Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13931
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јуни.2014 во 15:00 |
,,,auuu ,,teshka dilema ,,kogo li sega da odberam,,
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2014 во 08:52 |
Колку сте суеверни според хороскопот? Денес е петок 13, денот кој многумина го сметаат за несреќен или баксузен. Суеверните лица го дочекуваат со претпазливост и страв и го поврзуваат со морничави приказни, легенди и несреќи, а останатите гледаат на сето тоа со потсмев и го етикетираат како бесмислица. Во која група спаѓате вие? Еве што кажува хороскопскиот знак за вашата суеверност: ОВЕНОвните ги исполнуваат критериумите за да бидат наречени суеверни. Родени како лидери во хороскопот, тие секогаш се борат да стигнат први до целта, но веруваат дека лошата среќа може да го попречи нивниот пат. Ако не успеат да исполнат одредена цел, побрзо ќе го насочат прстот кон некој или кон нешто отколку кон себе. Огнените овни не сакаат кога црна мачка ќе го пресече нивниот пат и веруваат дека некој зборува за нив секогаш кога нивните уши ќе се вжештат. БИКБиковите се приземни и реалистични личности кои нема да поверуваат во ништо пред да им дадете доказ. Сепак, суеверноста кај нив е поврзана со храната. Не се изненадувајте ако претставник на овој знак ви каже да не пеете додека јадете или да не седите на аголот од масата. Како земјен знак, тие се силно поврзани со природата и најчесто ги прифаќаат суеверијата поврзани со неа. Најверојатно никогаш нема да видите бик како турка гнездо на ластовици. БЛИЗНАЦИЛогиката е втемелена во размислувањата на близнаците, па претставниците на овој знак никогаш нема да се наречат себеси суеверни, но нема ни да одречат колку се важни соништата за нив. Често ќе ги најдете како пребаруваат по соновниците за да откријат што значат нивните соништа. Комуникативните близнаци често ќе ги слушнете како пренесуваат одредено суеверие, но не затоа што веруваат во него, туку затоа што знаат дека тоа се популарни теми меѓу луѓето. РАКРаковите можеби се емотивни и имаат меко срце, но најчесто се подготвени со тешки зборови да „плукаат“ по суеверијата. Екстремно тешко е да ги убедите дека потковицата носи среќа или дека бројот 13 е несреќен број. Но, како „колекционери на хороскопот“, може да ги слушнете како тврдат дека фрлањето на стари работи носи несреќа. Раковите се приврзани за домот, па ако воопшто забележите суеверност кај нив, тоа ќе биде поврзано со местото на живеење. Од нив може да слушнете дека скршеното огледало значи седум години несреќа или дека ќе се случи нешто лошо доколку отворите чадор во затворена просторија. ЛАВЛавовите се самоуверени личности кои сакаат да ја имаат контролата во свои раце и не веруваат дека случувањата во нивниот живот зависат од пресекување на патот од црна мачка или од петок 13. Во дискусиите за суеверијата, тие се секогаш жестоки противници кои укажуваат на важноста на логичкото размислување. Голема е веројатноста да ги чуете со потсмев како велат дека треба да се јаде крајчето од лебот за да ги сака свекрвата или пак дека со поминувањето под скала се повикува неволја. ДЕВИЦАИако нема да ви признаат, девиците се експерти кога станува збор за суеверијата. Но, и покрај тоа што ги знаат сите бабини деветини, сепак кога се во друштво, кај нив преовладува логиката и аналитичкото размислување. Најчесто нивните суеверија се поврзани со чистотата, па нема да пропуштат да го исчистат домот пред голем празник, никогаш не би го треселе чаршафот по зајдисонце и не би го метеле подот додека нивен близок е на пат. ВАГАВагите не се суеверни, но како личности кои се стремат кон хармоничен живот, може да имаат одредени ритуали кои им помагаат за сѐ да се движи во посакуваниот правец. Можно е во лошите моменти да чукнат трипати во дрво, или пак, да ги прекрстат прстите за среќа кога нешто силно посакуваат. Како „романтичари на хороскопот“, вагите веруваат во суеверија поврзани со свадбата. Ќе ги слушнете како кажуваат дека зетот не треба да го види фустанот на невестата пред свадбата или дека невестата не треба да се сретне со друга невеста на големиот ден. ШКОРПИЈАШкорпиите се кралици на суеверието. Тие веруваат дека сè во природата има некакво значење и дека ако нешто не работи во нивна корист, најверојатно ќе работи на нивна штета. Најчесто нивните суеверија се поврзани со здравјето. Можно е да ги видите како им облекуваат на своите деца нешто наопаку за да ги заштитат од уроци. Исто така, многу претставници на овој знак носат накит со кристали и камења за кои веруваат дека имаат посебни моќи и влијаат на душевната состојба и среќата во животот. СТРЕЛЕЦ„Авантуристите на хороскопот“ се спонтани, ретко планираат и ретко се суеверни. Сепак, би купиле потковица за да го декорираат својот дом со скриена надеж дека ќе им донесе среќа и пари или би го поддржале истурањето на вода кога некој тргнува на пат или пред важен настан. Како љубители на природата, стрелците најверојатно веруваат во суеверија поврзани со неа – „ако те чешаат ушите, ќе врне“ или „детелината со четири листа носи среќа“. ЈАРЕЦЈарците се разумни личности кои не веруваат и немаат време да веруваат во суеверија. Тие не ги сакаат личностите кои веруваат во нешто за кое ни самите немаат логично објаснување и се трудат по секоја цена да ги избегнат. Подобро е пред јарците да се избегнуваат темите на разговор поврзани со суеверија. Оние малубројни суеверни претставници на овој знак не би оставиле чанта на подот за да не им „летнат“ парите и потајно веруваат дека ќе им стигнат пари кога ги чеша левата рака. ВОДОЛИЈАВодолиите се личности кои не ги сакаат правилата, ниту пак суеверијата и редовно ги исмејуваат. Но, иако нема да признаат, бабините деветини ја будат љубопитноста кај нив, па можно е да ги „тестираат“ истите за да видат дали во нив се крие вистина. Водолиите никогаш нема да ве послушаат ако им речете да направат нешто поради суеверие. Можно е да ги слушнете како се шегуваат дека ќе им дојдат гости ако видат бубамара, дека најдобро е да се станува на десна нога или дека омиленото парче накит секогаш им носи најмногу среќа. РИБИСуеверијата одат рака под рака со животот на рибите кои веруваат во предодредена судбина и често се потпираат на интуицијата при донесувањето на одлуки. Можно е насекаде да носат свое „среќно“ пенкало за потпишување на важни документи, полагање на испити и сл., да не излегуваат од дома без амајлија или да имаат среќна модна комбинација за важните настани на кои е потребно да ги прати среќа. Соништата се многу важен аспект од нивниот живот, па често ќе ги слушнете како прераскажуваат што сонувале претходната вечер или како толкуваат нечиј сон.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2014 во 21:51 |
ДАЛИ ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК Е СКЛОН КОН ЉУБОВНИ АВАНТУРИ?Љубовните авантури не се карактеристични за сите луѓе, затоа што некои и не се снаоѓаат најдобро со нив. Овен Вие сте лесен плен за искусните шармери и заводници, реагирате спонтано, нагонски на еротскиот повик за авантура. Приликите за флерт се достапни од сите страни, на пример тоа може да биде слаткиот колега или згодниот сосед. Грижата на совеста поради постојаниот партнер ја чувствувате дури кога ќе заврши авантурата. Бик Иако вие сте тврдина која е тешка за освојување, оној што добро ќе се помачи околу вас, може да ве заведе. Шансите му се зголемуваат ако е упорен, нежен и ве опсипува со подароци, чоколади и цвеќе, и ако е крај вас кога ви треба поддршка. Ако со часови ве гали и бакнува, нема толку да мислите на постојаниот партнер. Близнаци Вас е лесно да ве заведат, тоа вие секогаш го посакувате, затоа што без флерт и авантура животот не ви е доволно интересен.Дури и тогаш кога ќе се заколнете на верност кон партнерот, големи се шансите да паднете на нечиј шарм.
Рак Иако сте посветени, копнеете за авантура и грев, особено ако партнерот постојано ве запоставува. Тивка музика, опуштена атмосфера, искусен додворувач кој ништо не препушта на случајот, ве влечат во авантура. За секој случај, останете во контакт со освојувачот или фаталниот заводник.Лав Иако сте многу темпераментни, не скршнувате туку-така од вистинскиот пат. За да ве освои некој, мора да ви пружи многу повеќе од постојаниот партнер, затоа што за „кралицата“ треба доста да се потруди. Дури кога ќе се уверите дека „жртвата е принесена“, додворувачот може да се надева на еротски состанок со вас. Девица Ви сте тврд орев кој не е лесно да се скрши. Вашата вродена смисла за реалност спречува да влетате во непромислена авантура. Но и тој ваш „стегнат“ ерос еднаш може да попушти, и вие тогаш се препуштате на уживањето.. можеби со оној шарматен насмеан колега од работа.
Вага Сакате долго да ве освојуваат и шармираат. Сепак на шармантен џентлмен со убави манири, тешко дека ќе одолеете. Ако е дискретен и страстен, роден е за романса со вас. Иако уживате во целата игра на заведување и предавање, постојаниот партнер не го испуштајте од вид, а ни од рака.Шкорпија Вие секогаш, па и во љубовта играте на сѐ или ништо, и сакате кога некој се бори за вас. Одолевате дури и на долготрајно додворување на згодниот фраер кој секогаш ве голта со поглед. Ако барем малку се посомневате во верноста на партнерот, без грижа на совеста, се препуштате на тој што е ваша тајна еротска опсесија. Стрелец Како што рибата не може без вода, така и вие не можете без слобода, особено кога сте зафатени. Вашиот огнен темперамент и топлата еротска природа, кај многумина будат желба да ви се приближат. Уживате во флерт и авантури, кога додворувачите се трудат околу вас, или кога колегата јасно ви става до знаење дека ве сака.
Јарец Склони сте кон авантури, но ви мислите. Сепак, вашите соништа некогаш и се остваруваат. Оној што ќе успее да ве фасцинира со професионалните успеси и друштвениот статус, има шанси и да ве освои. Но, тоа не е доволно. Повеќе од романса посакувате сродна душа.Водолија Вие најчесто „паѓате“ на прв впечаток и физички изглед. Незадолжителна авантура ве привлекува, така што секогаш го задржувате она што ви е најважно, а тоа е личната слобода. Понекогаш ви е доволна и пријателска насмевка и зборување на заеднички теми, па обичниот флерт прераснува во нешто друго. Риби Вие не можете да живеете без љубов. Авантурите за вас се само бегство од суровиот свет кој ве плаши. Вашиот топол, искрен пристап и искрите во вашите очи можат да го распалат еротскиот жар кај повеќето додворувачи. Вас може да ве освои само некој како вас, кому никогаш не му е доста од нежности и љубов.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Јуни.2014 во 15:54 |
ШКОРПИИТЕ ИЗНЕВЕРУВААТ ВО СОНИШТАТА, БЛИЗНАЦИТЕ КАЈ ЌЕ СТИГНАТ, А ВИЕ?Неверство со поглед Погледите се често оружје на Јарецот и Ракот. Не е важно дали е заедно со девојката, тој секогаш има чувство дека некој го гледа па и тој сака да шара со погледот, за да види дали некој му фрлил око. А тогаш кога ќе го откријат изворот, шармантно ќе се насмевнат. Иако е вистински зависник од флертување, можеби сето тоа му е потребно за да си го подигне егото. Наместо да го критикувате и запаѓате во љубоморни испади, и самите вие искоментирајте “колку е згодна онаа девојка“. Тоа ќе го врати во реалноста. Неверство во мислите На секси фантазии се склони Бикот и Вагата. Тие ќе забележат згодна жена и веќе ја замислуваат во својот кревет. Заведување, страсни бакнежи и жежок секс, тоа се типични машки фантазии. Ние жените често знаеме да намирисаме кога тој фантазира за некоја друга, и веднаш почнуваме да се измачуваме со прашања дали повеќе не сме му привлечни или дали има друга. Без грижа, тоа што понекогаш фантазира за некоја друга не значи дека ве изневерува, ни дека истото го планира. Неверство во соништата Во соништата најчесто изневеруваат Вагата и Шкорпијата. Можеби воопшто не забележувате дека сонува секси соништа, но ако се буди со свежи сеќавања за сонот или пак зборува додека спие, веројатно имате јасен увид во неговата подсвест. Сите понекогаш имаме жешки соништа, независно од тоа дали сте сингл или во врска. не грижете се за соништата, бидејќи тие најчесто не се показател за нашите желби. Порнографско неверство Во порнографија најмногу уживаат Бикот и Водолија. Веројатно ве загрижува неговата опседнатост со згодни тела на жените од списанија, страсното разлистување на еротски списанија или гледање порнографска содржина, иако всушност тој не ве изневерува. Ве разбираме, но поголема опасност се крие во тоа што тој таквите содржини можеби ги проучува поради незадоволство во врската и сексуалниот живот. А тоа може да биде почеток на се и сешто. Неверство со студенило Ваква е ситуацијата со Овен, Стрелец и Рак. Вашиот однос е студен, иако тој можеби воопшто не ни мисли на други жени, ни пак со нив флертува. Сепак, работите се смениле, бакнежите станале рутина, а на страста речиси не се ни сеќавате. Заладувањето на односите и емоционалната недостапност во голема мера можат да водат кон реално неверство. Неверство со зборови На зборови најјаки се Лавот и Рибите. Кога некој би го слушал од страна би помислил дека е невиден женкар. Тој секогаш зборува дека долгите врски заситуваат и дека е природно мажот да шара наоколу. Сепак ова најчесто е пример за кучето кое лае но не каса. Тој со тоа сака да испадне мангуп во друштво, но неговите зборови дефинитивно се одраз на непочитување кон вас. Реално неверство На неверство најмногу се склони Близнаците и Девиците. Тој често создава атмосфера за да се стигне до конфликт и расправија. Веројатно се труди проблемите во врската подоцна да му послужат како оправдување за неверство. Овие мажи често се несигурни и со авантурите го задоволуваат своето его. Или едноставно посакуваат авантури и освојување нови трофеи.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Јуни.2014 во 16:03 |
Ауууу јас како што сум комбинација риба со лав уста да не отворам. А зинам а излажам. Али затоа вака од страна гледано опасен сум.
Изменето од Орка - 18.Јуни.2014 во 16:04
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јуни.2014 во 19:44 |
ФОТО: Маникир за секој хороскопски знакКреативното трио, составено од астрологот Сузан Милер, кралицата на лаковите Дебора Липман и талентираната Мис Поп, стои зад уникатни маникири кои ги рефлектираат карактерот и преференциите на секој знак од зодијакот. Погледнете ги нивните идеи: ОВЕНКако претставници на знакот управуван од огнената планета Марс, овните ја обожаваат црвената боја, па најдобро се чувствуваат кога таа преовладува во нивниот маникир. Смелата црна боја може да послужи за да се потенцира нивниот борбен дух, а белата за да се истакне оптимистичкиот карактер кој го поседуваат родените во овој знак. Графичките линии на интересен начин можат да ја потенцираат силата и бестрашноста на овенот. БИКБиковите ја сметаат зелената боја за свој заштитен знак, но тие никогаш не се задоволуваат со едноставност. Додавањето на црни детали ја покажува нивната сила. Како и за сè друго во животот, биковите го сакаат само најдоброто. БЛИЗНАЦИЖолтата, бојата на интелигенцијата, совршено одговара на рацете на остроумните близнаци. Тоа е воедно и нивната омилена боја, заедно со небесно сината. Овие светли бои го потенцираат веселиот дух на родените во овој знак. РАКРаковите ги обожаваат боите кои можат да се најдат на школките (сива, бела и сина), па маникирот кој ги спојува деликатните морски нијанси е совршениот украс за нивните нокти. Поради нивната емотивна и романтична природа, на раковите најмногу им одговараат нежните дезени со заоблени линии. ЛАВЛавовите го обожаваат луксузот и кралските бои како црвена, жолта, златна и виолетова. Кралски маникир со црна и златна боја би ги задоволил пребирливите лавови. Тие неретко сакаат ноктите да ги украсат и со минијатурни бисери и кристали. ДЕВИЦАРодените во овој знак повеќе од кој било друг го сакаат чистиот изглед на ноктите и се задоволуваат само со перфектен маникир. Во него треба да биде вклучена барем една од нивните омилени бои – зелена, тегет или чоколадно кафеава. Францускиот маникир е одличен начин за да се задоволат преференциите на девиците за среден, но скромен изглед, а играњето со боите во него е одлична варијанта за да се додаде модерен шмек. ВАГАВагите се деца на Венера, па нивниот маникир мора да биде нежен и деликатен. Тие на ноктите обожаваат бебешка сина, пастелна розова, кремова, сончево жолта... Сребрените детали можат да се искористат за да му придадат минималистички шарм на маникирот. ШКОРПИЈАШкорпијата е најсексапилниот знак во хороскопот, но само зад затворени врати. Надвор од спалната таа привлекува со среден, деловен изглед. Црната боја ја одразува мистериозноста на шкорпиите, па најчесто таа преовладува на нивните нокти. Со вметнувањето на белата боја се постигнува побалансиран изглед. СТРЕЛЕЦИако омилената боја на стрелците е сината, сепак црвената одлично ја рефлектира желбата и страста за авантури на родените во овој знак, а златната го одразува нивниот стремеж за уживање во животот. Карираните шари совршено им одговараат на стрелците. ЈАРЕЦКафеавата и сите нејзини нијанси ги привлекуваат јарците. Но, неутралните нијанси како карамел, кремова, златна и бакарна на прекрасен начин ја одразуваат нивната елеганција. Поигрувањето со симетријата докажува дека неутралното не мора секогаш да биде здодевно. ВОДОЛИЈАВодолиите ги обожаваат сината и тиркизната боја, но неонските нијанси се совршен начин да се потенцира нивната уникатност. Како верни следбеници на модата, никогаш не забораваат да ги сместат најновите трендови на своите прсти. Белата боја го покажува оптимистичкиот карактер на водолиите. РИБИРибите се обожаватели на сината боја и јасно е зошто, па таа мора да биде дел од нивниот маникир. Исто така, рибите ги обожаваат светките, но само кога се употребени умерено, бидејќи тие никогаш не се претенциозни.
Изменето од Valerija - 25.Јуни.2014 во 19:44
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јуни.2014 во 08:39 |
Хороскопскиот подзнак открива многу ваши карактеристики - од изглед и манири, па сè до начинот на кој ве доживува околината. Подзнакот е важен аспект во хороскопот на секој човек, па затоа вреди да откриете кои лични карактеристики потекнуваат од него. Ако не знаете кој е вашиот хороскопски подзнак, пред да продолжите да читате, пресметајте го тука. Овен Ако сте родени со подзнак Овен вие сте активна личност со многу енергија. Своеглави сте, а многумина ве доживуваат како себична личност. Добро знаете што сакате и како да ги остварите целите во животот. Амбициозни сте, па затоа имате постојан конфликт со колегите и партнерите кои се обидуваат да ве убедат на компромис. Потребен ви е партнер кој прв попушта. Што се однесува до здравјето, често пати имате проблем со крвниот притисок и силната мигрена. Бик Сакате да уживате и затоа ви е важна материјалната сигурност. Уживате во храната и готвењето. Сакате да имате стабилен партнер и здрава врска - таа е основата на вашето добро расположение. Голем број од пријателите прво кај вас се упатуваат за совет, затоа што знаат дека искреноста е вашата најдобра страна. Очајно барате партнер кој е страствен. Кога се работи за здравјето, можни се проблеми со килограмите и тироидната жлезда. Близнаци Зборлести сте и искрени, и покрај тоа што многумина ве доживуваат како личност склона кон лажење и измислување. Можеби затоа што не го кажувате она што другите сакаат да го слушнат. Сакате да се дружите со пријателите, да телефонирате и слободното време да го минувате на социјалните мрежи. Потребен ви е партнер кој ви овозможува целосна слобода. Можни се проблеми со здравјето на нервна база, инфекции, алергии и проблеми со дишните патишта. Рак Чувствителни сте на туѓата несреќа и постојано помагате. Семејството ви е на прво место, сакате да бидете опкружени со најблиските. Важно ви е домот да ви е чист, среден и удобен затоа што тоа е вашето омилено катче. Потребен ви е партнер на кој можете да се потпрете и да му верувате. Можни се проблеми со репродуктивните органи и компликации предизвикани од нервоза. Лав Горделиви сте и некогаш недопирливи, или барем таков впечаток оставате. Амбициозни сте и работното место ви е најважно, како и парите. Статусот, децата и парите - тоа се работите кои ги вреднувате во животот. Потребен ви е партнер кој е истовремено и ваш пријател, кој ќе ви ја разбере потребата за слобода и нема да се натпреварува со вашите пријатели и работното место. Можни се проблеми со притисокот, срцето и видот. Девица Вечен перфекционист. Важно ви е сè да биде на свое место, куќата мора да блеска. Примарно ви е здравјето, но и покрај тоа сте склони кон нервоза. Единствен лек е да прифатите дека ништо не може да биде совршено, па ни вие. Потребен ви е партнер кој ќе ве натера да се опуштите и кој ќе ве научи што значи да уживате. Можни се проблеми со стомакот и варењето на храната.
Вага Важен ви е балансот. Секогаш сте тука за другите, не знаете како да бидете сами со себе. Имате голем круг на пријатели и роднини кои ви се секогаш на располагање. Партнерството на работно или љубовно поле е секогаш најдобра идеја, барем за вас. Важно е да пронајдете стабилен партнер кој ќе знае да ви даде позитивна енергија и индивидуалност. Можни се проблеми со кожата - иритации и алергии, затоа заштитете се на време. Скорпија Постојано сте во акција, постојано нешто правите и не знаете да застанете во место. Сè зимате при срце, па често сте под стрес. Понекогаш знаете да бидете од типот на тешки пријатели кои само критикуваат. Ако ви е здодевно занимавајте се со некој спорт наместо да барате проблеми таму каде што ги нема. Парите и сексот ви се на првото место, па затоа вашиот партнер мора да ги има и двете. Можни се проблеми со репродуктивните органи, па затоа не ги заборавајте редовните прегледи. Стрелец Секогаш сте весели и добро расположени, подготвени да ги разберете сите околу вас. Толерантни сте, понекогаш дури и премногу. Важно ви е да се движите и патувате, односно да се усовршувате секојдневно. Многу важно е да се занимавате со некаков спорт затоа што постојано имате вишок енергија. Друштвени сте, па затоа ви е потребен и партнер кој е зборлив, весел и позитивен. Важно е во врската да не ја загубите својата слобода. Можни се проблеми со црниот дроб. Јарец Тврдоглави сте, упорни и амбициозни. Постојано сакате да напредувате во кариерата, имате високо ниво на самопочит и се сметате за одличен учител. Не се брзате, верувате дека сè доаѓа во свое време. Стабилни сте и смирени, но партнерот кој ќе го одберете ќе има задача да ве научи како да бидете малку потопли кон другите, да не бидете полни со недоверба. Можни се проблеми со грбот и забите. Водолија Сакате да се дружите и мислењето на другите луѓе ви е секогаш важно. Во постојано движење сте и со вас никогаш не може да биде здодевно. Сакате да ја ширите мрежата на контакти и да запознавате нови луѓе. Но, мора да направите место за партнерот и да не го ставате во втор план. Потребен ви е партнер кој ќе го разбере вашето динамично темпо. Заради брзината со која живеете можни се проблеми со вените и нервозата. Риби Никој не знае што точно мислите, живеете во некој сопствен свет. Не сакате да се вклопите во друштвото, ниту во стандардниот ритам на живот. Сакате да останувате будни и да заспивате со музика и филмови. Потребен ви е партнер кој е рационален и стабилен, кој дели добри совети и ве води низ животот. Можни се проблеми со варењето, спиењето и нискиот притисок.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Анастеа
Администратор
ПИПИ долгиот чорап
Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2014 во 00:22 |
Хороскопи читам чат-пат оти знаат да бидат забавни. Па и да погодат по некоја особина, покрај сите утки. Ама ова со маникирот ми е врв.
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:20 |
ЕВЕ КАКО ПОДЗНАКОТ ВЛИЈАЕ НА ВАСОвен Ако сте родени со подзнак Овен вие сте активна личност со многу енергија. Своеглави сте, а многумина ве доживуваат како себична личност. Добро знаете што сакате и како да ги остварите целите во животот. Амбициозни сте, па затоа имате постојан конфликт со колегите и партнерите кои се обидуваат да ве убедат на компромис. Потребен ви е партнер кој прв попушта. Што се однесува до здравјето, често пати имате проблем со крвниот притисок и силната мигрена. Бик Сакате да уживате и затоа ви е важна материјалната сигурност. Уживате во храната и готвењето. Сакате да имате стабилен партнер и здрава врска – таа е основата на вашето добро расположение. Голем број од пријателите прво кај вас се упатуваат за совет, затоа што знаат дека искреноста е вашата најдобра страна. Очајно барате партнер кој е страствен. Кога се работи за здравјето, можни се проблеми со килограмите и тироидната жлезда. Близнаци Зборлести сте и искрени, и покрај тоа што многумина ве доживуваат како личност склона кон лажење и измислување. Можеби затоа што не го кажувате она што другите сакаат да го слушнат. Сакате да се дружите со пријателите, да телефонирате и слободното време да го минувате на социјалните мрежи. Потребен ви е партнер кој ви овозможува целосна слобода. Можни се проблеми со здравјето на нервна база, инфекции, алергии и проблеми со дишните патишта. Рак Чувствителни сте на туѓата несреќа и постојано помагате. Семејството ви е на прво место, сакате да бидете опкружени со најблиските. Важно ви е домот да ви е чист, среден и удобен затоа што тоа е вашето омилено катче. Потребен ви е партнер на кој можете да се потпрете и да му верувате. Можни се проблеми со репродуктивните органи и компликации предизвикани од нервоза. Лав Горделиви сте и некогаш недопирливи, или барем таков впечаток оставате. Амбициозни сте и работното место ви е најважно, како и парите. Статусот, децата и парите – тоа се работите кои ги вреднувате во животот. Потребен ви е партнер кој е истовремено и ваш пријател, кој ќе ви ја разбере потребата за слобода и нема да се натпреварува со вашите пријатели и работното место. Можни се проблеми со притисокот, срцето и видот. Девица Вечен перфекционист. Важно ви е сè да биде на свое место, куќата мора да блеска. Примарно ви е здравјето, но и покрај тоа сте склони кон нервоза. Единствен лек е да прифатите дека ништо не може да биде совршено, па ни вие. Потребен ви е партнер кој ќе ве натера да се опуштите и кој ќе ве научи што значи да уживате. Можни се проблеми со стомакот и варењето на храната. Вага Важен ви е балансот. Секогаш сте тука за другите, не знаете како да бидете сами со себе. Имате голем круг на пријатели и роднини кои ви се секогаш на располагање. Партнерството на работно или љубовно поле е секогаш најдобра идеја, барем за вас. Важно е да пронајдете стабилен партнер кој ќе знае да ви даде позитивна енергија и индивидуалност. Можни се проблеми со кожата – иритации и алергии, затоа заштитете се на време. Скорпија Постојано сте во акција, постојано нешто правите и не знаете да застанете во место. Сè зимате при срце, па често сте под стрес. Понекогаш знаете да бидете од типот на тешки пријатели кои само критикуваат. Ако ви е здодевно занимавајте се со некој спорт наместо да барате проблеми таму каде што ги нема. Парите и сексот ви се на првото место, па затоа вашиот партнер мора да ги има и двете. Можни се проблеми со репродуктивните органи, па затоа не ги заборавајте редовните прегледи. Стрелец Секогаш сте весели и добро расположени, подготвени да ги разберете сите околу вас. Толерантни сте, понекогаш дури и премногу. Важно ви е да се движите и патувате, односно да се усовршувате секојдневно. Многу важно е да се занимавате со некаков спорт затоа што постојано имате вишок енергија. Друштвени сте, па затоа ви е потребен и партнер кој е зборлив, весел и позитивен. Важно е во врската да не ја загубите својата слобода. Можни се проблеми со црниот дроб. Јарец Тврдоглави сте, упорни и амбициозни. Постојано сакате да напредувате во кариерата, имате високо ниво на самопочит и се сметате за одличен учител. Не се брзате, верувате дека сè доаѓа во свое време. Стабилни сте и смирени, но партнерот кој ќе го одберете ќе има задача да ве научи како да бидете малку потопли кон другите, да не бидете полни со недоверба. Можни се проблеми со грбот и забите. Водолија Сакате да се дружите и мислењето на другите луѓе ви е секогаш важно. Во постојано движење сте и со вас никогаш не може да биде здодевно. Сакате да ја ширите мрежата на контакти и да запознавате нови луѓе. Но, мора да направите место за партнерот и да не го ставате во втор план. Потребен ви е партнер кој ќе го разбере вашето динамично темпо. Заради брзината со која живеете можни се проблеми со вените и нервозата. Риби Никој не знае што точно мислите, живеете во некој сопствен свет. Не сакате да се вклопите во друштвото, ниту во стандардниот ритам на живот. Сакате да останувате будни и да заспивате со музика и филмови. Потребен ви е партнер кој е рационален и стабилен, кој дели добри совети и ве води низ животот. Можни се проблеми со варењето, спиењето и нискиот притисок.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
BIBI_G_3
Модератор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јуни.2014 во 00:14 |
Најверните знаци во астрологијата се Риба, Рак и Јарец, Додека Стрелец, Вага и Водолија тешко дека ќе се спротистави на возбудата.
Овенот е роб на страста Доколку овенот се впушти во афера, за тоа брзо ќе дознаат сите во околината, бидејќи тешко ќути во својот љубовен живот. Овенот го води страста, а поради својот темперамент и непромисленост, може да го остави својот партнер бидејќи се заљубил. Најчеста причина за впуштање во неврество е потрагата по возбуда, која им недостасувала во врската, а ако се откријат во афера, кривицата ќе пробаат да ја префрлат на другата страна. Бикот сака уживање ама се плаши од измама Припадниците на овој знак се големи љубовници, но во долгите врски најчесто се верни. Ако партнерот емотивно и сексуално ги задоволува и им овозможува финансиска сигурност, неверството нема да им ја загрози врската. Исто така се и исклучително лојални, а тоа истото го очекуваат и од својот партнер. Најчеста причина за неверство кај бикот е недостатокот на физичката интимност со партнерот. Близнаците изневеруваат емоционално, а не физички Немирниот дух на близнакот ги охрабрува да се вклучат и покрај долгата врска во флертувањето. Сепак на следниот чекор нема да прејдат и ќе се задржат на комплименти и верблано надмудрување преку SMS или социјалните мрежи. Тоа нема да се случи ако нивниот партнер и понатаму им преставува предизвик, а ако сепак изневерат, тогаш тоа е знак дека односот дефинитивно е готов и тогаш продолжуваат понатаму. Ракот изневерува ако е несреќен Чувствителниот рак во љубовта е верен, првенствено дека се води според “немој да го правиш она што неќеш да ти го прават тебе”. Ако дома имаат доволно љубов и нежност, тогаш раковите се имуни на измама. Тоа добро го знае и нивниот партнер и тоа не треба да го земат здраво за готово, бидејќи еден рак кој изневерува се чуствува несакано и несреќно. Лавот сака возбудувања и внимание На лавот драмата и возбудувањата се омилените состојќи на меѓучовечките односи. Додатен фактор кој ги вклучува во групата на знакови кој често изневеруваат, е нивната постојана потреба да бидат во центарот на вниманието. Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот лав е само ваш, тогаш немојте да заборавите да му делите комплименти, ама и понекогаш играјте си со нив топло-ладно за да останат заинтересирани. Најчесто изневеруваат со луѓе кои се помлади од нив бидејќи ги привлекува младешката енергија. Девицата изневерува кога сака да излезе од врска Девиците се едни од сериозните припадници во хороскопот, приземјени се, и најчесто лојални се кон партнерот. Ако се срќни и задоволни во врската нема да размислуваат за забранетото овошје, но измамата им станува нормална работа ако чувствуваат дека партнерот не ги почитува доволно или не им обезбедува се што им е потребно. Тогаш аферата им е оружје кое ќе им помогне безболно да излезат од врска и да го замислат својот живот со некој друг. Вагата многу зборува, а малку работи Праведни и фер се припадниците на овој знак, своите обврски ги разбираат серизоно, па така и оние партнерските каде што се во принцип верни. Сепак они се љубители на новото друштво, комплиментите и флертот се оние кои често ги водат во некои необични ситуации. Најважно е партнерот на вагата да е пријател на кој ќе може да се наслони, бидејќи тогаш ќе биде во најмало искушение да изневери. Шкорпијата бара нова возбуда во сексот Мрачната, таинствената и еротичната шкорпија често се поврзува со измама, ама сепак тоа најчесто не е вистина. Ако навистина се заљубени, неверството нема да им падне на памет. Она што може да се случи е да им здосади рутината во врската, посебно рутината во сексот, па ќе се впуштат во измама за една ноќ која никогаш нема да ја признаат на својот партнер. Противотров за шкорпијата да не изневерува е воведување на новитети во спланта соба, ама и првремено будење на нивната љубомора. Стелецот го сака забранетото овошје Слободоумни, желни за авантура, стрелците се склони на неверство. Може да бидат во долги и сериозни врски, но измамата нема да ја доживеат како нешто драматично. Најдобро е што повеќе време да се дружи и забавува со својот партнер, по можност во забавни активности како спортот. Исто така, неверството ќе го опрости полесно отколку некој друг знак. Јарецот е столб на лојалноста Припадниците на овој знак се помеѓу најверните во целиот хороскоп, првенствено затоа што они измамата не ја доживуваат како нешто телесно, туку најпрвин како духовна измама. Тие можат да хипнотизираат некој, првенствено со својота интелектуална страна, но ништо повеќе од флерт нема да се случи. Ако изневери, тоа го прави како начинот на девицата – аферата е бегство од врската. Колку верност даваат, толку и бараат за возврат, никогаш не опростуваат неверство. Водолијата измислува сопствени правила за неверство Припадниците на овој знак често тврдат како никогаш не изневеруваат, ама вистината е дека нивната дефиниција на неверство е многу толерантна отколку кај други луѓе. Рутината им оди на нерви, најчесто ќе изневерат со некој кој е различен од нивниот партнер, но сами на себе ќе објаснат како тоа било неизбежно за да не ги јаде совеста. Водолијата нема да изневери единствено ако навистина сака и знае дека партнерот тоа нема да му го опрости. Рибите се главни актери во својата фантазија Припадниците на овој знак живеат во светот на фантазијата, а љубовни и стрствени сценарија секогаш се вртат во нивната глава. Ако врската им стане досадна и предвидена, тогаш ќе почнат да фантазираат за колегите од работа или некој друг од околината. Лесно знаат да застанат на време, прашање е дали во тој процес ќе се заљубат или не. Партнерот риба треба да се труди да ја одржи страста во живот бидејќи само тогаш нема да им падне на памет измама.
|
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
|
|
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јуни.2014 во 19:22 |
Читам и сега сфаќам,зошто толку сериозно јас си сфатив...Оти ако се пријавам за Амбададор во Бразил сигурно мене ќе ме одберат. Среќа моја што покрај летањето со памет се откажав заради тој детаљ со светското првенство. Којзнае колку ќе се депримирав кога реалноста ќе ме удреше.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јули.2014 во 08:44 |
Ако ова лето имате во план да фрлате љубовни стрели, добро би било да знаете на каде да ги насочите, односно, дали сакате да уловите опасна Скорпија или комплициран Близнак. Еве како хороскопот ве советува на тоа поле: Овен Ловете Стрелец затоа што е општо познато дека момците во овој хороскопски знак може да ви приредат незаборавни моменти. Припадниците на овој знак позитивно ќе влијаат на вас, проширувајќи ви го кругот на интереси. Благодарение на него, правилно ќе ја насочите целата енергија, а покрај тоа во креветот ќе бидете и повеќе задоволни. Бик Лоцирајте маж кој е во знакот на Девица затоа што само тој ќе ви овозможи однос полн со взаемно разбирање. На жените Бикови им одговара практичноста, мудроста и сериозноста на Девиците. Со заеднички сили ќе постигнете многу затоа што ќе бидете и пријатели и љубовници во исто време. Близнаци Ако сте припадник на овој знак, обидете се да уловите Лав кој со својата сила и топлина ќе го грее вашето срце, но и тело. Лавот маж е учител кој ќе ве соочи со мааните и предностите кои ги имате, штитејќи ве со сета своја енергија. Рак Жената Рак во текот на ова лето би требало да улови Скорпија затоа што само овој знак ќе ја разберете потребата за дом, топлина и семејство. Големи се шансите Скорпиите да ви ги читаат мислите ова лето, па ќе ви овозможат одличен емоционален однос. Плус, никогаш нема да ви биде здодевно. Лав Тргнете во потрага по Овен затоа што само тој ќе знае да ви ги исполнува желбите. Вашата врска ќе ја краси високо ниво на толеранција и компромис, иако ќе имате ситни расправии заради сличниот темперамент. Плус, летниот секс ќе биде феноменален. Девица Најмногу ви одговара маж Јарец затоа што само тој ќе ги разбере вашите стравови и ќе ви овозможи доволно љубов и заштита. Плус, двајцата сте практични и реални знаци кои се насочени кон негувањето на семејните вредности. Вага Побарајте некоја Водолија ако сакате да ви се исполнат најскриените еротски фантазии. Со мажот роден во знакот на Водолија никогаш нема да ти биде здодевно затоа што ќе знае како да ви го разубави денот кога сте тажни и изморени. Скорпии Потребен ви е нежен, страствен и сензуален маж кој најчесто е во знакот на Риби. Вашиот однос ова лето ќе биде крајно емотивен и бурен, но само Рибите ќе успеат да ги поднесат вашите промени на расположението и критиките. Стрелец Девојките во овој знак би требало да пронајдат огнен Овен кој ќе им ја овозможи посакуваната акција. Плус, како Стрелец секогаш ќе ги разберете взаемните потреби, а на сексуален план - немате грижа. Ве очекува двоен оган и жешко лето. Јарец На вас ви е потребен Бик кој ќе ви го овозможи она што постојано го барате - сигурност. Двајцата сте знаци кои цврсто веруваат во традицијата, но и во семејните вредности па заедно полесно ќе ја достигнете среќата. Водолија Близнаците се вашиот идеален партнер за ова лето. Овој маж ќе ги разбере сите ваши хирови и потребата за индивидуалност и слобода. Плус, двајцата сте друштвени и секогаш имате нови теми за разговор. Риби Најмногу ви одговара партнер во знакот на Рак кој со својата мирољубивост ќе ја смири вашата сомнителност и љубомора. Мажот Рак ќе ве чита како отворена книга, плус ќе ви овозможи чувство на сигурност.
Изменето од Valerija - 10.Јули.2014 во 08:44
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zabegan
Модератор
Другарот на Мона Лиза
Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Јули.2014 во 21:43 |
ама... мене не ми е потребен маж...
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
nikolceo
Група
Регистриран: 15.Септември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 46
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јули.2014 во 13:10 |
Napravete si svoj licfen horoskop i otkrijte nesto za vas a toa dneven ili ne znam kakov horoskop za site ne vazi :)
|
Nikolce
|
|