сепак да бидеме малку пореални. По ТАТ, Фиком, Лавци, шверцери на нафта, големци како Гуштеров, Ѕинго, Дабар, Трифун и т.н. (ги знаеш приказните) малку е тешко да се биде оптимист и да се има верба. Иако, целосно те подржувам во тоа дека луѓето се песимисти во Македонија и се гледаат црно |
|||||||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Не мислам дека не се вложува, туку велам дека владата треба постојано да го стимулира и да овозможува тоа да го направи и оној кој с'е уште не е сигурен дали да го стори тоа. Од тој аспект акцијата на владата е позитивен.
Е сега... самиот си влезе во контрадикција со првата реченица. А колку што гледам од досега коментираното од нашите членови во врска со оваа акција - има луѓе кои би сакале условите да им дозволат предвремено исплаќање на кредитот. Тоа значи дека постои "мртов " капитал кој треба да биде искористен. Владата сепак била во право со своите претпоставки, нели ?
Повторно си контрадиктираш со тврдењето:
Било како, капиталот замрзнат во штедните книшки и под перниците треба да се актуелизира и од тој аспект акцијата ќе биде позитивна. Ќе повторам, не ми се допаѓаат многу вакви владини интервенции, но во даденава економска состојба во светот и во земјата во овој проект гледам повеќе позитивност отколку негативност. Повеќе ми се допаѓа користење на постоечкиот "заспан" капитал од граѓаните отколку заборџување на државата во одржување на економската активност во земјата. Изменето од Messenger - 01.Февруари.2012 во 22:27 |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
ги усложнува работите во сите сфери на живеење..да посложено и не може да биде. во ера на електронска комуникација и обработка на податоци СЕ ЗАПНАЛЕ за било кое барање да се бара УВЕРЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО. ...има ли некој попаметен од мене овде,што ќе ми КАЖЕ и ДОКАЖЕ дека овој документ е толку неопходен и ВАЖЕН па го заменува мегународниот документ(ПАСОШ)или пак ...домашната биометриска најнова ЛИЧНА КАРТА? ...стварно не ми е јасно зошто е тој толку важен документ. |
|||||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||||||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Пасош и лична карта може да се фалсификуваат. Додуша потешко е нив да ги фалсификуваш одколку Уверение за државјанство
|
|||||||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|||||||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
..стварно не ми е јасно,дали е во прашање да им лижеш газ или е до таксата...незнам!. ако е до таксата,што ѓавол не малтретираат по шалтери..уфрли ја во вкупната цена па делете како сакате после...а ако е до ова првото...НИКАД нема да го добијат на рака ..од мене барем!. |
|||||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Со слични проблеми се среќавав јас минатата година кога расчистував некои работи во Македонија. Во ред, ми требаше уверение за државјанство за да добијам нов пасош и лична карта, но потоа за секоја натамошна работа ми бараа извод од матична книга на родените не постара од 6 месеци, небаре ќе ми ги дадеа личната карта и пасошот без неа. И што велиш, на секој шалтер има компјутер и сите податоци за мене и за било кој граѓанин на Македонија се пристапни со едно стискање на тастатурата. Што им треба постојано носење на хартија од матична книга на родени не постара од 6 месеци кога мојот ден и место на раѓање немаат рок на траење и истото веќе го имаат регистрирано во електронска форма пристапна на секој бирократ??? Можеби им требаат парите од таксените марки, а ? |
|||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||
Внеси реплика | страница <1 117118119120121 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |