IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАЗГОВОРИ ЗА РЕЛИГИИТЕ - ОПШТО И НЕВРЗАНО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 113114115116117 242>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 03:46
Оние кои не веруваат дека Исус умре за нив на крстот. Еве ти и цитат за да не биде рекла-казала:

,,Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.’’(Исус во Евангелие по Јован 3:18)
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 03:47
Не Темплариус те молам ти накратко објасни ни ја овде твојата вера и твојот став кон Исус и Неговата жртва.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 03:49
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Оние кои не веруваат дека Исус умре за нив на крстот. Еве ти и цитат за да не биде рекла-казала:

,,Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.’’(Исус во Евангелие по Јован 3:18)
 
АМА ЗОШО ДА УМРИТ ГОСПОД НА КРСТОТ ????????
 
КОЈ Е ПОТРЕБАТА ОД ТАКВА ЖРТВА?
 - ЗА ВАС ДА ВЕ СПАСИ ...
 
ЗОШО НА КРСТ?
 
ИЛИ ПЛАЌА ДОЛГ ...
НА КОГО?
 
ЗА КОГО?
 
ЗА ВАС!!!
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 03:53
За кого? За сите луѓе кои ќе Го прифатат.

Зошто? Затоа што не возљуби!

Кому? На Законот, зашто Законот се задоволува со крв. Тој умре наместо нас. Затоа се вика заменичка жртва. Не одмени нас. Требаше јас да умрам но наместо мене умре Тој.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 04:11
Темплариуууууууууууууус зошто бегаш? Не бегаш кога не нарекуваш секташи. Еве сакам од тебе да чујам објаснување ако веќе моето не е точно. Ако грешам кажи ми каде.
Sunny само продолжи со прашањата. Мислам дека сакаш навистина да научиш нешто повеќе.
Тетратка зошто поставуваш прашања на кои го знаеш одговорот?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 04:31
Алдра - интересна дискусија...
Бидејќи сме во општа дискусија, би сакал малку да ја задлабочиме околу една интересна теза која се протуркува тука...
Во Јован се вели:
18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.’’(Исус во Евангелието по Јован 3:16-18)

Те молам, објасни ми што значи "ВЕРУВА"? Што значи според тебе да веруваш во Бога, во Христа?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 04:40
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Алдра - интересна дискусија...
Бидејќи сме во општа дискусија, би сакал малку да ја задлабочиме околу една интересна теза која се протуркува тука...
Во Јован се вели:
18 Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.’’(Исус во Евангелието по Јован 3:16-18)

Те молам, објасни ми што значи "ВЕРУВА"? Што значи според тебе да веруваш во Бога, во Христа?
 
 
И ЈАС БИ САКАЛ ДА ЗНАМ!!!намигнување
 
п.с.
па нели јас беф папагал....бакнежбакнежбакнеж
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 05:02
A be sto zboruvate bez veza, Hristos bil raspnat na krst za nas i tolku. Sega nie so skrsteni race ke sedime ike cekame da odime vo rajot. Prvo e kazano deka za da se spasi covek treba da bide krsten vo imeto na Otecot i Sinot i Svetiot Duh, a vtoro sv.ap. Jakov jasno kazuva vo svoeto poslanie VERA BEZ DELA E MRTVA, ama na nekoi toa ne im odgovara i zatoa si go vagaat toj del od upotreba.

Deteto ako ne se krsti dodeka e malo, sto ke se sluci so nego?
AlDra, spored tebe Hristos umre za nas i site sme spaseni bez nisto da pravime - znaci i site pagani koi seuste im prinesuvaat zrtvi na bogovite, ke bidet spaseni bez da se krstat a?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 05:04
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:

АМА ЗОШО ДА УМРИТ ГОСПОД НА КРСТОТ ????????  КОЈ Е ПОТРЕБАТА ОД ТАКВА ЖРТВА?  - ЗА ВАС ДА ВЕ СПАСИ ...   ЗОШО НА КРСТ?  ИЛИ ПЛАЌА ДОЛГ ...  НА КОГО?  ЗА КОГО? ЗА ВАС!!!
 
Да токму за нас грешниците Исус умре на крстот.
 
"Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници."
(Римјаните 5:8)
 
Зошто? Заради Својата љубов кон нас? Зошто мораше да умре и зошто беше потребна таква жртва? За да биде задоволена Божјата правда.
Бог е праведен Бог. Бог му рече на Адам дека казната за гревот е смрт и Бог си стои доследен на кажаното. Бог е љубов и милост, но Бог е и Свет и Праведен. Ако Бог рекол дека казната за човековиот грев е смрт, тоа е закон, тоа и останува.
Но Бог маестрално го одигра планот за спасение на човекот со тоа што тој ја излеа Неговата љубов врз нас, без притоа да ја повреди својата светост и праведност. Бог не прогледна низ прсти на човековиот грев, но ја одложи казната од Едемската градина, на Голготскиот крст. Таму Христос, нашето жртвено Јагне беше казнето за човековиот грев. Преку еден човек влезе гревот во човештовото и преку еден и изглегува. Заради неправедноста на еден човек (Адам) сите умревме, па така и преку праведноста на еден Човек (Богочовекот Христос) сите (кои ќе ја прифатиме Неговата жртва) ќе живееме.
И така Божјата праведност останува неоскверната, а Божјата љубов, милост и благодат изобилно се прелеваат на човештвото.
Голем е Бог, фала Му и слава Му за преголемата незаслужена љубов со која не облева преку застапничката Крв на Негивиот Син, Исус Христос, наша Судбина, наша Надеж, наш Спасител и Господ, Халелуја! Осана на висините! Цар над Царевите, Господар над Господарите, Нему слава сега, секогаш и во вечни времиња големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 05:11
Морам овде да му одговорам на ггстефан на едно прашање кое го поставува во темата за моштите, оти ептен ја расипавме таа тема... Алдра (или Евангелос) - сепак, ве молам одговорете на погоре поставеното прашање.

Та... стефане, ти велиш:
stetata e ogromna, bidejki 99% od lugjeto se zavedeni na eden sueveren, idolopoklonicki nastap kon ikonite. ti velis ne se ikonite, no tvojata teorija ne mozeme da ja isprobame dodeka ne gi trgnete ikonite.

Испробана е мојата теорија. Не знам каква е ситуацијата во Македонија со различните деноминации, но со оглед на тоа што се релативно нова појава, подобро е да се земе пример од местото каде што истите тие деноминации постојат долго време, некои од нив дури и по неколку века - Северна Америка.
Во сите протестантски цркви (се извинувам за употребата на овој термин, го правам заради полесна комуникација), нема икони. Но затоа - идолизирање, грешност, порочност - колку сакате. И тоа во рамки кои не можете ни да си ги замислите! Да не зборуваме за разно разните евангелски цркви кои во секој ѕид, тревник, чукнатина на кола и слично - го гледаат ликот на Исус и го претскажуваат со тоа Второто Доаѓање... Месинџер може да ви потврди, ги гледа таквите работи секојдневно. Можам до утре да набројувам примери, дури ако сакате сите тие да ги поткрепувам со линкови, со фотографии и со сериозни новинарски написи - но за да си заштедиме сите на време - свртете малку по гугл, ќе најдете повеќе отколку што сакате да видите.
Најтрагично од се е што голем дел од тие цркви донираат многу средства во своите сестрински цркви кај нас...
Така што - стефане - не е до иконите... а до слабодушноста на луѓето и до немањето вера и верба. Тргни им ги иконите в црква, ќе најдат нешто друго да величаат. Тргни им ги крстовите, ќе почнат да ги гледаат во зградите, во електричните столбови и каде ли не. Тргни им ги архиереите - секој сам ќе прави црква и ќе биде светец и пратеник Божји... го гледам ова секој ден, и ова е процес кој трае со децении и векови дури. Кај нас имате впечаток дека таквите цркви се различни, затоа што уште се нови, имаат ентузијазам и нема доволно членови за да ја разводнат целата работа. Но не заборавајте - капка оцет го скиснува целото вино. И тоа ќе се случи, порано или подоцна.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 05:12
Евангелос - знам дека е доцна, ама ако можеш и ако имаш сила и воља, одговори ми - што е според тебе Вера во Бога? Што значи да веруваш во Бога?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 05:19
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Да токму за нас грешниците Исус умре на крстот.
 
"Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници."
(Римјаните 5:8)
 
За да биде задоволена Божјата правда. - ОВА НЕ ГО РАЗБИРАМ!!!
 
Но Бог маестрално го одигра планот за спасение на човекот со тоа што тој ја излеа Неговата љубов врз нас, без притоа да ја повреди својата светост и праведност.
 
Бог не прогледна низ прсти на човековиот грев, но ја одложи казната од Едемската градина, на Голготскиот крст. Таму Христос, нашето жртвено Јагне беше казнето за човековиот грев.
 
 
Исус Христос, наша Судбина, големо%20гушкање
 
ПАК ПРАШАЊЕТО - ДАЛИ СТЕ СПАСЕНИ ИЛИ НЕ НЕ Е ОДГОВОРЕНО...
 
ТРЕБА КАКО ШТО КАЖАЛ ХРИСТОС: ДА - ЗА ДА: НЕ ЗА НЕ
 
ДОБРО АКО БОГ ЈА ОДЛОЖИЛ КАЗНАТА ОД ЕДЕМСКАТА ГРАДИНА ТОГАШ САМ ЛИ СЕ КАЗНАЛ???? ИЛИ ???изненадување
 
КАКО МИСЛИШ “НАШЕТО ЖРТВЕНО ЈАГНЕ БЕШЕ КАЗНЕТО ЗА ЧОВЕЧКИОТ ГРЕВ ...???????????изненадување 
 
САМО СЕ КАЗНИЛО СО ТОА ШТО ЈА ОДЛОЖИЛО КАЗНАТА???????збунетост
 
ИЛИ?
 
п.с.
евангелос ова го кажува: “НЕ МИ СЕ ЈАСНИ ПРАШАЊАТА“!! 
 
и на мене!!!
чекам...
 
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 05:27
abe uste nie ostanavme na forumov, ke si ojme na spienje ili
znam offtopik ama ne ke pisam na site poedinecno, i vaka i taka e opsto i nevrzano, ako ne uspeam posle da vi kazam dobra "nok" i prijatni sni na site zidarski mojs da ja brisis pozz i a tebe

Изменето од Sunny - 04.Октомври.2008 во 05:27
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 05:48
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Евангелос - знам дека е доцна, ама ако можеш и ако имаш сила и воља, одговори ми - што е според тебе Вера во Бога? Што значи да веруваш во Бога?
 
Зависи од контекстот. Некаде тоа значи да веруваш дека постои Бог, а некаде пак да имаш доверба во Бог, во Неговите ветувања, во Неговиот Збор, во Неговата промисла, воља итн.
Во однос на Христос, да веруваш во Него значи да веруваш дека Тој е Божјиот Син, Божјиот Помазаник (Месија) одреден за искупителната мисија на човекот. Да веруваш дека Тој беше распнат за нашите гревови и дека воскресна од мртвите. Да веруваш дека доколку Го прифатиш тоа Негово дело во себе дека со тоа ти се проштеваат гревовите, доживуваш нановораѓање и живот вечен. Да веруваш во Христос исто така значи и да имаш доверба дека Неговите заповеди се за наше добро и да ги исполнуваш од љубов, а не од страв за казната. Итн.
Токму имав време, толку напишав, а за повеќе можеби утре, ако имам време.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 113114115116117 242>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 2,015 секунди.