|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 113114115116117 157> |
Автор | ||||||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Овен
Се колебате помеѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денес се врзани за домот и семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете. Бик Смислата за натприродното е комбинирана со интуиција. Искористете ја оваа состојба на вистински начин. Бидејќи менталната конституција ви е чувствителна, подложноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се кон духовната еволуција. Близнаци Причината поради која сте нервозни, навистина е индивидуална. Бидејќи сте личност која најмногу се нервира на работа, најверојатно, ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи станува збор за променлива состојба, издржете го предизвикот и обидете се да бидете издржливи. Рак Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот тек, па нервозите се неминовни. Обидете се да ги санирате на својствен начин за вас, да го зачувате здравиот разум и да излезете од кризата како победник. Начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите. Лав Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста за подучување, но и признанието отстрана – сето тоа ви влева сила и влијае на вашето добро расположение. Предност идавате на работата и на меѓучовечките контакти. Девица Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте. Терезија Убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови можете да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте што повеќе и дружете се. На некои случувања малку можете да влијаете, но не грижете се, сe ќе се среди. Скорпија Многумина од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата, бидејќи можете да бидете склони кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели. Стрелец Вложувате голем напор и фанатично и приоѓате на работата. Мора да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога се во прашање неморалните постапки. Ве поддржува семејството и саканото лице. Јарец Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многу од вас се чувствуваат повредени, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко ќе успеете во тоа, бидејќи вам ви недостига одлучност. Водолија Вие сте со променливо расположение и карактер, намуртени и незадоволни, и тоа без особена причина. Полесно ви е да паднете во депресија и да кренете раце од сe отколку да преземете нешто конкретно. Не предавајте се! Разменете го искуството со пријателите, ќе најдете излез. Риби Иако имунитетот еослабен, а нервниот систем благо потресен, сепак, сте активни. Знаете да одолеете на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Всушност, сите ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце. |
||||||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||||||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Какви љубовници се и како заведуваат мажите?
Ако сте на почеток на врската оваа статија ќе ви помогне да дознаете нешто повеќе за мажот до вас, ќе откриете како тој заведува, како се однесува со саканата жена и дали евентуално ќе ви го скрши срцето… Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Тој е амбициозен, стабилен и верен маж кој дава сигурност и стабилност, но со него не постои гаранција за целосно уживање во креветот. Премногу е затворен и не е заинтересиран за експерименти. Но, тој е морален и не е склон кон паралелни врски. Кај него е нагласена сексуалната енергија која често преминува во должност. Водолија Риби |
||||||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември – вие сте Змијоносец. Овој знак е сместен помеѓу Скорпија и Стрелец. Наводно, датумите кои ги одредуваат знаковите се погрешни, бидејќи положбата на планетите и соѕвездијата, од времето на појавувањето на астрологијата до сега значително се има променето. Бидејќи поделбата на 12 хороскопски знакови е направена од пред 3000 години, Канкл вели дека е потребно да се земат предвид овие промени и во системот да се вброи тринаесеттиот знак – Змијоносец (Ophiuchus). Астрономи од Минестота велат дека со израмнување на ѕвездите поради гравитациското влијание на Месечината на вртењето на Земјата околу нејзината оска ќе дојде до прескокнување на еден месец во хороскопот. Така на пример Рибите повеќе нема да бидат Риби, туку Водолија. “Кога некој ќе ве праша во кој знак сте родени, ве прашуваат всушност каде било Сонцето во зодијакот точно во моментот на вашето раѓање“, рекла астрологот Кели Фокс. Заради забрзувањето на прецесијата на еквионација, спори и постојани промени во движењето на оската на ротација или орбиталното движење на астрономските тела, сликата на небото се помрднала за 10 степени. Затоа повеќето луѓе родени како Лавови повеќе не се Лавови, туку Ракови. Според астролозите нема веќе да бидат храбри и родени водачи, туку многу чувствителни. Бидејќи воведувањето на новиот знак го променува целиот систем, можеби би било добро одново да проверите кој знак сте: Јарец: 20 јануари- 16 февруари |
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Препознајте го секој хороскопски знак по физичкиот изгледПонекогаш, не ви се потребни многу прашања за да откриете во кој хороскопски знак е роден новиот познаник кој ви се допаѓа. Изанализирајте го неговиот изглед и сами заклучете. Овните се препознатливи по високото чело, нескротливата коса, агресивниот став и немирните движења. Биковите најчесто се крупно градени. Имаат големи очи со спуштени капаци, полни усни, краток врат и широк граден кош. Витки, со долги раце и нозе, немирни со гестикулациите и многу брзо зборуваат. Имаат правилни и остри црти на лицето. Раковите се таинствени, не зборуваат многу, но привлекуваат погледи со атрактивниот изглед. Жените пак, имаат неодоливо бујни гради. Лавовите ги краси нескротлива коса како гривата на лавовите. Имаат кралско држење и храбар пристап. Девиците имаат бебешко лице, витка линија и поглед кој ве анализира од глава до петици. Исто така, ги краси дискретен хумор и постојана блага насмевка. Вагите имаат секогаш правилни црти на лицето, често пати дупчиња на образите и широка насмевка. Жените имаат висок струк и нагласени колкови. Скорпиите се препознатливи по својот поглед во кој можете да се изгубите, прекрасни очи и интензивни црти на ликот. Стрелците имаат високо чело, прекрасен говор, лесно движење, младоликост и развиени раменици. Јарците имаат подолг нос, изразено лице, витка фигура, нагласени раменици и чист тен. Карактеристични за нив се спуштените очи, блескавата насмевка, меката кожа и темната коса. Познати се и по грациозниот став. Рибите ги краси шармантна насмевка, привлечни крупни очи и пријатен глас. |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Секој има особини кои ги привлекуваат или ги одбиваат другите луѓе. Добро е да бидете свесни за своите маани и да ги поправате колку што можете.
horoskopot-gi-otkriva-5-te-maani-na-sekoj-znak-01 Треба да знаете да прифатите дека никој не е совршен, па ни вие. Ова се мааните на секој знак кои може да бидат вистинска пречка доколку сте во врска со нив. Но, некој можеби знае и да направи компромис. Ако за некој едни маани се неприфатливи, за некој друг можеби се сосем вообичаени. Пронајдете ги мааните на својот партнер или пронајдете го партнерот чии маани можете да ги прифатите. Овен - Имаат импулсивен карактер и треба да знаат како да го намалат изливот на бес. - Кога сте во врска со Овен понекогаш ќе имате чувство дека сте со некој незрел и наивен тинејџер, а не со возрасна личност. - Овните сакаат да се впуштаат во нови работи, но не очекувајте дека ќе ги завршат до крај, бидејќи лесно им се привлекува вниманието со нешто друго. - Имаат голем проблем со трпението. - Многу се себични и со тесни погледи, па не се чудете ако не ги разберат и прифатат вашите амбиции. Бик - Биковите се познати по својата тврдоглавост, затоа немојте да очекувате дека ќе победите во некоја расправија. - Не попуштаат. - Нивните потреби се секогаш поважни од вашите. - Ужасно се здодевни. - Тешко се отвораат емотивно, па не можете од нив да очекувате да ги поделат своите грижи. Близнаци - Непослушни личности. - Секој ден е нов предизвик, бидејќи не знаете како ќе бидат расположени. - Слаткоречиви се и многу ветуваат, но сè останува само на зборови. - Брзо се заситуваат од сè. - Да се живее со Близнак, значи да се живее со полу завршени проекти и идеи. Рак - Нивните промени на расположението се исцрпувачки. - Раковите се склони на навредување, но не и на преземање одговорност за последиците. - Наметливи се и несамостојни. - Може да ве запросат уште на вториот состанок. - Животот со Раковите може да биде прилично досаден. Тешко може да ги наговорите да одите на некое патување или за некаква авантура. Лав - Никогаш нема да чувствувате целосна сигурност во врскаат со нив, бидејќи се склони на флерт со кој било и каде било. - Никогаш нема да ве сака вас повеќе од својот одраз во огледалото. - Ниеден Лав никогаш не признал дека не бил во право. - Нивната палавост е непријатна. - Мора секогаш да бидат во центарот на вниманието, па покрај нив секогаш ќе бидете по малку во сенка. Девица - Склони се кон осудување и претерани критики. - Животот со Девица значи дека секогаш вие ќе треба да го направите првиот чекор. - Превртливи се. - Несигурноста им е вродена, а тоа воопшто не е секси. - Ако случајно оставите валкана чаша во мијалникот и си заминете, долго ќе ве потсетува на таа несмасност. Вага - Никогаш нема да знаете што навистина мислат бидејќи тие ќе ви го кажат само она што сакате да го слушнете. - Донесувањето одлуки трае со часови. - Во секој момент може да ви го свртат грбот без предупредување. - Опседнати се со физичката убавина. - Им недостасува силна волја. Скорпија - Љубомората е далеку позната за Скорпиите. - Никогаш нема да знаете што точно чувствува, бидејќи знае вешто да манипулира и со своите и со вашите емоции. - Подготвени се да ве повредат како никој дотогаш. - Лажливи се и таинствени. - Малите караници редовно се претвораат во огромни драми. Стрелец - Стрелците се најлоши слушатели од сите знаци. - Забавата им е единствено постојано нешто во мислите 24/7, а ако ја немаат непрестано се жалат. - Тие знаат апсолутно сè, така што тешко прифаќаат да им кажувате нешто ново. - Доминантни се и склони на контролирање. - Често се невнимателни за туѓите чувства. Јарец - Нивен приоритет е работата и тоа јасно ќе ви го стават на знаење. - Опседнати со контрола. - Сè што прават, прават исклучиво за себе без грижа дали ќе ве повредат. - Сакаат рутини, па врската со нив е малку досадна. - Затворени се зад своите ѕидови. Водолија - Животот го живеат во својата глава, па често се отсутни. - Тие знаат најдобро, па често ќе ви даваат инструкции. - На состаноците ретко ќе бидете сами, бидејќи најмногу од сè сакаат друштво. - Сакаат однапред да донесуваат одлуки, заклучоци и осуди. - Секогаш ќе знаете што мислат, но ретко и што чувствуваат. Риби - На Рибите им треба многу простор. - Не можете да ги наговорите да направат нешто што не сакаат. - Ретко кога знаат што сакаат од животот. - Рибите ќе ги жртвуваат своите емоции и потреби за поквалитетна врска, но подоцна ќе ви префрлаат за тоа. - Ја идеализираат секоја своја врска, па од вас се очекува да ги исполните нивните фантазии за совршенство. |
||||||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||||||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Овен
Неуморни сте во работата. Остро критикувате се’ што ви се спротивставува. Ги совладувате сите пречки и постигнувате одличен успех. Треба да се чувате од давање јавни изјави и напаѓање на другите, затоа што можете себеси да си направите проблеми. Сетете се дека веќе бевте во слична ситуација. Бик Полека доаѓате на себе. Почнувате нормално да функционирате и да правите ред во работите во кои се изгубивте. Здравствената состојба се подобрува, односите со партнерот исто така. Со еден збор, уживате во сите сфери кои ви причинуваат задоволство. Близнаци Свесни сте за сопствените цели, затоа и целосно сте насочени кон нив. Чувствувате силна потреба за усовршување и учење. На машките припадници на знакот им е потребна жена која знае што сака. Контактирајте со странство, во врска со патување. Рак Привлечни сте и чувствителни на сите. Зголемена ви е смислата за спиритуални теми со широк спектар. Не плашете се од стапици, бидете внимателни и нема да бидете во неволја. Не претерувајте кога се во прашање блиските, особено бидете попустливи спрема партнерот. Лав Слободните претставници на овој знак сонуваат за фатална љубов. Не дозволувајте сенките од минатото да остават трага врз личноста со која сте во врска. Вистинската љубов не ретко има тажен крај. Посветете внимание на личноста покрај себе. Девица Остварувате огромен успех кој, пред се’, се однесува на работата и друштвото. Љубовта е во втор план, и покрај тоа што слободните припадници на знакот размислуваат за брак. Идеална комбинација за вас е Стрелец или Риба. Премногу сте мотивирани, а тоа ви дава сила да планирате. Терезија Работите полека доаѓаат на свое место. Подобро се чувствувате, здравствените проблеми исчезнаа. Подготвени сте да соработувате со личност со која имате најмногу тешкотии – партнерот. Лесно ви е да се изборите со децата и пријателите, но не и со него. Вклучете го талентот за дипломатија. Скорпија Доколку не го искористивте вистинскиот момент за заработка, немојте да се каете, предоцна е. Аспектите кои укажуваат на добивка веќе поминаа. Ова е успешен професионален ден проследен со контакти со околината. Потрудете се секое недоразбирање со партнерот да го решите на мирен начин. Стрелец Доколку се занимавате со бизнис, големи се шансите добро да заработите. Доколку парите ви доцнат, немојте да се нервирате, наскоро ќе пристигнат. Она што треба да ве загрижува е состојбата на нервоза, која лошо влијае врз вашето здравје. Јарец Мала ситница ве прави да се чувствувате одлично. Теми на денот има повеќе, а главни се љубовта и уметноста. Најдобро е да ги искомбинирате и во нив да уживате. Вие тоа го умеете и затоа однесувајте се во согласност со расположението. Водолија Напнати сте и незадоволни, па се трудите на импулсивен начин да се ослободите од тоа. Бидете внимателни, тоа може лошо да влијае врз околината. Поради нешто сте емотивно незадоволни, па страдате по малку. Мислите дека до се’ доаѓате со мака, претерувате. Риби Конечно, почнавте да се занимавате со слабата точка на организмот – имунитетот. Ќе успеете и ќе почувствувате многу енергија. Но, доколку се појават посериозни здравствени проблеми, одете на лекар. Односите со партнерот се одлични, уживајте. |
||||||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||||||
xereras
Сениор Регистриран: 15.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 151 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
vaga,,,,
|
||||||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Д-р Константин Котротков, професор по компјутерски науки и биофизика при Државниот Универзитет за информатички технологии, Механика и Оптика во Санкт. Петербург,ги регистрирал промените во човековото тело при смртта.
Неговиот тим и тој покажаа дека душата е во форма на енергија, тогаш го напушта телото, и научникот тврди дека таа повторно се раѓа во ново тело во следнио1т живот . Иако мејнстрим науката недвосмислено ги негира ваквите тврдења, експериментите на овој научник прв пат во историјата , успеале да се доведе ова истражување во близина на емпириското. Па ако реинкарнација постои, еве како да дознаете што сте биле и што ќе бидете во вашиот втор живот . Трагачи на среќа Година: 1927 , 1936, 1945 , 1954, 1963 , 1972 , 1981 , 1990 , 1999, во 2017 година, 2008 година. Минато: Во претходниот живот сте биле крал , цар , владетел или му припаѓале на високо благородништвото. Сегашност: Просперитет постојано ви бега. Во втората половина од животот ќе имате подобра среќа и на крајот – ќе бидат среќни со својата судбина. Имате страсна љубов кон спротивниот пол , но не сте промискуитетни . Сите сегменти ги подредувате и постојано сте во потрага по среќа и длабоко задоволство.Склони сте на депресија. Иднина : Следниот живот ќе го поминат во планините како пустиник или ќе сте екстремни спортист. Романсиери Година: 1926 , 1935, 1944 , 1953 , 1962 , 1971 , 1980, 1989 , 1998, 2007 , 2016. Минато: Во предходниот живот сте биле син на демонот , а во последниот пред овој канибал . Трошите многу време скитајќи низ светот. Сегашност: Можно е дека ќе бидете писател на љубовна драма или хорор романи. Имате силна харизма и може да станете и политичар или презентер. Зборувате малку, но остро, и поради тоа често ќе се среќавате со завист и омраза. Иднина: ќе бидете монах Уметници Година: 1925 , 1934 , 1943 , 1952 , 1961 , 1970 , 1979 , 1988 , 1997, 2006 , 2015 Минато: Во некои од минатите животи сте биле диктатор погубен пред илјадници луѓе , претходно сте биле канибал, а прет тоа слон. Сегашноста: Никогаш не ви се доволно пари, моќ , слава … неопределени сте, можно е дека ќе имаате неколку бракови. Пазете се од луѓе кои сега ви се понижени , во еден од следните живот тие би можеле да бидат богати и да ви се одмаздуваат. Иднина: Во која било од следните реинкарнации ќе сте уметник. Љубовници Година: 1924 , 1933 , 1942, 1951 , 1960 , 1969 , 1978, 1987 , 1996, 2005 година, во 2014 година. Минато : Во претходниот живот сте биле љубовник/конкубина на царот/царицата. Сегашност: Често ќе се чувствувате како роб на љубовта. Издржувате големи жртви за партнерите. Искрен сте пријател, добар човек. Сепак, често имате негативната перцепција на реалноста, и затоа понекогаш сте циничен или саркастичен . Иднина: следната инкарнација ќе бидете модел. |
||||||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||||||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Овен
Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате со партнерот. Наредниот период е исклучително поволен за купување, договарање соработка и преговори околу парите. Забавувајте се со пријателите, но и уживајте во она што го правите на професионален план. Бик Ништо не оставајте на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите вие. Ќе напредуваат оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки и внимавајте на здравата храна. Наметнете се со своите идеи. Близнаци Единствена преокупација ви е да бидете активни на повеќе полиња. Не трошете ја непотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа која го бара тоа од вас. Престанете да го изневерувате партнерот. Рак Ја проучувате секоја ситуација бидејќи знаете дека ќе имате полза од тоа. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален, а тоа може да ви создаде дополнителни проблеми. Партнерот се оддалечува од вас потрудете се повторно да го придобиете. Лав Се трудите нешто да промените, но целосно сте збунети и не ви успева секоја намера. Партнерот со нетрпение очекува малку нежност, овозможете му незаборавни моменти. Бидете внимателни со исхраната бидејќи имунитетот ви е доста слаб. Девица Денот не е поволен за решавање на професионални проблеми и склучување договори. Доколку сте во каква било врска со здравствена установа, не надевајте се на поволен исход. Од вас се очекува да бидете трпеливи, но за жал ги изгубивте нервите. Терезија Прекрасен ден, конечно можете да се препуштите на сите животни радости. На свој начин уживате во среќата. Она кое што посебно ве прави задоволни е складот коj го најдовте во себе. Партнерот конечно ги признава грешките. Скорпија Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конК*ренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето на заклучоци држете се до фактите. Стелец Благодарејќи на вашата енергија ќе остварите исклучителни резултати. Бидете трпеливи и не нервирајте се, само така работите ќе си дојдат на свое место. Здравјето ви е одлично, единствено треба да внимавате на нозете. Ве очекува мирен емотивен период. Јарец Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот. Поправете ги расипаните апарати и направете ги неопходните поправки во својот дом. Можни се минливи пречки во дишењето. Бранете ги своите животни уверувања. Водолија Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Потрудете се да избегнете секакви расправии. Здравјето ви е на удар. Риби Поминувате незаборавни моменти со пријателите. Не е важно колку таа среќа ќе трае, уживајте и заборавете на ситните глупости кои ви го расипуваат расположението. Бидете самоуверени и толерантни кога е во прашање професијата. |
||||||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изменето од Valerija - 27.Април.2014 во 08:48 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Аууу ете ми проблем сега. Дали да менувам гардероба или да менувам хороскопскиот знак... |
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Кој е најљубоморен знак во хороскопот: Јарецот се повлекува во себе, Овенот има најстрасни изливиНиеден хороскопски знак не е имун на љубомората, но интензитетот и начинот на кој ја покажува се различни. Скорпиите се најлоши, а Водолиите најблаги. Сепак, дознајте ги љубоморните знаци кај секој хороскопски знак и препознајте ги предупредувањата кај партнерот. Овните имаат проблем со апсолутната доверба, па знаат често да го следат секој чекор на партнерот и да го анализираат. Штом им се јави црвот на сомнежот реагираат импулсивно и моментално без оглед каде се и со кого се. Со оглед на тоа што често се искомплексирани, од нив може да очекувате сешто – од фрлање чинии до закани и лути реакции. Сепак, ако се однесувате коректно и ги демантирате нивните сомнежи, љубомората веднаш им исчезнува како ништо да не било. Иако припадниците на овој знак се добродушни и тежнеат кон хармонични врски, ако ја разбудите нивната љубомора и сомнежи, очекувајте голема недоверба во иднина. Не избрзуваат со заклучоци, но ќе откријат и предвреме дали имате намера да ги изневерите. Дури тогаш бидете подготвени за напад од навреди и тешки зборови, бидејќи најмногу мразат кога ќе ја изгубат контролата над ситуацијата. Иако лично не се склони кон љубоморни сцени припадниците на овој знак се сомневаат во верноста на партнерот бидејќи и самите често флертуваат. Сепак, остануваат смирени и го наведуваат партнерот сам да го открие своето неверство, доколку го има. Но, нема да бидат среќни доколку се докаже дека се во право. Припадниците на овој знак целосно се предадени на љубовта, а иако не се склони на песимистички размислувања за неверство, тешко ќе ги погоди секоја закана за нивната врска. Погледи под око и игнорирање се типични реакции на љубоморниот Рак. Сепак, тие чувства брзо ќе им поминат бидејќи не сакаат со своето однесување да предизвикаат дополнително оддалечување. Ако пронајдат доказ за неверство, најтешко го поднесуваат тоа од сите знаци. Припадниците на овој знак прилично се склони на љубомора, но таа не е толку грубо изразена како кај другите знаци и често изгледа само како потврда за љубовта и нивниот интерес. Најчесто се љубоморни, поради повредената гордост, преголемите очекувања од партнерот или од страв дека не ги сака доволно. Во неверството повеќе се плашат поради ударот на нивното его, отколку предавството на љубовта. Девиците, слично како и Близнаците, се сомневаат во неверството на партнерот бидејќи и самите сакаат да ги привлекуваат туѓите погледи, па претпоставуваат дека тоа го прави и нивниот партнер. Ако партнерот им даде повод за љубомора, ќе го истражат целосно неговото однесување и ќе треба голема мака за да се разубедат дека не е така и повторно да стекнат доверба. Вагите не се склони на љубомора, но партнерот кој ја тестира нивната љубомора го очекува тешка ситуација. Ако се почувствуваат загрозени, тие рационално ќе земат предвид сè што знаат и ќе станат непредвидливи и опасни. Иако изгледаат мирни припадниците на овој знак ќе ви се осветат заради состојбата во која сте ги довеле. Скорпиите се најљубоморен знак иако постојат исклучоци. Не се воопшто тактични кога тоа го покажуваат, не одбираат зборови и може да се чувствуваат издадено за работи на кои други и воопшто не би реагирале. Тешко ја признаваат љубомората со зборови, но таа јасно се гледа на нивното лице. Припадниците на овој знак немаат ниту време ниту трпение да чекаат за да видат како ќе се одвива ситуацијата или да бараат начин за да го уловат партнерот. Тие веднаш реагираат и кажуваат што им смета. Така сакаат и да се заштитат, бидејќи знаат дека не можат да издржат во долги преправања и љубоморни игри. Ретко си признаваат себе дека се љубоморни, а најважно им е личното достоинство. Ако се љубоморни стануваат ладни, затворени и пресметливи, но не избрзуваат со реакциите. Сепак, ако пронајдат конкретни докази, тогаш засекогаш ја затвораат вратата за партнерот. Припадниците на овој знак по својата природа имаат многу голема доверба во партнерот, најмногу поради тоа што претходно требало многу повеќе да се потруди за да ја добие нивната љубов. Ако поминал на тој тест, ретко ќе биде на мета на љубомората која Водолијата ја смета за најлошо нешто во љубопвта. Поради тоа, кога се погодени од тоа молчат и се трудат побрзо да заборават. Рибите потполно се предаваат на љубовта , а поради тоа и како партнери се многу ранливи. Ако почувствуваат љубомора, поради несигурноста причините ќе ги бараат во себе и ќе патат. Иако со сето срце се трудат да му простат на партнерот, нивната несигурност тоа не им го дозволува. |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
10 искрени признанија на секој астролошки знакКакви се навистина астролошките знаци дознајте од нив. Ова се десетте признанија на секој знак за тоа кои се нивните добри и лоши страни, кои се нивните мани и недостатоци, а кои се нивните доблести. Вака ќе знаете како да се справите со секој од нив.
|
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 113114115116117 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |