|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 116117118119120 137> |
Автор | |
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.............sva sam se najezila
............
|
|
apce
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...мадрфуцкер, они мене, све ќе ги убијам.
- Повелете ! - Ма не ми се смешкај, не сум дојден за арно, се наоружав со грди зборови, све ќе ве потепам. - Кажете господине, не мора да се возбудувате. Она мене. Глеј ја, ме гледа у очи и ја употребљава насмевката шо на тој нејзиниот не ја покажала никогаш. Од шо и е страв од мене, не за друго. - Еве, види ! На страниве од стакленцето на телефонот покажува дека се одлепило, ќе ми испадне некаде, ова го викате квалитет ? ! Го фати со долгите нокти од кои се наежив, од мекоќа и суптилност и точно знаеше кај да го пипне, ми се причини дека ќе изрипа...колку убаво и стоеше у рака...уфф ! “Не бе ! Не сум помислил ништо безобразно, не сум таков, пу ј’зк, тебе шо ти текна така. “ Ме здоглеа победнички откривајќи го низот од запчињата од каде ме заслепи одсјајот од сонцето и го спуштив погледот за да си го повратам видното поле, коа оно таму још бетер ; откопчано копче, рамномерно издигање на граден кош, ми се приигра кошарка...“Не бе, не сум помислил да ги закуцам рацете во отворот од кошулата, пу ј’ зк, само такви мисли ти се мотаат, недомаќин еден ! “ - Господине, вие не сте го извадиле најлончето. Ја зафрли косата и ко’ да ме ошамари со преливи од виножитни бои, на другиот крај чека ковчег со злато... - А ? Фатив да чепкам на ќошето од екранот на телефонот “ Види сварно, испаднав , добро де, прв пат ми е, никогаш не сум бил глуп до сега “ Се искезив ... се сопнав на излегување.. Хм..“Не бе не сум помислил така, ај затни се !...шо ? ...ај покажи ми по тебе како сум помислил...чекам “: Се насмевна, се протегна и како случајно и се откопча уште едно копче од кошулата. Ми се доближи со лицето, повремено допирајќи ми го увото со усните и тивко прошепоти : “ Знам дека ова ти е само изговор, редно беше, те посакувам уште многу одамна “ Ме грабна за рака, се побунив : “ Ние не се познаваме, ја не сум лак мушкарец, шо ме мислиш ма ! “. Непопустлива беше, ме одвлечка без да каже збор на зачудените погледи зад нас, само се слушна тивок женски шепот “ Блазе си и, како не ми текна прва, туу ама сум глупа, ќе се убијам“. Заминавме опиени, оставајќи ги зад нас завидливите женски крици на очај и пукотница од револвер... “ Мхм “ “ Шо мхм ? “ “ Плави картони имаш ?“ “ Имам, зш ? “ “ А да идеш кај постар чичко со бел мантил да се провериш ? Нешо не си ми арен со глата “ “ Па во твојата сум бе море ! “ “ Па добро де, само пола ќе ја лечиме“ Изменето од zbunet - 19.Мај.2009 во 13:38 |
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
............. ......
|
|
apce
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
no comment.......
epten jak si be zbunet....... |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маестропрекрасно
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...те милувам по образот, гледаш некаде на страна, имаш проблем, јас не сум ти, не можам да те разберам, така ти се чини. Ѕвездички се појавуваат меѓу моите дланки, ги расфлам како прав врз тебе, бела си како невеста. Поминувам со прстот низ небото, комети минуваат, над тебе високо се распрснуваат. Не го вртиш погледот, се е веќе видено...и јас. Облак застанува до мене, подрипнува како диво коњче, сака да не’ вози, те фатив за рака, ме испушти, паднав меко врз облакот кој не чекаше да се исправам, веднаш полета кон висините. Се издигам и ја гледам точката која ја преставуваш седната на камен, со брадата потпрена на малечката тупаница, замислена, не го менуваш правецот на погледот, пред тебе жубори реката се погласно за да и обрнеш внимание, не помага, промрмори незадоволно и си продолжи по својот тек. Го разгледувам нашиот небесен дел посеан со облаци се до граничната територија, нешто се бели таму, разиграно и насмеано, ми мафта. Те повикувам, ти го праќам облакот да те одвезе до мене, се враќа празен, ќе и помине си велам.
Се приближувам до белата магичност со очи вперени кон мене. Седната бара облачести детелинки со четри листа и си потпевнува, ме погледнува, широка насмевка се појавува, не си ме погледнала одамна така. Магнетна магија ме влече, ивиците од усните ми ги допираат ушите. Наеднаш ѕид од твои очи обвинувачки стои пред мене, ме прашуваш каде сум тргнал, се збунувам и неповрзано излегува по некој збор од моето грло. Го смени погледот, нема повеќе траги од она што те замисли, во мене гледаш целосно, ме тераш како овчичка во своето трло... Појаснување : - Дој ма да се гушкаме. - Кај ме најде сега, гледаш дека имам работа, ти ништо не помагаш. Стојам на балкон издишувајќи се, небо полно облаци, го спуштам погледот, комшиката гледа во мене. Ми вели дека и доцни мајсторот за струјата, ми го кажува проблемот, можам да го решам, и го кажувам тоа, ми ветува кафе. - Кај си тргнал бе мајмуне ?! Ве слушнав што разговаравте ! - Ама ја...глб.. - Ма нема што ти да изиграваш мајстор, се закачаш околу неа, а ?! - Комшике, хитно ми излезе работа, имај трпение, ќе дојде мајсторот. „ Не ме штипи ма, па ја откачив “ тивко лелекнав. |
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e taka i ti treba
|
|
apce
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...речи и’ добра ноќ на гравитацијата оваа ноќ и држи ме цврсто, полесен сум од зрак светлина која шета по тебе низ крошна од дрво на зајдисонце. Исчезнувам и не ми е жал, ќе се појавам секогаш кога ќе ме побараш во сјајот од твоите очи, ќе бидам она што посакуваше да бидам, она што го виде во мене за кое не знаев, кога ме виде тогаш кога никој не ме гледаше. Сега сум поинаков; менувам тело и обличје, повеќе од три очи имам, ти го давам духот да те скокотка како крила од пеперутка, секоја моја мисла пред тебе се појавува и се вгнездува на твојата дланка, целиот мој свет за кој знаев ти го препуштив да го согледаш. Цела ризница се отвори, се радуваш како девојче расфрлајќи ја ѕвездената прашина, не знаев дека сум толку богат, секој твој збор е Сезамов, нови прикриени нешта во мене се отвараат.
Сезам постанав; навлегувам во тебе гледајќи долини низ кои течат мирни реки со златна боја и плодови во облик на дијаманти кои на допир понежен од воздух се откачуваат прилепувајќи се за дланка со мекотија која ја гали и самата срж со вибрации кои го потикнуваат коренот на животот се’ поцврсто да го опфати нашето постоење. Речи и добра ноќ на просторната ограниченост, ѕидовите паѓаат како завеси, висините и длабочините се сега едно во новата димензија која ја преставуваш. Не се работи за мудрост туку за она што е очигледно дека сум одбран од виши сили да те вкусам со сите сетила за кои знаев дека ги имам и оние што ми ги оживеа за да те осознаам онака како те замислував дека постоиш... |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и ...добра ноќ гравитацијо...
добра ноќ просторна ограниченост... |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Enigma
Сениор Регистриран: 11.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 9984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
apce
|
|
Внеси реплика | страница <1 116117118119120 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |